|
Педофилија во нашите училишта |
Внеси реплика | страница <1 23456 11> |
Автор | |
ato
Група Регистриран: 08.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 76 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пример.
професор по Марксизам, сега некое граѓанско образование наведува малолетничка и ја силуваат во време на социјализмот. Го ослободуваат од делото, потоа доведува средношколки од медицинското во штип ги држат по неколку недели во блиско село, повторно го ослободуваат односно не го гонат поради блискоста со владеачката партија во тоа време (ДПМНЕ). Организира модни ревии по источна македонија односно ги присилува ученичките да изигруваат манекенки, како заслуга го предлагаат за советник на владеачката партија во општината и уште згора на тоа се јавува како експерт за малолетничка проституција. Повторно власта ќути и ништо не му прави, нема кој да покрене постапка против таков професор се плашат за својата иднина. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Учениците треба да кажат, што како се случува.
Башка, и не е само работата со наставниците. Имаме случај со обезбедувањето на нашето училиште, т.е човекот кој по цел ден си седи во холот и пуши цигари. Вчера, се враќавме дома порано, бидејќи имавме 5 часа. Успат кога поминував низ ходникот долу, видов едно девојче кое идеше на час по физичко, така облечена по шорцеви и тесна маичка, нешто зборуваше со тој обезбедувањето. И овој, стока скапана, зема ја бутна во ѕид, и ај сеа вака да кажам, почна да ја пипка. Оваа даваше отпор овој се тргна и мирно и спокојно си седна на клупата... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако на некој наставник му текне да направи такво гнасно дело, пред тоа нека се спреми да издржување казна затвор во траење од најмалку десет години, а ако делото предизвика тешки последици, доживотен затвор , согласно најновите измени во Кривичниот закон на Македонија, кои особено ги заострија казните за наставниците, воспитувачите и членовите на семејството.
Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години Член 188 (1)Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години. (2)Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата полоба или при вршење на семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години. (3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор. (4)Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор. |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пеер, ова да не е оној Васко шо беше пред 2 години? |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас мислам дека мамамд би требало да ја стават во министерството за образование..
по заитерисиран и по грижлив член не сум видел до сега за образованието... само напред.. смрт за педофилијата, преобразба на педофилите во нормални луге..! |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Педофилија или несолена шега?
Може ли се да се кфалификува како педофилија? НОВ ПЕДОФИЛСКИ СЛУЧАЈ ПРИЈАВЕН ВО МЕЃАШИ |
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За педофилите само смртна казна!
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovakvoto treba da se osudi na smrt, da ne mu se dade prokleto vreme za da se samoubie, ccc, sho ushte nema da vidish i da chuesh, samo hrabro moj vrsnici... |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле дете, стварно ова?
Сега кога ќе се сетам на некои работи, тогаш наивни кој да помисли, едно девојче ептен беше омилено акј наставникот по физичко, а тогаш моравме да вежбаме не како сега вие, туку во трико (како боди). И така таа на јарец скока, тој као и покажува ама се по неа, ја пипка, вака така, ама кому да му текне па да пријавел... тек од денешна перспектива ми е јасна неговата склоност. и чудо, најчесто таквите наставници се по физичко воспитување, |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наставникот по физика (бог да го прости) ги маваше скоро сите девојчиња по газ...И сеа ја глеам...една,друга,трета...Ја скокам на та јарецот,и ОП! Ме перна по гзот онака јако...Ја се раздрав нешто,а другарка ми трк,кај социологот...После некое време дознавме-Го нема него на работа...Го отпуштиле...А да биде уште покомпликувано,и се самоубил...
|
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.. i ushte ednash da se potsetime...20 Noemvri e Svetski den na deteto, znaci denes barem da dademe svoj pridones.
Поддршка на децата-жртви на сексуално насилство Поради зголемениот број пријавени случаи на сексуална злоупотрееба на децата, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со Центарот за институционален развој, поведоа акција за формирање фонд за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба. Поради оваа причина и по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември, македонските пејачи снимија песна со наслов „Сонувај мирно“. |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поздрав за ваквата кампања, сите треба да одвоиме барем 100 денари,бидејќи рехабилитацијата на жртвата е од големо значење за нејзиниот понатамошен живот, за надминување на лошото искуство.
|
|
zorans
Нов член Регистриран: 19.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воочи 19 ноември, Светскиот ден за борба против злоупотреба на децата, сакам да ве информирам дека во тек е Голема Кампања за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба, која ја спроведуваат Центарот за институционален развој-ЦИРа (www.cira.org.mk) и Првата детска амбасада во светот Меѓаши(и www.childrensembassy.org.mk).
Во Македонија околу 1000 деца и млади годишно се жртви на различни полови напади. Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Песната ќе биде промовирана на 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет). Видео записот на песната го подготвува продукцијата на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите. Снимената песна е веќе достапна на web страниците на ЦИРа и амбасадата Меѓаши: www.cira.org.mk и www.childrensembassy.org.mk. Со вртење на 143-404 се донираат 100 мкд + 18% ддв. Средствата од фондот ќе бидат наменти за индивидуална психолошка терaпија на жртвите на сексуална злоупотреба (препораката е да се почне најдоцна 72 часа по сексуалното напаствување), покривање на трошоци за правно застапување, поддршка во образовниот процес за жртвите, како и за реализација на едукативни активности во основните и средните училишта за децата и младите полесно да ги препознаваат првите знаци на заведување од педофили или врсници кои се обидуваат сексуално да ги малтретитраат. Повеќе за целата кампања можете да видите на web страниците на ЦИРа и амбасадата Меѓаши: www.cira.org.mk и www.childrensembassy.org.mk. Подржете ја оваа граѓанска иницијатива, која е одговор на зголемиот број на случаи на секусуална злоупотреба на децата и младите во Македонија. поздрав, Зоран С |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Професорот од Демир Хисар отстранет од настава
Професорот од демирхисарската гимназија, Петар Шилковски, од вчера е отстранет од настава. Одлуката ја донел Наставничкиот совет под притисок на ученички од гимназијата, кои јавно тврдат дека нивниот наставник подолго време ги малтретирал и ги допирал по телото. -------------------------------------------------------------------------------------------- ... cudno e shto aferite za profesorot zapocnale vo period koga negovata sopruga e izbrana za direktor. Ima li zloupotreba na pojavata pedofilstvo vo Makedonija...pregolem napliv na demokratija ili politizacija vo obrazovanieto... Vistinata ja znaat tie... nie samo moze da se dvoumime... |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |