IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2015 во 14:29

ХОРОСКОПОТ ГИ ОТКРИВА СРОДНИТЕ ДУШИ

10

На прашањето дали постојат сродни души, хороскопот дал потврден одговор.

И со тој одговор ни дава шема спрема која за секој хороскопски знак предложува во кои знаци се кријат нивните сродни души.

А тоа погледнете го во продолжение.


ovenОвен

За тебе љубовта е страст и возбудување. Сакаш да флертуваш и речиси секогаш го освојуваш мажот кој ќе го посакаш затоа што е невозможно да оддолее на твојот шарм и духовитост. Тој е потполно воодушевен од твојата желба да го имаш и на сето она на што си спремна да го направиш како би му ја докажала својата љубов.

Твоја сродна душа: Ловци како што се Стрелец и Лав, најдобар се плен.

Taurus zodiac sign as a beautiful girlБик

Моќниот Бик е еден од најромантичните знаци. Ти сонуваш за совршен принц кој ќе те држи за рака и опсипува со мали подароци. За возврат, ќе ти биде задоволство да го размазиш. Ти не играш игри во љубовта, ниту сакаш мажи кои ги играат. Трпението и одлучноста ти дозволуваат да го чекаш совршениот партнер отколку да трошиш време на обична врска.

Твоја сродна душа: Рибите се привлечни кон твојата чувствителна страна, но силните Шкорпии прават срцето брзо да ти бие.

blizБлизнаци

Ти си мајстор во флертот и каде да се појавиш зад себе оставаш многу машки скршени срца. Не сакаш никого да повредиш, но момците едноставно се заљубуваат во начинот на кој се смееш или ја местиш косата. Уживаш во сите овие игри се додека не го пронајдеш вистинскиот покрај кого ќе се скрасиш.

Твоја сродна душа: Тебе те привлекува самостојната Водолија, но идеален знак е Стрелецот затоа што ќе го сака твојот авантуристички дух и е мајстор во флертот како тебе.

Cancer zodiac sign as a beautiful girlРак

Ти си чувствителна љубовна птица. Тебе ти е потребен маж кој сака да се мази како и ти, но во исто време да ги почитува и твоите старомодни стандарди. Важно ти е да се допадне на твоите родители твоето оче затоа што семејството ти е најважно. Твој идеален состанок е да останете дома и да уживате гледајќи заедно филм.

Твоја сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина во твоето присуство.

lavЛав

Кралската Лавица сака да биде главна во љубовта. Мажите помалку ги плаши твојата самоувереност и независност додека не те запознаат. Вистината е дека моќната кралица на џунглата може да стане преплашено маче кога некој маж ќе и го скрши срцето. Длабоко во душата, ти си мачка која сака да има само едно момче кој ќе го нарекува свој. Длабоко си предадена и тоа и го бараш од партнерот.

Твоја сродна душа: Близнаци и Стрелец ти нудат возбудување, но покрај Ракот се чувствуваш сигурно и сакано.

Virgo zodiac sign as a beautiful girlДевица

Срамежливата Девица не е од оние кои љубат, а после зборуваат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу тебе и твојот дневник. Твојот љубовен стил е подобро да го оставиш да се прашува отколку да го направиш првиот чекор или бесрамно да се фрлиш на него. Ти не сакаш да бидеш мистериозна. Во суштина, ти си потполно отворена и искрена, штом ќе одлучиш да дозволиш да ти се приближи момчето. Меѓутоа, пред да дозволиш тоа да се случи, тој ќе мора да те импресионира со својот ум.

Твоја сродна душа: Ти го почитуваш сензибилитетот на Јарецот.

vagaВага

Твоите магични моќи ти дозволуваат да го привлечеш токму оној тип кој го сакаш, а потоа ги фрлиш магиите кои направат тој безнадежно да се вљуби во тебе. Ова не значи дека си пребирлива. Твоето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро како и ти.

Твоја сродна душа: Не можеш да го игнорираш начинот на кој Овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за тебе. Ракот ќе те обожава како никој друг.

skorpijaШкорпија

Не се плашиш да се бориш за љубов. Кога ќе забележиш некој ти инстинктивно знаеш што ќе направиш и кажеш за да тој те посака. Ти си толку добра во играта на заведување што тој ќе помисли дека те брка тебе. Ти конците секогаш ги држиш во своите раце. Емоциите ги држиш заклучени се додека не си сигурна дека можеш да му веруваш. А тогаш, тој нема да запознае поинтензивна љубов од твојата.

Твоја сродна душа: Паѓаш на Риби и Рак.

strelecСтрелец

Кога е во прашање љубовта, ти си опуштена. Мажите паѓаат на тебе затоа што не се замараш и не драмиш без потреба. Сакаш типови кои сакаат добра забава, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што ги гледаш работите такви какви што се. Длабоко во своето срце, мечтаеш за патувања, па често те привлекуваат мажи со егзотичен изглед или оние кои потекнуваат од далечни места.

Твоја сродна душа: Водолија или Близнаци.

jarecЈарец

За тебе љубовта е сериозна работа. Нема шанси да го доведеш своето срце во опасност освен ако не си сигурна дека чувствата ти се возвратени. Сакаш да ја испиташ околината, а потоа лесно да впловиш во врска. Пријателите играат огромна улога затоа што често ти даваат важни информации.

Твоја сродна душа: Бикот и Девицата те разбираат подобро отколку било кој.

vodolijaВодолија

Ти си независна. Најголеа грешка кој некој може да ја направи е да ти ја загрози слободата. Не сакаш љубовта да управува со целиот твој живот. Петок сакаш да се видиш со него, но затоа сабота излегуваш со пријателките. Ако не му одговара, го отпишуваш. Исто така потребно е да има самодоверба за да го разбере твоето срце кое е доволно големо да ги сака сите.

Твоја сродна душа: Девицата е добар за тебе затоа што и тој сака да има слобода.

ribiРиби

Астролошката божица на љубовта е најсреќна кога навистина е заљубена. Ти си романтик кој потполно верува во постоењето на сродни души. Спремна си да ја превртиш и земјата за да ја пронајдеш твојата. Кога ќе ја пронајдеш ќе направиш се за неа, но понекогаш е грешка неговите потреби да ги ставаш пред твоите.

Твоја сродна душа: Ракот ја чувствува твојата болка и ја дели твојата радост подобро отколку било кој друг знак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 16:01

ХОРОСКОПОТ И НЕВЕРНИТЕ ЖЕНИ

21

Овен – Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите.

Бик – Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

Близнаци – Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детал и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.

Рак – Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.

Лав – Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста.

Девица – Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер.

Вага – Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат.

Шкорпија – Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест.

Стрелец – За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат.

Јарец – Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.

Водолија – Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.

Риби – Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 13:01

ОТРИЈТЕ КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ СЛАБОСТИ НА ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

7

Секој во себе ги крие своите слабости и поставува одбранбен штит пред другите. Сепак, некои комплекси во дадена ситуација не можат да се потиснат и излегуваат на површина.

Зависно од карактеристиките на секоја личност комплексите може да се претпостават и според хороскопскиот знак, бидејќи токму тој ги открива слабите точки во карактерот на секоја личност.

Токму оттука потекнуваат и сите несигурности и стравови.

Овенот се плаши од зависност од другите

Припадниците на овој знак на прв поглед се многу самостојни и самоуверени, но тој нивни став често е привиден. Всушност, нив им е страв да зависат од другите бидејќи така им го диктираат и расположението. Од блиските луѓе потребна им е поддршка и внимание, инаку стануваат несигурни или депресивни. Тогаш ги примаат особините на „негативната Вага“ – несигурност, неодлучност, пасивност, голем замор и фрустрираност.

Бикот се плаши од несигурност

Без разлика дали во љубовта, финансиите или во професионална смисла, најголемиот внатрешен страв на припадниците на овој знак е несигурност и чувството дека немаат контрола над ситуацијата. Така во врската ќе им треба долго време за да стекнат доверба во партнерот и да го изгубат чувството дека тие се оние кои повеќе сакаат во врската. Ако се чувствуваат лошо ги преземаат карактеристиките на „негативната Скорпија“ – посесивност, лутина, обвинување, освета.

Близнаци се плашат дека не се доволно добри

Колку и да се комуникативни и експресивни, Близнаците се свесни за променливото расположение и поприлично се комплицирани. Иако околу себе имаат голем број луѓе со кои се согласуваат да го прифатат она што се. Во кризни ситуации преземаат карактеристики на „негативните Стрелци“ – не сакаат да слушаат туѓи објаснувања, главата им е во облаци и стануваат саркастични.

Ракот се плаши од потценување

Припадниците на овој знак поприлично се чувствителни на тоа колку често другите ги сметаат за важни во нивните животи. Нивната несигурност излегува на виделина во ситуации во кои се чувствуваат запоставено, несакано или ако ги прозиваат дека нешто не направиле како што треба. Тогаш ги попримаат карактеристиките на „негативниот Јарец“и стануваат песимистични, се повлекуваат во себе и се сожалуваат.

Лавот стравува дека луѓето ќе престанат да го сакаат

Губењето на положбата и јавното понижување се ситуации во кои припадниците на овој знак покажуваат слабост. Ако случајно некој ги игнорира нивните потреби и желби, на виделина излегува нивната внатрешна несигурност дека на блиските не им значат онолку колку што самите сметаат дека би требало. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативната Водолија“ и стануваат саркастични, повлечени во себе и бегаат од оние кои ги повредиле.

Девицата се плаши дека другите ќе ѝ ги прочитаат мислите

Припадниците на овој знак се навикнати да имаат ладнокрвна маска која ретко кој може да ја скрши, а таа всушност им служи за криење на внатрешната несигурност. Нивниот примарен комплекс е дека не се толку добри, вредни, способни или шармантни  како што оставаат впечаток, па чувствуваат постојан притисок дали ќе го одржат доброто мислење. Во стресни ситуации ги примаат карактеристиките на „негативните Риби“ – се плашат, емотивни се, деструктивни и хистерични.

Вагата стравува од туѓите одговори

Припадниците на овој знак нивниот социјален углед им е многу важен, а најголема несигурност претставува идеја дека другите за нив зборуваат нешто лошо, ги забележуваат нивните маани или погрешно ги сфаќаат нивните постапки. Стравуваат дека поради тоа другите ќе ги отфрлат и ќе имаат помала доверба за тоа колку им значат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на „негативниот Овен“ – стануваат агресивни, викаат и често се караат.

Скорпијата има потреба да биде паметна пред сите

Скорпиите немаат многу комплекси, но една несигурност постојано ги следи – потребата да се доживуваат како паметни или способни. Ако се почувствуваат дека се изложени или ранливи, мислат на тоа како другите би можеле да ги искористат и да стекнат предност пред нив. Во таквите ситуации ги примаат карактеристиките на „негативниот Бик“ и стануваат пасивни или зајадливи.

Стрелците стравуваат дека луѓето ќе ги заборават

Иако делуваат неамбициозно, филозофски се настроени и имаат потреба да им се допаѓаат на луѓето. Важно им е сите да ги памтат по добро, а сите критики на нивна сметка ги сфаќаат многу лично. Ако не добиваат пофалба за нивната работа или однесувањето им се јавува комплекс на пониска вредност. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативните Близнаци“ и стануваат површни, зборуваат неповрзано, вознемирени се и многу незгодни во комуникацијата.

Јарецот се плаши да се опушти

Припадниците на овој знак се многу несигурни и недоверливи по прашање на емотивните односи. Сметаат дека не им се дораснати на туѓите игри и се плашат некому да се предадат со целосна доверба и емоции за да не останат повредени. Токму поради тоа глумат ладнокрвност, но во стресните ситуации таа ранливост доаѓа до израз. Тогаш ги добиваат карактеристиките на „негативниот Рак“ чудни се, посесивни, љубоморни и многу емотивни.

Водолијата го крие недостатокот на самодоверба

Иако делуваат како мислењето на околината да не им е важно, Водолиите често го кријат недостатокот на самодоверба. Сепак, , со оглед на тоа што не сакаат да се стопат во масата , туку тежнеат кон тоа да останат индивидуални, одлучуваат да глумат дека другите не ги интересираат. Истовремено стравуваат дека луѓето кои им се важни, лесно ќе ги заменат. Во стресни ситуации примаат карактеристики на негативниот „Лав“, не сакаат да слушаат, бегаат од расправии и гледаат „од високо“.

Рибите се плашат дека луѓето ги сфаќаат „здраво за готово“

Рибите по правило не се несигурни, само премногу размислуваат за човечките односи. Еден од вечните стравови им е дека другите ќе ги сфатат „здраво за готово“. Исцрпени од грижи за другите, уморни и разочарани, Рибите во стресни ситуации ќе ги примат карактеристиките на „негативните Ваги“ и ќе станат критични, ладни, исклучително перфекционистички настроени и воопшто нема да бираат зборови со кои ќе ги повредат другите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 12:57

Кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2015-та?


По 12 години, положбата на Јупитер повторно е во знакот на Лавот.

koi-horoskopski-znaci-ke-bidat-najsrekni-vo-2015ta-01.jpg

Јупитер е планета на среќата, која носи зголемување на приходите, изненадни патувања, слава и проширување на семејството.

Лавот пак, е знак на креативноста, спортот и амбициите.

Ова споено влијание најголема среќа ќе им донесат на следниве 6 знаци:

Овен, Близнаци, Лав, Вага, Стрелец и Водолија

На овие 6 знаци Јупитер им носи поголема вера и оптимизам, позитивни можности и многу поголема среќа од минатата година.

До јуни 2015-та очекувајте посебно голема среќа и изненаден напредок.

Оние кои во себе носат голем талент или квалитет, во овој период конечно ќе го истакнат заради што ќе се здобијат со поголеми пофалби и признанија.

Овенот ќе се заљуби во 2015-та.

Близнаците ќе се подноват со автомобил.

Лавот ќе има многу финансиски добивки и успеси.

Вагите ќе стекнат многу нови пријатели.

Стрелците почесто ќе патуваат.

Водолиите може да се одлучат за нов брак или среќна вонбрачна врска.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 16:17

Каква ќе ви биде 2015-та според вашиот личен број?


Покрај планетите и хороскопските знаци, судбината ви ја одредуваат и вашите среќни броеви. Не е сеедно кога сте родени и кој е вашиот среќен број.

kakva-ke-vi-bide-2015ta-spored-vasiot-srekn-broj-01

Веројатно веќе го знаете вашиот среќен број кој е збир од броевите на вашиот ден, месец и година, сведен до едноцифрен.

На пример, ако сте родени на 27.03.1989 (2+7+0+3+1+9+8+9 = 39=3+9=12=1+2=3), Вашиот среќен број е 3.

Пресметајте си го вашиот број и проверете каква 2015-та година ве очекува:

1. Еден

Треба да ги довршите незавршените работи и да ги реализирате целите кои сте си ги зацртале. Ќе имате доволно енергија, мотивација и сила, особено ако се занимавате со нешто кое вклучува ангажман и на некои пријатели или со екипен спорт.


2. Два

Ова е година во која можете да започнете многу нешта за кои претходните 9 години само сте фантазирале, без разлика дали се работи за љубов или финансии. Бидете упорни и немојте да се откажувате од своите цели. Водете се според инстинктите, а не според логиката. Би требало да имате резервен финансиски фонд.


3. Три

Влегувате во година во која вашите таленти и креативниот потенцијал можат да дојдат до израз. На многумина ќе им се укажат можности за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Оваа година посебно им е наклонета на оние кои се занимаваат со некоја уметност или спорт.


4. Четири

Во новата година треба повеќе да се посветите на образование и стручно усовршување, особено ако сте помлади. Ве очекуваат чести патувања во странство. Бидете реални во проценката на сопствените можности и потенцијали. Направете план ан работа. Рекреацијата и промената ан начинот на исхрана ќе ви бидат многу важни за личниот напредок.


5. Пет

Во оваа година напорно ќе работите за да постигнете некои важни цели. Наспроти препреките и ограничувањата, ќе бидете во ситуација да пробате нешто потполно ново, што може да ви донесе и некој промени на работното место. Внимавајте на зглобовите, поради големата подложност на повреди.


6. Шест

Пред вас е година полна со љубов, романтични средби, познанства, дружење со младите, патување и учење. Доколку сте во позрели години, веројатно ќе внесете некои промени во станбениот простор, ќе го адаптирате или проширите. Односот со членовите на семејството ќе ви биде од пресудно значење.


7. Седум

Дојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со нешто креативно. Нова година ви носи можност за заљубување или брак. Со оглед на тоа што сакате ризици ќе бидете во ситуација брзо да донесете важни одлуки.


8. Осум

Ве очекува професионална и финансиска сатисфакција. Осмицата симболизира моќ, пари, силна волја. Би требало да поведете повеќе сметка за сообраќајот, бидејќи идната година носи поголем ризик од повреди.


9. Девет

Во следната година би требало да се насочите на финансиите, посебно ако планирате да вложите пари во нешто самостојно. Ако се занимавате со уметност или медицина, ова ќе ви биде година на проширување на активностите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 08:20

Годишен хороскоп за 2015


ОВЕН 

Работа - Во текот на минатата година многу работевте па реално очекувате оваа година добивката да не ве одмине. Тоа и ќе се случи, но сепак немојте да летате, смирете го боемот во себе . Немојте веднаш да честите сè и сешто, размислете сепак годината има 365 дена кои мора да се преживеат. Ако правилно ги распоредите може да ви помогнат во тешките месеци како што се март, септември, октомври и ноември кога токму финансиите ќе ве окупираат. Во текот на овие месеци бидете внимателни и во донесување на важни одлуки поткрепени со ваш потпис. И оваа година пред вас е цел која планирате да ја остварите на ова поле но овојпат немојте многу да се надевате на финансиска награда или што се вели пари нема да добиете можеби некое унапредување. Остварувањето на целта од сега гледајте го како опстанок на работното место . Оние припадници кои се занимаваат со свој бизнис можеби ќе застанат на свои нозе некаде од втората половина на мај. Во текот на летните месеци ништо посебно нема да се случи. Ѕвездите велат дека голема пресвртница ќе ви се случи во октомври кога ќе започнете да правите планови за нов пристап или сосема нова работа во која веќе ќе ја гледате вашата иднина.

Љубов - Јануари ќе биде исполнет со многу средби, дружења, но со стари пријатели или поранешни партнери. Уживајте во ваквите средби, но никако немојте да потклекнете на нечии моментални изливи на љубов, извинувања заради „X“ причини . Сето тоа е само приказна за мачкање очи. Што се вели : „било и поминало“ . Искрено нема да ви биде лесно особено кон личност кон која сте имале посебни чувства, но истите оставете ги длабоко во себе не дозволувајте да излезат во спротивно подгответе се за големи болки и разочарување. Оние слободните припадници нека одберат страстен партнер кој ќе умее да ги покаже своите емоции и нема да се срами во јавност да ве држи за рака и гласно да каже „да ова е мојата љубов“ . Во текот на февруари, април и јули ќе ви биде дадена одлична прилика од ѕвездите за вакво нешто, а вие не пропуштајте ја. Имајте на ум дека за вас успешна врска е онаа каде има многу секс, а чувствата ќе си дојдат сами по себе.

Здравје - Хранете се здраво, вежбајте и обезбедете му на организмот доволно сон. Ова е година кога може да се обидете во некој нов спорт за кој сте размислувале во последно време или да одвоите малку време за себе и да ја исфрлите негативната енергија преку вежби.

БИК

Работа - Во текот на ова 2015 годинс поинаку ќе гледате на настаните на бизнис сцената. Можеби и вие конечно ја сфативте вистината. Сега ќе бидете подготвени на компромиси, помагање на колегите, примање на совети што кои до скоро не беа ваши особини. Добро е што од самиот стрт ќе се поставите правилно па имате големи шанси да го задржите сегашното работно место. Во текот на зимските месеци ќе имате многу нови идеи, ќе менувате партнери за работа и доста ќе експериментирате. Ова сè укажува на динамичен период со доста заложби од ваша страна, но сепак обидете се да покажете малку стабилност барем во однос на ставовите или начините на извршување на работните задачи. Немојте да дозволите некој од страна да добие погрешно мислење за вас како на пример личност која е конфузна, нерешителна, нестабилна. Ако треба да се одлучите за партнер во работењето одберете некој во знакот на водолија. Некаде кон крајот на годината ќе видите дека добро сте постапиле. Игрите на среќа можете да ги практикувате во март, август и септември. Доколку планирате купување на автомобил стрпете се оваа година не е за таква инвестиција.

Љубов - Промените во однесувањето се застапени и кај вас и кај вашиот партнер. Но тоа не треба да ве оддалечува од него, напротив тоа ќе биде подлога за зацврстување на вашата врска. Конечно решение ќе донесете кон крајот на јануари па така ќе имате смирен стабилен љубовен живот. Внимавајте само на секојдневните проблеми од типот на задоцнето плаќање на сметки, да не влијаат негативно врз односот со партнерот. Обидете се секогаш смирено и оптимистички да разговарате на таа тема. Оние слободните припадници ќе се измачуваат од трката по соодветен партнер. Не губете верба во себе, сè ќе се среди само на ова поле оваа година ќе имате два периода. Едниот е од почетокот па до мај кога околу вас постојано ќе има некој кој ќе сака да биде со вас, да се дружи со вас, да ви подели комплименти и топли прегратки, а другиот период е од јуни до крајот на годината кога ќе имате чувство дека сите бегаат од вас. Токму во тој период некаде во летните месеци кога љубовните приказни се најсилни ќе ја пронајдете личноста од соништата која ќе биде во знакот на овен, девица или близнак

Здравје - Некаде до крајот на јули ќе чувствувате повеќе мачнини. На периоди ќе биде во желудникот, па во стомакот за да заврши со жолчката. Нема ништо сериозно, но за да бидете вие мирни направете лекарски прегледи на овие органи.

БЛИЗНАЦИ 

Работа - Вам многу нешта во животот не ви се поставени на соодветните места, па така и на ова поле ќе бидете растргани помеѓу разумот и емоциите. Вашиот разум вели дека крајно време е оваа година да се тргнете од влијателна личност во знакот на јарец и конечно да останете сами па со своја глава да решите по кој пат да продолжите. Ние ви препорачуваме предност да му дадете на разумот , вашата ментална хармонизираност е во склад со настаните па затоа немојте повеќе својата кариера да ја градите зад завесата на некој друг. Погоден период за да излезете на виделина се месеците март, април или септември. Добрата организација и насоченоста кон лица кои позитивно ве стимулираат ќе биде само успех за вас. Способноста за извлекување и од најкритичните ситуации нема да ве заобиколи особено во периодот од втората половина на февруари, првата седмица на мај и во текот на целиот ноември. Значи за оваа 2015 топло ви препорачуваме стабилна посветеност на работното место, не дозволувајте некој за вас да каже дека во соработка со вас има само безброј недовршени проекти и заборавени идеи. Вие докажете го спротивното.

Љубов - И на ова поле нештата ќе мора да се доведат во ред. Досега било како било, но од сега ако сакате да избегнете скандали од типот на жолт печат од самиот старт земете ги нештата во свои раце. Не дозволувајте да доминираат нагонските сили и емотивната привлечност како до сега, туку емотивната и духовната поврзаност со партнерот. Вашите љубовни желби лесно ќе се остваруваат од 18 мај до 20 септември, период кога лесно ќе запознаете нова личност во некое здружение или клуб од каде ќе се роди вистинска љубовна романса . Останатиот период бидете посмирени. Јасно ова вам нема да ви се допадне затоа што здодевноста е нешто што најмалку го сакате, но ако малку размислите ќе видите дека сами можете да си го подобрите периодот. Ќе најдете начин за дружење и пополнување на празнините.

Здравје - Кога ќе посакате да се откажете од новиот начин на живеење, сетете се само, зошто сте почнале.

РАК

Работа - Зимата не е ваш период од годината кога покажувате некоја посебна активност, па сепак оваа зима особено во првиот месец од годината ќе имате многу повеќе обврски отколку што вие се надевате. Ова нема да биде изненадување за околината туку за вас самите . Иако почетокот на годината ќе ви донесе драматични сцени вие сепак ќе останете доследни и лојални на вашата работа. Некои од вас ќе бидат на ново работно место или сосема во нова фирма па ќе се обидувате да докажете колку вашите обврски бараат индивидуален пристап. Не плашете се и работата во тим добро ќе ви оди. Преодниот период од февруари во март ќе ве прави посигурни па дури честопати ќе си дозволувате и на другите да им советувате што да прават затоа што претходно ќе знаете што ќе се случи. Сторете го ова, но суптилно немојте да се наметнувате за да не си создадете непријатели. Веќе од јули ќе може да се видат конкретно и првите резултати, на што ќе бидете горди и вие самите. Да, ете тоа се случува кога ќе излезете од вашата „заштитна куќа“.

Љубов Носењето паметни потези на полето работа не значи дека ќе ве прави доволно паметни и сигурни на полето љубов. Најчесто ќе сакате да седите отстрана и да набљудувате . Не седете надвор од случувањата и не прашувајте се кој какви и колкави сексуални апетити има. Соберете храброст направете избор и пробајте ги. Животот може да се живее само ако сте активен учесник во него во спротивно се е тоа само бујна фантазија и апстрактни илузии. Во периодот од 22 февруари почнуваат силни емотивни бранови на кои нема да можете да одолеете. Од тој период за слободните ракови започнува една нова емотивно силна страница во нивниот живот. Оние кои се во брак ќе ја зацврстат својата врска од април до јуни па ќе можат да уживаат во благодатите на љубовта.

Здравје - Оние ракови чија работа е поврзано со подолг временски период во седната положба може да имаат проблем со рбетот и целиот скелет па затоа вам ви се советува што повеќе да пешачите, останатите нека внимаваат од алергии во пролетните месеци.

ЛАВ 

Работа - Почнувате нешто сосема поинаку, нешто многу големо. Проект кој бара да се вложат многу пари, но и голем ум и знаење. Вие не сте знак кој сака да ризикува . Обично ги разгледувате сите можности и варијанти за да донесете правилно решение. Бидете внимателни особено кон односот на партнерите за овој проект чија реализација може да потрае и пет – шест години. Ќе мора да соработувате и со повозрасни личности од вас, да го слушнете нивното мислење иако понекогаш сте убедени дека од нив нема што да научите. Значи овој пат прифатете помош од сите, за да ги намалите ризиците на минимум. Оние пак невработените или незадоволните од сегашната работа нека тргнат во потрага по нешто ново, поинакво. Поволен период за вакво нешто е од април до мај. Конкретни договори може да очекувате веќе во јуни. Во овој период и вие самите ќе бидете поупорни особено кога ќе насетите некоја препрека. Оние припадници кои подолго време работат за ист работодавач ќе почнат да се гушат од авторитети па ќе имаат неверојатна желба за спас од истото. Дел од вас ќе се решат за самостојна работа, а дел ќе бараат нешто ново. Во периодот од 1 до 20 август има можност за потпишување на важни документи за вас па затоа летниот одмор планирајте го во некој друг период. 

Љубов - Во текот на целата година ќе се обидете максимално да ги криете своите емоции. Пред околината ќе покажувате едно, а внатре во душата ќе има нешто сосема друго. Но зошто да се измачувате? Зарем не мислите дека ќе биде полесно и за вас и за оние околу вас ако знаат што се случува во вас. Некаде во јануари на партнерот ќе му простите голема грешка затоа што вие тоа го можете, но и затоа што тоа го сакате. Размислете малку и сами, ако во вас немаше доволно љубов за него сигурно дека нема да имавте ни сила да поминете преку вакво нешто. Затоа сега отворете се, покажете ги своите емоции. Оние припадници кој се сеуште сами среќата ќе им се насмее од март до јули. Тоа е периодот кога можете да најдете сродна душа. Но меѓу вас има и такви кои бараат само уште едно тело за втората половина од својот кревет. Тогаш најдете си некој во знакот скорпија или девица.

Здравје - Крајно време е малку да се завртите и кон овој сегмент од животот. Ако вие не сакате тогаш некаде во февруари ѕвездите ќе ве подсетат. Проблеми можете да имате со висок крвен притисок и вишок на килограми. Се согласувате и вие дека за своето здравје вреди да се намали количината на храната во чинијата.

ДЕВИЦА 

Работа - Многумина од вас минатата година беа менаџери или административци. Кон крајот на годината вашето работно место или стои на стаклени нозе или пак сосема сте го изгубиле. Повеќето од вас за ваквата ситуација се виновни сами. Но што сега? Секако не е доволно само да се каеме или некого да обвинуваме, главата горе и се разбира се од почеток. Ако ова го сфатите сериозно веќе од самиот старт на годината вашиот проблем ќе се реши. Работете и немајте целосна доверба во никого освен во себе. На овој начин грешката нема да се повтори. Професии во кои можете да се пронајдете се готвење, средување на ентериер, менаџирање во угостителството или во културата. Ете ова се местата каде што треба да го барате својот леб. Добар период за работа е јануари, крајот на февруари, но најдобро е почетокот на пролетта па се до октомври. Ќе видите дека ќе успеете вие и онака секогаш сте биле во предност додека некој учел множење и делење вие практично сте учеле со готовина во рака. 

Љубов - Колку и да не се согласувате со нас сепак знаете дека вашата љубовна врска буквално се распаѓа. Се обидувате нешто да сторите, но сметате дека не е доволно. Мораме да кажеме дека не сте далеку од вистината, но што да се прави, нешто што не го чувавте со години сега сакате да го средите за неколку дена. Подобрување на ситуацијата очекувајте во јуни а до тогаш не губете трпение и верба во себе. Голема поддршка ќе имате од семејството, а вие возвратете со почитување на лицата кои ви значат. Оние слободните припадници нека ја испробаат среќата во март и во јуни, но притоа немојте да ги идеализирате оние околу вас. Не правете си бариера самите на себе, знаете дека е лесно некој вас да ве сака особено кога сте сензибилни и нежни, умеете да покажете внимание и конкретни предлози за забава. 

Здравје - Заради активностите кои ве очекуваат во текот на целата година постои можност за болки во нозете, но само од замор. Нешто на што треба посебно да внимавате тоа е вашето срце па затоа почесто проверувајте го како и шеќерот во крвта. 

ВАГА 

Работа - Вам веднаш мора да ви кажеме дека нема да ви биде лесно во текот на целата година особено со финансиите. Некоја набрзина донесена одлука сега ќе ви создава потешкотии. Смирете се немојте да дозволите стресот и бесот да надвладеат со вас, полека и смирено посветете се на правење планови како да ја намалите загубата. Вас вагите барем ви лежи планирањето. Токму стресот на почетокот од годината ќе ве поттикне да работите со поголема концентрација па така веќе од мај ќе бидете на правиот пат до решение. Не се плашите од работа па затоа и ќе размислувате за дополнителни ангажмани, што ќе се покаже како одлука на спасот. Некои пари кој воопшто не ги очекувате ќе пристигнат на вашата сметка некаде во август. Материјалната ситуација ќе го погоди своето вистинско време некаде од октомври, а до тогаш воздржете се од сите дополнителни трошоци .

Љубов - Обично не сте иницијаторот на ова поле, тоа го оставате на лицето од спротива. Но не срамете се слободно покажете кога некој ви се допаѓа. Некоја љубовна врска која започнала нестабилно во декември минатата година сега полека заличува на нормална врска. Впрочем, мора да се признае дека главен виновник бевте вие и желбата за својата слободата. Зарем мислите дека оние кои се во врска немаат и свое време? Секако дека имаат, но за истото треба навремено да се разговара со партнерот, за сè има решение. Оние ваги кои се во брак или подолга врска ги очекува тежок период со кавги, несогласувања што може да резултира дури и со прекин на истата на неколку месеци. Но без паника, ако мислите дека е подобро да се оддалечите од партнерот некое време и да размислите со своја глава сторете го тоа, но немојте прекинот да го направите со остар рез. Обидете се да имате некаков контакт барем телефонски и не оддолжувајте премногу. 

Здравје - Вашето расположение брзо ќе се менува од една во друга крајност и се заради погоре кажаните нешта. Проблемите на финансиски и љубовен план секако нема да ве остават рамнодушни. Обидете се да го намалите стресот со некој спорт и дружење со пријателите.

СКОРПИЈА 

Работа - Како и секогаш така и сега ќе превземате многу одговорности на свој грб што ќе резултира со премореност и незадоволство. Сакате да ги зголемите приходите многу се трудите, но сепак не успевате. За вакви резултати не сте виновни само вие, виновни се соработниците, стагнацијата во сите сегменти во стопанството и услугите па кога сè ќе се стави на еден кантар се добиваат токму такви резултати. Сепак сметаме дека вам добро ви оди затоа што многумина не само што не се профитабилни туку и пропаднаа. Во текот на април некој невработени скорпии ќе ја започнат својата професија во сферата на трговијата. Ова не е ништо посебно, но барем е некаков почеток. Само родените од втората декада нека се обидат во полето на информатика таму е нивната иднина. Во месеците февруари, мај и септември особено внимавајте со потпишување на документи.

Љубов - Се обидувате да ја задржите саканата личност на сите можни начини но дисфункцијата во врската сеуште е присутна. Ако нешто не се може подобро е навреме да го отстраните она што не се поправа. Во текот на март на социјалните мрежи ќе запознаете интересни личности со кои комуникацијата одлично ќе ви оди. Дури ќе имате и сериозни понуди за забава и тоа од повозрасна и помлада личност од вас. Сега ќе имате дилема со која да започнете. Се додека не излезете од виртуелниот свет и во живо не ја почувствувате близината на едната и другата личност секако дека нема да можете да донесете решение. Флуидот е тој кој ќе ги разбранува вашите емоции и ќе ве води понатака во љубовта. Оние кои се во врска ќе имаат стабилен и мирен брачен живот но својата страст ќе ја празнат во низа авантури во текот на целата година. Особено во ноември бидете повнимателни постои можност да се открие вашата тајна врска .

Здравје - Во целина добро ќе ве служи во текот на целата година. Мали промени и проблеми ќе почувствувате во текот на март- април, но ништо страшно. Треба само да го одржувате во добра кондиција своето тело за да ве служи здравјето што подолго. 

СТРЕЛЕЦ

Работа - Некоја промена за работното место ви била најавена уште од октомври 2014, сега во јануари истата ќе се реализира. Некој од вас ќе се решат за варијанта да заминат од фирмата каде што се, но некој ќе се согласат да останат само да го сменат работното место. Но како и да е и за едните и за другите ова ќе биде пресвртница во професионалниот живот. Прашањата од типот што и како понатаму се навистина непотрени. Потребно е само да се погледне директно во реалноста и да се зграби она што се може. Едно е јасно дека сите мора да преживееме само на различни начини. Токму начините ги одредуваме 50% ние самите. Ѕвездите велат дека работа со медиуми, маркетинг или самостојна работа би ви одговарала барем оваа година. Вашиот темперамент, подвижност и начинот на комуникација ве прават добро информирана личност, а штом се има точна информација тоа е половина завршена работа. Затоа имајте потполна доверба во своите сили. Во своја самостојна работа би биле најефективни затоа што тогаш нема кој да ве ограничува, начините и средствата за работа ќе ги одредувате вие самите па за оние невработените најдобра варијанта би била токму ова. 

Љубов - Невообичаено, но вистинито. На моменти се обидувате да ги сокриете своите интимни чувства, или пак тајни намери. Токму затоа во 2015 за околината делувате доста затегнато и студено. Зошто се мачите себеси, зошто да не одговорите на позитивните емоции и страста која пристигнува до вас од еден овен, близнак или лав.
Некои од вас својата љубов ќе ја сретнат на некои спортски терени, а некои во затворени простории како канцеларија или продавница. Затоа посебно внимание посветете му на периодот од 20 март до 20 април кога ќе налетате на близнак или лав со кој би имале одличен секс. Во целина на ова поле ќе ја поминете годината во пријатна и возбудлива атмосфера. Оние родените во парна година може да се соочат и со развод кој би бил во договор со постоечкиот партнер.

Здравје - Единствен проблем е вашата меланхолија која во многу сегменти може да ви го искомплицира животот, затоа ослободете се од неа. 

ЈАРЕЦ 

Работа - За некој кризата заврши, за други веќе работите тргнаа во нагорна профитабилна линија за нас, кризата одамна почна, но сеуште трае дури и во подлабоки размери. Не сме песимисти, само ги сложуваме коцките. Индустрија скоро и да нема, услужните дејности многу ги има, енергетскиот систем е веќе зафатен . Црна слика ќе се согласите и вие! Вашиот интелект и моќта од финансиите која ја чувствувате ве тера да размислувате каде да вложувате оваа година. Сепак како и сите кои имаат малку повеќе пари и вие ќе решите да финансирате во градежништво, но не во станбени згради туку во градење на објекти од јавен карактер, можеби нешто поврзано со здравство . Се е ова во ред само ќе мора да се подготвите за мачна работа одење по шалтери , потпишување на документи изработка на елаборати и уште многу нешта. Планетите препорачуваат да почнете веднаш по Новогодишните празници оти време нема. Па со среќа. Сето ова најверојатно ќе го завршите до 2016 година. Оние невработените среќата нека ја бараат надвор од земјава, некаде во Европа. 

Љубов - Однадвор цврсти, непопустливи дури тврдоглави , однатре меки како памук романтични, полни со љубов прво за себе, а потоа и за оние околу вас. Кој го сфатил ова, во вас ќе најде вистински партнер од соништата кој не тешко дека ќе издржи со вас. Ова би било накратко за вашите емоции. Но, ако сакате љубената да биде ваша тогаш не играјте квизови со неа туку отворено покажете колку ви значи. Желбата за атрактивна , заводлива и паметна личност до вас ќе ви се исполни по божиќните празници. На некоја забава во опуштена атмосфера вашата визија ќе прошета пред вас. Сите сетила ќе ги насочите во тој правец и комплетно ќе ја освоите. Родените од третата декада ќе уживаат во љубовни триаголници.

Здравје - Во најскоро време направете склад помеѓу полето работа и љубов за да ги заштитите крвните садови, а притисокот да го доведете во нормала. Оние родените од првата декада, нека ги проверат бубрезите и нивната функција.

ВОДОЛИЈА 

Работа - Веќе подолго време сериозно пристапивте кон интернет порталите кои нудат работа во странство, особено оние кој не се задоволни од моменталната работа или се невработени. Само едно треба да си знаеме „и таму не цветат рози“ . На работното место ќе мора сериозно да ги завиткате ракавите. Со почетокот на годината ќе добиете и нови ангажмани кој во текот на месеците февруари, март , мај и јуни комплетно ќе ве окупираат, но добивката од сето тоа ќе биде добра мотивација за понатака .Ќе остварите контакти со личности кои се на функција и ќе бидат вашата врата за понатамошни проекти. Во текот на април имате непредвидени трошоци кои сериозно ќе ја нарушат финансиската слика, но среќа пријател во знакот на девици ќе ви помогне. Оние кои се занимаваат со свој бизнис најдобро е да размислат за некоја промена, реорганизација. Сите овие сегменти ќе ви создаваат тензии и главоболки со кој ќе мора да се справите во текот на 2015 година.

Љубов - Окупирани сте со полето работа, но пак полето љубов ќе биде вашиот извор на енергија. Ако сте во врска во која нема страст, „тешко вас“ најдобро откажете се од истата. Секој нека си тргне по својот пат. Ова ќе биде година во која ќе имате многу страсти и нежности истите ќе сакате да ги споделите со некого па затоа често ќе ви се случува покрај партнерот да имате и авантури и флертови. Сето ова ќе го правите свесно затоа што тоа ќе биде вашиот спас од повеќе проблеми. Оние слободните нека ја испробаат својата среќа во текот на летните месеци кога ќе добиваат понуди од лица во знакот на бик, девица и вага. Период кога вам ќе ви годи да освојувате и да бидете освоени. Опуштете се и немојте да стравувате од љубов која ви носи задоволство, годините и малите тајни понекогаш се навистина неважни елементи за среќа.

Здравје - Ќе се чувствувате исцрпено таква ви е годината. Многуте обврски ќе ја одземаат вашата енергија до последниот атом, но ако навреме ја обновувате нема да имате штетни последици по вашето здравје.

РИБИ

Работа - Од самиот почеток проблем на ова поле во врска со некои документи хартии или неплатени долгови. Ако сте во приватниот бизнис, обидете се со некои други мерки да ги намалите трошоците немојте да земате кредити, многу тешко ќе ги враќате. Сконцентрирајте се , само на најважните елементи друго се отстранете за да можете некако да опстоите. Значи финансиски тешко ќе стоите во текот на целата ова 2015. Во текот на јануари и февруари комуникацијата со соработниците тешко ќе ви оди. Нема да сакате да слушате за нивните предлози туку ќе реагирате импулсивно што дополнително може да ја влоши целата ситуација. Посебно обрнете внимание на разните озборувања и приказни кои иако ви делуваат неосновани сепак вреди да се слушне, да се размисли, од нечии грешки може и да се научи. За среќа од март малку ќе мрднат нештата или ќе примените нешто дополнително, мало. но сепак доходовно. Оние невработените нека се обидат со дополнителни К*рсеви, дообразование ако можат да си го дозволат за да имаат некаква шанса за работа. 

Љубов - Како да ја заборавивте љубовта. Од романтична, емотивна личност се претворивте во затворена повлечена. Со ова не си правите ништо добро напротив си ја отежнувате целата ситуација уште повеќе. Не мачете се дозволете им на емоциите и страстите да проциркулираат низ вашето тело. Не лажете се сами дека водењето љубов покрај камин ги разгорува страстите не, тоа само огнот од каминот го зажари вашето тело …. 
Првата искрена прилика за опуштена љубов ќе ја имате во почетокот на март, мај, јули и септември. Подадената рака и топлата искрена насмевка немојте да ја одбивате. Љубовта и страста само ќе го закрепнат вашето тело, ќе ги зацврстат вашите мисли и целосно ќе ве подготват за силната борба со финансиите.

Здравје - Покрај толку многу проблеми тешко е да кажеме дека и на ова поле добро ќе поминете. Стресовите, нервозите ќе си го земаат својот данок во вид на главоболки и депресии. Но вашата силна психофизичка страна сепак ќе победи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2014 во 21:40
Originally posted by ZeZnAtA ZeZnAtA напиша:

ako ne ti pogodat..citaj za drugite i op pogodok голема насмевка


aiii stvarno.. osobeno za ona loshoto.. "zloto" de i op tuka e dobroto

Изменето од outlook123 - 30.Декември.2014 во 21:43
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2014 во 15:38

Идеален подарок: Бикот сака масажа, Скорпијата долна облека, Рибите книги


Новогодишната еуфорија веќе нè обзеде сите, некој помалку некој повеќе. Празниците се моменти на љубов и внимание, моменти на зближување со блиските, на кои заради брзото темпо на живеење не секогаш им даваме до знаење колку ни значат. За таа цел, најчесто се искупуваме со подарок, бирајќи совршен предмет со кој ќе ги изненадиме луѓето што ги сакаме и ќе предизвикаме насмевка на нивните лица.


Ние сме тука за вас да ви помогнеме во изборот, потпирајќи се на преференциите и желбите на секој од хороскопските знаци. Не е сеедно дали вашата драга е Овен, Риба или Близнак. Секој знак сака посебен подарок.

На Овенот купете му нешто што сам не би си го купил



Припадниците на овој знак се големи индивидуалци и страстни љубители на авантурите. Најдобро е да им подарите нешто што ќе ги инспирира да испробаат нови работи, како летање со параглајдер или членарина во некои забавно здружение. Накитот е секогаш добра идеја за жени, додека мажите ќе ги освоите со билети за натпреварот на омилениот клуб. Технолошките иновации исто така ги фасцинираат Овните, па така ни гаџетите не се лоша идеја за подарок.

Практично за Бикот



Припадниците на овој знак пред сè ја ценат удобноста, функционалноста и квалитетот на порадокот. Нив може да ги воодушевите со масажа, топла прекривка за кревет, музичка колекција или кујнски апарат. Ќе ги развеселат и модни додатоци, како чанта, паричник или часовник, но само под услов да се квалитетни. Подарок со кој не можете да погрешите е ваучер за гурманска вечер, со оглед на фактот дека големи хедонисти и љубители на храната.

Близнакот ќе го воодушеви гаџет



Припадниците на овој знак го обожуваат хуморот, па нив ќе ги воодушеви духовит подарок. Исто така, добра идеја е да им подарите книга или нешто поврзано со нивните интелектуални интереси, додека попасивните Близнаци паѓаат на гаџети. Ја сакаат и разновидноста, па така повеќе помали подарочиња за нив се подобри од еден голем.

Ракот сака емотивни подароци кои говорат колку ви е значаен



Старите, колекционерски работи се одличен знак за внимание за Ракот. Тие обично месеци претходно навестуваат што им е потребно, а со таквиот подарок ќе им покажете дека нивните желби ви значат. Збирка на сентиментални фотографии, нов кујнски прибор или козметика за нега на телото се добри идеји за подарок.

Лавот сака статусни подароци



Припадниците на овој знак ја обожуваат традицијата на разменување на подароци и ќе се налутат повеќе од било кој друг знак од зодијакот доколку не им имате купено ништо. Сакаат екстравагантни и скапоцени работи кои привлекуваат внимание, а нема да погрешите ниту со модни додатоци како часовник, накит или убаво парче облека. Сакаат да си угодуваат самите на себе, па затоа нема да погрешите ниту доколку им уплатите масажа на целото тело.

За Девицата подарокот мора да биде функционален



Сентименталните спомени не се најдобра идеја за подарок за Девиците. Тие сакаат предмети кои можат да ги користат, било да се работи за роковник, парфем или парче облека. Ќе бидат задоволни и со кујнски апарат или голем речник, а најмногу ќе ги воодушеват подароците за кои не ни претпоставуваат дека би можеле да ги добијат.

Убава блуза е одличен подарок за Вагите



За припадниците на овој знак не се важни парите вложени во подарокот, туку важно е со нив да го погодите нивниот специфичен вкус. Убаво парче облека, влезница за концерт, украс за домот или годишна претплата на омиленото списание се добри идеји за подарок за Вагите. Ним ќе им се допадне секој подарок кој ќе им помогне да се организираат, како планер или ташна за на работа.

Скорпијата преферира секси поклони



Кога бирате подарок за лице во знакот на Скорпија, не заборавајте на неговата личност. Мистериозните и сензуални Скорпии обожуваат подароци како секси играчки, секси прирачник или долна облека, но и криминалистички приказни или колекција на омилени документарци. Нема да ги разочата ниту добро парче облека или очила.

К*рс за нуркање или патување за Стрелецот



Активните Стрелци обожуваат необични подароци поврзани со патувања и авантури. Туристичките аранжмани за места на кои не биле, авионски билет, водич за патување или пак К*рс за екстремни спортови се идеален подарок за нив. Ќе им се допадне и спортска опрема како торба и тренерки.

Јарецот сака симболички подароци



Дигитална рамка за фотографии или книга од омилениот автор се одличен подарок за припадниците на овој знак. Нема да ги разочара ниту еден подарок кој им е потребен, а со оглед на тоа дека сакаат да си угодуваат, може да им подарите удобни пижами или топлинки. Кога станува збор за женските Јарци, нема да погрешите ниту со шминка или парфем.

Колку понеобичен подарок, толку поголемо задоволство за Водолијата



Со оглед на тоа дека Водолиите се големи љубители на електрониката и патувањата, со ваквите подароци никако нема да погрешите. Сепак, тие ги следат и трендовите, па интересното парче облека е исто така одлична идеја, сè додека тоа не е нешто што го имаат сите. И уплатата на најнеобичен К*рс може да ги воодушеви.

Рибите обожуваат сè што е поврзано со музика, филм и книга



Сонувачките Риби ќе паднат на сет карти за во кино, влезници за концерт или некоја добра книга. Ќе им се допадне и накит, како и секој подарок кој самите го имате направено и во кој сте вложиле труд. Шише добро вино, романтична вечера или ваучер за масажа ќе им пријаат на припадниците на овој знак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 17:42
Originally posted by Valerija Valerija напиша:


Стрелецот смета дека секој заслужува втора шанса. Тој е еден од ретките знаци кои ќе им простат на сите, бидејќи мисли дека секој заслужува втора шанса. Тој секоја приказна ќе ја согледа од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени со него и ако види дека не го повредиле намерно Стрелецот без проблем ќе прости.


д4б3
old d4b3
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 17:28

КОЈ Е ЗЛОПАМТИЛО СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

14

Бикот ќе сака да му се одмазди на секој што го повредил, Лавот ќе се прави како ништо да не се случило, а Стрелецот ќе прости веднаш, но ако му се извините.

Овен
Овенот простува само ако почувствува каење. Тој многу лесно се навредува, но исто така може бргу да прости. Ако е многу навреден постои можност неколку дена да не сака да разговара со вас, но по некое време и тврдоглавиот Овен ќе попушти.

Бик
Одмаздољубивиот Бик тешко простува. Многу комплициран знак, особено ако се повреди неговото его или достоинство. Често е во состојба да го прекине пријателството ако заклучи дека спротивната страна го разочарала. Исклучително е лојален и верен пријател, а тоа го очекува и за возврат.

Близнаци
Близнаците не прават драма околу простувањето. Близанците ќе му простат секому кој искрено од нив бара прошка. Околу тоа никогаш нема да прават драма. Веруваат дека секој може да згреши. Најчесно ќе простат кога пријателите ќе им покажат колку си требаат еден на друг.

Рак
Ракот бара многу извинување. Знак кој често го менува расположението, а сака да се освети за работи кои му нанесле болка. Тешко простува измама или предавство. Ќе прости само ако види дека другата страна се потрудила да се извини и добро да му објасни дека се кае за постапката. Кај Раковите добредојден е знак на мало внимание.

Лав
Расправија? Која расправија? Лавот често ќе се изненади кога пријателите ќе му кажат дека ги повредил, бидејќи никогаш не размислува за своите постапки. Кога ќе дојде до кавга тој само ќе се повлече. Тој речиси никогаш не им се извинува на другите, но не очекува ниту пријателите нему да му се извинат.

Девица
Девицата простува со јасно извинување. Превртлива е по природа, често пати тврдоглава и злопамтило. Кај неа не е тешко да се искупите за своите гревови бидејќи таа често преувеличува сè околу себе.

Вага
Вагата сака да игра топло – ладно. Општо е познато дека таа сака да прави драма околу сè. Било каква кавга во животот нема добро да ја поднесе и можен е колапс на системот. Во еден момент ќе биде подготвена сè да прости, а во наредниот ќе се предомисли.

Скорпија
Ова е најтврдоглавиот хороскопски знак. Често е во состојба да го прекине долготрајното пријателство, бидејќи во него тлее доза на желба за одмазда, но и да им покаже на другите дека со него нема шега. Лутината на овој знак може да трае со години.

Стрелец
Стрелецот смета дека секој заслужува втора шанса. Тој е еден од ретките знаци кои ќе им простат на сите, бидејќи мисли дека секој заслужува втора шанса. Тој секоја приказна ќе ја согледа од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени со него и ако види дека не го повредиле намерно Стрелецот без проблем ќе прости.

Јарец
Јарецот ќе се одмазди со злобни трачеви. Тој е исклучително горд и злопамтило и не простува лесно. Сака да озборува и често тие кои го повредиле, ќе бидат на мета на неговите злобни трачеви. Поради тоа повеќето пријатели се плашат да го повредат Јарецот бидејќи знаат дека лесно може да им го уништи угледот. Подмитувањето од било каков вид, со храна, подарок или пари, ќе го расположат овој знак.

Водолија
Водолијата е знак кој ќе им прости на сите свои пријатели бидејќи се смета за исклучително морална и чесна. Но, ако сфати дека одредени пријатели поседуваат лоша енергија и неповолно делуваат на неа, простувањето и понатамошното дружење ќе биде невозможно.

Риби
Рибите се еден од најгордите знаци во хороскопот. Многу тешко ќе им простат на пријателите кои што ги изневериле, а дури и ако простат, едно време ќе бидат на дистанца. Тие се водат со својата интуиција, па ако почувствуваат дека некому треба да му простат, ќе му простат, а ако не, тогаш е подобро таа личност да ја снема од нивниот живот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 12:33
a i koga ke ti pogodat..isto голема насмевка
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 12:31
ako ne ti pogodat..citaj za drugite i op pogodok голема насмевка
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 10:28
Лавот ќе го препознаете по детската разиграност, која му е навистина важна. Тие се како разиграни лавчиња. Но, за Лавот да биде толку разигран, нежен и искрен, треба да му дозволите да се чувствува слободно. Само во такво окружување ќе произлезе страст и љубов.

auuu denes mi pogodija..
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2014 во 08:14

Кои се љубовните приоритети на секој хороскопски знак?


Секој знак од Зодијакот има специфични карактерни црти, желби и однесување кон животот и луѓето. Исто така, секој знак има едно нешто кое го истакнува како приоритет кога е во прашање љубовта.

horoskopskite-znaci-vo-ljubovta-komu-mu-e-vazna-vernosta-komunikacijata-ili-iskrenosta-01

Проверете кому му е важна верноста, а кому искреноста или комуникацијата.

Овен

Сака отворени и директни партнери и љубовнци. Не сака игри и не сака да чека. Тоа е причината зошто нетрпеливоста и недостатокот на спонтаност може потполно да им ја уништат врската. Најтешко ќе им падне ако сфатат дека партнерот нешто крие од нив. Затоа, ако сакате да го освоите бидете директни и кажете му на Овенот што мислите и чувствувате.

Бик

На Бикот најважна му е нежноста и префинетоста. Ако сакате да му покажете љубов на Бикот, направете го тоа без вулгарности, непристојност или грубост. Овој знак најмногу се придржува до естетиката.

Близнаци

На Близнаците најважно нешто во врската им е комуникацијата. Ако не живеат заедно или ако не се гледаат секојдневно со партнерот, тогаш барем телефонскиот повик, смс пораката ќе биде доволна за Близнакот да знае дека сте заинтересирани. Ако не сте во постојан контакт, тоа може да биде погубно за врската. Освен со зборови, комуницирајте и со дела.

Рак

Како вистински семејни луѓе, Раковите сакаат да се чувствуваат заштитено, но и да имаат улога на заштитници. Во нив тоа создава чувство на сигурност од која ќе се развие голема љубов. Верноста, довербата и сигурноста во прегратка на саканата личност за Ракот е најпосебно чувство.

Лав

Лавот ќе го препознаете по детската разиграност, која му е навистина важна. Тие се како разиграни лавчиња. Но, за Лавот да биде толку разигран, нежен и искрен, треба да му дозволите да се чувствува слободно. Само во такво окружување ќе произлезе страст и љубов.

Девица

Девицата во љубовта кај партнерот бара добрина и подготвеност на жртви и помагање. Ако сте ладни личности, тешко ќе можете да ја освоите Девицата. Од друга страна, таа потполно ќе се предаде на некоја личност, ако види дека е нежна кон послабите од неа, кон помладите или старите луѓе на кои им е потребна помош во која било смисла.

horoskopskite-znaci-vo-ljubovta-komu-mu-e-vazna-vernosta-komunikacijata-ili-iskrenosta-1

Вага

Вагата во сè бара рамнотежа, мир и согласност. Токму тоа им треба и во врската. Затоа нивниот партнер мора да биде приспособлив. Вагите го ценат трудот и ако видат дека се обидувате да се приспособите, ќе ви ја простат секоја грешка.

Скорпија

Скорпиите без искреност и почит се чувствуваат празно и предадено. Многу им е важен сексот, но тоа ништо не значи без отворен однос и комуникација. Исто така им е важно партнерот да знае да чува тајни и да не раскажува наоколу за деталите на нивната врска.

Стрелец

Стрелците сакаат материјални подароци, искажување љубов, давање и примање кое се забележува. Од партнерот очекуваат повремено да им дозволи да бидат во центарот на вниманието. Добриот секс е задолжителен.

Јарец

Почитта и работната етика е она што го одржува Јарецот во живот, но важна му е и љубовта. Емотивната предаденост е нешто што го бара од партнерот. Не го земајте здраво за готово. Понекогаш и премногу пофалби може да ги доживеат како нешто навредливо.

Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат, а без авантури не можат да си го замислат животот. Не можат да опстанат без праведност и отвореност за нови идеи.

Риби

Најнежен и најчувствителен знак во Зодијакот се Рибите. Нивните партнери мора секогаш да внимаваат да не ги повредат. Рибите бараат партнер кој е чувствителен и емпатичен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.