|
Крстоносци, масони, темплари... |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | ||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
tie se golemi protivnici na katolicite i poradi toa bea izdadeni knigite na den brown angeli i demoni i kodot na da vinnci
|
||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ednas gledav documentarec kade go izlozija veruvanjeto na najgolemiot mason sto postoel, a toa e Albert Pajk mason od 33ti stepen.
Toj izjavil deka veruva vo lucifer - svetlonosec tie imaat ritual kade vrsat orgii |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Халид, како и секогаш, проблемот што ти го имаш е што не читаш се и секогаш селектираш што сакаш да извадиш, а што не...
Масонството наследува симболика од Христијанството, што е сосема нормално, затоа што е создадено во средина која е силно повлијаена од Христијанството. Но - како што многу пати сум рекол - масонството не е христијанско! Тоа излегува од тие рамки и е универзално. Симболиката што ја носи е универзална и има универзална смисла! Иако симболите се наследени од Христијанството (не сите, само некои!), тие немаат религиозен контекст! Симболиката што ја носи на пример ѕвездата на Давид е доста универзална и нема никаква врска со еврејството или нешто слично. Има и доста муслиманска симболика. На пример во Орденот наречен Шрајн (кој е настанат подоцна) - симболот е полумесечина и ѕвезда и има доста муслимански симболи. Како што реков - не читаш се од тоа што е напишано, па затоа и тешко оди објаснувањето со тебе... Масонството има 3 степени. 3тата степен е највисока степен. Останатите ордени се странични ордени - како што дадов објаснување - по вертикала, односно нагоре во хиерархијата се оди само со 3 степени. Потоа, останатите ордени се хоризонтално развитие. Не се хиерархија, а само дополнително објаснување и развитие на симболизмот на третиот степен. На пример - Големиот Мајстор на Онтарио беше 3та степен, а ја имаше највисоката позиција во масонската ложа во Онтарио. Затоа и дадов пример - во Шкотскиот Орден има 33 степени, во Јорк има 12, но Шкотскиот не е повисок од Јорк во ниеден аспект. Едноставно се различни начини на кои се навлегува во симболиката на 3тиот степен. Истотака сум објаснил веќе дека има 3 степени. Кога се станува 3та степен си рамноправен со сите останати, и си еднаков со сите - по целиот свет. Првите две степени се за учење, за градење на карактерот, за останатите да видат дали си квалитетен човек, но и за самиот ти да решиш дали сакаш да продолжиш или не. Третиот степен е мајсторскиот - степенот во кој сите се еднакви, без разлика од каде потекнуваат, каква религија се, каква боја на кожа или каков социјален статус имаат. Сите поминуваат низ истиот процес на воведување, сите поминуваат низ истите степени, низ истите испити, низ истиот начин на развој. Не е битно дали си од кралско семејство, или работиш како кондураџија. Внатре во ложата, нема разлика меѓу луѓето според надворешните карактеристики, само она што е во нас не прави различни. Нема мајсторчиња и мајстори... Не функционира така системот... и ова веќе го имам објаснето и тоа во детаљи, но некој не го прочитал. Нема светска хиерархија во ложата. Секоја земја има сопствена Голема Ложа. Секоја Голема Ложа е независна од останатите и носи свои одлуки, има свој начин на решавање на работите, има свој систем на функционирање. Тоа е нешто што најчесто ги збунува сите кои веруваат во теориите на заговор. Тоа што истотака не можат да го разберат многумина е дека нема ни можност, ниту логика, ниту потреба да има некакво светско раководство. Што ќе прави тоа раководство и каква функција ќе има...? Имате многу погрешна претстава за целата работа... Никој не издава наредби и не кажува на останатите што да прават и како да постапат. Во ложата има луѓе кои се членови на партии на левицата, членови на десницата, луѓе кои воопшто никогаш во животот не гласаат и не сакаат да се занимаваат со политика, луѓе кои имаат многу силно политичко и економско влијание, но и луѓе кои се сеуште студенти или работат некоја сосема обична работа - келнер, возач, работник на железница. Никој на никого не му издава наредби и не му кажува што да прави, како да мисли, како да постапува. Има две работи за кои е забрането да се зборува во ложата - религија и политика. Никогаш, никој не смее да зборува за тоа! Причината е едноставна - тоа се две теми за кои секој си има свој краен став и многу лесно може да дојде до конфликти и расправии, а најважно од се е да се сочува хармонијата меѓу членовите. За крај - јас како член на ложата, ти тврдам дека нема врховен лидер, дека нема такво нешто и дека нема никаков заговор. Ти - како некој кој никогаш во живот не бил во ложа, и кој гарантирам дека никогаш не си прочитал книга напишана од масон, зборуваш и тврдиш работи кои воопшто не ги разбираш и се потпираш на тврдења на луѓе кои знаат отприлика исто толку колку тебе... Биди ми поздравен. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
E,tokmu toa brat go Prasav,DALI NEKOJ OD NIV GO VIDEL LIDEROT??? A NE ZA TOA TIE "MAJSTORCINJA"(VO KOI I TOJ E,EDEN OD NIV..MISLAM DEKA TAKA SPOMNA NEKADE TOJ SAMIOT) P.S.BRAT PREKRASNO OBJASNETO!! |
||
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
||
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Halid ibn Velid - 17.Јуни.2008 во 18:16 |
||
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
||
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште нешто, сега дури видов дека пак е поставено прашањето за американскиот грб и за печатот.
13 ѕвезди на американското знаме (да, оригиналното имало 13 само), 13те линии, 13те маслинови гранчиња што орелот ги држи итн, не се никаков заговор или не знам каква симболика - а едноставно ги претставуваат 13те колонии кои ги формирале Соединетите Американски Држави во 1775та година. Повторно ќе речам - малку знаење, многу малку знаење е потребно... онака, заради општа култура... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Svemirski, istoto prashanje za okoto go postavi ezan-a vo temata "Pravoslavna Ubavina". Ovoj simbol iako e mnogu star (poseti gi makedonskite stari crkvi i manastiri i verojatnosta e deka ke go vidish skoro na site tie mesta), vo posledno vreme stana interesen poradi popularnosta na temite za masonite i iluminatite.
Toj simbol e hristijansko ilustriranje na svetoto trojstvo (zatoa e triagolnik) koe postojano bdee nad nas. Site onie koi go prifatile toj simbol kako svoj se slozhuvat so hristijanskoto gledanje kon Kreatorot i Kreacijata, a site onie koi go napagjaat i go otfrlaat se protiv tie vrednosti. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Веќе пишував за ова неколку пати...
Тоа за кое зборувате е таканареченото "Севидливо" око. Симболичкото значење е дека Бог гледа се. Во масонството, симболично ни порачува дека мора да внимаваме како се однесуваме во животот, што правиме, дека мора да имаме високи морални вредности и норми, затоа што каде и да сме - Бог секогаш и секаде не гледа и не можеме од Него да ги скриеме гревовите. На прашањето - кој е лидерот... ако мислиш на светското масонство - нема таков! Ако имавте најосновни познавања за масонството, или барем ако се потрудевте малку и побаравте во неколкуте теми кои ги имам објавено тука, да прочитате за тоа како функционира масонството и што точно претставува, каква е хиерархијата, ќе знаевте колку е не само бесмислено, туку и глупаво прашањето. А за во Онтарио - го познавам лично Големиот Мајстор (Grand Master е англискиот израз), лани го избравме, секои две години има избор на нов и во тоа учествува целото членство. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
svemirski_duh
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zidarski,
mislam deka poveke sakase da te prasa dali voopsto znaete koj e LIDEROT. Drugo,ne treba covek da bide Mason za da gi znae simbolite. Eve,posto si Mason ke te prasam sto prestavuva ovoj Simbol:
Ona e nase,Muslimansko glediste,ako imas podobro objasnuvanje kazi ni. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заборавив - ме праша за мајсторот дали сум го видел.
Халид - ова прашање ЕПТЕН потврдува дека ништо не знаеш за масонството и дека везеш зелени тука... Во масонството има три степени. Чирак, Калфа и Мајстор (на англиски - Entered Apprentice, Fellowcraft, Master Mason). Стандардната процедура обично е дека во секоја од степените се останува една година. Односно, откако ќе влезеш во ложата, една година си чирак, една година си калфа и потоа стануваш мајстор. Се разбира - има процедура за тоа, има испити кои треба да ги поминеш, за да ги потврдиш знаењата и слично. Највисокиот степен во масонството е 3-тиот степен - Мајсторот. Нема повисок степен од тоа. Тоа што многу пати ќе се прочита за 33-та степен, тоа е неразбирање од страна на оние кои пишуваат за тоа. Замисли си ги работите во вертикала и по хоризонтала. Вертикално има 3 степени во хиерархијата. Кога ќе се дојде до 3-тиот, можеш да одиш хоризонтално во развојот, односно, да продолжиш со проучувањето на третиот степен - најчесто тоа се прави во таканаречениот Шкотски или во Јорк Ордените. Шкотскиот има 32 степени (33-тата е чисто административна, почесна, за долгогодишно членство, ништо повеќе), а Јорк има 12 степени. Тоа не значи дека Шкотскиот е нешто повеќе од Јорк, напротив, во поголемиот дел од светот Јорк се смета за попрестижен орден. Затоа - смешни се тие идеи за 33-та степен како највисока во масонството. Највисока е 3-тата. Сум го видел мајсторот - има многу, кај мене во ложата, околу 200 има. Во Онтарио (каде што живеам) има околу 80.000 мајстори. Јас самиот сум со мајсторска степен. Ама - ти си убеден дека тоа не е така, и сега мене ќе почнеш да ме убедуваш како ништо не знам и како ме лажат и како не ми ја кажуваат вистината... а ти самиот си чул нешто од некого и си прочитал некој сајт некаде... Знаењето пријателе... знаењето е најголемото богатство (тоа, колку што можев да прочитам од Свемирски - Алија го рекол...) |
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
(туку што напишав километарси пост и ми се избриша... ајде пак...)
Халид - за да не пишуваш детски работи и да не паѓаш во паранои - не само што не сум Темплариус, туку можеш да си провериш по твоите браќа, со некои од нив сум во директен контакт по мсн, доволно ме знаат, а некои од нив го знаат и Темплариус. Темплариус - не се обидувај да даваш објаснувања за масонството и неговиот симболизам, затоа што прво, не си масон, второ, правиш грешки во објаснувањето и настануваат забуни. Халид - да ти одговорам на некои од небулозите кои ги пишуваш. Хитлер никогаш не бил масон. Не може да биде масон. Неговата идеја се коси во корен со масонската идеја. Не секој што управува е или бил масон, тоа се чисти глупости. Не убивал само евреи, убивал и масони. Дури - се однесувале уште по сурово со масоните отколку со било кој друг! За евреите и останатите, казната била робија во концентрационен логор, каде што по извесно време, голем број од нив ги убивале. За масоните казната била смрт, без никакви други варијанти. Не само Хитлер - сите диктатори во светот имале таков став. Затоа што масонството пропагира демократија, граѓанско општество, еднакви права за сите, еднакви услови за сите. Токму од тие причини и во исламскиот свет има толку голема спротивставеност - затоа што граѓанското, демократското општество е во спротивност со шеријатот. Пред да пишуваш за работи кои воопшто не ги познаваш, седни, прочитај малку, информирај се, па после зборувај. Вака јавно пред многу луѓе испаѓаш смешен и необразован. Да ти одговорам во врска со евреите и масонството. Франко е најголемиот и најпознатиот масоно-мрзец. Пред војната во Шпанија, во ложата има околу 5.000 членови. Над 4.900 од нив се католици! Значи, од пет илјади члена, помалку од 100 се евреи. Франко ги убива повеќето од тие 5000 и уште дополнителни 80.000 под обвинение дека се пријатели, роднини или имаат било каква врска со масоните. Масонството јавно постои од 1717 година. Значи - јавно! Се знае каде се ложите, каде се собираат, кога се собираат, за повеќето од нив се знае и кој е во управното тело. Тоа не е тајна веќе 300 години, ама вие упорно стоите на ставот дека е тајно, нешто ви застанало времето изгледа. Значи - во истиот вид во кој е денес, со идентични симболи и церемонии, јавно постои од 1717 година, а пишаните документи водат назад до крајот на 15-ти век. Усната традиција вели дека назад може да се оди 3 или 4 илјади години (зависно од верзијата). Но - да стоиме на пишаните работи - од крајот на 15ти век. Првите евреи се допуштени во ложата во крајот на 18-ти век!!! Значи 3 века подоцна! Масонскиот ритуал е формиран од христијани, целиот симболизам е повлијаен од христијанството. Повеќето од ордените на масонството воопшто не се достапни за евреи, затоа што се со премногу христијанска симболика. Затоа - не пишувајте глупости на таа тема. Ѕвездата на Давид - убаво ти велам - прочитај малку историја, па после пишувај. Ѕвездата на Давид има религиозно значење во еврејството дури од 19-тиот век! Претходно не се користи како религиозен симбол. Печатот на Соломон (ѕвездата поставена во круг), се користел од Соломон како официјален печат на неговото царство, но немал никаква релгиозна смисла. Напротив - ѕвездата на Давид се користи како религиозен симбол во Христијанството и тоа пред се во Православието! Погледни во речиси сите цркви ја има. Во масонството е наследена од христијанството. Сликата која беше објавена не е до крај точна, но направен е обид да се прикаже кандидатот за првата степен - чирак. Има некои грешки во сликата, што покажува дека не е правена од масони, но врши работа. Облеката и превезот имаат симболичко значење - облеката покажува дека влегуваш беден во ложата, дека немаш ништо во твоја сопственост, како при раѓањето - и дека со тоа си еднаков со останатите. Во ложата, не е битно дали едниот е крал, а другиот кондураџија - сите се еднакви. Во мојата ложа има неколку милионери, но има и на пример - работник од железницата. СИТЕ се еднакви! Облеката покажува буквално - дека ниту си облечен, ниту гол, дека немаш ништо во твоја сопственост. Јажето (церемонијата е правена на англиски, и на англиски изразот cable-tow има сосема друга смисла) - покажува дека треба да си врзан за земските работи и да не избрзуваш во ништо, дека колку и да ти тежи нешто, колку и да те влече назад, не смееш да се ослободуваш од обврските кои ги имаш и дека треба да се пребориш со сите препреки, но сепак, да бидеш внимателен. Превезот на очите е затоа што кога кандидатот кога ќе влезе во ложата сеуште не положил заклетва. Соодветно, сеуште не е масон. Ако сака да се откаже, може да го стори тоа, и ништо не видел до тој момент. Другата причина е што кога ќе му се отстрани превезот, тој симболички добива светлина. Светлината има особено важно значење во масонството - значи вистина, извор, цел кон која се стреми секој човек. Ако те интересира уште нешто - прашај, не пишувај за работи кои не ги познаваш. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vidis ti znaes kako da se kloniras a jas neznam so toa dokaza deka ti znaes kako da gi pravis tie raboti a jas ne hahahahaha e more ....
|
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ADE,nesto Muckuleto ne ti pee!!??
Изменето од Halid ibn Velid - 16.Јуни.2008 во 15:38 |
||
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |