IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:37

Тирамису

Тирамису

Состојки

400g сирење маскарпоне
пишкоти
4 јајца
100g шеќер во прав
250ml силно кафе еспресо
2 с.л. коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л. какао

Подготовка

  1. Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот.
  2. Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата.
  3. Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне.
  4. Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат.
  5. Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата.
  6. Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав.
  7. Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.

Време за подготовка: 1 час

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:36

Еклери со чоколаден прелив

Името „еклер“ доаѓа од францускиот збор éclair што во превод значи молња. Како што можете да приметите, нема никаква логика во избраното име, па ни историчарите не се сигурни за неговото потекло. Но, сите ние сме сигурни дека французите знаеле што прават и тешко дека постои некој што може да остане рамнодушен кон ова слатко задоволство.

Ако сакате да се почестите или пак да ги израдувате вашите најблиски со вкусен десерт, еве едноставен начин да направите еклери. Од една страна ќе бидете сигурни дека ќе избегнете труење, а од друга – јадењата се секогаш повкусни кога самите ќе ги приготвите.

Состојки

Тесто:

200ml вода
125g маргарин (½ коцка)
1 шолја брашно
5 јајца
2 ч.л. сол

Фил:

500ml слатка павлака (хопла)
200g шеќер
20g ванилин шеќер (2 кесички)

Прелив:

150g чоколадо за готвење
60g маргарин (¼ коцка)

Инструкции за приготвување

Ставете мало тенџере на среден оган. Додајте ја водата, маргаринот и солта. Оставете водата да зоврие.

Во зовриената вода ставете го брашното и убаво мешајте со дрвена лажица на тивок оган, сè додека не добиете хомогено тесто што ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Преместете го тестото во друг сад и оставете го настрана да се олади.

Во меѓувреме, пригответе го филот. Во голем сад ставете ја слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер. Убаво изматете или мешајте со миксер, додека не добиете густ фил. Покријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер.

Во претходно изладеното тесто, додајте едно јајце. Убаво промешајте ја смесата, па додајте го наредното јајце. На ваков начин додавајте ги едно по едно и преостанатите јајца, притоа постојано мешајќи. Треба да добиете хомогена еластична смеса.

Со смесата наполнете готварски шприц и користете го најголемиот отвор за шприцот. Врз плех обложен со хартија за печење, направете 9 цилиндри долги околу 15cm, а широки околу 3cm. Во текот на печењето еклерите ќе го зголемат својот волумен, па затоа оставете простор меѓу нив. Ставете ги да се печат 25-30 минути во претходно загреана рерна на 190°C. Откако ќе се испечат, исклучете ја рерната и сосема малку подотворете ја. Исклучително важно е да ги оставите еклерите да се изладат внатре во рерната.

Додека еклерите се ладат, пригответе го преливот. Растопете ги на пареа чоколадото и маргаринот. Ако немате соодветен сад за готвење на пареа, можете да ги растопите на тивок оган, притоа постојано мешајќи.

Откако еклерите ќе се изладат, расечете ги хоризонтално со остар нож од едната страна. Со лажица наполнете ги со приготвениот фил. За крај, секој еклер прелијте го со течното чоколадо.

Совети

  • Тајната на еклерите е во печењето. Не се искушувајте да ја отворите рерната за време на печењето и задолжително оставете ги еклерите да се изладат во малку подотворена рерна, без да ги вадите. Ако вратата од вашата рерна не може да стои подотворена, употребете капаче од тегла.
  • Ако сакате побогат вкус, користете пудинг од ванила за фил.
  • За да добијат блескава златна боја, пред да ги ставите еклерите да се печат, премачкајте ги со малку јајце.
  • Експериментирајте. Користете пудинг со вашиот омилен вкус или наполнете ги еклерите со ваш домашен фил. Врз чоколадниот прелив можете да посипете чоколадни трошки или ситно исечкани бадеми.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:31

Ресана торта

Потребно ви е нешто интересно, слатко и вкусно, но без да се мачите да печете пандишпани и 2-3 часа да си играте во кујната? Тогаш тортата со ресани е токму за вас.

Ресана тортата е исклучително лесна за приготвување, па пред да трепнете ќе имате десерт од кој сите ќе побараат второ парче.

Состојки

750g ресани
250ml млеко
250g маргарин (1 коцка)
1 шолја ситно исечкани ореви

Инструкции за приготвување

  1. Секое колаче ресана исечете го на 4 парчиња и ставете ги сите ресани во голем длабок сад.
  2. Ставете тенџере на оган. Додајте ги во него млекото и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи целосно, а кога ќе се случи тоа, тргнете го тенџерето од огнот. Оставете го да се олади.
  3. Со изладеното млеко прелијте ги ресаните. Додајте ги исечканите ореви. Мешајте внимателно со дрвена лажица или со рака. При мешањето не употребувајте премногу сила за да не се издробат ресаните.
  4. Со рацете оформете ја смесата по желба или ставете ја во голема модла.
  5. За попримамлив изглед, стопете поголемо количество темно чоколадо и прелијте ја тортата. Најлесен и најбрз начин да ја завршите тортата е само да изрендате чоколадо по целата нејзина површина.
  6. Оформената торта оставете ја да отстои во фрижидер 2-3 часа.

Нема да погрешите ако ја сервирате тортата со парче свеж портокал. За декорација, ние употребивме дел од кората на портокалот, експандиран ‘рж и малку чоколаден прелив.

Ако ви здодее аромата на портокал или ако вашите најблиски сакаат нешто поразлично, едноставно изберете ресана со друг вкус и ќе добиете „нова“ торта.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 12:11

Чоко бисквит торта

 



За денес ви приготвивме едно неверојатно слатко задоволство. Станува збор за чоко бисквит торта. Веруваме дека самото име е доволен предизвик да го прочитате рецептот и секако да го приготвите.

СОСТОЈКИ

за кора и црн фил
• 14 јајца
• 450 гр шеќер во прав
• 400 гр маргарин
• 400 гр чоколадо за готвење
• 350 гр мелени бисквити

за жолт фил
• 250 мл слатка павлака
• 200 гр мелени бисквити

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги белките, додадете шеќер во прав и матете додека не се соединат. Потоа, жолчките изматете ги посебно, заедно со маргарин, истопено чоколадо и мелени бисквити.

Во таа смеса, додадете ги изматените белки и шеќерот во прав. Потоа, сѐ убаво измешајте со помош на дрвена лажица.

Целата смеса поделете ја на два дела. Едниот дел оставете го за црниот фил, додека вториот дел поделете го на три еднакви дела. Корите испеќете ги на 250 степени.

За жолтиот фил, изматете ја слатката павлака, додадете мелени бисквити и промешајте.

Потоа следува редењето. Прво кора, па црн фил и на крај жолт фил. И така со сите три кори. Горниот дел може да го украсите со шлаг од чоколадо

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 20:48
Ирмици

1 чаша вода
2 чаши млеко
1 филџан масло
1 чаша гриз
5 јајца

За прелив:
2 чаши шеќер
2 чаши вода

Ставете на oтан да се вари вoдата, млекото и маслото. Откакo зоврие дoдајте го гризот. Варете со постојано мешање додека да се згусне смесата. Тргнете го од оган и ставете да се олади. Потоа додајте ги јајцата претходно изматени и сето добро промешајте го. Рацете намачкајте ги со масло и од смесата правете ирмици (земете едно топче од тестoто и притиснете го на средината со два прста). Од шекерот и водата сварете шербет и попарете ги ирмиците.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 13:50
Време е да се спремаме за зимата намигнување. Подобро од рано воместо во последниот момент да правиш и џем и туршија ....
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 13:34
Originally posted by емил емил напиша:

Џем од капини

Потребно:

* 1 кг капини
* 600 г шеќер

Приготвување; сварете 200 гр шеќер со 200 мл вода и во сирупот што врие додадете ги исчистените и измиени капини. Варете ги пет-десет минути, додадете го преостанатиот шеќер и продолжете да варите додека џемот не почне да се згуснува.


VE FATI ZIMNICARSKA TRESKA :-D

Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 13:27

Џем од капини

Потребно:

* 1 кг капини
* 600 г шеќер

Приготвување; сварете 200 гр шеќер со 200 мл вода и во сирупот што врие додадете ги исчистените и измиени капини. Варете ги пет-десет минути, додадете го преостанатиот шеќер и продолжете да варите додека џемот не почне да се згуснува.

Кон врв
roses Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај roses Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2011 во 21:03
Чоколадна торта
170 гр.шекер
170 гр.маргарин
3 јајца
130 гр.брашно
30 гр.какао.
Се заедно се меша со миксер.(ако е густо се додава малку вода)и се пе4и 20-25 минути.
Потоа тортата се се4е на средина(хоризонтално)и се става фил
фил:115 гр.маргарин
170 гр.шекер во прав
60 гр.какао
50 гр.врела вода
:) :) :)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 16:31

Сладолед од праски

Потребно:

* 1 л вода
* 250 г испасирани праски
* сок од 2 лимона
* 1 белка
* 1/2 кг шеќер

Приготвување: во водата ставете ги шеќерот и испасираните праски, па варете ги додека не се стопи шеќерот. Додадете го лимоновиот сок, уште малку поварете ја смесата, па додадете ја белката. Изладената смеса ставете ја во замрзнувач, по 20 минути извадете ја, уште еднаш добро измиксирајте ја, па вратете ја во замрзнувачот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 16:08

Домашен овошен сладолед

Потребно:

* 1 белка
* 120 г сезонско овошје
* 120 г шеќер

Приготвување: шеќерот и исчистеното и измиено овошје ставете ги во блендер и миксирајте ги додека не добиете пире. Белката изматете ја во снег, па измешајте ја со испасираното овошје. Смесата ставете ја во пластичен сад и замрзнете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 23:39

Сладолед од мед

Потребно:

* 800 г слатка павлака
* 3 жолчки
* 140 г шеќер
* 50 г мед

Приготвување: слатката павлака и шеќерот сварете ги, па додадете го медот. Во смесата ставете ги жолчките и сето тоа добро изматете го. Смесата изладете ја, па ставете ја во замрзнувач. По 15-20 минути извадете ја, уште еднаш измиксирајте ја, па ставете ја во замрзнувач.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 12:46

Сладолед од лимон

Потребно:

* 1/2 л вода
* 200 г шеќер
* сок од 4 лимони
* лимонова кора

Приготвување: растопете го шеќерот во вода и сварете сируп. Изладете го, па ставете ги лимоновиот сок и кората од еден лимон. Сипете ја смесата во сад, па ставете го садот во фрижидер да отстои околу два часа. Потоа испасирајте ја смесата, распоредете ја во чаши за сладолед, кои треба да ги ставите во замрзнувач додека не го послужите сладоледот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 14:13

Мармалад од дињи и јаболка

Киселите јаболка исечете ги на четвртинки, отстранете им ги семките, па варете ги додека не омекнат. Потоа, испасирајте ги. Зрели и меки дињи исечете ги на парчиња, испасирајте ги и измешајте ги со јаболката. Варете ги без шеќер 20 минути, а потоа додадете 1,5 килограми шеќер на шест килограми овошна смеса. Врелиот мармалад се сипа во тегли, се оставаат на ладно место да се фати коричка на површината, па дури потоа се затвораат со целофан.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,279 секунди.