|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 58> |
Автор | |
butterfly1436
Нов член Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Te sakav,no ti toa ne go svati!
Ednas si otide-i pak mi se vrati. A dali ne treba ti sega da patis?? I ne mislese deka pak ke mi se vratis?? No sega jas ne sakam kaj mene pak sakam samo da me sakas i da PATIS!! |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сигурна сум дека навистина така би ми одговорил кога би знаел, среќа што овие мисли ме држеа само една дооолга ноќ
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„не пери се со своите мани, или со советите на другите ако не ме сакаш. ми редиш причини, сопки и пердиња за да не те гледам, ми посакуваш подобра од себе - некоја што не си ти и тоа што го сакам во тебе. ме молиш за храброст да си ја отсечам раката, да си го извадам окото, оти така ќе бидам посреќен. дали се слушаш себе си низ вревата на сите други, кога веќе не ме слушаш мене? може ли за миг да останеме насамо јас и ти на средина на празен стадион без навивачи, па да видиме дали можеме заедно да победиме?“ прости, Монушка, што ти се плеткам во приватноста, ама да бев едно машко, така ќе ти одговорев |
|
butterfly1436
Нов член Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сонувам дека ке те загубам,дека нема повеке да го гледам твојот незаменлив сјај,дека спомените за тебе ке избледеат,дека тајните сто ти ги казав ке ги исфрлис на површина.Залудно талкам покрај брег пуст.Чуствувам неизлецива тага.Но,ти езеро разбранувано засекогаш ке бидеш во мене,засекогас ке бидеш со мене
Изменето од butterfly1436 - 20.Јуни.2008 во 20:11 |
|
darkangel
Група Регистриран: 18.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесна песна
Замисли... сакав да пишувам... и по трет пат започнувам. за Недостигањето, за Осаменоста, за Тагата, за Тебе...колку си ми далечен и за моето срце бавно и болно чука и лесна ја нареков а толку тешко ја чувствувам уште еден товар, наместо олеснување уште една солза, наместо насмевка. Уште еден ден...црно бел Без боја и глас Само Тишината...само Тишината и Јас ...ми недостасуваш |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велат мудроста доаѓа со годините, можеби е тоа вистина, но важно ли е?
Велат љубовта избледува со годините, остануваат само спомени, сеќавања на чувства што ветриштата на времето тивко ги одвеале со себе. Велат кога повторно ќе ја сретнеш единствената љубов, ќе знаеш... Те гледав додека стоеше сама во ноќта, не ме прашувај зошто не можев да ти пријдам. Не ме прашувај зошто не реков ниту збор. Не ме прашувај зошто не можев да ги вратам сеништата од минатаото, премногу долго се борев со нив. Не барај премногу од мене, не можам да ја издржам болката. Не ме прашувај зошто си отидов тивко, јас сум само сенка што се губи во мракот... Не ме прашувај, зошто ќе морам да ти кажам... Те мразам... Зошто ми ја зема душата... Зошто сеуште те сонувам и се будам среќен.. Зошто денот потоа е празен без тебе... Зошто секој ден потоа е празен без тебе... Зошто те чекам долго..премногу.... Зошто боли... Те мразам... Зошто само тебе можам да те сакам... Изменето од којсумјас - 20.Мај.2008 во 23:57 |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам како да ти докажам дека не сум добра личност, дека не сум вредна да се трудиш и да се надеваш. Не знам како да те натерам да сфатиш дека секогаш нивната одлука ќе биде посилна од мојата, дека нивната намера ќе биде извршена до крај, дека јас нема да си дозволам да ги разочарам. Да бев родена на друго место, во друго време, можеби ќе бев посилна, можеби немаше нивните зборови секогаш да ме доведуваат до солзи, можеби ќе бев попаметна и ќе те пуштев да си одиш на време. Да, себична сум, таква сум а ти во таква се заљуби. Тие ми велат јас да отворам очи, а всушност ти не знаеш кого галиш секој ден. Лажга, кукавица, лицемерна, сето тоа сум. Крадев минути од денот за да бидам со тебе, измислував лаги за само уште еден момент, бев фина со твоите а ги слушав моите како ги понижуваат. Ми велат дека ми треба нешто повеќе во животот. Која иронија. Ти си тој што не заслужува на некоја како мене да си го троши животот. Да, јас се надевам, дека еден ден ќе дојдеш и ќе ми кажеш дека не ме сакаш, дека си сретнал друга. Тогаш ќе бидам најсреќна. Во сета моја мизерија и тага, во сите солзи и деновите исполнети со каење, јас ќе бидам среќна. Те молам, остави ме, зошто јас немам храброст да го направам тоа.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мојата душа,.... моментално е еден куп од многу измешани чувства, љубов, нервоза, каење за некои работи,.... индиферентност, и 70% тага..... важно чувствувам нешто,......
|
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фросина,
Помина многу време од таа топла августовска вечер, 2002 година. Таа вечер не можев да заспијам од возбуда и среќа. Но набргу се` се смени. Испаднав многу наивен и глупав. Секогаш ќе ме јаде совеста. Секогаш ќе се сеќавам на тебе. Има една убава мисла: Оној што ќе се откаже од онаа што најмногу му значи, после ќе трча по оние што најмалку му значат. Ти се обраќам и тебе, Еми. Многу време помина од летото 2000 г. Не можам да си објаснав како можев да бидам толку глупав...Прости ми. |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не те љубам, знај, јас тебе, мила,
од онаа вистинската блед си само сјај, а со мене само таа била, чии очи се синеат без крај. |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
hanna4ever
Сениор Регистриран: 22.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vinoto ja razbudi mojata zed za ljubov.. kakvo surovo potsetuvanje na ona sto go nemam. Pateticno zar ne? Legnuvam da spijam vo prazniot krevet, no posle nepoln cas stanuvam zosto nekoja pesna me potsetila na toa kolku sum prokleto sama. Ironicno zar ne? Zena od nepolni 30 godini nazdravuva sama i se budi sekoe utro so prasanjeto do koga vaka. Nekoj mozebi ke rece izborot e moj, a mozebi i nema mnogu da zgresi. Izborot e moj, zosto odbiram da ne sum necija igracka, necija zabava, necij kapric! Izborot e moj, zosto od site onie koi mi priogjaat imam slusnato se, samo edna prokleta vistina ne! Izborot e moj, zosto odbivam da bidam zena so navednata glava! Ah, ne sum gordeliva, no ne mozam da bidam slepa na laznite izjavi na ljubov, na licemerieto, na koristoljubieto. Velat zenata na 20 godini bila ubava, a na 30 i ubava i pametna. No sto imam jas od toa? Prazna nadez, prazni zborovi, prazni denovi.
|
|
Sveto
Група Регистриран: 14.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 90 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako umre tvojata ljubov kon meme, togas i jas ke umram zaedno so nea,
ke potonam vo dalbocintte na osmaenata temnina, i zasekogas ke bidam tamu sam, sam so nevidlivite zarci na mrkot vo dusata, i so gorka bolka vo srceto so samo edna idea za zivotot-kako da te zaboravam... |
|
Sveto
Група Регистриран: 14.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 90 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da bev Ezop, ke napisev kniga za ljubovta pogolema od Biblijata...
a vaka samo zborovi koi negde se kazani... |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...wooow...ednostavno i jako... Изменето од ...Well... - 03.Мај.2008 во 18:01 |
|
Внеси реплика | страница <1 3637383940 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |