|
Македонски литературен јазик |
Внеси реплика | страница <1 3435363738 46> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Vo cest na mojot profesor... ova od Vreme go prenesuvam vo celost...
Како се создаваше литературниот јазик По ослободувањето, како што се знае, се отворија голем број училишта во градовите и во селата. Во нив предаваа интелектуалци со завршена или не завршена гимназија и оние учители што работеа и во време на бивша Југославија. Се на се, околу триста души. Таа ситуација налагаше што побрзо да се даде учебник од кој ќе учат како учениците така и учителите бидејќи голем број учители немаа познавања од литературниот јазик и предаваа на својот локален говор. Замислата да се зафатам со пишување на Граматиката кај мене се појави уште порано, уште за време на бивша Југославија, кога бев студент на Филозофскиот факултет во Белград, на групата за словенска филологија. Тогаш често со другите студенти од Македонија, Крум Тошев, Венјамин Сапунџија и други, дискутиравме, во случај Македонија да биде слободна, како би го создале македонскиот литературен јазик. Морам да кажам дека слободата беше уште далеку. Ова се случуваше во почетокот на триесеттите години, време на големата економска криза. Зборувавме и за тоа кои наречја би биле главни. Некои од нас предлагаа за основа да биде земен штипскиот говор, други охридскиот, Крум Тошев и јас бевме на мислење дека најдобро ќе биде, ако се земат за основа централните говори - Прилеп - Велес - Битола, со образложение дека тоа подрачје има најмалку влијание како од бугарскиот така и од српскиот јазик. Подоцна фактички тоа и се случи. Сакам да кажам уште нешто. Нашето мислење не се засновуваше врз основа на некое подруго, поранешно сознание. Ние воопшто не знаевме дека Крсте Мисирков тоа го ставил на книга далеку порано. Книгата на Мисирков „За македонцките работи“ првпат ја видов во 1944 година. Како што реков со ослободувањето на земјата се создадоа услови за работа и на полето на изучувањето на јазикот. На идеја да правам граматика дојдов сам, не беше тоа некоја директива, како што имаше за други работи. Работев на некој начин тајно. Единствени што знаеја дека пишувам граматика беа Љубен Лапе, тогашен помошен повереник за просвета и Крум Тошев, инаку и двајцата мои пријатели уште од студентските денови. Пред себе имав уште една голема поддршка. Решението на АСНОМ, по кое „се заведуе македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава“. Почнав во месец февруари 1945 година, па се сретнав со големи тешкотии, зошто тогаш не беше подготвен Правописот, а се дискутираше и за азбуката. Значи јас почнав да ја пишувам Граматиката пред да се обнароди Правописот, а се дискутираше и за азбуката. Азбуката беше прокламирана на 5 мај 1945 година, а Правописот се обнароди еден месец подоцна - на 7 јуни. Со тоа мојата работа беше олеснета. Од првиот правопис ги видов нормите на нашиот литературен јазик, а ги внесов и термините во мојата Граматика. Меѓутоа, требаше темелно да се проучат нашите форми, да се проучи акцентот, да се проучи употребата и значењето на членот, глаголските времиња и особеностите на глаголите и уште некои не малку значајни работи. Тешкотијата беше во тоа што немав од каде да видам како ќе го сторам тоа; тие нешта беа сосема нови за нашиот јазик. Сепак, во неа доста ми помогна моето познавање на старословенскиот јазик, а и некои изучувања што ги имав за прилепскиот и за битолскиот говор. Конечно, тоа беше јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум, јазик што јас го познавав. „„На 26 јануари се појави првата македонска Граматика. Страници: 80. Изглед: сивомаслинести корици. Издавач: ДКМ (Државно книгоиздателство на Македонија) . Граматиката беше одобрена од Министерството за просвета како учебник за основни и средни училишта, а послужи и за администрацијата и за народот, за секој што сакаше да го учи јазикот. Од неа учеа многу луѓе. Граматиката имаше голем одек како кај нас, така и во републиките во Југославија, а не остана незабележана и во светот. За две-три години се појавија неколку рецензии, кои го означија појавувањето на мојата граматика како историски чин. Некои луѓе кај нас и во светот за првпат го согледаа ликот на македонскиот литературен јазик од неа. Факт е дека „Македонската граматика“ одигра важна улога во развивањето и популаризирањето на нашиот литературен јазик. Има огромно значење во еден историски момент и во задоволувањето на насушната потреба од една таква книга-учебник. Првото издание беше набрзина распродадено и разделено, потоа дојде второто. I jas ucev od Gramatikata na mojot profo... Vecna mu slava... |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
златник... да не си грешка ??
пр... Милка чоколадА Нестле чоколадО ... |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали некој од вас сака чоколада? И кои чоколади највеќе ги сакате?
Јас сакам Милка чоколадо, но тие чоколада од Нестле ми се по слатки. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
македонскиот јазик има една од најтешките граматики - воопшто... почнувајќи од азбуката и специфичните гласови... па итн
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tu bre ama ni bil kompliciran ova jazikot ... Ti blagodaram mamamd
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako objasnenie se nudi toa shto od slozenite imenki ne se izveduva sekogash celosna izvedena imenka
pr. Repiblika Makedonija ne velime republikomakedonec tuku samo Makedonec...vo ovoj slucaj mozelo da se koristi samo zitel na Bregot...a moze i celo zitel - ne gragjanin...zitel od zivee na Bregot Slonova Koska... so site golemi bukvi i bez dodavka na... zitel na Bregot na slonovata koska (ova e pogreshnoto)...ova e od najoficijalnite lica od najoficilanata institucija...i Изменето од mamamd - 21.Јануари.2009 во 20:52 |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ti blagodaram mamamd
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
definitivno ostanuva
zitel na Bregot Slonova Koska i tuka vo makedonskiot pravopis ne bilo predvideno izvedena imenka a oficijalno ne e prifaten niti pak onoj skrateniot francuski izraz. Ova go potvrdija i lica od institutot za makedonski jazik. |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драга Сани. мојата професорица исто беше во дилема за тоа... ми рече дека секоја држава си има свој начин на тоа како ќе си ги нарекува жителите, посебно тие со повеќе ( или подолги ) имиња... е сега, бидејќи официјалното име на Брегот на Слоновата Коска е Cote'd Ivore, жителите ќе бидат...хмм... котедеировци ?? се зезам....
нејзин предлог : пребарај го правописот, исчешлај го интернетот... енд хоуп фр д бест..... п.с мајсторче62 не може да помогне или не не чита веќе тука ?? |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па и тие твоите физичарски лингвисти, што толку се фатиле за тоа Брегот ...?
... ... отвара / отвора затвара / затвора продолжува ... |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...tie lingvisti ne znaat, baraat fizicarite da znat... |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сви ником поникоше, и у црну земљу погледаше! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... Jas spomnav, del od tie zborovi... a i kesa... porano nemashe kesi...imashe zembil...torbe...
... Daj Sani...angazirav cela plejada makedonisti...site se vo dilema... |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zlatnice daj ti vidi za mojte ziteli tamu... ostaj ti Sao Tome i Sao Paolo...
Tu... da se nemalo profesor po makedonski na forumov do tolku... ili ima? |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Внеси реплика | страница <1 3435363738 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |