|
Свјатаја Свјатих |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Drzhete se za temata.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga veke objasnivaat neka objasnat zosto eden del od hramot, pravoslavniot, e zabranet za zena da vleze vo nego, Do sega ne sum naisol na odgovor koj mi gi razjasnul dvoumenjata.
|
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свјатаја Свјатих
Следниов коментар на maria_magdalena ме инспирира да ја отворам оваа тема.
Интересен детал од Христовото распнување Мариа. Би сакал да додадам збор два (или три ) на веќе кажаното.
Храмот во Ерусалим со состоел од 3 дела: Храмскиот двор, внатрешноста на храмот каде што се собирале верниците и се поучувале од Тората, пророците, псалмите и др старозаветни книги, и едно посебно место кое го викале "Светината над светините" (на старословенски "Свјатаја Свјатих") или тоа е она што денес го викаат олтарот.
На ова место, како што кажа Мариа, само еднаш во годината, на празникот Пасха, само првосвештеникот смеел да влезе таму и да ја принесе пасхалната жртва. На ова место Бог дирекно комуницирал со човекот. Тоа било местото каде што се давала едногодишната пасхална жртва која имала за цел да го стивне Божјиот гнев врз човекот и да ја претскажува идната Христова жртва.
Тоа бил многу сложен свештенички ритуал. Првосвештеникот морал да помине низ низа ритуали за прочистување за да се удостои да посредува меѓу Бог и луѓето. Ако првосвештеникот не поминел како што треба низ процедурите за себе очистување Божјото присуство го убивало на лице место. Затоа обично првосвештениците ги врзувале со јаже за нозете и ако некој од нив се задржел прилично долго во олтарот, тие констатирале смрт и го влечеле јажето за да го извадат првосвештеникот, бидејќи ни самите не можеле да влезат таму.
Ако првосвештеникот добро си ја вршел работата тој не умирал. Кога ќе влезел внатре, го положувал пасхалното јагне врз жртвеникот, ги ставал рацете врз главата на јагнето и ги исповедувал прво своите гревови, а потоа гревовите на народот. Откако ќе го завршел тоа, го заколувал јагнето. Пасхалното јагне се жртвало за човекот. Тоа привремено го покривал гревот на човекот, но не можел потполно да го избрише, затоа што на Божјата праведна вага, јагнето не било исто што и човекот.
За да биде простен во потполност човековиот грев, била потребна човечка жртва, но не било каква, туку како што Пасхалното јагне не смеело да има никаков недостаток, исто таква човечка жртва била потребна - човек без сопствени гревови.
Бидејќи не се нашол ниеден таков човек под небото, и не се пријавил никој друг добровоцел на небото, тука стапува на сцена Божјиот Син - Исус Христос Кој се отелотвори преку човекот (Марија), зеде човечко обличје, и доброволно дозволи да биде распнат на Голготскиот крст.
Распнувањето се случило во истиот ден кога, според старозаветните обичаи се принесувала и пасхалната жртва. Затоа и Павле го нарекува Христос - нашето Пасхално Јагне. Верувате дека ова е случајно? Јас не. На тој прв велики петок во Светината над Светините конечно влезе човечката жртва (Христос) која беше доволна да го покрие и во целост да го поништи како Адамовиот грев, така и целиот грев на човештвото. Со раскинувањето на Храмската завеса Бог даде јасен доказ дека ја одобри Христовата жртва и дека веќе нема простор за никакви дополнителни жртви.
На тој ден, Бог ја раскина Храмската завеса. Интересно е што евангелистот дополнително забележал во неговото евангелие дека Храмската завеса била раскината "одозгора надолу" - што е дополнителен доказ дека Бог е Тој што ја раскина таа преграда, а не човекот. Во тој голем ден, Бог го укина од употреба олтарот, ја укина функцијата на свештеник (посредник) бидејќи, после Христовата жртва, таква функција не е веќе потребна во Храмот.
На тој голем ден, Бог склучи Нов Завет со Својот народ. Не завет како стариот, преку Законот и преку крвта на јагниња, јунци, гулаби и сл. туку склучи Нов Завет, Завет на милоста, Завет потврден и заверен преку скапоцената Христовата крв.
Во овој Нов Завет Христос стана единствениот посредник (свештеник и првосвештеник) помеѓу Бог и луѓето, и тоа не преку крвта на животните, туку преку Сопствената крв. Затоа Новиот Завет и Изворното Христијанство не познаваат титула "свештеник" и свештеничка служба, затоа што сметаат дека таквата титула и таквата служба хули врз Христовата првосвештеност, хули на Христовата жртва и истата ја нарекува "недоволна".
Затоа Новиот Завет не познава никакви жртви, никакви свеќи кои се палат за живи, за мртви, никакви к*рбани, никакви свештеници, посредници, олтари и сл.
Сепак, и покрај оваа недвосмислена библиска вистина, сепак некои ткн цркви сеуште го имаат олтарот во нивните храмови, сеуште имаат свештеници во великодостојнички одора, сеуште луѓето палат свеќи за живи за мртви, нивните свештени лица сеуште колат јагниња за да ги благословат темелите на некоја нова куќа итн итн.
Ја отворив оваа тема со цел да прашам: ЗОШТО?
Однапред им благодарам на оние што ќе се потрудат да ми одговорат. Изменето од EvAngelos - 14.Април.2008 во 23:08 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |