|
Закон за забрана на пушење на јавни места |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 36> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не дискутираме субјективно, туку врз основа на нормите. Ете, јас се повикав на член 39, каде и ти и сите останати се должни да го чуваат моето здравје, значи ако седиме сите заедно во некој угостителски објект, сите сме должни да го чуваме, како своето, така и здравјето на другите. Во однос на скратеното право, може и да станува збор за објективни причини поради кое е скратено тоа право, при што државата е должна во најкус можен рок да го санира проблемот и да му го овозми на граѓанинот тоа право.Во однос на храната и водата, постојат светски ( сега и европски ) пропишани стандарди во однос на чиста храна и вода. Меѓутоа треба да разграничиме некои работи. За сите овие проблеми кои ги наведе, кои и тоа како се важни, законодавецот само го носи законот кој ја регулира дадената област, додека неговата имплементација останува на извршната власт. За сето ова кое ти го наведе има закони, ама останува да се покаже колку е функционална извршната власт да ги спроведе. |
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sto pravime so Veleskata topilnica koja i pokraj zgolemenite kancerogeni zaboluvanja na Velesani e pustena vo rabota?
Sto so Okta koja i pokraj se ne gi stava potrebnite filtri? |
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е сега дојдовме до суштината за која можеме да дискутираме ако го отфрлиме субјективното (цигароши наспроти антицигароши- терминот пушач нема да го користам за да не предизвикувам алудирања на други дејанија), Во Уставот јасно стојат правата (и обврските). Кога ја спомнав водата мислев на она кое според здравствените организации треба да биде исполнето некој норматив за добро здравје, арно ама од разноразни причини на граганинот му е ускратено тоа право- пр. со Куманово и немањто вода) - правото на исхрана со харана без пестициди, само еден господ и земјоделците знаат каква храна јадеме - загадувачи - депонии, стари автомобили, нееколошки горива, зарем сите набројани не го нарушуваат здравјето на сите???? Кога сите овие нешта ке бидат средени, тогаш на ред ке дојде и законот за цигари. Ке се осмисли, ке се формира комисија од мешовит состав, вака ова изгледа само покажување моќ и ѓоамити грижа за здравјето. И нормално дава место за манипулација дека ама ич не им е гајле за здравјето на луѓето туку најден начин за полнење на буџетот преку драконски казни (значи политика). |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Закон за забрана на пушење на јавни места.
Taka treba! Sledniot zakon treba da bide - Zabrana za pushenje vo privatni prostorii kade shto ima i drugi lica pokraj pushachot. Pushachite nemaat pravo da gi trujat svoite sopruzhnici i deca. Znam koga vo Kanada trebashe da se donese ovoj zakon, se pobunija ugostitelite tvrdejki deka kje mora da gi zatvorat svoite objekti zatoa shto najgolemiot broj gosti im bile tokmu pushachite. I shto se sluchi? Brojot na gostite im se ZGOLEMI posle donesuvanjeto na zakonot bidejki pochnaa da doagjaat site onie lugje so semejstvata koi porano ne go pravea toa poradi chadot od cigaite. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
always look on the bright side of the life!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mamamd, секако дека спроведувањето на законите е во рацете на извршната власт, а и таа секако дека има влијание врз законодавецот, сепак да не навлегуваме какко влијае и зошто, тоа е друга тема. Во однос на тоа што го кажа, за донесување закон за пиење вода, јадење и слично, не може да донесе таков закон, затоа што ти ако не јадеш, ти ќе страдаш, ако не пиеш вода само ти дехидрираш, тоа не влијае на оние околу тебе. А со пушењето влијаеш. Останува да видиме што ќе одлучи Уставниот Суд и на што ќе се повика. Во голем дел од Европа овој закон падна, но таму пак има многу други решенија, како поделени кафеани, многу големи давачки за угостителите кои овозможуваат пушење во делови од кафеаните и слично. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако зборуваме за некоја замислена земја во која се си е на свое место,каде секој ке си ја работи својата работа, нема да се мешаат ингеренциите тогаш ОК. По нешто памтам од испитот иако го полагав одамна и знам дека законодавецот ги носи законите а нивната примена е во нечии други раце. Дискусиите се колку законодавецот размислува за применливоста на законите и користа/штетите од него. Што правиме ако законодавецот едноставно одлучи (во име на подоброто здравје на граѓаните) - мора сите дневно да пијат по 2 литра вода ( а во Куманово немаше вода) -мора сите да јадат дневно по одредена грамажа зеленчук, овошје, месо ( а прво не прашува дали луѓето имаат пари за сето тоа, а и дали се вегетаријанци) Ке се карикираат законите се до оној момент до кога се небулозни, тоталитарни и тешко применливи. Впрочем, веќе луѓето најдоа чајре, има места кај инспекторите нога не ставаат, каде за законот не чуле, па набргу свртилишта ке станат токму тие места, само треба да се премине преку мост А овие од другава страна на мостот, ке почитуваат закони и ке си останат без гости (туку за ова во политика) Законов насекаде паѓа, па ке падне и тука. До тогаш ке се снајдат цигарџиите. |
|||
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ke kazam pak i pak i uste mnogu pati ako treba. Prethodniot zakon dozvoluvase licata koi sto se zanimavaat so ugostitelski biznis, fizicki da ovozmozat prostorii za pusaci i nepusaci. Nikoj ama bas nikoj vo Makedonija ne ni pomisli da se pridrzuva kon toj zakon. Epa nikoj ne im e kriv za segasnava situacija. Ne moze da se pravat sporedbi od tipot na toa deka kafeto bez cigara ne odelo a zdravjeto na lugeto da se stava vo vtor plan.
|
|||
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мамамд, законот , барем онаа измена што јас ја постирав, предвидува можност при сметување на гости, угостителот да обезбеди најмногу 30% од просториите за пушење. Законодавецот не е надлежен за депониите и слично, тие се во рацете на извршната власт ( а сега се во рацете на локалната самоуправа ), а не на законодавната власт и овие две работи не треба да се мешаат. |
|||
igi 3
Сениор KVO VADIS Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 18736 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne e samo taa deponia so ne donese zakon naj niskata plata da e 1000 eur a cenite na se da padnat za 50% i nevrabotenos da ima samo 3% Pa da vidi kako zdrav i vesel narod ke ima vo Makedonija Изменето од igi 3 - 06.Јануари.2010 во 21:58 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здравјето на луѓето најмалку им бил на памет кога го пишувале законот. Ако сакале правичен закон требало само да одредат простории за пушачи/простории за непушачи. А и не е вистина дека смрдливоста не делува нма здравјето на луѓето. Каква главоболка се развива знае само тој што престојувал во такви услови. Законодавецот треба да земе предвид дека има куп други нерегулирани нешта за грижата за здравјето. Кога би ставиле на пр. на кантар за загадувач, кој е во моментот поголем загадувач во Тетово, димот од цигарите или депонијата??? Зошто не е донесен закон по кратка постапка да се заштитат луѓето, кога државава волку ни се грижи за здравјето на луѓето. |
|||
igi 3
Сениор KVO VADIS Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 18736 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон
Модератор l'Еminence rouge Регистриран: 20.Јули.2008
Пораки: 4878 Drugarce tebe ova ti izgleda dobar zakon? Ne bi sakal da si vo kozata na ovie ugostiteli i nekoj koj se direktno zasegnati so ovaj zakon. Zarem ne gledas deka segde vo evropa pagja ovaj zakon. Zarem mislis deka ovaj zakon koj e donesen vaka brzopleto ima ucestvuvano nekoj pusac? Ili jas donesov zakon ovaj zakon e od mene kakov e takov e jas sum tvoreceo ( se cuka nekoj po gradi) Kako mene ima dosta pusaci koi sakaat pokraj kafeto ili piackata da zapalat cigara,a jas toa ne mozam da go storam ni vo eden restoran kafic ili drug ugostitelski objekt.Sega e prasanjeto dali moite prava kako pusac ne se SECENI VO KOREN a drugoto prasanje e ako kako mene pusacite ne odat vo tie objekti mislis deka tie ke bidat profitabilni? ili vo polos slucaj nema da bidat zatvoreni a toa povlekuva i drugo kolku lugje ke ostanat bez rabota vo i onaka teskata ekonomska sostojba Ne vredi da se raspravame za vakvi zakoni koj za mene ne se za pocit a i nemaat nikakva svrha Ovaj zakon e od nekoja zemja sto e bo EY samo prepisan i preveden ,a mozi i ne vazi vo taja zemja poveke za zal ne zavisno koja partija e na vlas dodeka im davame vakvi podrski za vakvi promaseni zakoni ovie vo vlasta uzivaat kako so velat starite BUBREG VO LOJ Nemam protiv da ima posebni lokali za pusaci i ne pusaci ama imam protiv da ima sekade zabbrana Za ovaj zakon mislam deka Buckovski ke pokreni nekoja postapka i mislam deka ke go padni ovaj zakon samo za vremeto ne znam za nekoi ke nema svrha koga ke bidat kazneti i zatvoreni nekoi objekti Za zal se odi taka vo ovaa nasa Makedonija Aj da ne pisam poveke mozime da diskutirame do beskraj So pocit igi 3 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
IGI, токму затоа и се најновите закони во законот за сообраќај, со драконски казни, па ако има пари, тој што пие, слободно нека вози. Во однос на храната, таа ти ја консумираш, ако јас сум во таа близина, не ја јадам јас, ниту чувствувам последици од тоа што ти јадеш таква храна. Текстот на законот го нема во пречистена верзија, па затоа само дел од него ќе постирам, не изгледа добро, ама не е среден текстот. Според член 2 од Законот за заштита на пушењето објавен во “Сл. весник на Р Македонија” бр.36/95 од 27.07.1995 година Јавни простории во смисла на овој закон се подразбираат: - објекти во кои се врши воспитно- образовна дејност и објекти за престој и сместување на деца, ученици и студенти; - објектите на здравствените и социјалните установи; - затворени и отворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари, културни манифестации, собири и други јавни приредби; - средства за јавен превоз на патници; - објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна; - простории во кои се одржуваат состаноци и средби и - други простории (сали, канцеларии, чекални и ходници) кои ќе ги определи со акт правното лице согласно со овој закон. Во член 2 по алинеја 7 од законот за измена и дополнување на Законот за заштита од пушењето објавен во Сл. весник на Р Македонија” бр.103/08 од 19.08.2008 година, се додава нова алинеја 7-а, која гласи: кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафебар, кабареа, дискоклубови и пивници. Со член 3 од Законот за измена и дополнување на Законот за заштита од пушењето објавен во Сл. весник на Р Македонија” бр.103/08 од 19.08.2008 година, предвидена е можност, во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување на пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот. Одредбата на членот 2,алинеја 7-а ќе почне да се применува од 1-ви Јануари 2010 година. ( став 2 од членот 9 од Законот за измена и дополнување на Законот за заштита од пушењето објавен во Сл. весник на Р Македонија” бр.103/08 од 19.08.2008 година ). |
|||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Затоа и дискриминирачки е законот, на некој не му е дозволено да си ужива во цигарите, затоа што владава не е способна на угостителите да им наметне правила и норми за посебни простории за пушење. Ама вас ви е арно, нели....ве боли Џоле. |
|||
Внеси реплика | страница <1 3031323334 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |