IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 56>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 23:36

Чоколадни пралини со брусница и лешници

Ви подаруваме рецепт за ултра сладок ден, кој тотално ќе ве воодушеви. Ова чоколадо не се купува, туку настанува во вашата кујна. Со многу љубов и насмевки, посветеност и најубави состојки.

СОСТОЈКИ

• 1 шолја издробено темно чоколадо

• 1/3 шолја пржени и исечкани лешници
• 1 лажица изрендана кора од портокал
• 1/3 шолја суви брусници
• 2 лажици кокосово масло
• малку морска сол

ПОДГОТОВКА

Истопете го чоколадото. Додадете кокосово масло и мешајте сè додека не се истопи. Измешајте ги и другите состојки. Со помош на лажица обликувајте ја смесата во мали пралини и редете ги на хартија за колачи.

Потоа, ставете ги во фрижидер за да се изладат. Се сервираат ладни.



Изменето од емил - 14.Март.2012 во 23:37
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 06:56
Во право си .Извини .Избришав втората рецепта .
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 01:30
Emilco povtoruvas ist recept ... izgleda mnogu ti se bendisal ........голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2012 во 23:22
среќасреќасреќа

Изменето од емил - 20.Февруари.2012 во 06:55
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 00:39

Чоколаден колач со ореви


Чоколаден колач со ореви

СОСТОЈКИ
• 8 јајца
• 6 големи лажици шеќер
• ванилин шеќер
• 200 гр мелени ореви
• 400 гр чоколадо за готвење
• ½ литар слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин одвојте ги белките од жолчките и со помош на миксер направете густ шлаг. Одвоено од белките, изматете ги жолчките со белиот шеќер и ванилиниот шеќер.

Во смесата со жолчки, додадете ги мелените ореви, едно растопено чоколадо и шлагот од белки. Измешајте добро и сместа ставете ја во подлабок сад за печење (садот не го премачкувајте со путер).

Се пече 10-тина минути, во претходно загреана рерна на 180℃. Потоа, изгаснете ја рерната и оставете го колачот уште 5 минути во неа.

Во меѓувреме, растопете го останатиот дел од чоколадото за готвење и загрејте ја слатката павлака. Прелијте преку колачот и оставете да се зацврсне.

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2012 во 13:20
кажете го...не бидете такви.... еве, јас ќе го направам и... ќе го сликам да  видите дали успеал трепкање
Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2012 во 00:33
Originally posted by SweetGeisha SweetGeisha напиша:

Ако може некој да ми каже рецепт за КОЛАЧИ СО ГАЗОЗА или ХРВАТСКИ КОЛАЧИ така нешто...не знам како се вика колачот точно, го пробав еднаш на гости и ми се допадна ептен - само знам дека е со газоза, лесен на јадење, како на слоеви поделен..последниот слој е чоколаден - превкусен е!малку подзамрзнат мислам дека би бил соврсен летен колач...АКо некој го има рецептот - ако може да го пиши, фала :)


тууууууу...па баш тебе ќе ти го кажеме....не ти го кажуваме......
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 23:33
aaa...

Pa posle nema da viknes da probame...


I mozit da e Prilepski ili Strumicki, nikako Hrvacki
Incredible Blue
Кон врв
SweetGeisha Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SweetGeisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 22:28
Ако може некој да ми каже рецепт за КОЛАЧИ СО ГАЗОЗА или ХРВАТСКИ КОЛАЧИ така нешто...не знам како се вика колачот точно, го пробав еднаш на гости и ми се допадна ептен - само знам дека е со газоза, лесен на јадење, како на слоеви поделен..последниот слој е чоколаден - превкусен е!малку подзамрзнат мислам дека би бил соврсен летен колач...АКо некој го има рецептот - ако може да го пиши, фала :)
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 21:52
рецептиве... испробани ви се или од око ве бендисаа??? 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:58

Захер торта


Захер торта.

СОСТОЈКИ
• 150 гр шеќер
• 150 гр црно чоколадо
• 280 гр путер
• 1 ќесичка прашок за пециво
• 100 гр мармалад од кајсии
• 150 гр брашно
• 10 јајца
• 30 гр шеќер во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Неколку коцки од чоколадото за готвење ги кршиме и ги топиме. Ги одделуваме жолчките од белките. Путерот и шеќерот ги матиме со миксер, сѐ додека не се спојат, па потоа ги додаваме жолчките. Белките ги матиме во посебен сад со малку шеќер.

Во садот со жолчките ја додаваме растопената чоколада и мешаме. Потоа, во садот ги додаваме белките и мешаме додека не се соединат во хомогена смеса. Прашокот за пециво го мешаме со брашното и го сипуваме во садот.

Калапот за печење го премачкуваме со путер и во него ја сипуваме претходно подготвената смеса. Печеме во рерна 45 минути на 180℃. Преостанатите 135 гр од чоколадото ги топиме на пареа. Испечениот пандишпан го премачкуваме со мармаладот и на крај преливаме со топеното чоколадо.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:46

Чоколадна лава

 

Барате рајски чоколаден десерт? Потрагата нека заврши. Колачите со чоколадна лава не само што ќе бидат рај за вашите очи, туку и ќе го стимулираат вашето сетило за вкус на најдобриот можен начин.

Кај колачите со чоколадна лава најмногу ќе ве изненади тоа што се толку лесни и едноставни за приготвување. За половина час пред вас ќе имате чоколадни колачи со кремаста течна внатрешност, која ќе ви достави неверојатно задоволство.

Колач „Чоколадна лава“

Состојки

120g чоколадо за готвење
120g путер
1 шолја шеќер во прав (100g)
2 јајца
2 жолчки од јајца
6 лажици брашно

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.

Ако сакате да ги изненадите гостите со овој превкусен десерт, можете предвреме да ја приготвите смесата и да ги наполните калапите, па ќе ви остане само да ги ставите в рерна 10 минути пред да ги послужите колачите.



Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 19:49

Лесни чоколадни колачиња со суво овошје

 
sladok%20recept

Потребни состојки

500 гр. крекери или кекси во форма на круг

200 гр. чоколадо за горвење

50 гр. сушена брусница

50 гр. сушен ананас

Подготовка:

Растопете го чоколадото на пареа, па оставете го малку да се излади. Кексите потопете ги во чоколадо, па ставете ги на чинија на која претходно сте ставиле хартија за печење или алуминиумска фолија.

Врз секој бисквит ставете малку ситно сецкани сушени брусници и сушен ананас. Ставете ги во фрижидер да отстојат и да се стегнат минимум еден час пред послужување. Добар апетит!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:38

Лимонови коцки

Сакате да се насладите на убав десерт, но жешкото време ви создава одбивност кон тешките торти и слатки? Тогаш ви предлагаме да пробате нешто едноставно, лесно и многу вкусно – лимонови коцки.

Колачињата со лимон се многу популарен десерт и вистинско уживање за оние кои го сакаат освежителниот киселкав вкус на лимоните.

Состојки

Тесто:

1 ¾ шолји брашно
2/3 шолји шеќер во прав
180g несолен путер
1 лажица ситно рендана кора од лимон

Фил:

1/4 шолја брашно
1 шолја шеќер во кристали
150ml свежо исцеден сок од лимон
4 јајца
1 лажица прашок за пециво
1 лажица ситно рендана кора од лимон

Инструкции за приготвување

Тесто

  1. Премачкајте правоаголна класична тава за печење со тенок слој масло и оставете ја настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги брашното и шеќерот во прав, а потоа внатре исечкајте го на мали парчиња путерот. Додајте ја и кората од лимон.
  3. Со рака или со миксер измешајте ги состојките, така што путерот добро да се соедини со брашното и шеќерот.
  4. Ставете го тестото во тавата, со помош на рацете распоредете го рамномерно и со притискање направете слој без празнини.
  5. Печете околу 20 минути на температура од 150°С, односно додека тестото не започне да добива златна боја, а краевите не започнат да стануваат кафени.

Фил

Филот треба да се стави додека тестото е жешко, па подгответе го додека тестото се пече во рерната.

  1. Во длабок сад ставете ги јајцата и лесно изматете ги. Додајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, сокот од лимон и кората. Добро изматете ја смесата.
  2. Откако ќе ја извадите тавата од рерна, потурете го тестото со смесата за филот.
  3. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 20-25 минути на температура од 150-180°С, односно додека не забележите дека филот е зацврстен.
  4. Извадете ја тавата од рерна, оставете ја да олади 30-тина минути и ставете ја во фрижидер најмалку 1 час (во најдобар случај треба да ја чувате во фрижидер 4-5 часа).

Исечете го колачот на коцки и поросете тенок слој шеќер во прав. Лимоновите коцки се служат ладни.

Можете да украсите со сезонско овошје како јагоди, нектарини, цреши, боровинки, капини или вишни – сè што ќе ви се најде во фрижидерот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.