Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:50 |
КАКО ДА ЗАВЕДЕТЕ ОДРЕДЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ОвенКога се работи за мување, Овенот сака да му пријдете отворено. Не прашувајте го за дозвола да го бакнете, само сака да го направите тоа веднаш штом ви се пружи прилика. Колку подиректно пристапите, толку подобро. Овните паѓаат и на комлименти, бидејќи сакаат да слушнат дека се најатрактивната личност во просторијата. БикСо Биковите мора бавно и умерено. Појавете се на првиот состанок со некој мал симболичен подарок, бидејќи тие обожаваат подароци. Малку сензуален парфем ќе влијае на него како магнет, бидејќи овој знак многу реагира на ваков стимуланс. БлизнациНајбрзиот пат до креветот на Близнаците води преку мозокот. Тој сака да зборува за интелектуални работи. Близнаците многу сакаат стручњаци во некоја област, а колку е темата на разговор покомплицирана, толку подобро. Ако Близнаците го споменат своето најново хоби, прашајте ги дали може да им се придружите, бидејќи најмногу се возбудуваат кога може некому да покажат нешто што знаат. РакОвие месечеви деца имаат меко срце. Ако сакате да влезете во нивниот живот, покажете им ги своите чувства. Покажете ја вашата заинтересираност за добротворни организации, особено за оние кои се поврзани со деца. Раковите сакаат кога постапувате со нив како со деца, па подгответе ручек и викнете го да дојде. ЛавАко сакате да го заведете Лавот, фокусирајте се на него како ласер. Давајте му комплименти во врска со сè. Давајте му секогаш сè најдобро, без разлика дали се работи за столот во средината од луксузен ресторан или на пикникот среде парк. Кога светлата ќе се пригушат, поминете со прстите нив неговата коса и шепотете му безобразни зборови на уво… тоа што ќе следува после ќе биде експлозивно. ДевицаПедантноста е особина која мора да ја покажете кога ја заведувате Девицата. Задолжително треба облеката и постелнината да ви бидат чисти, а добро би било и самите да сте беспрекорно средени. Ништо не ја возбудува Девицата повеќе од мирисот на чисто, на сапун или купка. ВагаКога треба да ја заведете софистицираната Вага, треба тоа да биде на висок стил, со шампањ и елегантна облека. Вагите сакаат музика, па одењето на концерт би била добра предигра. ШкорпијаЗаведувањето на таинствената Шкорпија е голем предизвик, бидејќи тешко е да ги прочитате нејзините знаци. Немојте да се збуните ако на вашите постапки одговара со шармантна насмевка. А како би требало да изгледа првиот чекор? Земете ја за рака во мрачната кино-сала и поминете со врвовите на прстите преку линијата на нејзините дланки. Водете љубов без зборови и оставете го вашето тело да зборува. СтрелецСтрелецот паѓа на духовитост. Смислете нови шеги, кажувајте му вицеви, прераскажувајте му за смешни случувања и оставајте му блескави пораки. Можноста на водење љубов надвор секогаш ќе го возбуди. ЈарецДостоинствениот Јарец може да биде застрашувачки кога се работи за сексот, но овој секс го заслужува вашиот труд. Постепеното заведување најдобро функционира ка ј Јарците. Ограничете го првиот состанок на долг бакнеж. На вториот милувајте го по грбот, вратот и рамењата. Стратешки повлечете се кога ќе почне да ве моли да го довршите тоа што сте го почнале. Длабоко во себе, тој знае дека за најдобрите работи во животот вреди да се чека. ВодолијаАко сакате да го заведете овој знак, немојте да зборувате со него на конвенционален начин. Кажете му дека спроведувате сексуално истражување за клиника и дека ви е потребна неговата помош за експериментот. Кажете му дека не сте заинтересирани за физичка врска, но би сакате да сте пријатели. Колку ви е пристапот необичен, толку попривлечни ќе сте за нив. Предизвикајте го да ве бакне. РибиАко сакате да ја заведете Рибата, однесете ја во друг свет. Викнете ја заедно да гледате низ телескоп или гледајте во нивниот аквариум. Откако ќе се задлабочи во тоа што го правите, направете го својот чекот. Брзиот бакнеж во вратот ќе доведе и до поголеми работи. Рибите имаат многу ерогени зони, а стапалата им се особено осетливи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:48 |
ЖИВОТ, ЉУБОВ И КАРИЕРА ЗА СЕКОЈ ЗНАК ОД ЗОДИЈАКОТ ЗА 2015
Проверете како ќе изгледа новата 2015 година според вашиот хороскопски знак во поглед на љубовта, општо за животот и во поглед на кариерата. Сето тоа е опишано само во неколку реченици. ОВЕН Живот: Среќата ќе биде на ваша страна, посебно последните три месеци од годината. Не плашете се да ризикувате, бидејќи максимално ќе профитирате. Љубов: Вашата главна цел е да откриете што всушност сакате и ви треба од врската. Време е за малку интроспекција. Кариера: Вашата креативност е на врвот. Не се ограничувајте и вашите најдобри идеи предложете ги на вашиот надреден, кој за возврат ќе го препознае вашиот огромен потенцијал. БИК Живот: Вие сте реални и сакате се да планирате однапред, но, оваа година ќе ве обвие желба за нови спонтани искуства. Љубов: Ситуацијата ќе биде малку хаотична, ама бидете трпеливи, се ќе тргне на подобро кон крајот на годината. Кариера: Ќе бидете незадоволни на работа. Започнете да барате нови можности, но, не давајте отказ додека не одлучите што понатаму. РАК Живот: Во годината што измина доста работевте на себе, а оваа година ќе уживате во плодовите на вашиот труд- без разлика дали се работи за кариерата, финансиската состојба или љубовниот живот. Љубов:Уморни од играњето игри, вие ќе бидете искрени спрема луѓето, а новиот пристап ќе ви помогне да го пронајдете вашиот господин Совршен. Кариера: Поставивте нови цели, но, не се осмелувате да го направите првиот чекор. Поттикнете се самите себе си и работите ќе си доаѓаат сами по себе. БЛИЗНАЦИЖивот: Оваа година пријателите ќе играат голема улога во вашиот живот. Некои ќе ве инспирираат да испробате нови работи, а други ќе ви помогнат да ги преминете тешките препреки. Љубов: Ве привлекуваат лошите момци, но оваа година ќе запознаете дел од оние добрите кои ќе направат да го ревидирате вашиот вкус за мажи. Кариера: Забавата и работата држете ги разделени. Верувајте има време за се. ЛАВ Живот: Следните 12 месеци вашиот живот ќе се врти околу забава. Дружењето и смеењето со пријателите ќе ви ја подобрат енергијата и ќе ви го разубават животот. Љубов: Во средината на годината очекувајте го вашиот страстен период. Ќе бидете вљубени како никогаш и ќе уживате во страстен секс. Кариера: Некои луѓе ќе се сомневаат во вашите способности. Докажете дека погрешно ве процениле и потрудете се како никогаш досега. ДЕВИЦА Живот: Ќе имате премногу енергија, и повеќе одошто ви е потребно. Искористете ја таа енергија како би ги завршиле работите кои долго време ги одложувавте. Љубов: Фокусирајте се само на она што ви одговара и решете се од се она што ве нервира. Кариера:Ќе имате повеќе работа и ќе ви биде понапорно одошто сте се навикнале. Но, сфатете го ова како прилика да ги докажете своите способности. ВАГАЖивот: Ќе влезете во фаза во која ќе посакате вашата куќа да ја претворите во дом. Создадете удобно гнездо за романтика и дружење. Љубов: Оваа година ќе се впуштите во спонтан флерт, не размислувајќи за иднината. Живејте во моментот! Кариера: Во следните шест месеци очекувајте големо напредување на работа. ШКОРПИЈА Живот: Прилично сте екстравертни, но оваа година ќе се разбуди вашата интровертна страна. Љубов: Покажете го вашето вистинско лице на личноста која ви се допаѓа. Кариера: Шефот ќе ве обожува. Искористете го тоа! СТРЕЛЕЦ Живот: Толку многу бевте сконцентрирани на својот живот, што ги запоставивте вашите пријатели. Оваа година е време да преземете нешто околу тоа. Љубов: Доколку чезнеете за момче кое нема да се плаши од посветеност и интимност, добрата вест за вас е дека ќе го пронајдете. Кариера: Го дадовте својот максимум на работното место, сега е време да го успорите темпото и да уживате. ЈАРЕЦЖивот: Животот ќе ви приреди ситуации, кои ќе морате да ги пребродите. Љубов: Оваа година ќе размислувате за посериозни љубовни чекори. Кариера: Добро размислете кому му ги доверувате вашите доверливи бизнис информации. ВОДОЛИЈА Живот: Честитаме. Оваа година за вас ќе биде неверојатно успешна и ќе бидете прилично задоволни. Љубов: Доколку имате потешкотии и проблеми, не се двоумете да побарате помош од вашите пријателки. Кариера: Ќе сфатите дека не сте доволно платени. Не се двоумите да го побарате заслуженото. РИБИЖивот: Преполни со енергија и ентузијазам. Оваа година небото ќе биде вашата граница. Љубов: Оваа година ќе бидете посебно сентиментални. Кариера: Ќе морате да му покажете на вашиот шеф за што се сте способни, а најдобро време за тоа ќе биде в лето и есен.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:47 |
КАКОВ ЗНАК СТЕ ВО КИНЕСКИ ХОРОСКОП И ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ВО 2015 ГОДИНА Источните хороскопски знаци зависат од годината во која сте родини, па најпрво проверете на кој знак припаѓате според таблицата во продолжение: 
А еве и што ќе се случува на љубовно поле за секој од 12-те знаци во 2015 година или годината на Овенот: Глушец Ова сигурно нема да биде вашата среќна година. мажите имаат помали шанси да ја сретнат љубовта на својот живот оваа година. како и да е, и двата пола треба да вложат доста труд и да научат да си го контролираат карактерот. Да избегнуваат караници со луѓето до себе бидејќи така привлекувате лоша карма. Тоа исто ќе ви пречи и на љубовен план. Ако сеуште сте сингл, ви препорачуваме да трошите повеќе време и пари на вашиот социјален живот. Бик или Крава Нема да останете сами во 2015 година. дури е возможно да ја најдете љубовта на вашиот живот. Но имајте во предвид дека врските започнати оваа година ќе бидат бележани со доста солзи и болка. Ако сте во врска ќе се соочите со проблеми како недоверба, критики и сл. дефинитивно треба да се обидете да бидете потолерантни за да ви биде годината добра. Тигар На љубовно поле ве очекуваат месеци исполнети со среќа. Ќе биде идеално, ако вашиот партнер е куче. Ако веќе имате врска, сега е моментот да ја продлабочите. Евентуални проблеми очекувајте од трета стана – завидливи и љубоморни пријатели. Откријте кој сака да ви ја уништи врската и бидете внимателни! Но не вадете нокти веднаш. Спонтаната и не разумна реакција може да го направат третиот човек победник. Зајак 2014 не ви одеше добро на љубовно поле, но новата година ќе биде сосема поинаква – исполнета со среќа и романтика. Социјалниот живот ќе ви биде прекрасен. Луѓето ќе ви посветуваат многу повеќе внимание и ќе ве сакаат. Ќе бидат восхитени од вашата убавина и харизма. Тоа е добра претпоставка за започнување на нова врска. 2015 година е добра за решителен чекор – веридба, свадба, дете… Змеј Подобро фокусирајте се на важните за вас работи бидејќи 2015 нема да биде особено романтична за вас. Ако барате љубов ќе треба да се вооружите со трпение – тешко дека ќе ја открите наредниве месеци. Сепак имате некакви шанси во март, август, септември и ноември. Ако имате сериозна врска не се обидувајте да ја продлабочите токму сега. Важно е да ја зачувате врската. Змија За змиите Годината на коњот е една прекрасна љубовна година. нема потреба да одиме до детали – осамените ќе си најдат парнер, вљубените ќе изградат стабилни врски, а големи се шансите за брак и деца. Судбината нема да ви биде наклонета само во еден случај – ако се обидувате да седите на два стола! Коњ И покрај тоа што оваа година е една од вашите среќни години, нема големи изненадувања на љубовно поле. Но затоа пак ве очекува успех во кариерата како и одличен социјален живот. Ако се обидувате да ја продлабочите започнатата врска премногу брзо, другиот може да побегне. Навистина е подобро да се фокусирате на работата и социјалниот живот, наместо да вршите притисок на љубовно поле. Коза (Овен) Ова е вашата година и очекувајте исполнување на вашите најдлабоки желби. Ве очекува плодна година на љубовен план, особено ако сте жена. Ако до сега сте имале проблеми со партнерот, оваа година се ќе се среди. Шансите во 2015 да го сретнете идеалниот партнер се големи. За целта бидете отворени кон нови запознанства и излегувајте почесто. Мајмун Ништо посебно нема да се случува на љубовен план. Возможна е кратка афера, но од тоа нема да излезе ништо сериозно. Ако сеуште ја барате љубовта, помислете дали најпрво не треба да ја смените средината, луѓето и начинот на живот. На тоа место, со тие луѓе никогаш нема да го најдете идеалниот партнер. Петел Ако до сега сте немале сериозна врска, оваа година дефинитивно ќе имате среќа во љубовта. Шансите да го сретнете човекот на вашиот живот годинава се навистина големи. Ќе имате и активен социјален живот со што шансите за запознавање на вистинскиот човек се дуплираат. Затоа не пропуштајте прилика и кога ќе ве викнат да излезете не двоумете се. Куче Ве очекува многу добра година на љубовен план. Се очекува жените од овој знак да станат невести годинава. Но ќе имате конК*ренција, па затоа проверете ги вашите пријатели и дознајте кој од нив заслужува да се нарече пријател. Ако врската започнала пред 2014 или Годината на Коњот, но до сега не била доволно сериозна, времето е соодветно за продлабочување. Оние кои се во брак ќе уживаат во многу љубов, слога и романтика. Прасе Ако сте слободни оваа година ќе имате големи шанси да го најдете идеалниот партнер. За целта ќе морате да се потрудите да надминете некои лоши црти од карактерот – обидете се појасно да ја покажувате вашата нежна и емотивна страна. Не судете за луѓето од прв поглед. Научете да ги покажувате и вашите силни страни пред луѓето кои ве подценуваат. Ако сте во врска, оваа година вашата љубов ќе цвета. Уживајте и не грижете се за ништо. Коцките во вашиот живот почнуваат да се подредуваат конечно како што заслужувате.
Изменето од Valerija - 18.Ноември.2014 во 20:49
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:10 |
СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: АКО МУ ЗГРЕШИШ, ДАЛИ ЌЕ ТИ ПРОСТИ? Овен Вие сте голем лутко и не ви треба многу за да се налутите и да се почувствувате навредени, или прозвани. Многу често влегувате во конфликти и затоа е најдобро другите да избегнуваат провокации кога сте вие во прашање, особено ако ви е погодена суетата – вие сте фолем егоист и веднаш завземате борбен став. Но, ако навредата ја доживеете од драга личност, истиот момент ќе се „изладите“ и ќе простите. Совет – поработете на тоа во некои ситуации да не пламнете, бидејќи не се луѓето виновни што сте толкав егоист и сметате дека сте нападнати во секоја ситуација. Бик Вие сте големо злопамтило. Подготвени сте да простите, но никогаш не заборавате. Слаба точка ви е семејството, домот и гордоста, па ако тука ве погодат вие сте вистински разлутен Бик. Многу сте своеглави и тешко правите компромиси, па воглавно другите вам ви простуваат. И ако некому простите, тоа ќе биде на вам исклучително важни личности, родителите и пријателите. Тоа е убаво, но сепак и другите луѓе заслужуваат да им се даде шанса. Близнаци Не сте така едноставни како што се чини на прв поглед. Ако почувствувате дека не ве почитуваат во мерка во која тоа го заслужувате, ќе се оддалечите од тие луѓе и ќе ја сведете комуникацијата со нив на минимум. Иако не сте осветољубиви, астрологијата на вашиот знак говори дека станувате сурово практични кон оние кои сакаат да ги осуеатат вашите планови. Некои тоа го сметаат за користољубие и дволичност, а вие ќе се смешкате, иако во себе чувствувате бес. Рак Вие сте исклучително емотивни и чувствителни, но ако некој удри по вашето его, во состојба сте целиот живот да помните што ви рекла таа личност и да ковате планови за да се одмаздите. Не простувате лесно, особено на драгите личности кои нема да бидат покрај вас кога ви се најпотребни. Вашата изразена емотивност дополнително влијае на фактот тешко да простувате, бидејќи сè сфаќате лично. Лав Ако не сте во центарот на внимание, ако ве игнорираат, или омаловажуваат, такво нешто нема да заборавите, а камоли да простите. Дури и ќе направите сцена и целото сценарио ќе мораат да го слушаат другите и тоа со часови, можеби и со денови.. Не простувате ако верноста и приврзаноста не се возвратат со иста мерка, било да е во прашање партнерот, или пријателите. Затоа, сепак обидете се да бидете пореални, не се врти сè во животот околу вас. Девица Подготвени сте да ги истрпите навредите, но нема да простите ако некој не е директен со вас, бидејќи не поднесувате озборувања. Не сакате порази и изненадувања особено на деловно поле и тоа е нешто што може да ве погоди. Не толерирате и не простувате вулгарно, непристојно и недоделкано однесување, тоа е нешто што навистина ве вади од такт. Не сте ситничави, па лутината бргу ви поминува. Вага Вие не толерирате неправда и уживате да бидете забележани и да блескате во друштвото. Ќе бидете длабоко навредени ако некој ве занемари – уживате во комплименти и ласкање. Кога е љубовта во прашање подготвени сте да простите ако ја добиете наклонетоста која ви е потребна од саканата личност. Тоа може да биде симпатично, но не е реална причина за лутење. Скорпија Астрологијата зборува дека вие сте најосветољубивиот знак на Зодијакот. Не поднесувате измами во било кој облик и многу тешко простувате. Иако сте емотивни и приврзани кон оние што ги сакате, ако почувствувате измама на своја кожа, ќе подготвите отровна освета. Но, ако за возврат добиете исто онолку колку што давате, другите во вас ќе најдат најдобар пријател и верен партнер. Стрелец Иако делувате како многу сурови, вие само немате такт во некои ситуаџции. Ако ви е загрозена професионалната или социјаната позиција станувате исклучително осветољубиви и заборавате што значи да се прости. Во љубовта сте сепак подготвени на компромиси – ако партенрот ги толерира вашите излети ќе бидете толерантни кон него и ќе бидете подготвени да простувате. Јарец Ако некогаш во минатото сте биле навредени или потценети, ќе го потиснувате тоа чувство на бес со години, сè додека не ви се укаже можност да вратите дупло. Астрологијата на вашиот знак кажува дека за вас е најважно да добиете признание, било во љубовта или во работата. Тешко простувате предавство, или неверство, бидејќи сте свесни дека луѓето околу вас може да се ослонат на вас – ако некој тоа го изневери, ќе бидете огорчени бидејќи секогаш се трудите да дадете максимум. Водолија Не сте злопамтило, но нема да простите ако откриете дека пријателите ве лажат или се обидуваат да ве искористат. Социјалниот дел од животот ви е многу важен баш затоа што ви е слаба точка. Бидејќи во љубовниот живот како и во сите други подрачја, ја сакате слободата и независноста, ќе бидете подготвени многу нешта да му простите на партнерот кој поради својата толеранција кон вас, тоа и ќе го очекува. Риби Астрологијата на вашиот знак укажува на вашата потреба да се инатите со другите и тоа често пати на своја штета. Поради вашата нагласена емотивност, долго ги помните навредите и не сте во состојба лесно да простите, бидејќи тешките зборови искрено ве заболеле. Во љубовта сте подготвени на отстапки, дури и на понижувања кои стигнуваат од саканата личност, но кога еднаш ќе одлучите да го нашуштите партнерот, враќањето и простувањето не постојат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:09 |
КАКО ЗАВЕДУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИОвен Овенот поседува авантуристички дух и долга листа на работи кои сака да ги искуси во животот, а секое нешто во него предизвикува огромна љубопитност. Ако Овенот ја исполне сета таа природна енергија и виталност тогаш станува исклучително привлечен за луѓето. Бик Со Бикот владее Венера и токму поради тоа тој е навистина сензуален. Важи за голем хедонист и сака сите негови сетила да бидат максимално задоволени. Кога има вкусна храна во негова близина Бикот станува безгрижен и секако, неодолив за луѓето околу себе. Близнаци Близнаците се сексипилни додека учат, прекрасни кога читаат и неодоливи кога изнесуваат аргументи. Она што ги прави особено привлечни е нивниот интелект кој се разликува од другите. Сепак, и во покажувањето на интелигенцијата и интелектот не треба да се претерува и да се тврди дека човек знае се’. Тоа ни малку не е привлечно за луѓето од опкружувањето. Рак Најголемиот проблем кај Ракот е неговата претерана сензбилност, тој мора да научи своите чувства да ги искажува на позитивен начин. Презема чекори само тогаш кога чувствата ги држи под контрола бидејќи емоциите него го збунуваат. Затоа се препорачува Ракот кога ќе чувствува емоции, да ги изрази преку некоја уметничка форма. Ракот е особено креативен и резултатите на неговата работа го прават атрактивни за другите. Лав За Лавот е важно во својот настап да има малку театралност и истакнување на сопствените квалитети. Таа самоувереност Лавот природно ја поседува, па како таква ја прифаќаат и останатите. Важно е само да има мерка и да не ги покажува сите предности наеднаш. Девица За Девицата да стане привлечна кај луѓето и своето опкружување, мора да ја победи својата ранливост. За неа е важно да сфати дека не мора да биде совршена за некој да ја прифати. Маните не се слаби точки кои треба да се сокријат. Вага За Вагата најважно е да воспостави внатрешна рамнотежа. Кога го следи тоа внатрешно чувство и подеднакво ги задоволува своите потреби и потребите на другите, станува вистински магнет за луѓето. Ако ги занемари своите интереси, тогаш губи интерес. Шкорпија Шкорпијата поседува талент со кој заводувањето го претвора во уметност. За освојување на наклонетоста кај другите луѓе потребна е софистицираност, несебичност и трпение со кои околу себе прави мистерија. Личностите во знакот на Шкорпијата се раѓаат со овие вештини, и тие се предодредени за заводници и откривање на нови димензии во љубовните односи. Стрелец За Стрелецот најважно е да биде активен, ментално и физички. Тој секогаш мора да го шири своето знаење. Впрочем, тоа е неговиот начин на живот. Без разлика дали учи зумба или е во некоја хуманитарна организација или едноставно размислува за работите околу себе, Стрелецот секоја активност ја прави со смиреност, толерантност и љубов. Кога е таков, тој ги привлекува луѓето околу себе. Јарец Јарецот мора да ја остави неодлучноста на страна. Кога ќе сфати што сака, треба да има доверба дека тоа може да го исполни. Тоа не значи дека секогаш мора да го преземи првиот чекор, меѓутоа добро би било кога од време навреме покаже дека умее да застане на цврсти нозе. Тогаш, Јарецот ги привлекува луѓето. Водолија Водолијата треба да се опушти и да заборави на своето его и впечатокот кој го остава на другите луѓе. Танцувањето, готвењето и смеењето се работи со кои Водолијата ги исполнува своите страсти. Тоа ја прави моќна и привлечна. Риби Рибите повремено треба да заборават на своите чувства и да се насочат кон другите луѓе. Поседуваат дар на луѓето да им се вовлечат под кожа. Кога ќе обрне внимание на другите, тие чувствуваат неверојатно разбирање и возвраќаат со истата мерка. Токму ова ги прави посебни и неодоливи.
Изменето од Valerija - 17.Ноември.2014 во 14:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:08 |
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВАШИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ Овен и Овен Кога ќе се сретнат два огнени знака, често доаѓа до експлозија. Врската меѓу два Овна може да биде незгодна ако дозволат постојано да се бодат со роговите. Но, ако дозволите импулсивноста на партнерот да ве инспирира, тогаш вашиот однос може да биде функционален. Бик и Бик Овој пар може да биде сосема компатибилен, затоа што двајцата се почесто домашни типови. Оваа земна комбинација на хороскопски знаци претставува стабилност кога се заедно. Ако се караат, тоа е сигурно поради пари. Близнаци и Близнаци Односот меѓу два Близнака може да биде исклучително бурен и возбудлив. Сепак, двајца Близнаци не можат долго да издржат заедно. Рак и Рак Два рака може да функционираат единствено ако секој од нив прифати покрај себе да има чувствителна личност. Лав и Лав Врската меѓу два Лава тешко може да успее затоа што едниот од нив секогаш ќе чувствува потреба да биде главен. Рамнотежата може да се постави некое време, но целосна еднаквост е речиси невозможна. Девица и Девица Две Девици може да имаат совршена врска. Секој од двајцата има високи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирање, но почесто доведува и до тоа еден од двајцата да му помага на другиот за да стане подобра личност. Вага и Вага Ваквата комбинација е можна само ако двајцата партнери сфатат за што вреди, а за што не, да се расправаат. Секој од нив сака хармонија и почесто ќе попушта, отколку што ќе сака да се кара за некоја ситница. Компатибилноста зависи од тоа колку се свесни двете страни. Скорпија и Скорпија Иако за две Скорпии важи тоа дека може да остварат добра комуникација и длабока поврзаност во ситуации кога доаѓа до поголема караница или несогласување, може и да се свртат еден против друг, наместо да ја смират ситуацијата . Стрелец и Стрелец Тешко е два Стрелца да остварат стабилна врска затоа што двајцата сакаат да се натпреваруваат и имаат страв дека другиот ќе почне да му ја ограничува слободата. За среќа, двајцата се искрени еден пред друг, што може да ја ублажи природната неспоивост. Јарец и Јарец Врската меѓу два Јарца може долго да трае бидејќи се свесни дека на другиот му е потребен живот и надвор од врската. Со оглед на тоа што го почитуваат времето на партнерот и неговата работа, во состојба се полека да ја зацврстат врската во која делат заеднички интереси. Водолија и Водолија Иако може да бидат одлични пријатели кои се охрабруваат меѓусебно, ги водат внатрешните пориви и токму тоа може да биде пречка за емоционална врска. Риби и Риби На прв поглед може да изгледаат како складен пар. Заедно ги планираат своите соништа, но не ги остваруваат и тоа станува камен од кој се сопнуваат. Важно им е да не се жртвуваат себе за да не станат огорчени и инертни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:35 |
КОИ СЕ “НАЈДОБРИТЕ ДУШИ“ ВО ЗОДИЈАКОТ? Во внатрешниот свет на човекот добрината е сонцето – рекол Виктор Иго. И ние тотално се согласуваме со него, макар да ни е јасно дека во секој од нас се крие и по едно ѓаволче, кое само чека повод да се покаже. А сега ви ги претставуваме трите знаци од Зодијакот со најширока душа: Риби Овој знак е вистинско олицетворение на зборот – емоции. Бидејќи се безкрајно чувствителни и ранливи, Рибите секогаш се обидуваат да бараат хармонија дури и таму каде нема никаква веројатност да постои. Се разбира тоа си има и лоша страна. Претставниците на овој знак често живеат во измислен утопичен свет, при што остануваат отсечени поради тоа од реалниот. И сепак ова е знакот кој до последни сили се обидува да го зачува добриот тон и хармоничните односи помеѓу луѓето, дури тоа да ги чини нивниот внатрешен мир. Вага Вечно љубезниот и ведар карактер на овој знак понекогаш крие немир и внатрешни бури кои ги преживува. Вагите во никој случај не сакаат да ги разочараат и повредат своите блиски, пријатели и познаници. Токму затоа ако се стигне до судар на интереси, овие добродушни суштества ќе изберат да се повлечат. Силно развиеното чувство за правда ги потикнува цел живот да се стремат кон благородни постапки и сочувство за сите, без разлика дали некој заслужил, или пак не. Рак Слично како Рибите, овој воден знак е преполн со емоции и чувства. Од целиот Зодијак Ракот има најсилно развиен копнеж за семејна топлина, мир и хармонија. Всушност целиот свет на Ракот се врти околу семејството. Тие се спремни на секакви жртви во името на луѓето кои ги сакаат. Бидејќи се доста ориентирани кон духовното, тие веруваат во доброто, кое се крие во секој човек, што ги прави безкрајно милосрдни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:20 |
САМО ЗА ЖЕНИ: ХОРОСКОП СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА Ние денес нема да се занимаваме со астрологија туку ќе ви укажеме на еден друг тип на медицински хороскоп, кој не е научно докажан, но во многу земји луѓето веруваат и се носат според него, а тоа е крвниот хороскоп или хороскоп според крвните групи. Денеска ќе посветиме внимание на крвниот хороскоп за жени, а во наредното продолжение на статијата ќе обрнеме внимание и за крвниот хороскоп за мажи. Ужвајте! 0 позитив (0+) Жените од оваа категорија добро се согласуваат со мажите кои се од крвната група А+, 0+ и 0-. Бидејќи факт е дека А+ мажи имаат највисоко его, за да опстанете во врска со маж од оваа категорија морате да бидете многу цврсти и да имате некој издувнен вентил. Жените кои припаѓаат на крвната група 0, се многу дружељубиви, можат да бидат гостопримливи и добри домаќинки, но се ова додека имаат пари, жените од оваа група имаат голема страст за пари. Жените од оваа категорија имаат проблем кога ќе дојдат во финансиска криза, постануваат арогантни и не можат да се носат со проблемот. А позитив (А+)Жените од оваа категорија најмногу се погодуваат со мажите од истата крвна група А+ и А-. Сепак жените од оваа категорија често паѓаат во замка поставени од мажите кои се АБ крвна група, па со оваа крвна група тие најчесто имаат секс за една вечер. Сумирано за А+, жени најдобар избор е А+ и АБ+ маж, нормално ако помеѓу нив се создаде хемија. Овие жени не се многу романтични, но се многу угледни и праведни, тие ретко го изневеруваат партнерот, го почитуваат и сакаат да создадат хармонија. Жените од оваа категорија го сакаат својот партнер исто како и на почетокот и после долгогодишен брак. Овие жени тешко се борат со стресот, горди се и тврдоглави. Б позитив (Б+) Тоа се луѓе родени за движење, во себе развиваат еднаква способност за борба и снаодливост во непредвидени ситуации, како и способност на соживот во мали групи. Поради својата мобилностне се врзуваат за ништо, па им одговара стил на живеење на патник, било да тоа им е во дел на работата, или пак да се наоѓаат во таква средина. Да се смени местото на живеење за нив е најлесна работа. Тие се прави истражувачи сакаат се што е ново и непознато. Психолошки гледано, жените од оваа крвна група се најинтересни. Наизглед се интровертни, делуваат повлечено и воздржано, но имаат јасно изграден став за своите желби и вредности. Во професионалниот живот жените од оваа крвна група кариерата ја градат врз основа на докажани лични квалитети и напори и никогаш не го истакнуваат такмичарскиот дух. Функционираат претежно во тесен круг на свои проверени пријатели на кои се верни. АБ позитив (АБ+) На овие жени им е важна забавата, и само забавата. Тие не сакаат да се врзуваат, сакаат авантури за една вечер и живот полн со авантури. На овие жени им одговараат сите мажи кои се позитивен RH фактор. Овие жени се многу толерантни, не земаат ништо за сериозно и ретко можат да ви се налутат. Ако сте жена од оваа крвна група значи дека сакате слични мажи на вас со доста авантуристички дух, сакате иновации и истражувања. 