Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Октомври.2014 во 20:13 |
Кое е вашето идеално место за живот според астрологијата?
Близнаците обожаваат градови кои никогаш не спијат, Шкорпиите сакаат да откриваат егзотични дестинации, на Стрелците им одговара спој на модерното и традиционалното… Овен
Вашиот немирен дух ве влече кон градови со богат ноќен живот, како што е Буенос Аирес. Но, ви одговараат и градови во кои се одржуваат големи спортски манифестации, фудбалски натпревари, автомобилски трки, тениски турнири, Париз, Лондон, Њујорк, Мелбурн. Бик
Иако сте голем љубител на природата и селото, ве привлекува и Ориентот, Истанбул, Каиро, Александрија. Поради добрата храна и добрата забава, ве воодушевуваат и Барселона и Лос Анџелес. Близнаци
Обожавате градови кои никогаш не спијат, Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморски места во кои никогаш не може да ви биде досадно, како Херцег Нови, Ница, Венеција. Рак
Сакате да престојувате покрај некоја вода, море, езеро или река. Затоа вашиот вистински избор се Цирих и Женева, но и космополитскиот Сиднеј. Лав
Ве привлекуваат градови домаќини на големи спортски првенства, но и фестивали на пиво. Како љубители на раскошот и гламурот, ви одговараат места со добра забава, како Монте Карло, Париз, Ница, Барселона, Лас Вегас и Њујорк. Девица
Добро се чувствувате во Краков, древната Атина, раскошниот Париз и преубавата Будимпешта, каде во некој ресторан во центарот на градот прелистувате весници, пиете кафе и уживате во десертите. Вага
Најмногу ви одговараат градови на море во кои се одржуваат големи уметнички манифестации, музички и филмски фестивали, модни ревии, изложби – Рим, Венеција, Милано, Ница, Кан, како и Пекинг. Шкорпија
Секогаш сте подготвени да запознаете некоја нова култура или егзотична дестинација. Ви одговараат шпанските и италијанските градови, посебно Сицилија, но ве привлекуваат и Чикаго, Њујорк и Рио де Жанеиро. Стрелец
Ниедно место не ви одговара во потполност, бидејќи сакате промени. Ви одговара спој на модерното и традиционалното, градови со раскошна архитектура во кои има богати културни и спортски настани, како Мадрид, Рим, Барселона, Палма де Мајорка. Јарец
Љубител сте на историјата и почитувач на традицијата, па освен вашето родно место ви одговараат и Лондон, Единбург, Кардиф, градови во кои можете да уживате во разгледување на средновековните замоци. Водолија
На вашиот сензибилитет му одговараат модерни градови во кои се живее брзо, како Амстердам, Њујорк, Париз, Берлин, Санкт Петербург. Риби
Ви одговара близина до води, најмногу оние големите, океанските. Сакате помали градови, без многу гужви, како Валета на Малта, гратчиња во Сардинија, Малдавите, Азурните брегови, Куба, но и големи градови како Сиднеј.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Октомври.2014 во 18:36 |
КАКВА ХАРИЗМА ГО КРАСИ ТВОЈОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК? Секој човек има своја единствена харизма која го прави различен од останатите. Но, астролозите велат дека луѓето кои припаѓаат на ист хороскопски знак имаат слична харизма. ОВЕН Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат. БИК Биковите секогаш сакаат да остават добар впечаток. Но, ретко преземаат иницијатива, па можно е на прв поглед да изгледаат резервирано и строго. БЛИЗНАЦИ Одлично се снаоѓаат со контролата врз емоциите, а од друга страна се непресушен извор на забава. На нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее, а емоционалната резервираност создава мистерија за секого. РАК Раковите се многу чувствителни и многу често го менуваат расположението, па поради тоа може да остават прв впечаток на неискрени личности. Сепак, со тек на време овој впечаток не е тешко да се поправи, бидејќи воопшто не се такви какви што изгледаат на прв поглед. ЛАВ Генерално, Лавовите се одбивни при првата средба поради нивната претерана самодоверба и фалење. Сепак, нивната искреност и детска наивност, исто како и Овенот, лесно ќе направи да ви се вовлечат под кожа. ДЕВИЦА Девиците се перфекционисти, па првиот впечаток за нив е дека се строги, што и не е далеку од вистината. Но, кога искрено љубат некого, тоа го прават со цело срце, па нивната строгост е во втор план. ВАГА Вагите мислат дека се совршени и мошне лесно можат да залажат некого дека се токму такви – но, само за кратко време. СКОРПИЈА Скорпиите се големи заводници. Кај истиот пол најчесто оставаат негативен прв впечаток поради нивната доминантност, но пак, за спротивниот пол се вистински магнет бидејќи се многу силни личности. Сепак, кога некој ќе ги повреди, одмаздата е неизбежна. СТРЕЛЕЦ Стрелците се енергични и храбри знаци полни со самодоверба, но не и со егоизам, што ги прави едни од омилените во друштвото. Тие се подготвени да ризикуваат, но кога навистина ќе се заљубат, партнерот го чуваат подобро од сопствените очи. ЈАРЕЦ Јарецот е уште еден строг знак кој не се оддава лесно на емоциите, а првиот впечаток за него најчесто е негативен. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите зошто е таков и кои му се приоритетите во животот, а кога ќе одвои време за вас уште повеќе ќе го цените. ВОДОЛИЈА Водолиите се ексцентрични и провокативни, а во исто време весели, што ги прави многу привлечни и шармантни. Со нив никогаш нема да ви е здодевно и секогаш ќе ви недостасува нивното друштво. РИБИ Рибите се многу емотивни, а ако ги фатите во таквите моменти, може да бидат многу здодевни. Но, кога ќе ве засакаат, лесно ќе најдат начин за да ви влезат под кожа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Октомври.2014 во 16:39 |
Женски хороскоп: Што бараат, очекуваат и не поднесуваат кај мажите?
Еден од најинтересните сегменти на хороскопот, пред здравјето и отисокот на работната иднина, без сомневање е оној кој го опишува однесувањето во врска и однос спрема љубовта. Откако дознавме какви се мажите во светот на романтиката, донесуваме и женски астролошки особини во љубовта. Овен Иако се чувствителни, жените имаат многу мала толеранција со несигурните мажи. Тие бараат херој кој ќе може сам да ги совлада сите потешкотии, а она што прво ќе ги привлече кај мажите е самодовербата и конзистентност. Сакаат предизвици и авантури, но имаат и романтична страна која бара класично заведување. Кога ќе се заљуби жената е верна, внимателна и дарежлива. 
Бик Тие се женствени. Сакаат да бидат мазени и пазени, а најмногу паѓаат на мажите со кои се чувствуваат сакано и убаво. За жените Бикови клише не постои, затоа секое изненадување и знак на внимание во нејзините очи е голем плус. Бара стабилност и љубов и не се склони на неверства, но истото го очекуваат и од партнерот. Сака елегантни и шармантни мажи со стил кој знаат што сакаат и како тоа да го остварат. 
Близнаци Жените Близнаци толку се живи и сестрани што единственото што им е важно кај партнерот да успее да го прати нејзиното темпо. Сака да биде заљубена и тогаш е спремна на партнерот да му даде баш се. Иако сакаат да кокетираат и уживаат во машко друштво, кога ќе го пронајдат правиот партнер, жените Близнаци не размислуваат за други мажи ниту на неверство. Многу им е важно партнерот да ги разбира, а довербата им е една од најважните сегменти на врската. Желни се за знаење, имаат фантастичен смисол за хумор и обожаваат луѓе и друштво. 
Рак Многу се чувствителни и интуитивни души. Жените Ракови ќе ги привлече чувствителни и романтични мажи. Припадниците на овој знак ги прати честа промена на расположението. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и баш поради тоа се многу внимателни и многу споро влегуваат во сериозна врска. Но, кога еднаш мажот ќе влезе во нејзиниот свет, стануваат верни и врската ја сметаат најважна. Врзани се за семејството и од партнерот го очекуваат истото. 
Лав Каде и да се појават, жените Лавови пленат со внимание. Тие зрачат со енергија и топлина што ги привлекува мажите, посебно оние поимотните и моќните. Живи се и позитивни, Лавиците обожуваат да бидат заљубени и уживаат кога партнерот ќе ги опсипе со поклони и изненадувања. Во работата и животот тежнеат за стабилност, но во љубовта се спремни на се. Додека верува во љубовта на партнерот тие ќе дадат се, но веќе кај првите знаци на несигурност во партнерот, жените Лавови се спремни за нови вложувања. 
Девица Перкценионисти кои од партнерот очекуваат да прифати ваква изразена особина. Нивната еднакво моќна особина е и чувствителноста. Кога ќе се заљубат, жените Девици на својот партнер му даваат буквално се. Тие ги памтат годишниците и значајните моменти и сакаат да припремаат мали и слатки изненадувања. Многу се интелигентни и стојат за своето мислење и многу е тешко да ги уверите во спротивно. Сакаат различни типови на мажи, а главна особина им е во љубовта да не влегуваат само со срце, туку и со главата. 
Вага Првиот впечаток кои жените Ваги го оставаат на мажите е беспрекорниот изглед кој се памти. Иако можеби за првпат се арогантни и кога се во прашање мажите се пребирливи, овие жени имаат толку бистар ум да истото го очекуваат и од мажите. Еднаш кога ќе се поврзат, спремни се на партнерот да му понудат права љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и уживаат во расправиите и во се бараат убавина и квалитет. ТРие се романтични идеали кои се во потрага по својот принц, а знаат и да скршат по некое срце. 
Шкорпија Да ја запознаете жената шкорпија во потполност не е мала работа. Тие го сакаат својот мир и многу тешко пуштаат некој маж во својот простор. Иако се зависни од љубовта, се плашат од разочарување и неуспех. Жените од овој знак во врската влегуваат полека и сигурно, а кога ќе пронајдат прав партнер многу се верни, а кога е во прашање интимата, многу се страствени. Партнерот кој ја цени и ја прави среќна ќе биде среќен до крајот на животот, но неверството е нешто што овој знак го претвора во вистинска војна. 
Стрелец Имаат големи животни апетити кои го очекуваат и од својот партнер. Интелигентни и силни, жените Стрелци што и да допрат внесуваат страст, поради кој мажите ги привлекува особината која тие ја немаат – приземност и реалност. Тие сакаат згодни и привлечни мажи. Искрени се во поглед кога ќе ја пронајдат правата љубов, спремни за стабилна и долга врска. 
Јарец Односот на овие жени спрема животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат одредени вредности во склад со нивните сваќања. Жените Јарци не се лесно да се освојат. Кај нив љубовта не може да наиде како гром од ведро небо. Ретко доживуваат голема љубов и попрво ќе остане сама отколку да има површинска врска. Но кога ќе засакаат или подобро кажано, кога ќе одлучат да признаат, тоа може да трае засекогаш. Кога ќе се решат со некого да се врзат, тоа е за цел живот. 
Водолија Позади нивниот понекогашен ироничен став, сепак се крие несигурност и недоволна самодоверба. Тие сакаат мажи кои ги исполнуваат ментално и тоа им е поважно од физичкиот изглед. Овој знак нема физички критериуми кај мажите бидејки секој пат може да г привлече нешто сосема друго. Многу се забавни и креативни, и пријателството како со партнерот така и со најблиските им е на прво место. Иако се спремни да сакаат, тешко ќе признаат дека се заљубени што може да доведе до опасни триења во врската. 
Риби Сините и големи очи како океан се обележување на жените родени во овој хороскопски знак. Романтични и чувствителни, Рибите сакаат да бидат заљубени – дури и во теорија. Како со нив владее Нептун,планетата која управува со соништата и идеалите, повеќе од се сакаат да бидат соборени од нога. Како се и самите имагинативни, женските Риби сакаат секој момент да го направат посебен и магичен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прави посакувани партнерки, но поради тие квалитети можат да го однесат и сопствениот свет кој нема никаква врска со реалноста. Исто така, може да ги привлечат неконвенционални мажи, токму оние кои имаат изразена мрачна страна.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Октомври.2014 во 18:20 |
ТРИ ОСНОВНИ ЉУБОВНИ ПРАВИЛА ЗА ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Се прашувате како да откриете дали вашата половина е среќна и задоволна? Астрологијата има одговор на ова прашање. Ако сакате да ја направите среќна личноста во која сте вљубени, постојат најмалку 3 начини да го остварите тоа. Според хороскопот, еве кои се идеалните: Овен 1. Покажете восхитеност и ентузијазам за нивните интереси, хобија, идеи… 2. Дозволете им да мислат дека сè што направиле било нивна идеја. 3. Менувајте ја својата рутина колку е можно почесто за работите да изгледаат нови и свежи.
Бик 1. Размазете ги со масажи и физичко внимание. 2. Направете да се чувствуваат сигурно и удобно во ваше друштво. 3. Дозволете им да си ја одржат независноста во врската. Не ги терајте да се чувствуваат заробено.
Близнаци 1. Секогаш одржувајте ја комуникацијата. 2. Пронајдете начин работите да ги одржите весели и разиграни, дури и во тешките времиња. 3. Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.
Рак 1. Поминувајте повеќе квалитетно време со нив, тие би требало да ви бидат најважни. 2. Усовршувајте ја уметноста на мазење. 3. Дајте сè од себе за да ги разберете и прифатите нивните промени на расположението.
Лав 1. Секојдневно преплавувајте ги со љубов, внимание и пофалби. 2. Поддржете ги нивните страсти и креативни идеи. 3. Дозволете им да водат на секое можно поле.
Девица 1. Бидете искрени и отворени со нив, не кријте ништо. 2. Одржувајте ја куќата секогаш чиста. 3. Помогнете им да се отворат и да ви раскажат зошто се лути, загрижени или нервозни. Вага 1. Размазете ги и дозволете им да ве размазат. 2. Бидете дарежливи со комплиментите и пофалбите. 3. Не започнувајте големи расправии – научете како да ги одржите мирот и хармонијата.
Скорпија 1. Бидете емотивно и физички интимни. 2. Обврзете се и уверете ги колку длабоко сте им посветени. 3. Бидете страствени за сè во животот, посебно во вашата врска.
Стрелец 1. Што почесто водете интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи. 2. Дајте им слобода да водат живот каков што сакаат. 3. Поддржете го нивниот авантуристички дух и придружете им се во авантурите кога и да можете.
Јарец 1. Пронајдете начин секогаш да ја искажувате посветеноста кон нив и вашата врска. 2. Соочете се со реалноста – не сонувајте. 3. Засмејте ги и задржете ги заинтересирани со вашата интелигенција.
Водолија 1. Не плашете се од нивниот богат живот и не бидете љубоморни. Обидете се да се вклопите во него. 2. Дајте им слобода да прават што ќе посакаат. 3. Бидете свесни за системот на вредности кои ги имате и секогаш делувајте во согласност со нив.
Риби 1. Одржувајте ја атмосферата романтична и сензуална. 2. Поддржете ги кога се чувствуваат несигурно. 3. Ценете ги нивните ставови и не ги предомислувајте во тоа што ќе го одлучат со помош на интуицијата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Октомври.2014 во 14:05 |
ФАТАЛНИ ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат и тие врски обично ги следи силна хемија, но доаѓа и до конфликт на карактерите. Oвен-Вага Веќе при првата средба ови два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се оддолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат. Бик-Шкорпија Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ќе ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Шкорпијата смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и да се насочите во заеднички дружења со пријателите. Близнаци-Стрелец Нивната привлечност не е само физичка, оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека се најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и што сакаат да озборуваат. Повторно ги спојуваат меѓусебните авантури- излет во природа, патувања.. Рак-Јарец После тоа што чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм затоа што Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само партнери туку и љубовници. Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла. Лав-Водолија Привлечноста скоро експлодира кога кралот на својат вселена-Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека Лавот ќе го нервира тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане ако и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото. Девица-Риби Практичните Девици кои сакаат се во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на грозната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот- Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
д4 б3
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Октомври.2014 во 13:01 |
Стрелец
Днес сигурно ще ви се струва, че всички около вас са полудели. Замислете се дали проблемът е във тях или вие сте в твърде особено настроение.
е луди са е тоа не само денес
|
old d4b3
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Октомври.2014 во 14:11 |
Внимавајте на кој хороскопски знак се доверувате! Рибите ќе заборават дека сте им откриле тајна, Вагите ненамерно ќе ја раскажат на најблиските, а Скорпиите со намера ќе ве издадат. 
Овен Ако на Овенот сте му довериле тајна, внимавајте да не ги изнервирате, затоа што во моментот има големи шанси импулсивно да ја раскажe вашата приказна. Тоа нема да го направи со намера да ве издаде, туку затоа што е склон најпрво кон дејствување, па потоа размислување. Бик Стабилни се и упорни, но на Биковите доверувајте им се само ако знаете дека се сложуваат со тоа што сте им го откриле. Во сите останати случаи, тајните задржете ги за себе. Има голема шанса за возврат да добиете лекција за тоа како си го комплицирате животот. Најдобро е да започнете со „што мислиш за...” па, потоа тајна! Близнаци Овој знак е брбливец без престан, па затоа никогаш не му се доверувајте. Дури и да нема потреба да ја раскаже вашата тајна, ќе му излета сосема случајно, додека го пие кафето со локалното инфо-биро, односно со личноста која сака да разгласува приказни. Рак Доверлив и лојален, Ракот секогаш е добар избор за чување на тајни. Ќе ви понуди рамо за плачење, утеха, прегратка, чај... само за да ви помогне. Раковите се можеби најсигурните луѓе на кои можете да им ја откриете вашата најтемна тајна, па вреди да имате барем еден пријател во овој знак. Лав Тајните кои Лавот може да го доведат до пофалби или да му помогнат да се докаже, подобро зачувајте ги за себе. Ако се работи за неговиот конК*рент или личност која му е антипатична, постои голема веројатност без размислување да ја открие тајната. Девица Дискретната Девица ќе ги чува доверливите информации за себе, до моментот додека сте блиски. Потоа, ако случајно се оддалечите, ќе започнат да се шират информациите. Што значи, ако не планирате да се предадете потполно на некоја Девица, не ја откривајте вашата темна страна. Вага Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел. Скорпија Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот! Стрелец Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае. Јарец Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу. Водолија Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно. Риби Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2014 во 08:32 |
На земјените знаци најважна им е сигурноста, водните знаци се жедни за љубов и прифаќање, огнените сакаат да се истакнат, додека воздушните сакаат љубовни предизвици. 
Кои се емотивните потреби на вашиот хороскопски знак? Овните имаат потреба за движење и предизвици Припадниците на овој огнен знак имаат потреба од активности исто колку и од воздух. Тие се изразуваат низ акциите, а предизвиците за нив се секогаш добредојдени. Ако не се први, а напорно се трудат, се чувствуваат поразено и фрустрирано. Не се емотивно најзрели, па нивните емоции знаат да се променат зависно од денот или моментот. Не поднесуваат кога партнерот се меша во нивните лични одлуки. На Бикот му е потребна сигурност, а не само зборови Припадниците на овој земјен знак најмногу се сконцентрирани на материјалниот сегмент од животот, па затоа не сакаат ментални игри, туку директни и искрени односи. Нивната најголема емоционална потреба е сигурноста, па ги ценат стабилните личности. Ги сакаат рутините и не сакаат кога плановите се распаѓаат. Конкретните дела им се поважни од бакнежите и нежноста во врската. На Близнаците им е здодевно ако не се случуваат барем две работи истовремено За припадниците на овој знак е типично тешко да се снаоѓаат со сопствените емоции, па многу време минуваат анализирајќи ги. Затоа што се најпроменливиот знак во зодијакот, најдобро функционираат ако околу нив се случуваат повеќе работи. За разлика од Биковите, Близнаците се вадат од кожа кога ќе почувствуваат дека љубовната врска западнала во рутина. 
Ракот се чувствува најдобро кога се грижи за некој Овој хороскопски знак е најемотивниот, па неговите припадници е најлесно да ги повредите. Кога се повредени, тие не знаат и не планираат да ги кријат чувствата. Сакаат допири, комплименти и пофалби, а најдобро се чувствуваат во хармоничните врски и семејното опкружување. Важно им е да имаат некој за кого ќе се грижат, затоа што се жедни за блискост. На Лавот му е важно да привлече внимание Припадниците на овој знак имаат потреба да го привлечат вниманието. Често претеруваат во изразувањето на емоции, а за да бидат среќни потребни им се незаборавни забави. Стануваат великодушни ако чувствуваат дека се ценети, а најдобро се чувствуваат кога ќе забележат дека се незаменливи. Девиците се задоволни кога ќе постигнат нешто големо Припадниците на овој знак се големи работници и сакаат да им угодуваат на другите, а најзадоволни се ако околината е свесна за нивната вредност. Секогаш им е потребно нешто за што деноноќно ќе размислуваат и анализираат, затоа што во спротивно ќе им стане здодевно. не сакаат претерано искажување на емоции, па своите солзи и среќата често ги кријат од сите. Очајно посакуваат да се чувствуваат корисно. 
Вагите ја презираат самотијата и неопходни и се други луѓе Вагите се неверојатно друштвен знак, а затоа што никогаш не се чувствуваат добро кога се сами, се во вечна потрага по публика. За да не се досадуваат, ќе се оптоварат со работа, ќе ја пуштат музиката погласно или ќе зборуваат со некој по телефон. За љубовна врска бараат човек кој ќе знае да ги сослуша и посоветува, а многу ја ценат и тимската работа и групното анализирање на работите. На Скорпиите им е неопходно да ја искажат страста Припадниците на овој воден знак се опишуваат како резервирани и таинствени, а тоа е нивниот единствен начин за справување со емоциите. Тие не го поднесуваат просечниот живот, па не сакаат да се вклопат во масата. Во постојана потрага се по новитети преку кои ќе можат да ја реализираат внатрешната енергија. Не се врзуваат лесно, но најголем кошмар им се разделбите со долгогодишен партнер на кој конечно започнале да му веруваат. На Стрелецот неопходни му се излегувањата, интересните хобија и дружењето Како и на Овните, така и на овој знак му се потребни активности и предизвици кои ќе го одржат заинтересира. Без оглед на тоа дали се едуцираат, дружат или вежбаат, на Стрелците им е потребно да се ослободат од вишокот емоционална енергија која ја носат во себе. Затоа што понекогаш се претерано самоуверени, потребен им е партнер кој ќе ги врати на земја. Иако им е убаво дома, најпријатно се чувствуваат надвор, на слобода. 
На Јарецот му е најважно почитувањето и воодушевувањето од другите Припадниците на овој знак имаат вродена потреба за контрола, како и потреба од доминација во љубовните врски. Често се вели дека Јарците се најмалку емотивни од сите знаци, а причината за тоа е ограничувањето на истите. Покрај тоа, знаат често да ги анализираат сопствените чувства. Уживаат кога другите ги поддржуваат и ги ценат, а посебно кога сите се придржуваат до нивните правила. Водолијата најдобро се чувствува кога создава нешто Водолиите се борци за еднаквост. Имаат изградени уверувања кои ретко ги менуваат и заради тоа на нивните емоции често пати им недостасува искреност и спонтаност. Потребно им е да се занимаваат со различни активности и да создаваат нови нешта, а претераните разговори за емоциите знаат да ги задушат. Во емоционалните врски важно им е да се со личност која не бара многу од нив. Рибите имаат потреба од разбирање Припадниците на овој знак се најсензуалниот знак во зодијакот. Неверојатно се чувствителни на надворешни влијанија, а имаат голема потреба од одобрување, разбирање и љубов. Најдобро се чувствуваат кога имаат една цел и работат на нејзиното остварување, а затоа им е потребна голема сигурност и поддршка. За успешна љубовна врска потребна им е личност која не е претерано емоционално воздржана.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
nikolceo
Група
Регистриран: 15.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 46
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2014 во 18:45 |
Hahahaha Vi kazav se deka nema vrska zaednickiot horoskop so LICNIOT HOROSKOP i uporno nekoj plasira zanimlivosti so cel da ja odrzi temava vo moda pozdrav
|
Nikolce
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2014 во 08:49 |
Дали често се прашувате зошто сте сами? Знаете и сакате да сакате, уживате да минувате време во машко друштво, но нешто сепак ви недостасува. 
Можеби не знаете што е тоа, но хороскопот може да ви укаже на евентуалните пречки. Побарајте го вашиот знак и откријте што ви стои на патот кон совршениот партнер/ка. Овен Тврдоглав и самостоен по природа, често пати може да му пречи емотивноста на партнерот. Овните мораат да го смират своето его и да престанат да се ставаат себеси на прво место. Мораат да научат и дека компромисот е клучен за стабилна и долга врска. Бик Биковите постојано размислуваат за изгледот и премногу се мрзеливи кога е потребно да направат некој романтичен гест. Тврдоглавите Бикови имаат обичај да се лутат често и долго, па кавгите се честа појава. Близнаци Ако често изневерувате во врските, тоа е проблемот кој ви стои на патот. Забавувањето со личноста во знакот на Близнаци може да е збунувачко за партнерот, затоа што ова е знак кој често се менува и може лесно да го исплаши другиот. 
Рак Ракот има обичај премногу рано да ја започне темата за брак и деца. Раковите исто така имаат обичај многу да се врзуваат за партнерот, со што често досадуваат. Лав Ако сте Лав, веројатно често се расправате со својот партнер, но само затоа што ви е важно да остане во вашиот живот. Сепак, не претерувајте со нападите за се и сешто. Лавот може засекогаш да остане сам ако не сфати дека поважно е да освои нечие срце, отколку постојано да биде по негово. Девица Девиците се претерано срамежливи и им е потребно долго време додека да поканат некој на состанок. Исто така, имаат обичај брзо да се откажуваат и да не му се јават на партнерот или партнерката само ако ги изнервира за некоја ситница. 
Вага Љубовниот живот на Вагата може да биде катастрофален ако постојано бира партнери на кои им е потребна емотивна поддршка. Всушност, Вагите потсвесно наоѓаат партнери кои им влијаат лошо, па тогаш запаѓаат во замка и лесно се манипулира со нив. Скорпија Скорпијата има обичај да наредува, заради што врските брзо завршуваат. Некои Скорпии сакаат претерано да ја контролираат другата личност во врската, што може да заврши трагично. Стрелец Ако имате превисоки стандарди, тогаш сте прав Стрелец. Секако дека го заслужувате најдоброто и не мора да се задоволите со било што, но ако го одбивате секој кој ќе ви се понуди, самите одбирате да останете сами. Јарец Јарците се љубоморни, посесивни и често пати се сомневаат во себе. За жал, потребно им е многу време и голема упорност. Партнерот или партнерката обично стануваат фрустрирани во оваа врска и борењето со вредностите на Јарците е невозможно. Водолија Водолијата има свое мислење и не се плаши да го искаже. Ова може да биде интересно на почетокот на врската, но со текот на времето претераното критикување може да донесе константни конфликти и пукање на врската. Риби
Се уште жалите по бившиот/та? Тогаш сте Риба во хороскоп, која вечно се жртвува и кае. Неретко се случува Рибите да не сакаат да раскинат и покрај тоа што се во лоша врска. Тие често бираат партнери кои ги користат, па заради тоа врски не можат да потраат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 10:24 |
Откријте ја тајната на вашиот минат живот, и последиците од тоа
Понеделник, 15.09.2014 16:44 Life Во секој живот се раѓаме со одредена личност која се состои од елементите на матрицата на нашата душа и како актери ние играме различни улоги, но секогаш во склад со нашиот карактер. Нашата личност може да се развива само низ самиот живот. Таа напредува или назадува, зависно од тоа како реагира на животните околности во кои се наоѓа. Се што ни се случува во животот, среќните или несреќните настани, само се лекции кои треба да ги совладаме на патот кон совршенството и ослободувањето на душата од поврзаноста за овој свет. Додека желбите се наоѓаат во човекот, не е можно да се избегне повторното раѓање. Желбите се оние што не врзуват за овој свет. Ослободените души доаѓаат на планетата како учители, но неповрзани за овој свет.
Причината за сите проблеми и немири е фактот дека сме ја загубиле власта над своите сетила. Ги пуштаме да дивеат и така престануваме правилно да расудуваме. Лутината, надменоста и другите страсти му даваат на човекот демонски карактер и понекогаш го уништуваат до животинското ниво. Толку сме биле заведени во погрешни акции, и со тоа уште поцврсто се врзуваат со оковите на кармата. Гневот е како дрога, мора да вложиме напор да се ослободиме од него. Затоа е потребно да ја откриете моќта на повисоката интелигенција, длабоко скрена во нас... Процесот на причини и последици кој се нарекува - карма - понекогаш се прикажува како немилосрдна Божја рака, но човекот самиот создава своја карма или, пак, се ослободува со своите добри дела. Сами со своите дела одлучуваме за својата судбина. Кога ќе дојде времето за раѓање, се одбира посебен вид на тело погоден за одредена душа. Различните видови на хемиски елементи од кои се состои телото, како и начинот на кој тие се комбинираат, претставува остварување на влијанието на планетарните владетели, а раѓањето се случува во моментот кога планетите се наоѓаат во положбата што треба да ја заземат во однос на однапред одредениот план кој го содржи самиот хороскоп. Така планетарните положби се совршена рамка за телото што се раѓа, како и за карактерот, (за тоа е задолжена Месечината) кој ќе го насели за одреден животен период. Положбата на Месечината во време за раѓањето покажува низ искуства од минатите животи, а Сонцето не упатува кон она кон што треба да тежнееме во моментов, а тоа е патот кон освестувањето и достигнувањето на повисокото ниво на свест во сегашниот живот.
... а што вели праксата: ако сте родени во знакот...
ОВЕН Во претходните животи сте биле емотивно неодлучни и зависни од другите, така што за вас сега е многу важно во емотивниот живот да преземете иницијатива, да инсистирате на своите потреби и желби за да го пронајдете својот загубен идентитет. Немојте, сепак, да отидете во друга крајност, претерана самостојност што може да премине во егоизам. Упорноста и вербата во себе е она што ви е најпотребно.
БИК Минатите животи кои се зад вас биле емотивно нестабилни и жестоки. Сте ги запознале понорните страдања, страв и големите страсти. Сегашниот живот ви е даден како можност да се стабилизирате и приземјите. Стабилноста, трајноста и спојот на дела и практика, за вас е сега од неверојатно значење. Време е да му дозволите на своето духовно тело да се манифестира преку работата, за да може да созрее и да научи дека тоа некаде на патот низ минатите животи го има заборавено.
БЛИЗНАЦИ Проблемите кои сте ги имале во минатите животи произлегле од лошата комуникација со другите луѓе. Овој живот е можност да увидите колку е важно да го кажете она што го чувствувате, да ги исправите пропуштените можности за да остварите емотивно разбирање и склад. Посесивноста, оддалечувањето од другите луѓе и повлекувањето во својот свет сега би требало да ги надминете со новиот модел на емотивен одговор и правилна комуникација.
РАК Во овој живот учите да бидете приврзани и постојани, и површноста и непостојаноста од минатиот живот сега да ја преобразите во цврстина и поддршка, како кон другите така и кон себе. Без оглед како изгледате однадвор, вашата внатрешна природа е мека, како кај школките. Многубројните лекции од овој живот ве учат правилно да ги сфатите семејните односи, па затоа за вас се многу важни родителите и децата. Но не смеете да заборавите и на себе!
ЛАВ Во минатите инкарнации сте учеле да сакате непристрасно, да не ги двоите луѓето, но сега мора да научите емотивната енергија и сила да ги насочите кон одредени луѓе и области од животот кои се значајни за вас. Имате речиси детска способност да ја довикувате среќата во ситуациите кога другите ве фалат и кога сте во центарот на вниманието. Но не бидете гневни кога не ви обрнуваат доволно внимание и почит. Вашата лекција во овој живот е самодовербата и себепочитувањето.
ДЕВИЦА Сегашниот живот ве учи дека имате право на избор на она што ве задоволува, како и дека вистинските емоции се градат постепено, тула по тула. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на себе, и тоа тогаш кога во потполност ќе научите да се прифатите себеси со сите свои мани и предности. Чувството на вина ве следи од минатите животи -ослободете се од него! И понатаму се грижите за другите луѓе, нивната судбина и за тоа како можете да помогнете.
ВАГА Во минатите животи сте имале проблеми во односите со другите, како и со спротивниот пол, па и во сегашниот живот може да ве следи страв од луѓе (длабоко скриен и потиснат), одбивност кон тимската работа и недоверба. За да ја исправите оваа грешка, животот ќе ви понуди многубројни љубовни партнери и голем круг на пријатели за да научите да развиете хармонија со другите луѓе.
СКОРПИЈА Добивте огромен емотивен и интуитивен увид во суштината на животот. Интуицијата ви дава чувство на задачи кои се пред вас и патоказ по која патека би требале да одите, како и елемент на предизвик, неопходен за да тргнете по некоја од тие патеки. Ирационалните стравови од минатиот живот се стравови од болка и страдање како и страв од загуба на најмилите, па затоа во овој живот можете да отидете во друга крајност, во посесивност кон блиските пријатели и партнерот, некогаш и несвесно, во желбата да ги задржите само за себе.
СТРЕЛЕЦ Во сегашниот живот дојдовте за да ги разбиете своите предрасуди и да научите да бидете флексибилни, и во таа новооткриена страна на личноста да ја најдете својата слобода. Разбивањето на сите видови предрасуди и ширење на толеранцијата е нешто што е одредиште на вашиот живот, па и тој ќе ве води во таа насока. Затоа се важни патувањата, запознавањето со различните култури и модели на однесување и верување.
ЈАРЕЦ Искуствата од минатите животи ве ставаа во конфликт со авторитетите, па во себе го носите стравот дека другите ќе ве контролираат или на некој друг начин ќе ги искористат вашите слабости и привраност кон нив. Во сегашниот живот учете самите да си бидете авторитет и како да бидете одговорни кон своите и туѓите емоции. Овој живот е живот на стабилизација и сознавање на животната вистина да се биде одговорен и дисциплиниран не значи да се бидеи биде ладен и дистанциран.
ВОДОЛИЈА Ваквата позиција укажува на минати животи во кои имало многу љубомора и посесивност на емотивниот план. Предизвикот на сегашниот живот се состои во одвојувањето од лажните слики - љубомората, посесивноста и стремежот да управувате со она што го сакате. Мора да си дадете слобода и кон себе и кон другите. Вашата задача е да развивате пријателските односи со сите, како и хуманоста, великодушноста и толеранцијата.
РИБИ Во минатиот живот не умеевте доволно да ги вреднувате вистинските емоции, како што немавте време да им се препуштите. Сегашниот живот преку овој префинет и интуитивен знак ви нуди можност да "загризете до дно" и да научите да се препуштите на емоциите за да се збогатите самите и содржината ва сопствениот живот. Тука сте да научите дека сите сме дел од Едното и со тоа да го довршите циклусот на емотивно отворање кој започнал пред вашиот живот.
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Септември.2014 во 20:25 |
СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН СЕ СПРАВУВА СО СТРЕСОТ Можете ли на своето тело да му наредите вистински да се опушти? Во денешно време, кога сите се под постојан стрес, целосното опуштање и уживање е речиси невозможно. Стресот е проблем со кој се соочуваат сите, но секој хороскопски знак на различен начин се справува со истиот. 
Овен Лесно губите контрола во стресни ситуации. Со оглед на тоа што е невозможно да избегнете повремени експлозии, обидете се да научите како да се воздржите. Кога сте во ситуација да избувнете, најдобро е да изброите до 10. Алтернативно решение е да излезете да прошетате или да направите неколку вежби со кои ќе ја потрошите негативната енергија. Напнатоста најчесто се чувствува во вилицата или челото. Со помош на техника за релаксација мора да научите прво овие делови да ги опуштите. Но пред сè мора да го елиминирате непотребниот стрес во животот. На некои им е потребно повеќе време за објаснување пред да ги задоволат вашите високи стандарди. Бик Вие сте главно смирена личност, која во секој момент може да се смири, но знаете и да претерате. Во таквите моменти вашата експлозија може да се мери со нуклеарна бомба. До расправија најчесто доаѓа кога ќе ви се спротивстави некој што е исто тврдоглав како вас или повеќе. Со оглед на тоа што вашето однесување кога ќе се разбесните е непријатно за сите околу вас , повремено дајте си оддишка со физички вежби или разговор. Напнатоста најчесто ви се јавува во вратот и горниот дел од грбот. Кога ќе почувствувате ваква напнатост, почнете да вдишувате и да издишувате длабоко за да се опуштите. Близнаци Вие имате и премногу енергија која понекогаш се претвора во напнатост. Бидејќи постојано сте во потрага по нови искуства и предизвици и многу од нив ги започнувате во исто време, кога доаѓате до состојба на стрес, склони сте да го кажете и она што не треба. Секогаш имате многу работи што може да ги изнакажете кога сте лути. Мора да сфатите дека ништо не добивате ако се нервирате за безначајни работи. Ако претчувствувате дека излегувате од сопствената кожа, застанете за момент, размислете за несаканите последици кои може да ги предизвикате. Напнатоста ја чувствувате во пределот на рамената, градите, рацете и дланките. Дишете полека и длабоко за да се смирите. 
Рак Со оглед на тоа што сте премногу чувствителни лесно доаѓате во стресни ситуации. Кога сте вознемирени во состојба сте цела сила да ја претворите во бес. Иако вообичаено сте пасивни, може многу долго да бидете лути. Само Скорпијата може да ве надмине во тоа. Чувството за непријателство и лутење е она што најмногу ви пречи. Обидете се да сфатите дека повеќето закани кои ги забележувате се безопасни. Напнатоста најмногу ја чувствувате во стомакот и градите. Стресот негативно ви влијае на респираторниот систем, па кога сте вознемирени возбудата ви расте и затоа е потребно да дишете преку дијафрагмата и да ги опуштите мускулите. Лав Најчеста причина поради која може да почувствувате напнатост е кога некој се обидува да ве засени. Со оглед на тоа што сте окупирани со својата гордост и достоинство, навикнати сте да го контролирате својот темперамент, особено ако знаете дека состојбата на бес би ве прикажала во негативно светло. Исто така може да ве изнервира ако некој ве спречува да уживате во нешто што сакате. Тензијата ја чувствувате во срцето, вратот или со ослабување на видот. Штом ви влијае на срцето тоа може да биде опасно за целиот организам. Смирете се со 8-12 вдишувања во минута и секојдневно правете вежби за истегнување. Девица Иако делувате релативно опуштено и вие знаете да бидете вознемирено особено околу некои ситници. Многу повеќе се грижите за сè она што луѓето околу вас може да го претпостават. Полесно се чувствувате ако пишувате за тоа што ве мачи. Не мора тоа никому да го покажувате ако не сакате, важно е само да излезе од вас. Стресот ви се одразува во системот за варење и нервниот систем, а со тоа и целиот организам. Кога чувствувате дека сте под стрес најдете некое мирно место за да се смирите и да се тргнете настрана од сè. Секојдневно шетајте и правете лесни вежби. Вага Вие сте многу чувствителни во стресни и напнати ситуации особено кога се предизвикани од некои лични односи. Ќе направите сè што е во ваша моќ за да внесете рамнотежа во секоја ситуација, но ако сте во безизлезна состојба тогаш ќе се борите како лут тигар. Животот би ви бил многу поедноставен ако не се трудите на сите да им угодите. Обидете се да го правите она што вас ќе ве усреќи. Напнатоста ја чувствувате во грбот и бубрезите. Затоа, секојдневно правете вежби за истегнување и за побавно дишење. Скорпија Вашите емоции се толку силни и длабоки што во секојдневниот живот пронаоѓате многу причини за стрес. Со оглед на тоа што сте таинствени и сакате секогаш да имате контрола во себе акумулирате многу поголема напнатост отколку што сте свесни. Стравот, лутината и фрустрираноста влијаат на организмот во ослободувањето на деструктивните хормони, што како краен резултат може да предизвикаат и психички пореметувања. За вас е важно да научите како да се изборите со стресот, со помош на вежби за абдоменално дишење и релаксација на мускулите. Стрелец Вашиот оптимизам прави поретко да се изложувате на стрес. Умеете да се изборите со грешките. Острите коментари се ваш вообичаен начин да се изборите со оние кои ви досадуваат. Она што најмногу ви пречи е нечиј обид да ви ја ограничи слободата и независноста. Во такви ситуации може да се разбеснете. Обилна храна и силни пијалаци се вашите слаби точки на кои се препушатате во случај на стрес и влијаат на вашата телесна тежина. Потребна ви е мускулна активност и бавно дишење за да се ослободите од стресот. Јарец Вие претставувате екстремен случај на самоконтрола и ориентираност кон поставената цел. Со оглед на тоа што сте окупирани со тоа да оставите добар впечаток, знаете како темпераментот да го држите под контрола. Строги сте кон себе и во повеќето случаи напнатоста која ја чувствувате е резултат на вашите преголеми очекувања. Опуштете се со прошетка во природа. Напнатоста ја чувствувате во зглобовите, коските и колената. Водолија Прилично добро го контролирате својот карактер и емоции. Иако сакате промени, вашите погледи се главно стабилни. По природа сте интелектуална личност и лесно им простувате на другите. Но, понекогаш може да ви пречи нечие однесување или провокација која ве доведува во состојба на напнатост. Ако другата личност е подготвена за разговор се дистанцирате од проблеми. Вашиот деликатен нервен систем најмногу го чувствува стресот. Тензија чувствувате и во нозете и долниот дел на грбот. Склони сте кон грчеви во нозете . За да се смирите потребно е да ги опуштите мускулите. Риби Во состојба сте за некое време да насоберете толку многу напнатост во себе што може да ви ја уништи целата емотивна состојба и да ви го загрози внатрешниот мир. Чувствителни сте и никога никого намерно не би повредиле, но понекогаш конфликтите се неизбежни. Лимфниот систем во вашиот организам е вистински борец против болести, а стресот најмногу ви се одразува на имунитетот. Избегнувајте претерување во што било, а кога ќе се почувствувате под стрес потребно е да направите неколку вежби за опуштање.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Август.2014 во 08:38 |
Секој во себе ги крие своите слабости и поставува одбранбен штит пред другите. Сепак, некои комплекси во дадена ситуација не можат да се потиснат и излегуваат на површина. 
Зависно од карактеристиките на секоја личност комплексите може да се претпостават и според хороскопскиот знак, бидејќи токму тој ги открива слабите точки во карактерот на секоја личност. Токму оттука потекнуваат и сите несигурности и стравови. Овенот се плаши од зависност од другите Припадниците на овој знак на прв поглед се многу самостојни и самоуверени, но тој нивни став често е привиден. Всушност, нив им е страв да зависат од другите бидејќи така им го диктираат и расположението. Од блиските луѓе потребна им е поддршка и внимание, инаку стануваат несигурни или депресивни. Тогаш ги примаат особините на „негативната Вага“ – несигурност, неодлучност, пасивност, голем замор и фрустрираност. Бикот се плаши од несигурност Без разлика дали во љубовта, финансиите или во професионална смисла, најголемиот внатрешен страв на припадниците на овој знак е несигурност и чувството дека немаат контрола над ситуацијата. Така во врската ќе им треба долго време за да стекнат доверба во партнерот и да го изгубат чувството дека тие се оние кои повеќе сакаат во врската. Ако се чувствуваат лошо ги преземаат карактеристиките на „негативната Скорпија“ – посесивност, лутина, обвинување, освета. Близнаци се плашат дека не се доволно добри Колку и да се комуникативни и експресивни, Близнаците се свесни за променливото расположение и поприлично се комплицирани. Иако околу себе имаат голем број луѓе со кои се согласуваат да го прифатат она што се. Во кризни ситуации преземаат карактеристики на „негативните Стрелци“ – не сакаат да слушаат туѓи објаснувања, главата им е во облаци и стануваат саркастични. 
Ракот се плаши од потценување Припадниците на овој знак поприлично се чувствителни на тоа колку често другите ги сметаат за важни во нивните животи. Нивната несигурност излегува на виделина во ситуации во кои се чувствуваат запоставено, несакано или ако ги прозиваат дека нешто не направиле како што треба. Тогаш ги попримаат карактеристиките на „негативниот Јарец“и стануваат песимистични, се повлекуваат во себе и се сожалуваат. Лавот стравува дека луѓето ќе престанат да го сакаат Губењето на положбата и јавното понижување се ситуации во кои припадниците на овој знак покажуваат слабост. Ако случајно некој ги игнорира нивните потреби и желби, на виделина излегува нивната внатрешна несигурност дека на блиските не им значат онолку колку што самите сметаат дека би требало. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативната Водолија“ и стануваат саркастични, повлечени во себе и бегаат од оние кои ги повредиле. Девицата се плаши дека другите ќе ѝ ги прочитаат мислите Припадниците на овој знак се навикнати да имаат ладнокрвна маска која ретко кој може да ја скрши, а таа всушност им служи за криење на внатрешната несигурност. Нивниот примарен комплекс е дека не се толку добри, вредни, способни или шармантни како што оставаат впечаток, па чувствуваат постојан притисок дали ќе го одржат доброто мислење. Во стресни ситуации ги примаат карактеристиките на „негативните Риби“ – се плашат, емотивни се, деструктивни и хистерични.
Вагата стравува од туѓите одговори Припадниците на овој знак нивниот социјален углед им е многу важен, а најголема несигурност претставува идеја дека другите за нив зборуваат нешто лошо, ги забележуваат нивните маани или погрешно ги сфаќаат нивните постапки. Стравуваат дека поради тоа другите ќе ги отфрлат и ќе имаат помала доверба за тоа колку им значат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на „негативниот Овен“ – стануваат агресивни, викаат и често се караат. Скорпијата има потреба да биде паметна пред сите Скорпиите немаат многу комплекси, но една несигурност постојано ги следи – потребата да се доживуваат како паметни или способни. Ако се почувствуваат дека се изложени или ранливи, мислат на тоа како другите би можеле да ги искористат и да стекнат предност пред нив. Во таквите ситуации ги примаат карактеристиките на „негативниот Бик“ и стануваат пасивни или зајадливи. Стрелците стравуваат дека луѓето ќе ги заборават Иако делуваат неамбициозно, филозофски се настроени и имаат потреба да им се допаѓаат на луѓето. Важно им е сите да ги памтат по добро, а сите критики на нивна сметка ги сфаќаат многу лично. Ако не добиваат пофалба за нивната работа или однесувањето им се јавува комплекс на пониска вредност. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативните Близнаци“ и стануваат површни, зборуваат неповрзано, вознемирени се и многу незгодни во комуникацијата. 
Јарецот се плаши да се опушти Припадниците на овој знак се многу несигурни и недоверливи по прашање на емотивните односи. Сметаат дека не им се дораснати на туѓите игри и се плашат некому да се предадат со целосна доверба и емоции за да не останат повредени. Токму поради тоа глумат ладнокрвност, но во стресните ситуации таа ранливост доаѓа до израз. Тогаш ги добиваат карактеристиките на „негативниот Рак“ чудни се, посесивни, љубоморни и многу емотивни. Водолијата го крие недостатокот на самодоверба Иако делуваат како мислењето на околината да не им е важно, Водолиите често го кријат недостатокот на самодоверба. Сепак, , со оглед на тоа што не сакаат да се стопат во масата , туку тежнеат кон тоа да останат индивидуални, одлучуваат да глумат дека другите не ги интересираат. Истовремено стравуваат дека луѓето кои им се важни, лесно ќе ги заменат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на негативниот „Лав“, не сакаат да слушаат, бегаат од расправии и гледаат „од високо“. Рибите се плашат дека луѓето ги сфаќаат „здраво за готово“
Рибите по правило не се несигурни, само премногу размислуваат за човечките односи. Еден од вечните стравови им е дека другите ќе ги сфатат „здраво за готово“. Исцрпени од грижи за другите, уморни и разочарани, Рибите во стресни ситуации ќе ги примат карактеристиките на „негативните Ваги“ и ќе станат критични, ладни, исклучително перфекционистички настроени и воопшто нема да бираат зборови со кои ќе ги повредат другите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
nikolceo
Група
Регистриран: 15.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 46
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Август.2014 во 22:32 |
Eve so dozvola na astrologot vi go ostavam negoviot email draganjast@gmail.com Pisete mu i dogovorete se sto kako SIGUREN SUM DEKA NEMA DA SE POKAETE osven ako toa sto ve sledi vo zivotot ne se poklopuva so vasie zelbi i zamisluvanja Pozdrav
|
Nikolce
|
 |