IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 343536
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 02:52
 
 
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар: 1000 комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола, по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре. 
Покрај комерцијални, ЈПССДП ќе гради и социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на ЈПССДП вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија... Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 02:40

Ќе ја отворам темава со една неубава вест:


Регулаторната комисија за енергетика до крајот на неделава ќе одлучи за колку проценти од 1 ноември ќе поскапе струјата за граѓаните и за малата индустрија. Новиот процент за кој ќе се коригираат сметките ќе биде микс од барањата на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и на ЕВН - Македонија, кои последователно во период од еден месец поставија барања за зголемување на цената на струјата. ЕЛЕМ побара корекција на производствената цена на електричната енергија за речиси 77 отсто, МЕПСО бара двојно зголемување поради повисоките трошоци при транспортот, а дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија бара струјата да поскапи за девет проценти.

Регулаторната комисија за енергетика, како што неофицијално дознаваме, ќе одобри зголемување на цената на струјата најмногу за 15 проценти. Дека е неизбежно струјата да поскапи беше заклучено и на неодамна одржаниот Меѓународен енергетски симпозиум во Охрид. Енергетските експетри тогаш предочија дека Македонија има најниска цена на електричната енергија во регионов. Експертите сметаат дека корекција мора да има ако сакаме да се подобри состојбата на енергетскиот пазар што со години е во криза поради немањето финансии за нови инвестиции.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 343536
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,232 секунди.