0 негатив (0-) Тие имаат најмали шанси да останат бремени, а шансите тоа да се случи се најголеми со мажите кои исто така се од 0- група. Најдобар партнер е 0- партнер тие се специфични и бараат специфични партнери, со својата група 0- партнери најдобро се согласуваат. Сепак кога жената која е 0- ќе ја најде својата сродна душа односно ќе се вљуби нивната љубов е многу силна, по сила од било која друга крвна група. Овие жени не го душат партнерот во љубомора и други обврзувања тие едноставно го почитуваат и му веруваат. Жените од оваа група се многу поразлични тие имаат изразито свој став. А негатив (А-)Оваа група најмногу се согласува со мажи кои исто така се А-, но може и со АБ-, тука може да се спомене и 0- крвна група, но тие овие мажи можат да ги доживуваат како наметливи. Овие жени се многу чувствителни, помалку се љубоморни и сакаат да се врзуваат. Овие жени би можеле многу полесно да се заљубат од било која друга крвна група. Овие жени се многу верни кога еднаш ќе пронајдат партнер прават се од себе да го задржат и многу ретко се причина за раскинување во врската. Сепак партнер кој најмногу им одговара е партнер кој носи потполно иста крвна група. Б негатив (Б-) Оваа крвна група одговара со скоро секоја, особено негативните. Од сите крвни групи се смета дека Б-, одговара најмногу со АБ-. Овие жени се кариеристи и најдобро би им одговарал исто таков маж. Тие се вредни и посветени на кариерата и го разбираат парнерот кој исто така е посветен на кариерата. Tие се логичарки и ладнокрвни, но знаат да бидат и многу големи љубовџики доколку ја најдат својата сродна душа. АБ негатив (АБ-) Толеранцијата е нивниот заштитен знак. Слични се како предходниот најмногу си одговараат со Б-. Сепак тие не се критично настроени, ги сакаат и почитуваат сите што им помагаат, толерантни се кон сите од кои би можеле да имаат некаква корист. Овие жени се смета дека имаат најмал проблем да пронајдат сродна душа. Тие немаат проблем да се заљубат, многу се емотивни, креативни и романтични.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:18 |
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МРАЧНАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ Овен Бидејќи отсекогаш сакал да биде херој на улицата, овој грабливец најчесто сака работи со кои ќе ја воодушевува својата околина. Агресивниот Овен верува дека ќе стане предмет на обожавање на целата населба доколку секоја ноќ под прозорците на соседите им прави бучава со својот мотор. Уплашените соседи со ноќи ќе го гаѓаат со разноразни предмети и ќе го налеваат со вода, се додека по неколку месеци не сфати дека е несакан и навреден не си замине. Што најмногу го привлекува младиот Овен? Ќе го забележите како во дворот ги малтретира сите деца околу себе и им ги зема играчките, особено пластичните пиштоли или некоја друга играчка-оружје. Постарите Овни се највештите шверцери. Најчесто тргуваат со делови од автомобили или со цели автомобили, а оние најекстремните и со оружје. Бик Ова се грабливци што не се ни трудат да се променат. Во потрага по богатството, оди со исплазен јазик, зацрвенето лице и со тресливи раце. Доколку открие дека поседувате нешто што тој го нема, ќе ве озборува, мрази и бескрајно ќе пати. Што најмногу го привлекува? Сонот на секој Бик е да поседува неколку илјади хектари земјиште на кое ќе расте жито и овошје, односно по кое безгрижно ќе трча со овците и кравите, а кои сите еден ден на мира ќе може да ги изеде. Урбаните Бикови повеќе се концентрирани на фрижидерите и замрзнувачите, кои ги чуваат во спалната соба наместо во оставата. Покрај тоа, познати се како колекционери на уметнички дела. Близнаци Близнаците најмногу од се ја сакаат славата. Сакаат да делат автограми и слики, а доколку случајно влезат во некој телевизиски кадар, прават гримаси и си играат со рацете. Повеќето од нив длабоко веруваат дека се навистина славни и тоа без никаква основа. Што најмногу го привлекува? Во очекување на славата, Близнаците времето го поминуваат играјќи некоја игра на компјутер или праќајќи му е-маил на некој од многубројните пријатели или, пак, бесно ќе свират на некој од своите музички инструменти од кои набрзо оглувуваат. На постари години ќе ги видите во некој парк, како им ги земаат играчките на децата или, пак, играат фудбал со нив. Рак Неговиот скромен, тивок и безнадежен изглед со ништо не ја оддава неговата мегаломанска природа. Но, сепак, Ракот никогаш нема да биде целосно среќен доколку не поседува неколку куќи, по некоја викендичка, чамец итн. Што најмногу го привлекува? Најлошиот сопственик во зодијакот. Животна желба му е сам да живее во висококатница или можеби во скривница или во милитантни бункери во цветни градини. Лош е и како потстанар. Тешко можете да го избркате, а ништо нема да биде чудно по неколку месеци тој да ве избрка вас. Лав Овие се најголемите грабливци во зодијакот, а лесно се прикриваат зад честа и големодушноста. Се сретнуваат по раскошни забави, а ќе ги препознаете по зажарениот поглед, кој е насочен кон вашиот златен накит. Секако дека и тој е накитен како вас. При погледот на вашиот прстен неконтролирано ќе почне да си ги лиже усните, а најекстремните ќе се обидат да ви го украдат или барем ќе ви го побараат да го поносат некое време. Што најмногу го привлекува? Лавот сака да има многу и најмногу. Освен на златото, овие луѓе паѓаат и на крзна. Во секој пес или мачка гледаат потенцијална бунда или крзнени ракавици. Лавиците се познати колекционерки на долги и кратки бунди, додека машките, наместо тепих, во дневната соба со задоволство ќе стават кожа од мечка. Девица Иако нејзините желби можат да изгледаат безначајно или можеби бизарно, една активна граблива Девица може да му нанесе многу штета на друштвото во целина, како и на поединци. Не паѓајте на нејзиниот незаинтересиран израз на лицето. Девиците се термити, кои чистат се пред себе. Што најмногу го привлекува? Ако нема пари да купи, ќе се обиде да украде компјутер, калкулатор, лупа, прибор за техничко цртање, мерни и оптички инструменти, фасцикли и с$ што е поврзано за канцеларијата. Оние најекстремните најмногу се палат на правосмукалки. Не & верувајте ако некоја од овие работи ја позајми и ви вети дека набрзо ќе ја врати. Уште повеќе ако имате некој расипан апарат, па ви се нафати да го поправи. Бидете сигурни дека на вашиот апарат ќе му недостига дел што никаде не може да се најде. Вага Ова се главните шминкери во Зодијакот, кои постојано се незадоволни од својата гардероба. Со широко отворени очи со часови се џарат во модните излози. Редовно ги посетуваат модните ревии на кои љубоморно ги озборуваат манекенките и моделите што ги носат. Кога излегувате со нив мора да внимавате при облекувањето, бидејќи ако нешто од облеката што ја носите им падне во очи, ќе ве соблечат до гола кожа. Што најмногу ги привлекува: освен по облека, Вагите полудуваат и по шминка и парфеми. Никако не смеете да ги оставите во продавници без надзор, бидејќи тие ќе купат нешто што и вие имате. Покрај тоа, Вагите не се имуни ни на слики и скулптури. Потајно се надеваат дека еден ден кипот на слободата ќе заврши во нивниот двор. Скорпија Ова е еден од најнепредвидливите грабливци во Зодијакот. Во моментите на голема желба се шушкаат, шепотат и обилно се потат. Во крајни случаи не се при свест. Што најмногу ги привлекува: Скорпионската жед најчесто е насочена кон трупање големи количества заводничка долна облека, а во екстремни случаи разновидни секс-помагала. По маркетите се познати како крадци на тантелести килоти, додека во видео клубовите секојдневно бараат некои нови порно филмови. Жетта за богатство не му е силна страна. Стрелец Снобовскиот Стрелец најмногу страда за статусни симболи. На помислата за палто од Армани, италијански чевли или некој расен пес, незадржливо течат лиги. На разгледниците се потпишува исклучиво со проф., д-р., или барем со инг. и тоа најчесто сосема неоснована. Што најмногу ги привлекува: додека малиот Стрелец сака да поседува некој елитен коњ или барем пони на кој славно би јавал по градот, кога ќе потпорасне сонува по јапонски автомобили, гаража полна со велосипеди, синџир ресторани и кафулиња, бунди, накит и костуми од Шанел. Повеќето од нив сепак собираат само љубовници, чии имиња грижливо ги оставаат над креветот. Јарец Бескрајно грабливо суштество, кое оперира по системот молчи и земај. Не е претерано нападен, но лесно може да го препознаете по тоа што често се чеша по дланките. Никогаш не му е доволно. Што најмногу го привлекува: Најомилената играчка на малиот Јарец отсекогаш била голема до врв наполнета касичка. Големите Јарци обожаваат дебели паричници, се разбира полни со пари и кредитни картички кои обично не ги носат во својот џеб, туку ги крадат од туѓ. Покажуваат необична наклонетост кон часовниците и будилниците. Сепак, најмногу од се сакаат да чекаат на ред во банка за да вложат пари на своите банкови сметки. Може да се каже дека тогаш се безгранично среќни и во целост исполнети. Водолија Уверливо најнезабележлив грабач во Зодијакот, со наивен изглед во некоја хуманитарна организација. Немојте да се излажете, тој најмногу сака технички апарати во својата куќа, од најобичен миксер, па до 3Д телевизор. Немојте да му давате на услуга фотоапарат, камера или нешто слично. Многу лесно ќе ви го отуѓи. Што најмногу го привлекува: наместо слика, Водолијата со задоволство на ѕидот би ставила најсовремен телевизор. Секако дека мора да поседува многу силно домашно кино кој цел ден би трештело. Во таа оаза на среќа, со задоволство на лицето постојано ќе ги менува програмите со помош на едно од десетината далечински управувачи. Најекстремните Водолии тајно посакуваат да станат астронаути. Риби Во моментите кога Рибите нешто силно сакаат изгледаат многу збунети. Кога ќе видат нешто што им причинува задоволство почнуваат потешко да дишат и тоа може да го слушне околината, а и да се види на нивниот образ, бидејќи целата крв тогаш им се концентрира во главата. Се смируваат дури тогаш кога предметот што го сакаат ќе стане нивен. Што најмногу ги привлекува: Рибите се страв и трепет во сите продавници за рибарска опрема. Доаѓаат секој ден и купуваат најразлични прачки за риболов, јадици или некоја друга опрема поврзана со водата. Доколку немаат доволно пари клекнуваат пред продавачот и го молат за попуст. Освен тоа познати се и како консумери и колекционери за алкохолни пијалаци. Најмногу ја сакат вотката и најчесто од неа прават колекција. Често им се случува и в кревет да легнат со шише вотка и со неа да заспијат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:12 |
СПЕЦИЈАЛЕН ХОРОСКОП СОЗДАДЕН САМО ЗА ЖЕНИ Жена овен Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа. Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели. Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука. Жената која е во хороскоп овен не поднесува компликувани ситуации и не ги сака луѓето што наоѓаат задоволство во конфузни приказни и случки. Се однесува ноншалантно и директно, а со своите импулсивни реакции, понекогаш се случува некого грубо да повреди, иако немала таква намера. Нејзиниот карактер има големо влијание и во однесувањето во љубовта. Таа никако не може да се вброи во типот на жена–робинка, бидејќи е премногу независна за да може да поднесе некој да ја стави во „кафез“, па макар тој бил и златен. Очекува и бара взаемна доверба со нејзиниот партнер, за да обезбеди заеднички живот без сцени и сомнежи. Љубоморна е и тоа го покажува и бара јасни одговори на прашањата. На нејзиниот партнер нема да му биде лесно ако почне да ја избегнува и запоставува. Ако партнерот ја изневери, нејзината гордост и самопочит ќе бидат повредени и таа сигурно нема лесно да помине преку тоа. Во сѐ сака да има своја улога и во секоја прилика сака да се слушне и нејзиниот збор. Ако наиде на личност која е послаба од нејзе, постои опасност да ја потчини, но таквата ситуација нема да ѝ се допадне, бидејќи во длабочината на својата душа таа не сака таква врска. Идеален маж за неа, е оној кој има јак карактер. Нејзината смелост, спонтаност и ентузијазам ќе играат голема улога во нејзините емотивни врски. Кон партнерот може јавно да покажува нежност, но и од него ќе бара да ги покаже своите чувства кон неа. Во љубовта како и во животот, таа бара полна ангажираност. Таа дава сѐ или ништо – понекогаш е бескрајно дарежлива, а понекогаш покажува знаци на егоизам. Не ги сака лагите и измамите. Жена бик Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии. Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации. Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка. Жена близнаци Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши. Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно. Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат. Жена рак Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност. Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност. Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај. Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот. Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност. Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши. Жена лав Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста. Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани. Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе. Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано. Жена девица Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива. Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, а и таа му се допаѓа нему, тешко е веројатно дека ќе му се фрли во прегратка, пред сѐ затоа што и самата не е сигурна во своите чувства. Секогаш ќе се прашува дали е тоа вистинска љубов или тоа се само минливи чувства. За да ја разјасни оваа дилема, најпрво себеси ќе се преиспита, а потоа и личноста која ѝ се допаѓа. Причината поради која се двоуми потполно да им се предаде на чувствата, е нејзиниот паничен страв да не направи грешка. Таа е приврзана кон своите навики и верува дека живее во удобно гнездо кое сама го создала, па се прашува дали личноста која влегла во нејзиниот живот може да го смени и расипе тоа. Еден ден кога ќе го победи својот страв, сигурно е дека на мажот што ќе го одбере ќе му биде посветена до крајност. Жената девица е многу верна и лојална личност, која е дискретна и внимателна во сѐ што прави. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно. Жена вага Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината. Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските. Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта. Жена скорпија Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки. Некои жени бараат мир, но тоа не е случај со скорпиите, бидејќи нејзините чувства се како зовриен вулкан. Дали некој ѝ е симпатичен или не веднаш се забележува. Жената скорпија не спаѓа во категоријата на студени жени, а нејзините реакции во љубовта се непосредни. Физичката љубов за неа има големо значење, а нејзината страст и енергичност ја вбројуваат во категоријата жени кои имаат моќ на заведување. Многу жени родени во овој знак и покрај тоа што не се видни убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Би можело да се помисли дека за неа љубовта е само игра, но тоа не е вистина. Таа е многу сензибилна и е спремна да се предаде до крај, а нејзиниот партнер станува центар на нејзиното живеење. И тогаш кога ќе се омажи, таа не запловила во мирни води, бидејќи сака акција, движење и обновување. Љубовта за неа не претставува само страст, туку и вечна борба со животните предизвици. Жената скорпија потсвесно сака да доминира над луѓето и случувањата, па ни нејзиниот партнер не може тоа да го избегне тоа, бидејќи секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја. Жена стрелец Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже. И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво. Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели. Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности. За неа љубовта значи восхитување, па затоа нејзиниот партнер мора да биде човек со јак карактер. Оваа жена не ги сака луѓето кои срамежливо ги покажуваат своите чувства и затоа човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искажува својата љубов и на секој начин да ја докажува. Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости. Жена јарец Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор. Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда. Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж. Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето. Жена водолија Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам. Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере, но тоа не го прави од љубопитност, туку поради желбата да им се приближи на луѓето. Не е човек од акција, но во работата лесно напредува. Многу е чувствителна и поседува ширина на духот. Сака патувања и промени, но поради неодлучност ретко ја остварува оваа желба. Оваа жена е многу заводлива и го привлекува вниманието на мажите. Долго време го одбира својот партнер, но кога еднаш ќе се вљуби, тоа е за цел живот. Во љубовта е великодушна и на саканата личност ќе ѝ ги поклони сите свои чувства. Таа не сака лаги и извештачени луѓе, а маж-тиранин не може да поднесе. На жената од овој знак ѝ е потребен партнер со јак карактер, а кој воедно ќе биде и поголем реалист од неа. Жена риби Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност. Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност. Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува. Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:58 |
КОЈ АНГЕЛ ВЛАДЕЕ СО ТВОЈОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК? Овен Во него живее Демонот на омразата и егоизмот. И Ангелот на искреноста и мислоста. Демонот буди во Овенот гнев, нетрпение, неспособност да си ја признае грешката и желба да ги повредува другите. Во исто време ангелот го тера да им помага на сите оние кои имаат потреба, но тоа не му пречи да лаже. Овните многу тешко можат да ги скријат своите вистински мисли! Бик Во Бикот живее Демонот на алчноста и гневот. И Ангелот на лојалноста и добродушноста. Тоа е причината навидум бавниот и смирен Бик да се преобрази во незапирлив звер, кога е предизвикан. Неговиот Ангел го прави многу добар и верен пријател, но Демонот го тера да се одликува со огромна љубов, но кон материјалното. И покрај тоа, овој знак обично успева да ги натера Ангелот и Демонот во него да живеат во заедница и кој да доминира колку што е потребно во дадена ситуација. Близнаци Тука се борат Ангелот на веселбата и Демонот на лицемерието. Ангелот го прави Близнакот да биде супер забавен, оптимист, и невиден освојувач. Да те извади од дупка во која си паднал, да ти даде сили за нов живот. И токму кога целосно ќе му се отвориш, Демонот може да го натера да те предаде. Зад ведрото расположение и умешнота да комуницира често пати се кријат задни мисли. Рак Во Ракот живее Демонот на лагите и Ангелот на сочувството. По природа претставниците на овој знак се чувствителни кон болката на другите и имаат желба да помагаат. Добронамерни се и мили. Всушност тие искрено го презираат својот Демон, но понекогаш не се силни да го победат. Лав Овде се борат Демонот на ароганцијата и Ангелот на милосрдието. За Лавот е исклучително тешко да избере страна, затоа и реакциите обично се продиктувани од односот на останатите. Ако имате деликатен пристап, тогаш ќе го сретнете неговиот Ангел – мил, добар, полн со љубов, праведен и емотивен. Но ако пристапите агресивно и непријателски, ќе бидете покосени во моментот од силата на егото и умешноста негова само со зборови да ве натера да се чувствувате мизерно. Девица Во овој знак живее Демонот на завистта и незадоволството. Тој буквално може да ја изеде душата на Девицата. Да ја направи одмаздољубива и сомничава дури и кон луѓето кои до вчера ги љубела безумно. Од друга страна нејзиниот Ангел – се обидува да ја направи силен карактер, добар пријател и човек на кого можеш секогаш и за се да се потпреш. Вага На едно рамо му стои Ангелот на правдата, на другото е Демонот на искушението и манипулацијата. Демонот ги тера Вагите да си поигруваат со чувствата на другите, да бараат од сите да играат како што им свират, правејќи се загрижени и наивни. Ангелот е оној кој ги прави благородни, грижливи, полни со разбирање, луѓе што знаат да ги видат истовремено двете лица на монетата. Вагите можат да ви помогнат ако имате проблем, кој до сега никој не успеал да го реши. Шкорпија Во неговата душа се борат Демонот на сомнежот и презирот. И Ангелот на вистината. Демонот го тера Скорпионот постојано да е наштрек и да мисли дека некој го лаже. Или да го натера да мисли дека е светлосни години пред сите останати. Ги осудува жестоко постапките на другите, ако не се согласуваат со неговите ставови. Тоа може да доведе Шкорпијата да се уништи сама себе, ако Ангелот на вистината не му посочи кој е правилниот пат и не го натера да зачекори по него. Стрелец Овде живее Демонот на гордоста и Ангелот на добрината. Демонот не му дозволува да трпи никаква критика, и го тера да ја бара вината насекаде, но не и во себе си. Ангелот го прави неверојатно добра личност, која не умее да завидува и која постојано ги заштитува незаштитените. Дури и да ве повредил, бидете сигурни дека во никој случај не сакал да го направи тоа. Јарец Тој е под влијание на Ангелот на силата и континуитетот. Но и под влијание на Демонот на ладнокрвноста и егоцентризмот. Неговиот Ангел го прави полн со надеж, лојален, упорен и стабилен. А Демонот настапува единствено кога Јарецот ќе биде злоупотребен, предаден или разочаран. И тогаш неговата душа поцрнува, а срцето станува како камен. Водолија Овде живее Демонот на предавството и Ангелот на пријателството. Водолијата е многу верен пријател, и обожува да биде со своите пријатели. Достапна е на сечиј повик за помош, подржува и советува. Но секогаш ќе се постави себе си на прво место, и ако треба да избере дали да пропадне или да предаде пријател, неговиот Демон ќе го насочи кон второто. Можеби затоа на љубовно поле Водолијата е студена и ги отфрла сите кои ќе пројават интерес. За на крај да ги повреди опасно! Риби Во Рибите живее Ангелот на љубовта и Демонот на пороците. Нивниот ангел ги прави безкрајно емотивни, мили, посветени, луѓе кои знаат да сакаат од дното на душата. Но итриот Демон ја тера вљубената до крајни граници Риба да забега во флерт со друг. Или да бара извори на сомнителни задоволства во алкохол или наркотици.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:57 |
ЉУБОВЕН КИНЕСКИ ХОРОСКОП Стаорец (родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008) Вие сте страсни, внимателни и отворено ги покажувате вашите чувства. На почетокот од врската сте секогаш полетни, но доколку осетите дека љубовта не ви е возвратена со иста мерка, станувате гневни. Вашиот кинески хороскоп укажува на вашата желба да бидете центар на светот за вашиот партнер, па ако се почувствувате занемарено, станувате ситничави до бесвест. Вам пред се ви е потребно да почувствувате сигурност за да станете внимателни. За тоа е потребно време, но кога ќе го пронајдете оној кој ви ја дава потребната сигурност и љубов, станувате посветен и верен партнер. Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009) Нежни сте и отворени кога сте со вистинскиот партнер, а вашата поддршка дава цврста потпора на врската. Важно е да бидете внимателни кога е во прашање изборот на партнер, бидејќи сте многу осетливи и ризикувате да бидете повредени. Од партнерот очекувате да биде праведен, нежен и ентузијаста до одредена мерка – сакате да ви приближи некои нови интереси, но да не ја загрози вашата сигурност. Со негова поддршка, ќе заборавите на сите грижи и ќе уживате. Вашиот кинески хороскоп покажува дека сте толерантни кон саканата личност и дека не ви е тешко да простувате. Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010) Вие сте со слободен авантуристички дух и сакате да одите од една врска во друга. Уживате во романтиката и возбудувањата кои ги носи секоја нова љубов, но веќе по првото чувство на заситеност, подготвени сте да ги раширите крилјата и да одлетате на некој друг цвет. Вашиот кинески хороскоп покажува дека ве привлекуваат личности кои што имаат независен авантуристички карактер, баш како и вие. На таквиот партнер искрено му ги покажувате своите чувства, но сепак сте непостојани и изневерувате. Затоа ви е потребен некој кој што е сталожен, прибран и кој што може да го разбере вашиот слободен дух. Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011) Од партнерот барате нежност, доверба и сигурност. Верни сте и не сонувате за паралелни врски и љубовни пресврти. Но, доволно е само малку за да почнете да се сомневате во вашиот партнер, а кога тоа ќе се случи, искажете ги вашите сомнежи и ќе видите дека се неосновани. Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, љубовта ќе ви биде возвратена со иста мерка, повеќе ќе простувате и ќе бидете помалку сомничави. Вашиот кинески хороскоп зборува дека ви треба повеќе време за да пронајдете сродна душа. Но, кога еднаш во тоа ќе успеете, ќе биде за цел живот. Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) Исклучително сте атрактивни и шармантни, а бројни се и оние кои ги привлекува вашата појава. Влегувате од една во друга романса и тешко ви е да се смирите со една личност. Штом ќе почувствувате слабост кај вашиот партнер, го напуштате и барате нов предизвик. Поради вашата доминантност многумина не успеваат да ве следат. Вие бргу ги заборавате, но немојте да бидете сигурни дека и тие ве заборавиле вас. Вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека ви е потребен некој кој што ќе ви даде повеќе простор, но кој сепак ќе биде активен како и вие, бидејќи единствено таква личност не би била заплашена од вашата сила. Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) Многу сте заводливи, а кога ви се допаѓа некој, не се откажувате од желбата да го освоите. Другите ги привлекувате со вашата романтичност и хумор. Но, не сакате туку така да бидете фатени и вешто ги избегнувате љубовните замки. Вашиот кинески хороскоп зборува дека сакате да ја сочувате вашата слобода и да откривате нови видици. Кога сте во врска со личност која навистина ја сакате, станувате многу внимателни, но сепак ви е потребно време за на партнерот да му ги откриете вашите стравови и слабости. Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002) По природа сте непоправлив романтик, а врските во кои што стапувате се многу бурни. Тешко ви е да одберете само еден партнер, но би морале да одлучите и да ги преземете вашите обврски. Вашиот кинески хороскоп укажува дека ви е потребен некој кој ќе се грижи за вас, но воедно и кој ви дава слободата која ви е потребна. Иако можеби на другите им делувате несериозно, во длабочина на душата вие сте еден од оние кои што сакаат да пронајдат вистинска личност со која што ќе ги поминат најубавите моменти. Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003) Вам од се најважно ви е чувството на сигурност. По природа сте многу емотивни, лесно се расплакувате, но ви недостасува самодоверба за да ги изразите своите емоции. Вашиот кинески хороскоп зборува дека често делувате отсутно и дека тешко создавате нови познанства. Истовремено сте нежни, романтични, креативни, но вашата неодлучност е нешто што би можело да му пречи на вашиот партнер. Меѓутоа, тој тоа ќе ви прости ако е вистинскиот, бидејќи ќе знае дека во душата вие сте прекрасна личност. Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004) Ве привлекуваат возбудувања и со сигурност може да се рече дека имате многу бурен љубовен живот. Другите ги привлекувате со вашиот хумор, отвореност и необичните интереси. Меѓутоа, вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека не барате авантури кога еднаш ќе ја најдете вистинската личност за себе. Кога вашиот партнер ќе направи и најмала грешка, вие ќе се најдете навредени, но на партнерот кој навистина ви одговара нема да му биде тешко да ве смири. Кога вашата врска ќе стане постојана, ќе станете доверлив и прилагодлив партнер, секогаш подготвен да помогне. Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005) Вие уживате во додворувањето, шармантното друштво и добрата атмосфера. Се гордеете со својот изглед и настап, а кога ситуацијата тоа го бара од вас, умеете да го импресионирате соговорникот со своите ставови. Она што може да ве одбие од потенцијалниот партнер е можноста однапред да го предвидите неговиот нареден чекор. Вашиот кинески хороскоп зборува за вашата независност која секогаш ве тера да одите напред, но и во вас постои доза на љубомора која се обидувате да ја сокриете. Кога ќе ја најдете вистинската личност, заборавате на талкањата – вие сте верен партнер и во состојба сте потполно да и се посветите на саканата личност. Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006) Многу сте повлечени кога станува збор за вашите чувства и потребно ви е охрабрување. Уживате во друштвото на некој кој е верен и поседува авантуристички дух кој вам ви недостасува. Меѓутоа умеете да го слушате партнерот и да го поттикнете со вас да ги подели проблемите. Вашиот кинески хороскоп укажува дека сте верни, нежни и дека ви е важно вашата доверба да биде возвратена. Ако некој ве повреди или издаде, потребно е многу време таа доверба да се поврати. За вас е идеално најпрвин да создадете пријателство од кое подоцна ќе градите врска. Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007) И кога ќе пронајдете партнер имате потреба да го тестирате за да се уверите дека тој е вистинскиот избор. Довербата која што ја внесувате во врската би можела да ви се удри од глава, бидејќи има и такви кои може да ја злоупотребат, но вие сте подготвени бргу да почнете од почеток. Вашиот кинески хороскоп покажува дека умеете да бидете многу затворени, но пред се, вие сте толерантни и му давате на партнерот иста слобода каква што и самите барате. Кога врската ќе се зацврсти, љубовта која што ја давате ви се возвраќа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:55 |
ХОРОСКОПОТ И НЕВЕРНИТЕ ЖЕНИ Овен – Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите. Бик – Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни. Близнаци – Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детал и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците. Рак – Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата. Лав – Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста. Девица – Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер. Вага – Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат. Шкорпија – Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест. Стрелец – За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат. Јарец – Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот. Водолија – Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура. Риби – Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:54 |
СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ДАВА НЕСВЕСНИ ЗНАЦИ ДЕКА Е ВЉУБЕН Секој хороскопски знак има едноставни, можеби несвесни показатели… …со кои се обидува да ви даде до знаење дека сте во игра. Па, погледнете кои се тие знаци… Овен Овните не сакаат многу да тактизираат, па ако им се допаѓате, веројатно отворено ќе ви кажат. Меѓутоа ако играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нервозните движења. Тоа не се показатели дека повеќе би сакале да бидат на друго место, туку дека сакаат да бидат со вас. Бик Биковите се главно традиционалисти, конвенционални типови, па ако им се допаѓате, тој или таа ќе ви се додворува на старомоден начин. Прашањата за омилена боја, храна или цвеќе – значат дека планираат да ве заведат и дека се обидуваат да смислат совршен состанок. Близнаци Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат и тоа за најразлични теми. Затоа е малку потешко да препознаете дали во вас гледаат нешто повеќе од незадоложителен флерт. Најдобар знак за тоа е ако, покрај вообичаената конверзација, почнат да ви поставуваат лични прашања. Рак Раковите се главно ориентирани кон семејството, па ако кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тоа е добар знак дека им се допаѓате. Ако се постават заштитнички, тоа е чекор понапред, а ако ве повикаат да го запознаете нивното семејство, тоа е сигурен знак дека ве гледаат како партнер. Лав Лавовите сакаат да „драмат“ па тешко е да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства или само позирање. Но, сигурно им се допаѓате ако се откажат од тоа да бидат во центар на внимание и ако ве пуштат вие самите да уживате во тоа. Девица Логични и практични, Девиците нема на сите ѕвона да ја покажат својата љубов со некој голем гест. Ако пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и се релаксираат во вашето друштво, тоа е добар знак дека постои нешто повеќе. Вага Животот на Вагите е балансиран и искрен и тие кон тоа имаат позитивен став. Па како тогаш да дознаете дали се само пристојни или навистина им се допаѓате? Најдобар показател е ако ве пуштат во нивниот свет и ако ве повикаат на романтично дружење. Скорпија Ќе знаете дека Скорпијата ве забележала ако таа упорно гледа во вас од другата страна на просторијата. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте сами во просторијата. Скорпијата може да ви се причини „студена“ на почетокот, но нема да троши време на безвезни разговори со некого за кого сериозно не се заинтересирани. Стрелец Стрелецот е друштвен и отворен, па неговото претерано пријателско однесување лесно ќе го замени за нешто повеќе. Времето кое го поминува во друштво му е многу драгоцено, па ако се најде со вас повеќе пати во неделата, тоа е добар знак дека сте го освоиле. Јарец Јарецот никогаш не ги отвора картите, но ако неговиот строг став се ублажи во ваше присуство и ако краде време, на пример од работата, за да ве стави во својот пренатрупан распоред, веројатно во вашата врска гледа романтичен потенцијал. Водолија Водолиите размислуваат надвор од вообичаените рамки, па со нафрлање на традиционални идеи можете единствено да бидете исфрлени низ прозорец. Ако и се допаѓате на една Водолија, таа во еден момент ќе ве провоцира и ќе се шегува со вас, а во следниот момент ќе започне интелектуален разговор. Нивното ексцентрично однесување значи дека ве одмеруваат и дека се обидуваат да сфатат дали можете да се вклопите во нивниот необичен свет. Риби Добра вест е тоа што Рибите не е тешко да се прочитаат, а уште подобра е дека кога еднаш ќе им се допаднете на Рибите, ќе ви возвратат со внимание и нежности. Сосема е можно да добиете рачно напишана песна или портрет, што доволно ќе ви каже за нејзините чувства.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |