IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2013 во 16:57

Брз и сочен: Колач од кокос


Потребни се: 200 гр. маргарин, 180 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер, 6 јајца, рендана кора од непрскан лимон, 250 гр. брашно, 1 кесичка пудинг од чоколада, ½ кесичка прашок за пециво, 200 гр. кокосово брашно, десертен прелив од какао.




Со миксер пенасто се матат маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се намалува брзината на миксерот и се додаваат јајцата, едно по едно. На крај се додава кората од лимон, по што се исклучува миксерот. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, пудингот во прав и кокосовото брашно. Сето со лажица измешајте го како изматен крем. Смесата истурете ја во округло тавче намрсено со масло. Колачот се пече половина час во рерна загреана на 200°С. Печениот колач се вади од тавчето и кога ќе се олади, се премачкува со готовиот какао прелив.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:34

Рецепт: Тарт со Нутела и лешници

Доколку сте љубители на Нутела (а таквите ги има многу), овој колач ќе ги надмине дури и вашите големи очекувања. Комбинацијата на чоколадо, лешници и нутела навистина е тешко да се погреши, па затоа овој колач ќе стане вашиот омилен десерт. Рецептот е едноставен и се приготвува лесно. Да почнеме.

Потребни состојки

Тесто:

- 140 гр. путер на собна температура;
- 75 гр. шеќер во прав;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 50 гр. бланширани и мелени бадеми;
- малку сол;
- 1 јајце;
- 245 гр. брашно.

Фил:

- 200 гр. Нутела;
- 140 гр. чоколадо;
- 200 гр. путер;
- 1 јајце;
- 2 жолчки;
- 2 лажици шеќер во прав;
- 140 гр. лешници, исецкани на парчиња.

Подготовка

Со миксер матете го путерот и полека додадете му го најпрво шеќерот, потоа бадемите, солта, шеќерот во прав и јајцето. Матете со миксерот со умерена брзина и полека додадете го и брашното. Изматете уште малку, обликувајте ја смесата во форма на топка и ставете ја во фрижидер да отстои најмалку два часа.

Обложете го калапот со хартија за печење и во него распоредете го тестото. Избоцкајте го со виљушка и печете го 25 минути на 180 степени.

Извадете го тестото од рерна и оставете го да се олади. Откога ќе стане млако, премачкајте го со Нутела.

Посебно растопете го путерот, а посебно чоколадото, на пареа. Во стопеното, но не врело чоколадо, измешајте го со лажица најпрво целото јајце, а потоа една по една жолчка. Додадете го шеќерот и на крај растопениот путер. Смесата полијте ја врз тестото премачкано со Нутела и одозгора попрскајте ги сецканите лешници.

Печете ја тортата на 190 степени, околу 12 минути. Готовата торта чувајте ја на собна температура. Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:33

Лесен десерт: Секс во тавче

Вкусен десерт кој иако има неколку слоја фил се приготвува многу лесно. Благодарение на кората и крем сирењето многу наликува на cheese cake и едноставно се топи во вашата уста. Се нарекува „Секс во тавче“ поради богатиот кремаст вкус на кој не може да останете рамнодушни.

Потребни состојки за кората:

200 грама сецкани ореви

3 големи лажици шеќер

100 грама стопен путер

200 грама брашно

Потребни состојки за филот со крем сирење:

400 грама крем сирење

200 грама шеќер во прав

200 грама изматена хопла

Темен фил:

1 пудинг од чоколадо приготвен по упатството

Светол фил:

1 пудинг од ванила приготвен по упатството

Најгорен слој:

300 мл изматена хопла

Рендано чоколадо

Начин на пригодување:

Најпрвин загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Изберете правоаголен сад за печење со димензии 30 на 15 см. Премачкајте го садот со путер или пак едноставно обложете го со хартија за печење.

Убаво измешајте ги сите состојки кои ви се потребни за кората, а потоа содржината која што сте ја добиле рамномерно натапкајте ја во садот. Печете од 15 до 20 минути во зависност од тоа како ви пече рерната. Откако сте ја испекле кората оставете ја малку да се олади и во меѓувреме започнете со подготовка на филовите.

Во пластичен сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот во прав и изматената хопла. Вклучете го миксерот и матете додека не добиете лесна и пенеста смеса. На страна пригответе ги двата пудинга по упатството.

Откако сте ја оладиле кората врз неа нанесете го рамномерно филмот од крем сирење. Врз него ставете го пудингот од чоколадо, па потоа пудингот од ванила. За најгорниот слој изматете ја хоплата и украсете со ренданото чоколадо.

Совет плус: редете ги филовите во подлабок сад и служете го десертот ладен

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 15:31

Вкусна и домашна чоколадна алва

Постојано дома се туфкаме и размислуваме што да си направиме нешто вкусно и благо, но сепак да биде брзо и лесно. Ние ви нудиме интересен и брз рецепт за домашна чоколадна алва, која секогаш може да ја задоволи вашата желба за благо.

Потребни состојки:

1 шолја (за кафе) вода

2 шолји масло

6 шолји брашно

6 шолји шеќер

1 шолја чоколадо во прав или какао

По желба можете да додадете лешници, ореви и бадеми

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го маслото, водата и шеќерот и потоа оставете ги да се варат. Брашното измешајте го со чоколадото во прав, или какаото. Кога шеќерот ќе се стопи и смесата ќе зоврие, додадете го брашното со какаото и полека мешајте.

Мешајте неколку минути додека смесата не се изедначи. Додадете ги лешниците или пак останатото јаткасто овошје и тргнете ја смесата од оган.

Кога малку ќе се излади, алвата исечете ја на коцки. Декорирањето го оставаме на вашата фантазија.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 12:24

Домашни вкусни какао штангли




Доколку викендов се чувствувате креативни во кујната и сакате да направите нешто благо, тогаш овој рецепт е вистински за вас.

Потребни состјки

250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
80 гр. какао
250 гр. плазма бисквити
1 јајце
2 лажици рум.

Подготовка:

Со миксер се матат маргаринот и шеќерот. Додадете јајце, рум и какао и продолжете со матење додека смесата не се соедини. Исклучете го миксерот па во кремот ставете ги издробените бисквити, измешајте и истурете во два долгнавести калапи од фолија. Ставете ги во фрижидер и кога ќе се стегнат, пред послужување, извадете ги од калапите и исечете ги на штангли.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 12:20

Лесен десерт: Секс во тавче


< title="+1" -gapiattached="true" allowtransparency="true" ="https://plusone.google.com/_/+1/fast?bsv&size=medium&hl=en-US&origin=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk&=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fstil%2Fishrana%2F828933%2Findex.&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.en_US.xEgdBmhs4RA.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DgQI%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAItRSTOlQgJhozqGAVX8qFnuJQw9aQX8Uw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled&id=I0_1360840599921&parent=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk&rpctoken=56133362" name="I0_1360840599921" id="I0_1360840599921" ="0" ="0" style=": static; top: 0px; width: 90px; margin: 0px; border-style: none; left: 0px; visibility: ; height: 20px;" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" border="0" scrolling="no" width="100%">

Вкусен десерт кој иако има неколку слоја фил се приготвува многу лесно. Благодарение на кората и крем сирењето многу наликува на cheese cake и едноставно се топи во вашата уста. Се нарекува „Секс во тавче“ поради богатиот кремаст вкус на кој не може да останете рамнодушни.

Потребни состојки за кората:

200 грама сецкани ореви

3 големи лажици шеќер

100 грама стопен путер

200 грама брашно

Потребни состојки за филот со крем сирење:

400 грама крем сирење

200 грама шеќер во прав

200 грама изматена хопла

Темен фил:

1 пудинг од чоколадо приготвен по упатството

Светол фил:

1 пудинг од ванила приготвен по упатството

Најгорен слој:

300 мл изматена хопла

Рендано чоколадо

Начин на пригодување:

Најпрвин загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Изберете правоаголен сад за печење со димензии 30 на 15 см. Премачкајте го садот со путер или пак едноставно обложете го со хартија за печење.

Убаво измешајте ги сите состојки кои ви се потребни за кората, а потоа содржината која што сте ја добиле рамномерно натапкајте ја во садот. Печете од 15 до 20 минути во зависност од тоа како ви пече рерната. Откако сте ја испекле кората оставете ја малку да се олади и во меѓувреме започнете со подготовка на филовите.

Во пластичен сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот во прав и изматената хопла. Вклучете го миксерот и матете додека не добиете лесна и пенеста смеса. На страна пригответе ги двата пудинга по упатството.

Откако сте ја оладиле кората врз неа нанесете го рамномерно филмот од крем сирење. Врз него ставете го пудингот од чоколадо, па потоа пудингот од ванила. За најгорниот слој изматете ја хоплата и украсете со ренданото чоколадо.

Совет плус: редете ги филовите во подлабок сад и служете го десертот ладен 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2013 во 12:13

Чоко колач од само две состојки



Во период кога сло­бод­ното време е вистин­ски лук­суз, овој рецепт веру­ваме дека не само што ќе ви заштеди време, туку и сред­ства. Имено, се при­го­твува од само две состојки, но тоа не значи дека не е вку­сен. Напро­тив, ќе ужи­вате во него.

СОСТОЈКИ
● 4 јајца
● 250 гр „Нутела“

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: обло­жете кру­жeн калап за печење со хар­тија за печење. Загрејте ја рер­ната на 180 сте­пени. Изма­тете ги јај­цата со мик­сер (5−10 минути).

Чекор 2: загрејте ја „Нуте­лата“ во мико­рпечка и полека дода­дете ја кон мате­ните јајца. Мешајте посто­јано со мик­сер. Сме­сата треба да биде рам­но­мерна и хомогена.

Чекор 3: налејте ја сме­сата во кала­пот за печење и печете 20–25 минути. Пред серви­рање, оста­вете цело­сно да се излади.

Related Posts with Thumbnails
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 14:46


Ишлери


СОСТОЈКИ (за 8 лица)

за тесто
● 200 гр бра­шно
● 100 гр путер
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр мелени ореви
● 1 жолчка

за крем
● 2 јајца
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр путер
● 50 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: убаво изме­шајте и изме­сете ги сите состојки во сад. Оста­вете го тестото во наред­ните 30 минути настрана. Потоа, расу­кајте го со дебе­лина од поло­вина сан­ти­ме­тар. Со помош на калап напра­вете ишлери. Распо­ре­дете ги во сад за печење кој прет­ходно сте го покриле со масна хар­тија. Печете 30 минути на темпе­ра­тура од 150 степени.

Чекор 2: за кре­мот, изме­шајте ги јај­цата и шеќе­рот и сва­рете ги на пареа. Во топлиот крем дода­дете го чоко­ла­дото. Малку изла­дете и потоа дода­дете го путе­рот. Откако пече­ните ишлери малку ќе се изла­дат, на поло­вина од нив нане­сте го кремот.

Чекор 3: со дру­гата поло­вина ишлери покријте ги оние на кои сте им ста­виле крем. Вака доби­е­ните ишлери пото­пете ги во топено чоко­ладо или нане­сете гла­зура од топено чоко­ладо врз гор­ниот слој.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2013 во 20:56

Домашна „Нутела“



Зна­еме дека „Нутела“ е едно од оми­ле­ните слатки на секој од нас. Некои би го дале и живо­тот за неа (да, да не пре­те­ру­ваме). Со оглед дека сите толку многу ја љубиме, дене­шниот рецепт ѝ го посве­ту­ваме токму неа.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја лешници
• 350 гр чоко­ладо, сеч­кано
• 2 мали лажици масло од репа или сон­чо­глед
• 3 мали лажици шеќер во прав
• 1 мала лажица какао
• ½ мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на 175℃. Лешни­ците распо­ре­дете ги во сад за печење. Оста­вете ги во рерна околу 12 минути. Лешни­ците се готови кога лушпата ќе започне да се одво­јува. Откако ќе ги излу­пите, оста­вете ги да се изладат.

Чекор 2: во меѓу­време, исто­пете го чоко­ла­дото. Мешајте, за да доби­ете глатка смеса. Оста­вете да се излади.

Чекор 3: измик­си­рајте ги изла­де­ните лешници, сè додека не доби­ете ситен прав. Потоа, дода­дете ги маслото, шеќе­рот, кака­ото, вани­лата и солта. Мик­си­рајте, за да доби­ете хомо­гена смеса. На крај, дода­ете го чоко­ла­дото и про­до­лжете со мешање со миксер.

Оста­вете добро да се излади и ужи­вајте во непов­то­рли­виот вкус.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:47

Брзи и вкусни домашни тулумби

Откако понудивме неколку рецепти за вкусни торти и колачи, дојде време за тулумбата, еден од балканските најдобри и најслатки десерти. Специфичниот сладок вкус е омилен од многумина кои живеат не само на Балканот.

Состојки за тестото:

400 милилитри вода

6 лажици масло

250 грама брашно

5 јајца


Состојки за шербетот:

800 грама шеќер

400 милилитри вода

1 лимон исечен на парчиња

Подготовка:

Во лонец од средна големина загрејте вода. Кога водата ќе зоврие, полека додадете го брашното со постојано мешање, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот. Тргнете го садот од огин и оставете малку смесата да се олади на собна температура. Во изладената смеса додадете едно по едно јајце, а притоа мешајте со раце.

За подготовка на шербетот варете вода и шеќер на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура.

Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги со ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се оладат пред послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2012 во 00:02

Капучино топчиња

Потребни состојки:

- 230 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 30 милилитри ликер од кафе
- 30 грама кафе
- 125 грама блага павлака
Начин на подготовка:
На пареа се меша млечната чоколада, слатката павлака и кафето, се додека не се стопат и смесата не с еизедначи.
Потоа се додава ликерот од кафе и путерот.
Добро се меша со миксер.
Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.
Ќе одередите сами колку ќе биде отребно за да се стегне смесата.
Потоа од смесата се прават топчиња.
Секое топче се валка во рендана чоколада.
Топчињата до служење стојат во фрижидер.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:58

Пијана торта


Потребни состојки:

За кора:

  • 2 портокали
  • 750гр шеќер
  • 10 јајца
  • 150гр мелени ореви
  • 100гр суво грозје
  • 60гр мелени бисквити
  • 5 лажици рум

За глазура:

  • 4 реда чоколадо
  • 20гр путер

Начин на подготовка:

Корите од два портокали исечете ги на ситни парчиња и сварете ги во вода. Во тава со пет лажици шеќер, додадете ги корите од портокал да се сварат односно да се зашеќерат. Посебно изматете белки со 10 лажици шеќер. Додадете ги жочките и добро измешајте, потоа следуваат мелените ореви, суво грозје, мелени бисквити и зашеќерена кора од портокал. Се добро помешајте, додадете во подмачкан калап за торта и печете на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто оладете го и прелијте го со сируп кој сте го направиле со преостанатиот шеќер и пет лажици рум. Тортата прелијте ја со глазура од чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:58

Капучино топчиња


Потребни состојки:

- 230 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 30 милилитри ликер од кафе
- 30 грама кафе
- 125 грама блага павлака
Начин на подготовка:
На пареа се меша млечната чоколада, слатката павлака и кафето, се додека не се стопат и смесата не с еизедначи.
Потоа се додава ликерот од кафе и путерот.
Добро се меша со миксер.
Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.
Ќе одередите сами колку ќе биде отребно за да се стегне смесата.
Потоа од смесата се прават топчиња.
Секое топче се валка во рендана чоколада.
Топчињата до служење стојат во фрижидер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2012 во 09:57

Портокалов мафин


Потребни состојки:

  • 1 портокал
  • 200мл сок од портокал
  • 1 јајце
  • 125гр путер
  • 150гр брашно
  • лажица прашок за пециво
  • лажица сода бикарбона
  • малку сол
  • 80гр шеќер
  • кесичка шлаг
  • изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Потокалот исечете го на парчиња, извадете ги смеките и изблендајте заедно со сокот. Во тоа измешајте јајца и путер, а потоа и брашно со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и шеќер. Смесата ставете ја во корпици за мафини, украсете со шлаг и кора од портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.