Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Декември.2014 во 01:05 |
Од
вас на човек може да му се исправи косата. Вие сте вториот најопасен
хороскопски знак според податоците на ФБИ. Зошто втор? Веројатно поради
вродената мрзеливост.
Аууууу мрзлива криминалка 
|
|
 |
Gabriela_S
Модератор
Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Декември.2014 во 01:03 |
Колат од осветољубивостКриминални склоности: Многу опасни, вршат кривични дела од осветољубивост. Хиперсексуални и суетни развратници кои се лакомат за слава.
Абе аман   
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
 |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Декември.2014 во 00:59 |
Каков злосторник сте според хороскопскиот знак?Ова е листа подготвена од експерти, која ни ги покажува престапните страни на секој знак. Податоците се поткрепени со историски примери и статистики од апсењата на хороскопски знаци.  ОВЕН Атентатори Криминални склоности: Најдобри се како атентатори и тепачи. Овни за пример: Адолф Хитлер, поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ (обвинет во Хаг за околу 200 илјади. загинати, но има други стотици илјади, кои сеуште го величаат како херој), Сара Џесика Паркер и Винсент ван Гог. Вие сте безмилосни фанатици. Егоцентрични, себични и без капка мисла за тие околу вас. Судејќи според најистакнатиот претставник на вашиот хороскопски знак (знаете за кого зборуваме), Овни изгледа дека сте излегле од пеколот. Место според број на апсења: Од 12 хороскопски знаци, Овните се на 4-то место. БИК Перење на пари Криминални склоности: Опасни и влијателни. Обично ги фаќаат за перење на пари. Бикови за пример: Владимир Илич Ленин , Ким Џонг-ил (меѓу 600 илјади. и 1 милион. умираат од глад за време на неговото владеење). Садам Хусеин (повеќе од 100 000 убиени К*рди при етничко чистење). Од вас на човек може да му се исправи косата. Вие сте вториот најопасен хороскопски знак според податоците на ФБИ. Зошто втор? Веројатно поради вродената мрзеливост. Место според апсењата: 2. БЛИЗНАЦИ Најмалку апсени во цел Зодијак Криминални склоности: измамници, фалсификатори, крадци – воопшто арамии од класа. Ништо чудно што повеќето ретко ги фаќаат. Всушност тие речиси никогаш не се зафаќаат со тешки злосторства – да се извалкаат со крв не им е по вкусот. Истакнати Близнаци: Маркиз де Сад, Че Гевара, Хју Лори, Ајман ал-Завахири, десната рака на Бин Ладен. За кој од нив има податоци за жртви? Вие сте Дракула на дрога. Монструозно сте паметни и тактични, затоа и ретко оставате траги. Место според апсењата: 12-то, последно. РАК Крволочни животни Криминални склоности: Ова е Хороскопски знак на криминално досие. По затворите лежат најмногу претставници на овој знак. Истакнати Ракови: екс-претседателот на САД, Џорџ Буш помладиот, кралот Хенри VIII (оној со 6-те жени), овцата Доли (првата клонирана – родена е на 5-ти јули) и Мајк Тајсон (кој ги гризе противниците за ушите). Преосетливи и нестабилни, тие се сторители на најжестоките злосторства. Обично вршат убиства од страст, не се задоволуваат само со еден труп и до жртвите остават некаков карактеристичен знак. Место според апсењата: 1-во! ЛАВ Колат од осветољубивост Криминални склоности: Многу опасни, вршат кривични дела од осветољубивост. Истакнати Лавови: Италијанскиот Хитлер – Бенито Мусолини (на неговата совест лежат 30 илјади. Етиопјани, убиени за време на италијанската окупација и околу 400 000 Италијанци, загинале во Втората светска војна), Слободан Милошевиќ (230 000 жртви), монахот Григориј Разпутин , легендарната шпионка Мата Хари и Наполеон Бонапарта. Хиперсексуални и суетни развратници кои се лакомат за слава. Место според апсењата: 10-то. ДЕВИЦА Хакерски напади Криминални склоности: Нивна специјалност се провална кражба и хакерските напади. Никогаш не одат на објектот невооружени. На скриено место во сефот често имаат складиран цел арсенал. Истакнати Девици: Лидерот на палестинската автономија Јасер Арафат, пејачот Бери Вајт, рускиот цар Иван Грозни (кој бил нетипична Девица), Ејми Вајнхаус, Брус Спрингстин и Роалд Дал. Сакате да си го пикајте носот во туѓите работи, нели? Оттука и страста кон пенетрација во странски имот- кражба. Хакерство – исто така. Место според апсењата: 6-тото. ВАГА Корупција и шверц Криминални склоности: Корупција, шверц и други “чисти злосторства”. Но понекогаш стануваат добри сериски убијци. Истакнати Ваги: Серискиот убиец Чикатило, ака Ростовски канибал (убил и силувал 53-ца, од кои повеќето деца), филозофот Ниче (главно влијание над Хитлер), Ли Харви Освалд (убиецот на Џ. Ф. Кенеди), албанскиот диктатор Енвер Хоџа (нема точни податоци за жртвите на режимот ). А исто така и Снуп Дог и Џон Ленон. Меѓу воздушните знаци Вагата има најмногу криминалните. Тие се вооружени и страшно опасни. Место според апсењата: 7-мо. СКОРПИЈА Садистички убијци Криминални склоности: садизам, злосторства на страста, но често стануваат и атентатори. Истакнати Скорпии: Марија Антоанета (онаа со пастите), Јозеф Гебелс (министер на пропагандата во нацистичка Германија, благодарение на него и Фирерот, во Втората светска војна загинуваат 46 милиони. луѓе само во Европа) и Мики Маус (неговиот роденден според “Волт Дизни “е 18-ти ноември). Во соседството исчезнуваат кучиња? Смирете се, сигурно во сенките демнат некои Скорпии. Тие лесно губат контрола. Во состојба се да ликвидираат човек само затоа ги налутил. Место според апсењата: 9-то. СТРЕЛЕЦ Арамии Криминални склоности: Измамници, крадци и арамија. Обично не ги повредуваат своите жртви. Криминалниот свет е полн со претставници на овој сончев знак, но ретко ги фаќаат. Истакнати Стрелци: Јосиф Висарионович Сталин (му припишуваат вина за 20 милиони., Од нив 14,5 милиони. Умреле од глад, повеќе од милион егзекутирани “непријатели на народот”, 9,5 милиони. испратени во камп), чилеански диктатор Аугусто Пиноче (3197 убиени по воениот преврат 1973 година), колумбискиот наркобарон Пабло Ескобар. Најголеми злосторници се од огнените знаци, но и најтешки за фаќање. Место според апсења: 3-то. ЈАРЕЦ Организиран криминал Криминални склоности: Крадат, убиваат, учествуваат во шверц на дрога. Но најмногу се вклучени во организиран криминал. Главно како шефови. Истакнати Јарци: Угандискиот диктатор Оди Амин, познат како Африканскиот месар (околу 300 илјади. жртви), Мао Це Тунг, Мистер Бин – актерот Роуан Еткинсон, Дејвид Боуви и Елвис Присли (и двајцата се родени на 8 јануари). Поголеми садисти се дури и од Скорпиите, Целиот живот им е една теорија на заговор. Место според апсењата: 5-тото место. ВОДОЛИЈА “Ало” -измамници Криминални склоности: Повеќето бандити од овој знак се хакери, арамии, “Ало” -измамници и манипулатори. Водолија за пример: Серискиот убиец Неделко Димитров-Девојката (20 жртви), Николае Чаушеску (5 илјади. Убиени само при соборувањето на неговиот режим, веројатно стотици илјади изумреле од глад), Ким Џонг-ил. Честитки! Вие сте член на горда армија од тврдоглави и инатливи суштества. Злопамтила сте и злобни сте. Тешко на обвинителот, кој би ве испратил зад решетки! Место според апсењата: 11-то. РИБИ Дрога и убиства Криминални склоности: наркодилери, убијци, секакви кривични дела поврзани со употребата на забранети супстанции. Риби за пример: Осама бин Ладен, Џастин Бибер (стотици милиони жртви), ген. Ратко Младиќ (8100 муслимани убиени само кај етничката чистка во Сребреница). Обично Рибите се мрзливи наркомани, без врска со реалниот свет. Понекогаш се вовлекуваат во религиозниот екстремизам. Има и по некој ситен сериски убиец. Место според апсењата: 8-о
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Декември.2014 во 08:52 |
КОИ ЗОДИЈАЧКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈСЕНТИМЕНТАЛНИ, ШТО МОЖЕ ДА ГИ ТРОГНЕ И ДА ИМ ГО СКРШИ СРЦЕТО? Според поделбата на елементи, за најемотивни се сметаат припадниците на водената група, односно Ракот, Рибата и Шкорпијата. Како дефинитивно најголем сентименталист во целиот Зодијак може да се издвои Ракот, преку чија симболика е претставена мајката, татковината, родното место. За да сфатите до колкав степен оди неговата сентименталност, ќе се обидеме да објасниме илустративно. Ракот за разлика од другите знаци има речиси постојана потреба од убави спомени од минатото. Може да се каже дека живее од нив и за нив! Веднаш зад него се Рибите, кои имаат тенденција да го доживуваат светот и луѓето поубави отколку што навистина се. Како знак на жртвувањето и несебичноста (христијанството како религија настанува токму во ерата на Рибите), Рибата има тенденција да заборави на лошите нешта од минатото и селективно да се сеќава само на убавите моменти, особено на оние кога помогнала некому или некој пак нејзе и подал рака во тешка животна ситуација. Шкорпијата на прв поглед можеби делува студено и неемотивно, но би се изненадиле да знаете колку овој знак може да биде сентиментален за убавите случувања. Умее дури и да заплаче! Но, ги памети и сите неправди, критики или малициозност, не заборава и не простува, и кога-тогаш ќе ви врати двојно (во зависност од тоа во каков спомен сте и останале). Преминуваме на земјените знаци кои се по природа меланхолични. Емоциите и чувствата им се постојани и длабоки, но ретко ги искажуваат. Така е и со сентименталноста. Дури и кога се сентиментални, ретко кој од нивната околина ќе умее да го забележи тоа. Бикот е по природа посесивен и со сите сили се бори да го стекне и задржи тоа што му е драго. Во смисла на сентименталноста, тука спаѓаат семејните спомени. Традиционалист е, го сака семејството повеќе од се, а во таа сентименталност може дури и се занесат, преувеличувајќи ги деталите во приказните за своите познати и славни претци! Никој не може да дознае што се случува во душата на Девицата. Таа може да делува мирно, прибрано и трезвено, а одвнатре во неа да се одвива вистинска емоционална драма. Во суштина не е сентиментална, но кога тоа ќе се случи, во ретки моменти, умее да жали по нешто што веќе се случило, или некоја пропуштена прилика од нејзина страна (без оглед дали се работи за љубов или кариера). Со строгиот Јарец владее Сатурн, планетата на дисциплината и одговорноста. Ни тие не се претерано сентиментални, а дури и кога се, најпрвин ќе се присетат на лошите мигови и животни случувања. Детството ретко кога им останува во добри спомени, па затоа не сакаат ни да ги евоцираат истите. Како што стареат, умеат да се опуштат малку и да се присетат на убавите нешта, но во принцип не сакаат да се навратуваат на минатото. Следат огнените знаци, кои емоциите ги доживуваат силно, бурно и долготрајно. Нивните спомени се исто такви. И покрај тоа што на прв поглед делуваат постојано среќни и шират позитивна енегрија, умеат да бидат сентиментални, во позитивна или негативна смисла, зависи за што се работи. Воинствениот и импулсивен Овен ретко за што умее да се разнежни. Но, неговата слаба точка е минатото, поточно семејните албуми, дружења и случувања. Бидејќи повеќе од се сакаат дружба и весела атмосфера, недостатокот од истата тешко им паѓа и умеат да се трогнат при помислата колку убаво им било во друштво на саканите личности. Стрелецот не е наклонет кон патетична сентименталност, туку се сеќава на минатите настани со примеси на среќа. Не се држи слепо за минатото, но и кога го прави тоа, има цел да одржи контакт со битните луѓе во животот. За тоа најдобро му служат мејлови и телефонски повици, преку кои умее да ги оживее убавите спомени со поширокото семејство и пријателите. Лавот умее да биде мошне сентиментален, со тоа што исто како и повеќето огнени знаци, ќе се сеќава само на убавите моменти, а лошите селективно ќе ги заборави. Гледајте да бидете на неговата листа на прифатливи спомени, бидејќи во спротивно, ќе ве избрише и од сегашноста и од иднината. Воздушните знаци живеат во светот на интелектот, разумот и информациите, каде што емоциите ретко кога продираат. Но, ништо не е така како што се чини на прв поглед, па така, Близнаците, Вагата и Водолијата умеат да ве изненадат со степенот на емоции и сентименталност. Чувствата им се силни, но не траат долго како кај огнената група, туку симултано на сцена стапува интелектот и разумот. Водолијата умее да делува хаотично, на моменти дури и загубена во некој свој свет. Се ориентира повеќе кон разумот, отколку кон чувствата, но можете да бидете сигурни дека е исклучително верна и приврзана кон семејството и луѓето кои ги доживува за блиски. Според тоа, може да се пофали со одлична меморија кога се работи за сентименталноста и спомените, без оглед на тоа даи се во прашање позитивни или негативни случувања. Вагата е роден дипломат, кој умее да најде излез од секој конфликт на шармантен и општоприфатлив начин. Со неа владее Венера, па затоа и кога е сентиментална, избира да се сеќава само на среќните спомени, а лошите да ги потисне. Сепак, потиснатото не значи и заборавено. Ако не сте и во добар спомен, бидете благодарни што само ќе ве одмине. Нема да помисли да се одмаздува, за разлика од Шкорпијата, бидејќи одмаздата е под нејзино ниво. Близнаците се најголеми дрдорковци кои сите можни информации ги вртат околу малиот прст. И додека ви кажуваат најразновидни новости, не можете а да не се запрашате каде им се емоциите, и дали воопшто нешто умее емоционално да ги погоди? Исто како и Овенот, и Близнаците во моменти на сентименталност умеат да се затворат дома, да прелистуваат албуми или да дискутираат за спомените. Да, тоа е оној другиот Близнак, кој само најблиските луѓе имаат прилика да го видат и запознаат на вистински начин.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Ноември.2014 во 11:38 |
ХОРОСКОП: ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ ОД ПЕКОЛОТ Овен и Рак Имаат различни приоритети и тоа ќе доведе до фрустрирачка врска. Рак и Водолија На Водолијата брзо ќе и здосади оваа многу емотивна врска и ќе дојде до неверство. Лав и Бик Лавовите сакаат богатство и слава, а Биковите сигирност и стабилност. Скорпија и Овен Постојано ќе имаат кавги поради независната природа. Овенот сака да флертува а Скопријата е љубоморна. Близнаци и Рак Заборавете на оваа врска! Исходот нема да биде добар. Ракот е многу емотивен а Близнакот бесчусвтвителен. Девица и Лав Лавовите сакаат да трошат пари а Девицата да штеди. Вага и Јарец Јарецот сака се да биде по негово и често ја искористува Вагата. Овој пар е многу различен. Бик и Водолија Осудени на неуспех уште на самиот почеток. Бикот сака стабилност а Водолијата секаде да биде. Риби и Лав Рибите се фантазери и се спротивни од Лавот. Стрелец и Јарец Стрелецот сака да се смее и да се забавува. Додека Јарците се приземјени и понекогаш меланхонични. Водолија и Шкорпија Авантуристички настроени Водолиии и секогаш во потрага по возбудување и нешто ново во животот, додека Шкорпијата сака посветеност и сигурност. Риби и Близнаци На Близнаците им е потребна целосна слобода. Немојте да ги спречувате. На Рибите им треба стабилност а Близнаците тоа не можат да им го пружат. Девица и Близнаци Девиците имаат поинаков поглед на свет од Близнаците.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Ноември.2014 во 21:52 |
ЗА БЛИЗНАКОТ ЉУБОВТА Е САМО ИГРА, РАКОТ ЌЕ ЖРТВУВА СЕ ЗА ЉУБОВТА, ЛАВОТ СО ДОСТОИНСТВО ЌЕ ТИ КАЖЕ “ЗБОГУМ“... Секој хороскопски знак на свој начин ја доживува љубовта, секој од нив ја изразува само на себе својствен начин. Емоциите кај едните се подлабоки, кај другите површни. Едните ќе ви дадат втора шанса, другите без компромис ќе ви кажат Збогум и ќе ви го скршат срцето… Овен Овните се немирни и љубопитни, имаат постојана потреба за освојување и игри. Брзо го губат интересот за оние кои до крај им се отворат, па затоа често го подаруваат своето внимание на таинствените,понекогаш и неискрени личности. По мила им е слободата отколку компромисот, посебно во младоста, не се флексибилни и за раскинување на врската одлучуваат наеднаш, често без зборови. Доколку сакате да го задржите, заборавете на надмудрувањето и контролирањето на неговите постапки или пак на монотоното, речиси досадно однесување. Бик Бикот е стабилен и цврст, обожава сигурност, блискост и доверба. Доста се издржливи, но доколку ја преминете одредената граница, реагира како вулкан, што ни сам не го очекува. Бикот сака сериозна и јасно дефинирана врска. Верни се и очекуваат верност од партнерот. Овој знак се задоволува со едноставни работи во врската. Многу тешко се отвара пред други луѓе, но ако еднаш го натерате да прозбори, тогаш на муабетот му нема крај. Не ја сакаат несигурноста, неизвесноста, па дури и најмал сомнеж дека можат да бидат оставени. Заминуваат тивко, со жалење,после долго размислување. Кога еднаш одлучат, не постои начин, а ни личност поради кои ќе се предомислат. Близнаци Близнаците се ведри и насмеани. За нив љубовта е предизвик, игра, ама ретко трајна, бидејќи слободата им е помила од се. Раскинуваат поради досада, љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потребата за слобода или ако се заинтересираат за некој друг. Ама секогаш убедливо, толку многу да и самите поверуваат во тоа. Шармот ги спасува од бесот на оставениот партнер, кој најчесто се сеќава со одредени симпатии на него. Ако одлучат да останат во врска, партнерот е вистински среќник, па може да им прави што ќе посака. Рак Раковите се емотивни и чувствителни, спремни се на најголема жртва како би ја задржале саканата личност покрај нив, дури и кога е лоша и исцрпувачка. Раскинуваат со солзи и спремни на компромис. Единствено може да ги натера засекогаш да си заминат е лошиот однос на партнерот кон неговото семејство или одбивањето на заеднички живот. Кога дојде до крајот, и покрај болката и лутењето, во сеќавање им остануваат само добри спомени. Ретко се случува да зборуваат за својата врска, а ако нешто кажат, тоа ќе биде само најдоброто. Лав Лавовите се достоинствени и горделиви и не дозволуваат никој да им се спротистави. Раскинуваат кога им е повредено егото, не дозволуваат никој да ги остави бидејќи за нив тоа значи понижување и отфрленост. Први се во се, па така и во проценувањето и конечниот потег кога треба да остават некој. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието, тие се центарот на Универзумот и не дозволуваат конечното “збогум” да помине незабележливо. Кај нив се е драматично, па така и самото раскинување, кое ги наведува на непочитување на правилата и неодобрување на постапки. Девица Најчесто Девиците се тие кои се оставени. Но кога се одлучат на тој пресуден чекор, тоа е поради чувството на инфериорност. Ако не се случи некоја траума, преферираат мирно и разумно раскинување отколку правење сцени пред другите. Помеѓу љубовта и обврските секогаш ги избираат обврските, бидејќи материјалната состојба им е важна. Во љубовта се искрени, па настојуваат да бидат такви и при раскинувањето. Ќе се повлечат без многу зборување, на што ги наведува неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијални проблеми. Вага Вагите се хармонични, убави и друштвени, тие не прифаќаат услови, ограничувања, нетолерантност, па често освен губењето на емоции и блискост, да стават крај ги наведува и несогласувањето со вашите постапки. Пред да ви каже збогум, ќе ви даде уште една шанса и ќе проба да ги среди односите, најчесто партнерот да свати дека врската нема перспектива, па Вагите да се ослободат од непријатната одговорност за објаснување. Раскинуваат културно и тактично, како што и доликува на нивниот знак,со ризик дека тоа другиот нема да го доживее како искреност туку како извлекување. Шкорпија Шкорипиите се таинствени, мистични и деструктивни, не оставаат, тие просто уништуваат се пред себе. Дури и кога тоа не е потребно. Нивната сила често е нивниот најголем непријател. Стравовите, сомнежите, посесивноста и љубомората неизбежно ги доведува до точка кога љубовта престанува. Очекуваат бескрајна посветеност и верност, па доколку ги изневерите спремни се да се осветат. Доколку причината за крај е недостатокот на сексуалност,привлечност или премалку предизвици, тие едноставно исчезнуваат, бидејќи не доликува на нивниот карактер пристојно и трезвено да се разјасни целата ситуација и да се разделат во мир. Стрелец Стрелците се жешки, променливи и желни за авантура и предизвици. Многу тешко се врзуваат само за една личност на подолго врее, посебно во младоста. Себеси се сметаат за космополит и прават се за да бидат над се што припаѓа на секојдневието. Ако партнерот повеќе не го стимулира на нови предизвици,многу лесно продолжуваат понатаму. Реагираат доста импулсивно и заминуваат без многу објаснувања. Кога ќе се смират работите, се враќаа на “местото на злосторството”, спремни да разговараат разумно и сталожено. Јарец Овој знак тешко донесува одлуки како за крај, така и за почеток на врската. Кога еднаш се најдат во озбилна љубовна врска, со цела своја сила,трпение и чувства вложуваат во неа. Но спремни се и да се откажат кога почувствуваат потреба да бидат сами или пак кога мора да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која им е најважна. Бидејќи по темперамент не се склони кон отворање на срцето и признавање на најдлабоките чувства, повеќе заминуваат тивко и без објаснувања. Тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека своите намери ги покажуваат индиректно преку одсутноста и нервозата. Водолија Модерна,бунтовна и револуционерна, Водолијата го живее секој миг различно од другите околу себе. За крај е доволно да се разбудат едно утро и да заклучат дека врската во која се наоѓаат повеќе нема смисла. Но на тоа се одлучуваат кога ќе осетат притисок и обврски на кои не се спремни. Раскинуваат директно или прифаќаат работни понуди поради кои ќе мораат да се иселат. Дури и кога ќе паднат тешки зборови, ќе пробаат разумно да ги објаснат своите причини со намера да останат во пријателски контакт. Идеален крај за нив е разговор во кој ништо нема да остане нерешено. Риби Вечните сонувачи, идеалисти и емотивци. Живеат за други, да сакаат и да патат. Се впуштаат во се со срцето, па воопшто не изненадува што раскинувањето го доживуваат многу емотивно, дури и трагично и тогаш кога не би требало. За нив раскинувањето е лични пораз, драма во која ја губат сигурноста која толку многу ја сакаат и со цело срце ја градат. Фантазиите и соновите ги доведуваат до разочарување и до горката вистина дека нивниот партнер не е идеален. За раскинување ги наведува нетолеранцијата спрема нивната склоност кон фантазирањето и барањата да се спуштат на земја, како и ставање на чувствата во втор план, кои за нив се најважни на светот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Ноември.2014 во 09:07 |
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПЛАЧКОВЦИ ПОМЕЃУ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе. Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци? 1.Рак – важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза. 2. Лав – иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите. 3. Близнаци – тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл. 4. Водолија – премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Ноември.2014 во 09:03 |
Лавот секогаш знае како да ве насмее, Девицата е некој на кој секогаш може да сметате, Стрелецот ќе влее оптимизам во животот, а Јарецот ве поттикнува да бидете секогаш подобри... 
Зошто го сакаме секој хороскопски знак? Што го прави посебен и единствен? Овен 1. Го прави животот возбудлив. 2. Секој момент е важен во нивниот живот, а тој став го пренесуваат и на другите. 3. Ако ви треба храбар партнер за луди авантури - тука е за вас. 4. Со Овенот можете да се искарате, но за 5 минути кавгата се заборава. 5. Скокаат од среќа кога ќе направите нешто добро за нив. 6. Ако имате некој проблем или сте лути, Овенот ќе има големо разбирање за вас. 7. Брзо и жестоко се вљубуваат, па нивните љубовни партнери имаат незаборавно искуство.
Бик
1. Огромна маза. 2. Предани се и доверливи, па затоа се одлични пријатели. 3. Бикот не може да се преправа, може само да биде искрен. 4. Ако се чувствувате виновни затоа што изедовте цело чоколадо, Бикот ќе ве увери дека тоа е заслужено и ќе ви донесе чаша млеко за да наздравите. 5. Во домот на Бикот секогаш сте добредојдени. 6. Помагаат во реализацијата на туѓите идеи. 7. Затоа што сакаат да уживаат само во најдоброто, така и нивните пријатели ги имаат истите привилегии.
Близнаци
1. Ако сакате партнер за анализирање и објаснување - Близнаците се идеален избор. 2. Обожаваат нови ситуации и можности и максимално ги користат новоотворените хоризонти. 3. Секојдневно се менуваат, па затоа лесно трпат критики. 4. Паметни се и начитани, па затоа добри се во сите друштвени игри и загатки. 5. Заради нивната отвореност лесно склучуваат нови пријателства. 6. На сите околу нив влијаат позитивно и ги поттикнуваат да бидат поактивни. 7. Ако некогаш ви недостасува друштво за излегување - прво треба да се јавите кај Близнаците.
Рак
1. Од нив извира нежност и интересирање за другите луѓе. 2. Секогаш се трудат да создадат пријатна атмосфера за луѓето кои им значат. 3. Имаат неверојатен инстинкт да проценат што не е во ред со вас - дали сте тажни, лути, нервозни... 4. Раковите се едни од ретките кои искрено го поставуваат прашањето „Како си?“ и навистина сакаат да го слушнат одговорот. 5. Неговата смисла за хумор е посебна. 6. Ракот има способност да ги натера сите да се чувствуваат сигурно во негова близина. 7. Искрено покажуваат чувства и гласно кажуваат кога ве сакаат.
Лав
1. Зависник од адреналин и забава. 2. Ентузијазмот на Лавовите е заразен. 3. Романтичар кој ги цени сите ситници и изјави на љубов. 4. Секогаш е заштитнички настроен кон луѓето кои му значат. 5. Шармот му помага да се извлече од сите непријатни ситуации. 6. Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество на планетава. 7. Лавовите се секогаш чудно, симпатично мистериозни.
Девица
1. Припадниците на овој знак имаат силни емоции, но и развиено чувство за разумно реагирање. 2. Во моментите кога имате потреба од потпора - Девиците се тука уште пред да им се јавите. 3. Сакаат кога го расчистуваат туѓиот неред и тоа им е забавно. 4. Девиците никогаш нема да ги чекате - тие секогаш се појавуваат барем 5 минути порано. 5. Кога сте хаотични и под стрес, јавете и се на некоја Девица. Нејзината организираност има смирувачко дејство. 6. Девицата сака да биде известена за сè што се случува. 7. Девиците секогаш имаат план - што ги прави посебно забавни. 
Вага 1. Шират добри вибрации, па така дури во најнепријатната ситуација внесуваат спокој. 2. Вагите се најсреќни кога другите се среќни. 3. Речиси е невозможно да не се заљубите во вагите. Тие поседуваат детски, неодолив шарм. 4. Вагата има посебен талент за решавање на сите конфликти. 5. Ја ценат убавината и сакаат да ја внесуваат во туѓите животи. 6. Вагата редовно ги потсетува другите на нивните добри особини. 7. Професионалци се за опуштање и уживање, затоа вреди да имате барем еден пријател во овој знак.
Скорпија
1. Ако еднаш се зближите - тука се за цел живот. Скорпиите се најпосветените луѓе кои ќе ги запознаете. 2. Најдобри се за доверување на проблемите кои никој не ги разбира. 3. Со нив смислувањето на шеги и предизвици е секогаш забавно. 4. Скорпиите забележуваат секакви детали - од фризура, до облека и сакаат кога делат комплименти. 5. Ја ценат и паметат секоја убава работа која сте ја направиле за нив. 6. Со нив можете да разговарате за секс без да се чувствувате непријатно. 7. Имаат толку силна енергија што мислат дека можат да го променат светот.
Стрелец
1. Животот со нив е авантура без крај. 2. Дарежливи се и секогаш даваат без да очекуваат нешто за возврат. 3. Одлични се за друштво на секоја забава - весели се, друштвени и симпатични. 4. Секогаш имаат цврст став и не се плашат да се борат за своите уверувања. 5. Одлични се како рамо за плачење. 6. Со нив секогаш ќе знаете на што сте и што тие мислат за вас. 7. Обожаваат кога ги споделуваат своите знаења и искуства со другите.
Јарец
1. Предодредени се за успех во животот. 2. Едни од најдобрите домаќини во Зодијакот. 3. Силни се и имаат силна самодоверба, па така влијаат на сите околу нив. 4. Ако сте им вистински пријатели, нема нешто што не би направиле за вас. 5. Нивната љубов обично е материјално поврзана, од подготовка на вечера, до бројни подароци. 6. Амбициозни се и насочени кон своите цели. 7. Секогаш се тука да ве спуштат на земја и да ви кажат како реално стојат работите.
Водолија
1. Нивната оригиналност и фантазија е на далеку прочуена. 2. Објективни се и затоа се секогаш добар извор за совети. 3. Благодарение на личните способности, знаат да пронајдат заеднички јазик со сите. 4. Одлично е да имате пријател Водолија, затоа што тие ја создаваат најдобрата забава. 5. Тие не ги следат другите, туку ги мотивираат да го следат својот пат. 6. Големи борци за правда. 7. Ако се грижат за вас - ќе направат сè за да бидете среќни.
Риби
1. Секогаш се достоинствени, но и енергични. 2. Лесно прават планови, но и се приспособуваат на туѓите. 3. Имаат одлична интуиција и делат фантастични совети. 4. Не се површни и не ги гледаат луѓето низ призма на парите или статусот. 5. Имаат разбирања за сите околу себе и сакаат кога луѓето им се доверуваат. 6. Нивната смирувачка енергија често пати е заразна. 7. Нивната спонтаност е легендарна и со неа ги инспирираат сите околу себе.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:12 |
СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО БОЛНО РАСКИНУВАЊЕ?Знаците во хороскопот се поделени во четири категории кои носат посебни заеднички карактеристики. Погледнете на која категорија што и` треба после разделбата. Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец Покажувањето на вашиот бес и тага, како и непрекината физичка и ментална активност се клуч за успех кон патот за залечување на вашето скршено срце. Доколку сте лути поради начинот на кој завршила вашата врска, задолжително разговарајте со вашите пријатели или со некој експерт за тоа. Чувањето на насобран бес во себе, може да ви создаде само дополнителни проблеми во вашите идни врски. Вежбањето исто така е клучно за целиот овој процес, затоа бидете активни што е можно повеќе. Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец Луѓето родени во овие знаци се склони да си ги задржуваат емоциите во себе, па затоа многу е важно да ги насочите во правење на нешто креативно. Земјените знаци се многу практични луѓе, затоа направете рестарт на својот живот и смислете нови планови и идеи кои ќе ја оживеат вашата кариера и финансиска ситуација. На овој начин ќе ја осигурате финансиската стабилност во овие тешки времиња, а истовремено ќе се потсетите себеси дека постојат и други работи кои го заслужуваат вашето време и енергија, покрај љубовните врски. Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија Комуникацијата со другите луѓе е најважната работа која можете да ја практикувате за заздравување после тешко раскинување на врска. Ова е одлична прилика да сфатите кои луѓе во животот ви се важни, бидејќи тие во овие тешки ситуации ќе ви бидат од неизмерна помош. Многу е важно да го чуете мислењето на луѓето на кои сте им важни, во врска со вашето раскинување на врската, бидејќи токму тоа „второ мислење“ ќе ви помогне да ги ставите работите во перспектива. Конечно, обновувањето на другарствата на кои не сте им обрнувале доволно внимание за време на врската, се работа на која треба да ѝ се посветите. Водени знаци: Рак, Шкорпија и Риби Водените знаци се познати по својата чувствителност, затоа многу е важно да не штедите на солзи и да ја исплачете сета тага од себе. Направете пауза и земете си колку што ви е потребно време за да продолжите кога ќе бидете сигурни дека сте ја прежалиле пропаднатата врска. Покрај тоа, секогаш можете да си допуштите нешто за „своја душа и тело“, како на пример викенд во спа-центар или доколку сте куси со пари, бања со миризлива купка во вашиот дом. За разлика од воздушните знаци, на водените знаци им треба што поограничен контакт со луѓе и дружење само со оние најблиските. Не дозволувајте никој да ве става под притисок што побрзо да се вратите во „нормала“, пред вие да бидете спремни за тоа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:10 |
ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ КОИ НАЈЧЕСТО ЗАВРШУВААТ СО БРАК Германецот Гинтер Сакс, кој е математичар, спортист, филозоф, економист, претприемач, фотограф и режисер, решил да ги обработи и систематизира информациите за Хороскопските знаци на базата на емпириски податоци. Целта на Германецот била да докаже дека во астрологијата постојат природни законитости, кои не се мит и не се базираат единствено на совпаѓања. Обработените податоци биле собрани од бироата за попис на населението во Швајцарија, бидејќи оваа европска земја собира детални информации за луѓето. Секоја картичка го покажувала датумот и точното време на раѓање на човекот. Оваа информација била систематизирана според Хороскопските знаци. На крајот студијата утврдила дека од астролошката литература заинтересирани се првенствено претставниците на знаците Шкорпија, Рак, Стрелец, Водолија и Риби. Во спротивниот крај од скалата се наоѓале знаците Овен, Бик, Близнаци, Лав и Девица кои ретко посегнуваат по книги со астролошка тематика. Собраните податоци покажале дека постојат Хороскопски комбинации, кои се со силна атракција едни за други. Така на пример е утврдено дека Хороскопските знаци Јарец, Водолија, Овен, Девица и Стрелец често склучуваат брак со неговиот Хороскопски знак. Голем процент од браковите биле склучени меѓу мажи Бикови и жени Вага, Шкорпија мажи и жени Риби, мажи Риби и жени Шкорпија, Стрелец мажи и жени Овен. Знаците кои најретко стигнуваат до олтарот, се мажите Водолија и жените Бик, мажите Водолија и жените Шкорпија, мажите Лав и жените Водолија. Силна некомпатибилност покажале и знаците Овен и Рак, Вага и Јарец, Вага и Бик, Вага и Лав, Шкорпија и Водолија, Шкорпија и Близнаци, Шкорпија и Девица, Стрелец и Риби. Истражувањето покажало и дека претставниците на знаците Стрелец и Шкорпија пројавуваат најслаба желба за брак кај мажите, а кај жените Стрелците и Близнаците најчесто бегаат од женидба. Најмногу силна желба за задомување пројавуваат Раковите и Лавовите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Ноември.2014 во 11:11 |
ПОМЕЃУ КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПОСТОИ МАГИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ ОД ПРВ ПОГЛЕД? Кај спротивните астролошки знаци, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните целосно спротивставени карактери. Како што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има целосно различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот. 
Кога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар. Оваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате. Во моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет. Кога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите. Помеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија. Девицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање. Клучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на К*рс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на К*рсот по странски јазик.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:30 |
КАКОВ Е ВАШИОТ ТЕМПЕРАМЕНТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК? Сите знаеме дека хороскопските знаци се делат на 4 групи – огнени, водени, воздушни и земни. Според експертите секој еден карактер одговара на соодветниот природен елемент. Каков е вашиот темперамент во зависност од хороскопскиот знак, дознајте сега: Оган – Овен, Лав и Стрелец Огнените луѓе се спонтани, енергични и секогаш полни со елан. Тие не сакаат да се задржуваат долго на едно место и не треба да го прават тоа. Родени се да спознаваат нови хоризонти и да победуваат. Она што најмногу ги иритира е досадата, монотонијата и застојот. Во љубовта не поднесуваат златна средина. Огнените луѓе горат до крај, макар и понекогаш да испепелуваат се пред себе по патот. Поседуваат висок дух, самодоверба, ентузијазам, како и огромен стремеж кон слобода. Никогаш не правете ја грешката да ги спречувате или да ги принудувате да прават нешто што не сакаат – ќе пострадате! Земја – Бик, Девица, Јарец Стабилно стоејќи на земјата, овие луѓе прават шеми и планови додека останатите само сонуваат. И ако останатите се впуштиле во очај и се чувствуваат безпомошни проголтани од финансиската криза, земните знаци никогаш не паѓаат на грб и секогаш наоѓаат излез од ситуацијата. Таквите луѓе ретко мечтаат, тие сакаат реални резултати и поседуваат доволно трпение и сили за да ги постигнат. Се одликуваат со вродено разбирање за светот и тешко се плашат од било што. Не паѓаат духовно и се борат со сите сили до крај, за да го добијат своето. Воздух – Близнаци, Вага, Водолија Тие се секогаш над ситуацијата. Не сакаат да се мешаат во животот на другите, но не дозволуваат ни другите да се мешаат во нивниот. Не даваат совети и не сакаат совети. Силно се уверени во тоа дека на овој свет никој на никого не е должен. Не се ситничави, туку напротив. Воздушните знаци се опишани како отворени луѓе со широки погледи кон светот што ги заобиколува. Ете зошто тешко би ги трогнале со солзи и лични драми. Ќе ви помогнат сигурно, но тешко дека ќе ви сочувствуваат. Вода – Рак, Шкорпија, Риби Овие луѓе се целосно предадени на сетилата. Имаат неверојатно шесто чуло и понекогаш знаат да плашат со дарбата за предвидување. Не чудете се како го прават тоа, тие едноставно умеат. За себе ретко зборуваат и малку откриваат. Можеби мислите дека добро ги познавате, во моментите кога се емоционално нестабилни, но тоа е заблуда. Но ако сакате да знаете што е вистинска љубов, насочете се кон воден знак но понесете и спасителен појас зошто постои ризик да се удавите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:28 |
КОЈ Е НАЈДОМИНАНТНИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК? Жена Лав Лавиците можете да ги пронајдете на популарни места.Тие се оние кои уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во кругот на пријателите, замислувајќи го амбиентот на ресторанот како театарска сцена на која нивната улога е најважна. Да, тоа се жените Лавови, за нив животот е сериозна игра. Тие се родени лидери и господари на останатите луѓе, но тоа го прават на навистина посебен начин, така што никогаш нема незадоволни во нивната околина. Природата богато ги надарила, па во нив има толку многу енергија, памет, убавина и сексапил, што е доволно и за неколку луѓе. Ако имате комплекс на помала вредност, избегнувајте ги овие жени во поширокиот хоризонт. Овие жени може да ве дотолчат со својата нарцисоидност. Лавицата не може да живее без публика и потребно ѝ е воодушевувањето од другите. Не бидете љубоморни на нејзината склоност да биде во центарот на вниманието во просторија полна со занесни фраери. Секогаш ќе се вртат глави по неа, каде и да се појави. Често ќе кокетира, но тоа е начинот на кој го прикрива чудниот страв дека не е толку посакувана. Внимавајте! Премногу се горди и достоинствени за да губат време на бесмислици, затоа сфатете ги нивните потреби за време и однесување во согласност со нив. Маж Лав Со задоволство оди на различни прослави каде најчесто е во центарот на вниманието, но тој не е тип кој глуми кловн во друштвото. Тоа е само негова маска, за да привлече публика. Без оглед на изгледот, нема никакви несоодветни или глупави движења во неговото однесување. Тој точно знае што сака, а тоа обично и го добива. Лавот сака да се занимава со некој спорт, а како што станува повозрасен и навлегува во зрелите години, така се намалува и неговиот порив за спортски активности. Меката фотелја станува негов омилен спорт. Чудно, но вистинито, лавовите ретко имаат големи семејства. Се заљубуваат во убави жени со одличен вкус и стил за облекување. Тие се особено трпеливи и толерантни, но под нивниот кралски углед е скриено е големото его и арогантното однесување кое секогаш може да излезе на површина. Секогаш се спремни за напад ако некој им противречи. Најмногу од сè, Лавот мрази жени со слаба интелигенција и образование. Сентиментално се чувствителни на сите комплименти кои се упатени на нивниот изглед или интелигенција и тоа толку многу, што дури се подготвени за нив да направат нешто и на своја штета.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Ноември.2014 во 08:51 |
Довербата е предност и маана во исто време. Таа постои во пријателството, емотивните врски, семејството, во работата... За жал, тешко е да ја добиете, но многу лесно е да ја изгубите. 
Со оглед на тоа, знаците во хороскопот се делат на оние кои лесно ја подаруваат својата доверба и оние кои се тврди како орев. Во која група спаѓате вие? Овен За Овните, довербата е неопходна потреба во животот. Без разлика дали се работи за доверба помеѓу партнерите или пријателите, тие веруваат. Овните секогаш се трудат да ја одржат на високо ниво и да не ја изгубат заради некоја безначајна ситница. Бик
Биковите потполно се согласуваат дека довербата е неопходна и во секој критичен момент потребна им е барем една личност на која може да и веруваат. Довербата на Бикот се стекнува малку потешко, но сепак е возможна. Близнаци
Близнаците попрво се здобиваат со доверба, пред да ја дадат својата. Познати се како личности кои со своите вербални способности знаат да ја изнудат истата. За жал, знаат често да ги изиграат луѓето кои им се довериле. Рак
Раковите важат за најдоверливи луѓе. Во семејството, во пријателството или во љубовта, никогаш нема да ја коцкаат довербата која им е дадена. Верни се и сакаат цврсто да се држат до луѓето на кои им веруваат. Лав
За Лавовите довербата е работа која многу тешко се дава, но лесно се стекнува. Само големите среќници ја имаат можноста да изградат доверба кај Лавовите. Сепак, кога ќе допрат до скриеното срце на Лавот, подобро е да останат таму. Девица
Девиците не само што се скептични, туку и тешко ја поднесуваат довербата. Кога Девиците решаваат да ја подарат својата доверба, значи дека личноста била ставена на безброј тестови, процени и анализи кои несвесно успешно ги поминала. 
Вага Вагите сакаат кога постои доверба во врската. Тие постојано ја истакнуваат важноста на довербата, иако многу веројатно е дека Вагите први ќе скршнат од овој пат. Сепак, тоа го прават тајно и тешко дека некогаш ќе откриете дали ја изневерила вашата доверба. Скорпија
Скорпиите се вистински тврди ореви кога се работи за довербата. Ќе мора да се потрудите со натприродни моќи за да ја добиете нивната доверба и уште повеќе за да не ја загубите. Затоа, подобро е да не ги изигрувате Скорпиите. Стрелец
Стрелците се оптимисти кои се свесни дека не се луѓе за доверба, па често не сакаат да ја подаруваат ниту својата. Многу почесто тие добиваат доверба, но ја сметаат за обврска и одговорност, па се трудат вешто да ја избегнуваат. Јарец
Јарецот тешко ја споделува довербата, без разлика за кого се работи. За нивната наклонетост ќе треба да се потрудите многу повеќе, а кога ќе ја добиете, обидете се да ја сочувате. Јарците не се добро друштво за луѓе кои лесно се откажуваат, па затоа само најупорните може да очекуваат доверба од нив. Водолија
Водолиите веруваат во пријателите и тие им се најсветлата точка во животот. Ако Водолијата ја изгуби довербата во пријателите, се чувствува како да изгубила дел од себе. Исто така посебно ја ценат довербата која ја добиваат. Риби
Рибите за жал се најлесно доверливи, па најчесто се и разочарани. Сакаат да веруваат во добрината на луѓето, па не си даваат време за реална проценка. Затоа Риби, нареден пат внимавајте на кого се потпирате!
Колку лесно ја подарувате довербата?
Изменето од Valerija - 19.Ноември.2014 во 08:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |