![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 69> |
Автор | |
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ти викам јас да почекаш...најинтересното допрва доаѓа..
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе иста перендија се и двајцата, ама како што пишав дека Грујо за Заев е " Пут у Хаваи " истото важи за Бранско спрема Заев.
Заев е дилетант човече. Што му е целта на Бранко со јавувањето не знам, ко што гледам поддршка му дава на Заев, најверојатно пресметал се и сега му дава К*раж за да се до самоуништи Заев самиот па ај после јово- на ново све во СДСМ. Ќе видиме што ќе биде, ама интересно ќе е многу
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да беее...и по стар добар обичај, повторно е во право...
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бранко се јави
![]() |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БРАНКО СЕ ЈАВИ - НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ
По неколкудневните прозивки на адреса на поранешниот лидер на опозицискиот СДСМ, Неговото писмено обраќање ви го пренесуваме интегрално: Кога пред две години решив да се повлечам од лидерската позиција во СДСМ, донесов и одлука за мое целосно повлекување од јавноста. Во изминатиов период се изнаслушав разни шпекулации и измислици на што се должи мојата доброволна самоизолација. Од тоа дека сум тешко болен, па до тоа дека сум изложен на сериозни уцени и закани. Од тоа дека ми е повредена суетата, па до тоа дека не ми е грижа ниту за народот ниту за државата. Па, еве конечно да одговорам на овие лажни конструкции. Фала му на Господ, здравјето ми е добро. Никој ниту имал, ниту има со што и за што да ме уценува. Што се однесува до заканите, тие во мојот случај предизвикуваат сосема спротивен ефект, само поголем мотив и желба за борба. На македонската јавна сцена има многу суетни личности но нив ќе ги препознаете, не по нивното молчење туку по тоа што ја користат секоја прилика за медиумско присуство, без разлика дали имаат или не нешто паметно да соопштат. А за тоа дали и колку сум загрижен за состојбите во државата оставам сами да заклучите врз основа на она што ќе го соопштам во овој текст. 2.Новоизбраното раководство на СДСМ се определи за програмски и кадровски дисконтинуитет. Дали тоа беше паметно или не покажа и ќе покаже времето. Но тоа беше легитимна одлука на новото лидерство и заслужуваше фер шанса и доволен временски период за реализација на новиот концепт. 3.Како лидер на СДСМ, а посебно после настаните од „црниот понеделник“ на 24ти декември 2012 година се залагав за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори. За таквите мои намери бев жестоко напаѓан и обвинуван од страна на власта што беше сосема разбирливо и очекувано. Но она што беше неочекувано беа критиките и оспорувањата кои доаѓаа од одредени опозициони кругови дека тој концепт е погрешен па дури и резултат на некои мои лични мотиви за задржување на лидерската позиција во партијата. Се заговараше „конструктивен политички дијалог“ со власта, битка преку институциите на системот, учество на изборите… Сфатив дека во тој момент моите аргументи не се доволни да обезбедам единство на опозиционата сцена и дека само времето ќе ја потврди или демантира исправноста на овој мој пристап и концепт. Поминаа две години. Се надевам дека денес работите им се многу појасни на сите. Со Република Македонија владее еден тоталитарен, криминоген и корумпиран режим за кој не постои ниту устав ниту закон. Режим кој целосно, прво ги партизираше, а потоа и приватизираше сите институции на државата. Режим кој ги злоупотребува сите финансиски ресурси на земјата не за доброто на народот туку за една единствена цел-како да се задржи власта и да се полнат приватните сметки во странските банки. Тоа е една структура од исфрустрирани ликови за кој човечкиот живот не вреди ниту 5 пари, кои зацрнија цели семејства и кои од Македонија направија земја на политички затвореници. Кој живее на кредит умира на рати, а оваа власт неколкукратно ја задолжи земјата и тоа за забегани и коруптивни проекти со што ја уништија перспективата на овој народ. Со овој и ваков режим Македонија нема никаква, а камоли Европска иднина. Уверен сум дека на секој барем малку подобро информиран човек со здрав разум, а камоли на припадниците на т.н. политичка, интелектуална и бизнис елита сето ова им беше јасно и познато и пред т.н „бомби“ на Заев. Сосема друго прашање е што многумина заради лична калкулација решија да затвораат очи пред реалноста обидувајќи се на разни начини да ја релативизираат и на тој начин да ја смируваат сопствената совест. На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за ничии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува. Сега кога им е на сите јасно предочено кои и какви ликови одлучуваат за нашите судбини и иднината на нашите деца повеќе простор за незаинтересирани или неопределени едноставно нема. -или слобода или тиранија! -или демократија или диктатура! -или правна или криминална држава! -или Македонија или тие! Но да не се залажуваме. Осознавањето на вистината за карактерот на овој режим не е доволно тој режим да падне. Јасно е дека тие се подготвени да направат се за да ја задржат власта. Клучното прашање е што сме спремни да направиме ние? Ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес конфренции и лајкови на фејсбук. Ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции, ги злоупотребува народните пари и ги уредува најмоќните медиуми во земјата не може да биде поразена нту од поединци ниту од опозициони партии. Но, за да се случи тоа претходно мора да се направат неколку неопходни чекори. 1.Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност. 2.Погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада. Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија. 3.Приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само што не се случила па уште и се лицитира кој на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни. Или искрено и чесно оваа битка ќе се дефинира како битка пред се и над се за интересите за народот и државата или ако биде препознаена како борба за задоволување на нечии клиентелистички потреби ќе биде изгубена пред и да почне. По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски! Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: „ние македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме“. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба. На Македонија во битката против овој злосторнички и тоталитарен режим и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес. Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многу пати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача. Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец но најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна но во исто време и суштинска и неопходна работа. На лидерството во партијата му посакувам многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин, како и на 24-ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови! И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана. Сосема на крај. Денес е 20ти април. Ја користам оваа прилика на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата! |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
знаеш дека образовните институции се под него, нели...верувај, има случаи...дури го знам името и презимето на жената и на кој функционер е сопруга таа што е примена на негово место
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не верувам дека Ташко избркал некого ако бил вработен со решение, тој бе никого нема избркано од работа, тој секого вработуваше ко беше градоначалник, јас искрено не знам дека некого избркал од работа што бил вработен со решение и слично, мислам не ни може.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
зошто одговорот не го побараш во ДПМНЕ ? нивниот коалиционен партнер, со државни пари, мои и твои, ги плати авионските линии и целокупната организација на пренесувањет на нивните гласачи.... имам роднина во кичево, македонец, кој никогаш не излегол да гласа ама беше избркан од работа лично од Благоја Деспотовски иако не е комуњар, туку затоа што требало да се направи место за вмровец....и сега сакаш тој да гласа за вмровец????
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Е па тоа бе брат ми е муабетот, ај што барањето е нелигтимно, ај што е дилетантизам поставен од дваја-тројца луѓе околу Заев кои ги интересира само да дојдат на власт без избори и слично, глупост е најголема тоа.
Цела опозиција сака да се престават како некои светци, не дека се воие на власт љубичици за мирисање, ама опозицијава цела како да е штракната во умот. Лани имаше избори, завршуваат во 19 : 00 на вечер, а Заев излегува после 1 минутиа на тв и вели ја не признавам резултат, и замисли, ништо не е избројано, што ако победеше СДСМ на изборите, пак не ќе ги признаеше резултатите...системска грешка било. Ни едни избори во Македонија, до сега не биле 100% регуларни, тоа е факт, секогаш имало и притисоци и уцени, било од опозиција, било од власт, па тоа е јавна тајна, ама 200 илјади гласа разлика е страшна бројка. Па се знае како оди гласањето тамо кај што имаш Роми посебно, тие гласаат за тој што ќе им фрли појќе пари и крај, нив ништо не ги интересира друго, и работа да им дадеш ретко кој ќе работи за плата, тие се навикнати секој ден да им иде дневница, каква плата какви бакрачи, ги гледам постојано, контакт имам со нив со години. Сите гледам ги споменувате гласачите од Пустец што гласле во Центар, па имаат државјанства, Македонци се, видовме гласаа сите, ама пак СДСМ доби градоначалник, па цело Пустец е 4 илјади луѓе, може ни толку нема, сите тие да гласале за ВМРО пак имаш огромна бројка разлика. Сите се фаќаат за гласачите од Пустец, биле од странска држава, ама барем се Македонци. Зошто никој од СДСМ не споменува за рамковните кои се истоварија во Кичево и во најмала рака беа 4-5000 луѓе, тие не се странски гласачи, во Македонија не дошле со години, а и да дошле тоа е ради свадба во лето, еднаш на 5 години...овие никој не ги спомнува за локалните избори, и резултат на тоа ти е што денес Кичево има градоначалник рамковен, благодарејќи на некој од странство што иде еднаш во неколку години во Кичево или една недела во годината, а живее на 20 км од градот кога е тука...сите знаеме кој е режисерот на оваа територијална распределба, сите знаеме кој излегуваше на тв и велеше " Некои прашања не заслужуваат одговор ". |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кој да прави таква влада бе Фикс....они една мочана комисија не може да направат заедно...ти текнува како беше онаа комисија за 24 Декември...се испокараа, независниот даде оставка а едните го прогласија документот за тоалет хартија.
И кој очекуваш да се договори за некаква техничка влада...затоа.секогаш важните работи ни ги решаваат странци, затоа македонскиот блок е вечен губитник. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми избега од одговорите во постот Нинџа, али нема врска ајде.
Што мислиш, ако пример Грујо прифател да се формира таа техничка влада што ја бара Заев, дали тој пак ќе ги објавуваше снимките од бомбите како до сега? Од кого би се состоела таа техничка влада, кој би бил член во неа, за колку време, со која агенда? Кој би ја избрал таа техничка влада?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа е твој начин на гледање на работите....и на тие штонсе симпатизери на ДПМНЕ...
Јас пак гледам признанија за изборни нерегуларности, гласачи од друга држава, неовластено поседување на гласачки списоци, поткуп на гласачи, малверзации со починати лица, опструкција на лифтови, организирање на протести со цел за физички напад на функционер, барањерекет од приватни компании, закани кон поединци и правни лица во изборен процес, злоупотреба на полицијата и инспекциите за вршење притисок на неистомисленици, провизии при договарање на тендери, фантомски фирми, малверзации со атрактивни плацови, нудење поткуп, притисок врз новинари, криење на податоци кои јавноста има право да ги знае, закани со смрт во ендек..... Ова се само дел од работите што ми текнаа сега без да се потсетувам...и за мене тие се подеднакво важни како и оние што вие подржувачите на власта милувате да ги набројувате секој ден...и јас барам одговорност за овие дела... |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Појма немам ни ја кои се тие МОС.
Ај вака. Дали ќе се сложиме дека некој шпионирал и прислушкувал во случајов? Ако некој шпионирал и прислушкувал, кој/кои се тие? Дали е прислушкувањето противзаконско и дали шпионирањето ако постои е во корист на странски служби -ова последново треба да се докаже нормално, ама веќе има признание од Заев, го видовме тоа на снимките во кабинет на Грујо. Да не заборајме дека има веќе еден осуден за случајов, признание од него постои во вон судска постапка, човекот веќе издржува казна. Е сега ако се сложиме дека се ова постоело и бидејќи власта оди кон тоа да има судска постапка, значи има докази за тоа дека обвинетите се дел од мрежа која прислушкувала и дел од мрежа која шпионирала за странски служби ( ова последново ќе треба да се докаже, ама пак има признанија за истото за сега, и од Заев и од Верушевски). Како очекувате да има само политички договор ве молам....абе овде има велепредавство бе луѓе
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
кои се пак тие МОС ???
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3132333435 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |