![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 18> |
Автор | ||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
5to kolo: HC Metalurg - HCM Constanta 25:18
1. HSV Hamburg 5 5 0 0 152 : 120 (32) 10 2. HC Metalurg 5 3 1 1 134 : 125 (9) 7 3. RK Cimos Koper 5 3 0 2 135 : 127 (8) 6 4. Orlen Wisla Plock 5 2 0 3 137 : 143 (-6) 4 5. St. Petersburg HC 5 1 1 3 124 : 147 (-23) 3 6. HCM Constanta 5 0 0 5 123 : 143 (-20) 0 |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
![]() |
||||||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Вардарци со триумф - до второ место во СЕХА
Избраниците на Веселин Вујовиќ започнаа сигуно - со доминација од пет поени разлика (16-11), за подоцна - во вториот дел, некаде околу 40 минута, гостите со серија од 4-0 да стигнат до изедначување (18-18), дури во еден момент и предност од еден поен (20-19). За наша среќа, Вардарци се вратија во игра со прецизниот удар на Марковиќ, кој постигна седум поени и беше најефикасен во црвено-црниот состав. На истекот на последните секунди од натпреварот Филип Лазаров во обид да спречи контра - заработи црвен картон, а последниот удар на противничкиот тим кој можеше да биде сериозна закана за пласманот на Вардар, заврши во пречката на голот со што резултатот беше заокружен на 26-25. Вардар по оваа минимална победа, со 22 бода се наоѓа на второто место на табелата во СЕХА, со бод помалку зад водечкиот Загреб КО и два повеќе од „Металурзите“ кои се наоѓаат на трето место со два натпревари помалку.
Во
|
||||||||
![]() |
||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
3to kolo:HSV Hamburg - HC Metalurg 32:25
4to kolo:HC Metalurg - Orlen Wisla Plock 31:27 1. HSV Hamburg 3 3 0 0 98 : 71 (27) 6 2. HC Metalurg 4 2 1 1 109 : 107 (2) 5 3. RK Cimos Koper 3 2 0 1 77 : 77 (0) 4 4. Orlen Wisla Plock 4 2 0 2 111 : 113 (-2) 4 5. St. Petersburg HC 4 1 1 2 98 : 112 (-14) 3 6. HCM Constanta 4 0 0 4 105 : 118 (-13) 0 ![]() Изменето од Marko Polo 1 - 20.Октомври.2011 во 22:29 |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
![]() |
||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Sankt Petersburg - Metalurg 25:25, vtoro kolo...
|
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
![]() |
||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Cestito prva pobeda na Metalurg vo ligata na shampioni...
Metalurg - Cimos Koper 28:23 |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Козлина, Марковиќ и Батиновиќ нови засилувања на Металург
Ракометниот шампион на Македонија, Металург, на денешната прес-конференција ги претстави засилувањата за новата сезона, во која главна цел е пласман во групата во Лигата на Шампионите, учество на завршниот турнир во Регионалната лига, како и продолжување на доминацијата во домашните натпреварувања. Миладин Козлина, Жарко Марковиќ и Дамир Батиновиќ се нови ракометари на Металург. Сите тројца потпишаа двегодишни договори со македонскиот шампион. "Среќен сум што дојдов во овој клуб и дека ќе бидам дел од еден голем проект. Тука сум поради тренерот, играчите и бидејќи се е на потребното ниво. Едвај чекам да почне новата сезона. Имаме добра жрепка во квалификациите за Лигата на Шампионите и очекувам да бидме први во групата" - изјави на денешната прес конференција Козлина, кој во Металург ќе го носи бројот 10. Црногорецот Жарко Марковиќ додаде: "Во регионалната лига ќе биде тешко бидејќи има неколку квалитетни екипи. Во Лигата на шампионите очекувам успешно да ги минеме квалификациите и да играме во групите од Лигата на Шампионите". Според програмата подготовките на Металург почнуваат на 20 јули, дел од нив ќе се одвиваат во Словенија, а македонскиот првак ќе учествува на познатиот турнир во Добој. Се очекува во Металург да бидат доведени уште едно до две засилувања во пресрет на новата сезона. |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ракометарите на Македонија на ЕП 2012 против Германија, Шведска и Чешка
Ждрепката за Европското првенство за ракометари кое ќе се одржи 2012. година во Србија се одржа денеска, а нашата национална селекција ќе игра во групата Б против Германија, Норвешка и Чешка. Еве го и комплетниот исход од ждрепката за ЕП 2012, на кое по три екипи од секоја група ќе минат во втората фаза од натпреварувањето: Група А: Полска, Данска, Србија, Словачка Група Б: Германија, Шведска, Чешка, Македонија Група Ц: Франција, Унгарија, Шпанија, Русија Група Д: Хрватска, Норвешка, Исланд, Словенија. Првичните проценки велат дека Македонија имаше и малку среќа во денешната ждрепка при составот на групите од завршницата на ЕП во Србија. Според претходните најави во однос на посакуваните противници, денеска добивме група по мерка. Македонија натпреварите од фазата по групи на Континенталниопт шампионат ќе ги игра во Ниш. Најпрво на 15. јануари играме против Шведска, на 17. ќе излеземе на мегдан со Германија, а по ден одмор (19. јануари) ќе ги одмериме силите со Чешка. Цените на билетите за прелиминарната фаза не се познати, ниту пак кога ќе почне продажбата. Капацитетот на салата во Ниш е 4.000 седишта, а всушност станува збор за старата сала „Чаир“ која е реновирана за да ги задоволи условите за организирање група. "Посакувавме ваква група и ја добивме, задоволство е огромно. Противниците се репрезентации со кои можеме да играме и да оствариме позитивен резултат. Наше е добро да се подготвиме и да постигнеме што е можно подобар пласман и успех, најпрво ќе се сконцентрираме на пласман во вториот круг." - изјави селекторот на Македонија, Звонко Шундовски, веднаш по ждрепката. "На хартија коцките на некој начин се поклопија. Денешната ждрепка не мора ништо да значи, но сепак за мене лично ова се посакувани противници, според рејтингот. Но, мора да ни биде јасно дека на ЕП нема слаби противници" - изјави македонскиот репрезентативец Ванчо Димовски по денешната ждрепка. Европското првенство се игра од 15. до 29. јануари 2012. година во Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац. |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Во среда ждрепка за Европското првенство во ракомет
Како што е познато, нашиот северен сосед следната година ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари. Ждрепката за групите ќе биде во среда точно на пладне во Белград, а веќе се знаат и некој детали околу составот на групите. Домаќинот сигурно ќе игра во Белград, Хрватска ќе биде носител на групата која ќе се игра во Вршац, а нашата репрезентација групната фаза ќе ја игра во Ниш, додека Унгарците ќе играат во Нови Сад, бидејќи се води сметка со овој распоред да биде задоволен и економскиот интерес. Состав на шеширите за ждрепка: Прв шешир: Франција, Полска, Хрватска, Германија. Втор шешир: Данска, Норвешка, Шведска, Унгарија. Трет шешир: Србија, Шпанија, Исланд, Чешка. Четврти шешир: Словенија, Русија, Словачка, Македонија. |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Металург и Пелистер во куп-финалето
|
||||||||
![]() |
||||||||
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Звонко Шундовски е само ПИУН ,сакале верувале сакале не...тие кои следат ракомет доволно ќе разберат шо зборувам..
Звонко беше ставен само ЗА ДА СЕ КУПИ МИР ВО КУЌАТА.... Ако не беше така,ќе бојкотираа Металург.. Вака ставија принудно решение..НЕУТРАЛЕЦ.... Им требаше некој таков селектор,друг ги влечи конците.... Цевак премногу лаеше,сакаше сам да ја води репката,ама ова е Македонија,овде секогаш НЕКОЈ ЧИЧКО КАЖУВА КАКО ТРЕБА ДА БИДИ.... Ете затоа мора да ги држи во игра Мојсо,Миркуловски....итн... Овие играат ..а овие не се ни во поширокиот список,зошто?зошто не ги плаќа чичко Минчо... Ако стават некој странец за селектор,на пример Лино,е тогаш ќе биди друга песна,но пак ќе се јави проблем.. Тука ќе почнат да се бунат Лазаров....кој е еден од најзначајните фактори....можеби и ГЛАВЕН БОС во репката.... Инаку досега 100 пати ќе го ставеа Лино,еден куп шеми направија за да го турнат во фотеља,но секогаш наидуваат на рампа...од Михајло..и другите струи.... Како и да е...не е на арно тоа шо еден клуб,еден газда сака да раководи и со својот тим,и со репката... Ете до кај стигнавме.... И кога беше во Металург тренер, Чокрев викаше тајмаут, Чокрев им збораше на тајмаутот... Која акција да им ја кажи кога цела репрезентација ни е уствари 2-3 табори кои ни селектор ни ништо не фермаат. За жал неможе да го седни Наумче, неможеше да го седни Борко... затоа што не му беше така кажано. Голем хендикеп за нас е политиката која ја води Металург како клуб. Океј, сакаат да бидат апсолутни шампиони во македонија, ама стварно претераа... И да, намерно правеа раздор додека Савески беше селектор, ништо чудно и намерно да загубија на квалификацискиот турнир во Турција... Шо правиме кога Лазаров ќе ја заврши кариерата? Нема ни одблизу таков талент,а со ваквата мизерна работа со младинските екипи во клубовите никогаш нема да ни да има..... Не тераме далеку со ова темпо.... |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Лазаров си ја повреди десната нога
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров заработил повреда на нога на првиот меч од продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Сиудад Реал го совлада Санкт Петербург со 32:27 и на три кола до крајот обезбеди пласман во следната фаза, а невообичаено малиот ефект на Кире од само еден гол се должи на повреда. Лазаров се здобил се повреда на десната потколеница при еден доскок во раната фаза од средбата и во продолжението не се вратил на паркетот. Ногата вчера му била отечена, а дали станува збор за сериозна повреда, што, евентуално, би можело да се одрази и врз неговиот настап на претстојните квалификациски средби со Унгарија, ќе покажат снимањата. Кире Лазаров, кој ја игра својата прва сезона во дресот на шпанскиот првак, е најдобриот стрелец на тимот во досегашниот дел од домашното првенство и од Лигата на шампионите. Во првите седум средби од елитното европско натпреварување, тој има постигнато вкупно 39 гола, што, сепак, е далеку од првиот голгетер Марко Вуин од МКБ Веспрем |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Металург чека реванш, Прилеп чека одлука Двата женски претставници на Македонија беа во центарот на вниманието на отворањето на евросезоната годинава Черноиваненко: Металург е екипа која се бори до крај |
||||||||
![]() |
||||||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Vecerva zavrsi SP vo maska konk*rencija...
Francija ostana apsoluten sampion i gi obedini site tituli. Znaci, pokraj Evropskata, Olimpiskata ja dodade i Svetskata titula. ![]() Nema "update" na prethodnata vest... Zenskata Makedonska Reprezentacija vo barazaot kje igra protiv Spanija... |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |