|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3233343536 56> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потребни состојки:
Начин на подготовка: Пенасто изматете го маргаринот со шеќер и ванилин шеќер. Во смесата додадете едно јајце, па кога ќе го измешате, додадете уште едно. Во смесата истурете истопено чоколадо, а потоа наизменично додадете какао, млеко и пудинг во прав со постојано мешање. На крајот додадете претходно помешан прашок за пециво, сода бикарбона и цимет. Во плех за мафини ставете ги хартиените корпици и наполнете ги со подготвената смеса до третина од висината. Посипете со сецкани лешници и печете околу 20 минути на 180 степени. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоколадни бисквити со лешници
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За кора:
за фил:
за прелив:
Начин на подготовка: Од јајацата, шеќерот, ванилин шеќер, рум и брашно измешано со праок за пециво, замесете тесто. Добро изедначете ја смесата, истурете ја во подмечкан калап. Печете околу 25 минути на 180 степени. Печената кора оладете ја, извадете ја од калапот и пресечете ја на половина. За фил изматете слатка павлака со шеќер, крем сирење и жолчки. Потоа додадете добро изматени белки и исцеден желатин кој претходно сте го стопиле во вода.Половина од филот рапоредете по долната кора, ставете ја горната кора, па премачкајте со преостантиот фил и од страна. Преливот подгответе го според упатството и лесно измешајте малини посеани со шеќер. Потоа распоредете ги преку филот и оставете ја тортата добро да се олади во фрижидерот. Пред сервирање, тортата од страна посипете ја со листови од бадеми. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Панакота со чоколаден сосПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: За панакота: 3 листа желатин 250 милилитри слатка павлака 250 милилитри млеко 1 лажичка екстракт од ванила 25 грама шеќер За сос: 200 грама чоколада 250 милилитри слатка павлака НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: За панакота: Потопете го желатинот во малку ладна вода за да не омекне. Ставете го млекото, шеќерот, ванилата и павлаката во сад на оган на умерена температура. Варете до вриење. Исцедете го желатинот и додадете го во садот и продолжете со варење додека желатинот не се стопи. Поделете ја целата смеса во чашки со големина по Ваша желба и ставате ги во фрижидер да потстојат 1 час. Сос: На пареа загрејте ја павлаката па во неа додадете ги иситнетите чоколада. Загревајте ги заедно со постојано мешање. Пазете смесата да не зоврие. За послужување, чашките со панакотата превртете ги врз чинија за послужување и околу секоја распоредете сос. Украсете по желба. Уживајте во вкусот!!! |
||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
сум ги правела и навистина се фантастични....дури и не мора да се прелеат со чоколадо затоа што се доволно блачки ионака . наместо тоа може да се наросат со дробен лешник или повторно да се превалкаат во дробени наполитанки |
||
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Време на сезонско овошје и МОЈ мал придонес кон оваа тема... назив:СЛАТКО. -2 лимони -1кг цреши -1кг вишни -1/2кг рибизли и исто толку малина или капина...по желба. -1кг шеќер за готвење,рефус. -200-300г.бадеми или ореви по потреба.. -100грама изгаснат "креч"..т.е. водата од него. -6 комада тегли со капак 0,85л. приготвување: -се вадат семките од вишните и црешите и се ставаат во..."вангла",која се положува од лева ваша страна.Се земаат рибизлите и другото ситно овошје и се измиваат со млаз ладна вода(<20*C),како би се одвоиле листовите и ситните цветчиња.Се цедат од водата и се ставаат во садот со црешите(од вашата лева страна),се полеваат со вода од кречот и се остава да отстои 6 часа и 30 минути. После 6 часа и 20 минути,во сино бронѕено тенџере се става шеќерот и се подгрева за да се растопи..како карамела,се дотураат бадемите и оревот и се меша на тивок оган 3 минути. Се процедува состојките од цреша,малина ...се проплакнуваат со вода,се оставаат од вашата десна страна ,а веднаш потоа се сипаат во карамелизираниот шеќер за готвење(рефус)и полека се мешаат.... Се варат состојките и повремено се одвојува "пењата" од варивото,Оваа операција е многу важна бидејќи мало невнимание при оваа постапка може да "го скисне" составот. По 1/4 час вриење,се ренда кората од лимон,а внатрешниот меснат дел се сече на коцки и се дотура во смесата...семките се вадат,зошто содржат "заситени растителни киселини"кој се јаки оксиданти. Се земаат теглите и се делат на два дела!...од лева и десна страна. Откако смесата "ќе порУмени",се трга од оган и се полнат теглите..прво оние од лева,а потоа другите...од десна страна.При ова ќе внимавате да не се помешаат страните зошто отиде слаткото. Откако ќе ги наполните теглите се затвараат јако и оние од лево се замотуваат во текстил може и во стаклена или камена волна и се носат во подрум,а оние од десната страна ги оставаме да се изладат добро 10-11 часа,а потоа се ставаат во фрижидер за длабоко.. ВАЖНО.Слаткото се употребува зимно време за поголеми празници кога на трпезата има ГОЛЕМ избор на други слатки и колачи... Забелешка.Ако се случи оние од подрумот да скиснат(а скиснуваат 100%)не е до рецептот,или сте ги измешале теглите(лево-десно), саат ви е напред или тенџерето било од нерѓосувачки челик и тоа црвено!...четврто нема!. Оние од фрижидер пак,можете да ги користите во мала доза како смеса за приготвување на ролади и колачи..и торти,тоа ќе заборавив да кажам. пријатен апетит....ваш zagor |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
milkamkd
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Баклава со чоколадо и фстаци
Состојки - 100 гр. чоколадо - 100 гр. фстаци сецкани - 1 лажица мед - 8 кори за баклава - 20 гр. путер растопен - шеќер во прав, за декорација - 1/2 лажичка цимет - 1/4 чаша хопла Рецептот го има на mojatakujna.mk |
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ferrero Rocher бомбици
Состојки: -200 гр. Nutella -150 гр. чоколада за готвење-4-5 лажици масло
Ги обожавам оригиналот, но некој ден мора да ги направам овие дома...чисто за споредба |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
ariana35
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 08.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајфинс ( Мафинс)
Состојки 180 гр. Шеќер бел 250 гр. Брашно тип 400 1 прашок за пециво 12 грама 50 мл. Зејтин 200 мл. Кисела Вода 1 лажица Какао Свис Лион ( посветлото ) 50 гр. Кокос 100 гр. Чоколадо за Готвење Упатство Во поголем сад се ставаат шеќерот брашното прашокот за пециво зејтинот и киселата вода. Се мати додека не се направи хомогена смеса. Одкако ќе завршите со матење ја делите смесата во две здели. Во едната здела се додава какаото и се меша со лажица додека не се соедини какаото со смесата Во другата здела се додава Кокосот и се повторува постапката. Во намастено ( со зејтин ) тавче за мафини ( го има во Базаро 200 денари од прилика за 12 мафини со Средна големина) се става прво смесата со какао во сите 12 калапи, после тоа се додава и од другата здела со кокосот одозгора. Многу е важно да не се преполнуваат. Во претходно загреана Рерна на одприлика 250 Степени ( мојата на максимум ја уклучувам и незнам колку степени е тоа. ) Се ставаат за печење, после пет минути одкако ќе фатат малце кора и ќе се подигнат се вадат од рерна и претходно искршеното чоколадо на коцки се боцка внатре во мафинските … и може малце да штрчи надвор колку за декорација, Се враќа назад на печење, после некој 10 – 15 минути проверете со чачкалица дали се суви внатре ( ако лепи чачкалицата а е скоро сува уште 2-3 минути да се допече ). Одкако ќе се испечат се чека некој 5-6 минути да се подоладат и да се стврдне малце корката за полесно да се вадат. Се јадат Топли, мада и ладни не се воопшто лоши. Пријатен Апетит. Линк за рецептата |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Принцес крофниЗа тесто: 100 гр. путер 50 гр. брашно 250 мл. вода 4 јајца Малку сол Фил: 600 мл. млеко 8 лажици шеќер 1 лажица путер 4 жолчки 4 лажици брашно Шеќер во прав Припрема: Путерот, водата и солта ставете ги да зовријат. Тргнете ги од оган и додадете го брашното, па мешајте се додека смесата не се изедначи. Додавајте ги едно по едно јајцата со постојано мешање. Намрсете ја тавата за печење. Ставете го тестото во шприц и истискајте ги крофните. Печете 20тина минути на 220 степени без да ја отворате рерната. 500 мл. млеко, 4 лажици шеќер и путерот ставете ги да зовријат. Изматете ги жолчките со 4 лажици шеќер, брашното и 100 мл. ладно млеко. Здответе ги како пудинг, па изладете ги. Помешајте ги двата фила. Изладените принцес крофни пресечете ги на половина, наполнете ги со филот, па посипете ги со шеќер во прав. Добар апетит! |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бели коцкиВкусни солени коцки на кои не може да им одолеете… Потребни состојки за кората: - 4 јајца - 2 дл јогурт - шолја брашно - пола лажичка сол - пола кесичка пециво - малку масло Потребни состојки за филот: - 1 струк праз - 1 морков - 400 гр бело пилешко месо - 250 гр фета сирење - 3 лажици мајонез - 1 дл павлака - зачини За декорација: - 1 дл павлака - 3 лажици мајонез - 200 гр кашкавал Подготовка: Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги, посолете ги па додајте го јогуртот, потоа брашното со пецивото. Убаво промешајте и на крајот додајте го цврстиот снег од изматените белки. Смесата ставете ја во плех за печење обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20 минути. Ситно исецкајте го празот, изрендајте го морковот и белото месо исецкајте го на коцки. Динстајте го со малку масло. Зачинете по ваш вкус. Изгмечете го сирењето, додајте ја павлаката и мајонезот и додајте го во изладената смеса. Убаво измешајте и премачкајте ја изладената кора. Во друг сад измешајте 1 дл павлака со мајонез и со оваа смеса премачкајте преку филот. Одозгора изрендајте кашкавал. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пишкота торта со јогурт и јагоди!Состојки: -400гр пишкоти -250мл млеко -5 лажици рум -200мл слатка павлака -кора од лимон -2 кесички ванилин шеќер -150гр шеќер во прав -800мл кисло млеко -2 кесички желатин -10 лажици вода -400гр јагоди
Подготовка: 1.Тркалезен калап за торта (26см) премачкајте го со путер. 2.Ѕидовите од калапот обложете г со пишкоти кои кратко сте ги потопиле во мелко помешано со рум. Пишкотите исечете ги така што ќе бидат до висината на калапот, а на дното наредете ги останатите пишкоти. 3.Павлаката изматете ја додека не добиете густа смеса и додадете ја кората од лимон, ванилин шеќер, а потоа додадете и шеќер во прав и киселото млеко. 4.Желатинот помешајте го со вода и оставете го 10 минути да се згусне. Мешајќи загрејте додека не се стопи. Постепено додавајте го во подготвената смеса. 5.Потоа врз смесата-кремот наредете ред јагоди исечени на кругови, а врз јагодите натопени пишкоти. 6.Распоредете го преостанатиот крем и врз јагодите. Тортата оставете ја неколку часа да се стегне. |
||
Внеси реплика | страница <1 3233343536 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |