IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2015 во 08:58

ЕГИПЕТСКИ ЉУБОВЕН ХОРОСКОП

03
Египетскиот хороскоп е еден од најстарите, а со него се служеле и фараоните за полесно да управуваат со својата голема земја и да му ја олеснат положбата на својот народ.

Овој хороскоп исто така е поделен во дванаесет знаци, а со секој знак управува еден бог. Врз основа на датумот на раѓање, многу лесно ќе откриете кое божество ве штити и каков совет ви дава за подобар љубовен живот.

АМОН [БОГ НА ПРПРОЦИТЕ]

Од 1 јануари до 2 февруари.

egpetzodiac2

Во љубовниот живот ваш заштитник е Амон – богот на пророците – кој што на сите свои штитеници им дава талент вистински да се вљубат на прв поглед – и тоа во вистинската личност. А кога тоа ќе се случи, а обично станува збор за јавно место, личноста на својот живот ќе ја освоите така што едноставно ќе седнете до неа и ќе зрачите со внатрешна среќа. Таа тогаш едноставно нема да биде во состојба да одолее на толкавата привлечна и позитивна енергија.

Инаку вие сте упорни, но ненаметливи, а својата добра волја ја спроведувате тивко и полека. На прв поглед изгледате ладно, но во суштина сте полни со длабоки чувства до кои треба да се продре. Понекогаш дури изгледате и незаинтересирано, што е само маска за силната емотивност, затоа што сте приврзани и верни, а во љубовта одите на сé или ништо. А секако, за возврат барате многу.

Ваша боја е златната, а оружје со кое заведувате – паметот!

СЕБЕК [БОГ НА СВЕТАТА РЕКА НИЛ]

Од 3 февруари до 4 март.

egpetzodiac3

 

Најмногу ја цените убавината и уметноста, па така понекогаш надворешната убавина може комплетно да ве заслепи. Сепак, спаѓате меѓу најнапредните личности кога станува збор за емоциите и сексуалноста. Оригинални сте и неповторливи. Во емотивните врски имате потреба за интелектуален партнер.

Во потрагата по сродна душа, спремни сте да пробате сé. А бидејќи сте и љубопитни, присутна е постојана желба да ги проширите своите видици. Имате брз ум, моќта на запазување ви е голема и поседувате широк круг на пријатели. Многу сте искрени во емотивните односи и не поднесувате лаги и матни ситуации.

Себек  е бог – крокодил и ја чува светата река Нил и богатството на древниот Египет. За вас ја сочувал уметноста со саканата личност да остварите хармонија и склад.

Ваша боја е сината, а оружје со кое заведувате – оригиналноста!

ОЗИРИС [БОГ НА ПЛОДНОСТА И ВЕГЕТАЦИЈАТА]

Од 5 март до 9 април.

egpetzodiac4

Романтични сте и многу сензуални, склони кон идеализирање на својот љубовен партнер и љубовниот живот воопшто, па може да се случи да бидете и разочарани и тогаш не ви гине цела река од солзи, секако поради преголемата чувствителност. Затоа треба што е можно побргу да научите да ги раздвојувате стварноста и убавите желби и фантазии.

Полни сте со разбирање за другите и можете да бидете изразено продуховени. Вам ви е неопходна љубов и нежност, затоа што без нив се чувствувате изгубени. Ја сакате природата, поезијата и животните, па така во природа се чувствувате на свој терен и како дома. Не сакате затворени простори и загадена градска атмосфера.

Ви треба доста време за да се вљубите, но кога тоа ќе се случи, времето работи за вас. Вашата љубов е цврста и верна затоа што и вие сте такви, чувствителни и полни со страст, па идеален партнер за вас е секој во кого ќе се вљубите.

Ве штити богот на плодноста – Озирис – и ве советува за среќа во љубовта да ја отфрлите материјалноста.

Ваша боја е бојата на индиго, а оружје со кое заведувате, сензуалните очи.

ПТАХ [БОГ НА ВИСТИНАТА]

Од 10 април до 2 мај.

egpetzodiac5

Во љубовта сте импулсивни и полни со барања, но затоа пак сте искрени, отворени, лојални, па дури и наивни. Бидејќи Птах е богот на вистината, не се согласувате на односи кои не се сосема искрени. Најчесто немате многу трпение и поради своите барања и импулсивни реакции лесно ги прекинувате врските. Понекогаш знаете да бидете пргави и премногу искрени, затоа што мислите дека е најдобро да се каже вистината во лице, без разлика на последиците.

Луѓето под заштита на богот Птах знаат да променат многу партнери во својата потрага по вистинската личност. Всушност, многу често се вљубувате, знаете да се залетате и ретко размислувате за последиците на своите постапки. Сакате работите да ви се случуваат сега и веднаш!

Но сепак во изборот на партнерот знаете да донесете и некои сосема практични одлуки. Обично барате личност која цврсто стои на земја и на која можете да се потпрете.

Ваше најсилно оружје е насмевката, а ваша боја црвената!

ХОРУС [БОГ НА ЖИВОТОТ] 

Од 3 мај до 16 јуни.

egpetzodiac6

Во љубовен поглед понекогаш сте слични со пеперутките – немате постојаност и не сакате цврсти врски, туку ве привлекуваат авантури и нови познанства. Склони сте да ја жртвувате својата сигурност во име на нешто ново, дури и ако со тоа сте свесни дека правите некоја глупост. Со леснотија се впуштате во авантури на патувањата или со непознати личности – ќе направите сé за да ја задоволите својата љубопитност.

Поседувате страствена природа и очи кои се секогаш живи и најчесто со светла боја. Животот и љубовта за вас се постојана потрага по идеалното, а во одреден момент секој знае да биде оној вистинскиот.

Сепак, вистинската љубов за вас ќе биде силна и стабилна личност, некој кој што ќе може да го скроти вашиот немирен дух, а сепак да ви пружи возбуда која што ви е потребна. Во секој случај, вие сте личност која никој не треба да ја ограничува.

Во љубовното заведување ги користите сите свои способности, а најмногу богатиот дух.

НЕФТИС [БОЖИЦА НА ЉУБОВТА]

Од 17 јуни до 21 јули.

egpetzodiac7

Преубавата Нефтис владее со можеби најромантичниот знак. Нејзините деца се неверојатно верни на своите љубовници, претопувајќи се со нив во едно тело и душа. Сензуални сте, страствени и многу емотивни. Во потрагата по вистинската личност понекогаш се случува да го загубите компасот и почнете да лутате од една до друга личност. Вам љубовта и нежноста ви се потребни повеќе од било кој друг знак, но за возврат исто така давате многу.

Понекогаш сте многу склони кон фантазирање, но ако ви се пружи прилика, знаете своите соништа да ги пренесете во јаве. Но, поради преосетливоста и ранливоста, морате да бидете многу претпазливи при изборот на партнерот. Мора да пронајдете некој што е исто така внимателен и лојален како и вас, затоа што во спротивно може да бидете искористени.

Во заведувањето се потпирате на својот изглед и би требало да го истакнете со бела облека и сите други пастелни бои.

СЕТ [БОГ НА МОЛЊИТЕ И ПОДЗЕМЈЕТО]

Од 22 јули до 18 август.

egpetzodiac8

Имате многу жив темперамент, а вашите чувства се возвишени и достојни. Сет е бог на молњите, бурите и подземјето, па на вашите чувства им дава жестока страст. Не се предавате лесно и од партнерот очекувате максимална ангажираност. Стално сонувате за страст и романтични доживувања, а критериумите понекога ви се понекогаш толку високи што повеќе сакате да фантазирате отколку да се препуштите на некој кој само половично ќе ве задоволи.

Потребна ви е личност со балансиран карактер и темперамент, која ќе знае да излезе на крај со вашите жестоки чувства. Сепак не сте посесивни, сакате да се гордеете со партнерот, но имате желба и за големо внимание и поклони од секаков вид.

Кога сте вистински вљубени, тогаш во целост се посветувате на партнерот и ангажирано работите на самата врска. Несигурните личности лесно може да се исплашат од вашиот сигурен и над сé, активен став.

Освојувате со својата достоинствена појава и аристократско држење и став. Вашите бои се портокаловата и златната.

АНУБИС [БОГОТ ЗАШТИТНИК]

Од 19 август до 21 септември.

egpetzodiac9

Вие сте многу одговорни, интелигентни и поштени, емотивни и романтични, но понекогаш ви недостасува иницијатива. Мора да вложите малку повеќе енергија и ентузијазам кога барате партнер. Во состојба сте да сакате некого долго време, без воопшто да се решите и да му се приближите и реално започнете врска.

Љубезни сте и дискретни и не ви е секогаш лесно да се наметне и покрај неспорните вредности кои ги поседувате. Исто така понекогаш премногу очекувате, но во еден момент ќе морате да се спуштите на земја и се решите за една личност, која сепак (како и сите други) има и понекоја маана.

Вистинската личност за вас е онаа која во себе носи и некоја тајна и која ќе ви дозволи постојано и наново да ја откривате дел по дел и на тој начин постепено се повеќе да се вљубувате. Вашите секогаш стануваат појаки со текот на времето.

Ваше најсилно оружје е интелигенцијата и духот.

РА [БОГ НА СОНЦЕТО]

Од 22 септември до 15 октомври. 

egpetzodiac10

Вашите емоции се деликатни, одмерени, полни со внимание и љубезност. Ретко ви се случува да влезете во некој однос без претходно добро да размислите, а авантурите сами по себе се исклучени!

Сакате романтична атмосфера и креативни љубовни игри, преку кои се чувствувате исполнети. Сигурно е дека нема да имате проблеми да ја пронајдете личноста на вашиот живот, затоа што самите вие сте личност која е идеална за заеднички живот.

Многу сте осетливи на комплименти, со задоволство ги примате и долго ги паметите. Романтична атмосфера на почетокот од врската ви е неопходна, затоа што не можете ни да замислите освојување во неприкладна атмосфера.

Секогаш сте опкружени со лица од спротивниот пол, па можете да си дозволите да бидете пребирливи. Сепак, овде за вас лежи и главната опасност. Понекогаш не сте сигурни дека го имате направено вистинскиот избор, па затоа сте склони кон претерано колебање.

Ваша боја е зелената.

ИЗИДА [БОЖИЦА НА ЧУДАТА]

Од 16 октомври до 9 ноември.

egpetzodiac11

Божицата Изида е божица на чудата, а личностите родени под нејзина заштита како да имаат магична моќ. Вашата насмевка и поглед се во состојба да го заведат секого, а посебно оној кој сте решиле да го освоите.

Во љубовта давате сé од себе и никогаш не се колебате дали да ја преземете иницијативата во свои раце. Сакате да го усреќите партнерот, па по некогаш може да се случи да изгубите мерка во тоа.

Поседувате извонредно голема страст и сте доста отворени, па истото го очекувате и од партнерот. За вас не постои забрането овошје и тешко е да им се одолее на вашите емоции. Упорноста е една од вашите највпечатливи особини. Кога ќе се решите за некого, тој е скоро со сигурност ваш, прашање е само на време. Да се пронајде вистинската личност за вас е лесно, правата љубов може да ја „намирисате“ и кога е далеку со километри.

Главно оружје во заведувањето ви е шармот и интелектот, а боја – темноцрвена.

ТХОТ [БОГ НА СВЕТЛОСТА, МУДРОСТА И МАГИЈАТА] 

Од 10 ноември до 3 декември.

egpetzodiac12

Понекогаш имате тешкотии во искажувањето на емоциите, посебно љубовните. Од една страна имате потреба за некој кој што е секогаш овде за вас кога се чувствувате тажни или нерасположени, а од друга страна, имате постојана потреба за бегство – сакате авантури и нови искуства.

Најмногу би ви одговарала личност која е секогаш на едно место и кај која секогаш можете да дојдете кога осетете потреба за спокој и љубов. А вашите љубовни потенцијали најмногу зависат од расположението. Можете да бидете мрзеливи, но и големи алтруисти. Но поради големите промени во расположението, често претставувате мистерија за другите околу вас.

За вас љубовта е синоним за животот и затоа секоја врска ви е величествена. Со задоволство преземате иницијатива и лесно се препуштате на изненадни и возбудливи љубовни доживувања. Најмногу ви одговараат долги врски во кои станувате – пред сé – пријатели со партнерот.

Ваша боја е виолетовата, а главно оружје – духовитоста.

ХАТОР [БОГ НА МУЗИКАТА И УМЕТНОСТА]

Од 4 декември до 31 декември.

egpetzodiac13

Вие навистина верувате во Љубовта. Кога ќе се вљубите во некого, тешко ја прекинувате врската. Потребен ви е партнер кој ќе ве разбере, но и кој ќе знае и умее да ги поттикне да излезат на површина сите оние чувства кои се кријат длабоко во вас.

Хатор е божица на музиката и уметноста, па од таму, вашите чувства се рафинирани и нежни. Сакате љубов, но истовремено имате и страв од неа. Поради тоа понекогаш изгледате како ладна личност која не може да биде освоена. Во љубовта обожавате долги подготовки, а трпението го наградувате со страст. Имате голем сексуален потенцијал, што од вашето однесување не може лесно да се види.

Ваша боја е темнозелената, а оружјето со кое заведувате не е воочливо на прв поглед и токму во тоа е и вашата тајна – треба постепено да откривате.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 13:07

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ПОДНЕСУВААТ КРАЈОТ НА ВРСКАТА

1

Секој од нас различно го поднесува крајот на врската. Некој поминува денови, месеци па и години обидувајќи се да застане на нозе, а некој лесно заборава и продолжува напред. Дознајте како реагира секој хороскопски знак:

Овен

Тие се луѓе од акција, не стојат мирно додека не го најдат она што им прилега. Кога ќе почувствуваат дека врската не ги исполнува доволно, дека партнерот не им го пружа она што им треба ставаат карј. Иако изгледаат како силни и издржливи, тие се многу емотивни и крајот на врската ги уништува. Но, секогаш успешно го сокриваат тоа.

Бик

Тие се позитивни и друштвени. Во љубовта го наоѓаат мирот. Никогаш не започнуваат врска со некој кој им е непознат. Врската за една ноќ за нив е непознат поим. Во врската се вложуваат целосно. Но, ако дојде до проблем во врската тие се трудат со сите сили да ја задржат. Ќе направат се за да ја спасат. Ако врската не успее, тие се повлекуваат во себе. Не досаѓаат и не го пратат поранешниот партнер. Болката кај биковите минува многу споро.

Близнаци

Тие се во непрекината потрага по совршеното. Лесно се вљубуваат и лесно забораваат. Во врската знаат да направат возбуда, случувања, да ја распалат страста, но и во исто време да гледаат на страна за нешто подобро. По прекинот на врската не им треба многу време за да започнат нов живот.

Рак

Раковите се емотивни по природа. Семејството, бракот, врските им се прибежиште од секојдневните проблеми. Тие се големи сонувачи и сакаат да го остварат сонот. Во врските се отворени, разговараат, слушаат, даваат љубов. Страста многу брзо ја заменуваат со љубов. Кога ќе дојде до крај на врската за нив светот е срушен. Не се борат кога ќе го видат крајот. Се повлекуваат во себе и патат.

Лав

Лавовите се доминантни, своеглави и со силен карактер. Способни се да го добијат оној кој ќе го посакаат. Додека трае страста тие можат да направат се. Но, многу брзо го губат интересот. Кога ќе се оладат ќе направат се за да се прекине врската. Арогантни и заљубени во себе не размислуваат кога ја прекинуваат врската како му е на другиот.

Девица

Тие се ладни и недостижни. Никогаш не прават нешто за да освојат, тие секогаш оставаат некој да се намачи за нив. Играат тактички. Перфекционисти во се па и во љубовта. Од партнерот очекуваат да го прави истото. Додека трае љубовта не очекувајте многу драма, романтичност и страст. Кога ќе заврши љубовта се однесуваат како ништо да не се случило. Ладни се пред партнерот кој може на колена да ги моли.

Вага

Тие се комплексни личности на кои не им е проблем да ве прифатат со сите маани и доблести. Тие се стабилни личности, па такви се и во врската. Љубовта за нив е света работа. Но, тие имаат проблем со љубомората. Од тој проблем произлегуваат многу други кои се кобни за врската. Кога ќе дојде крај на врската се обидуваат да ја спасат, со разговор пред се. Кога ќе сфатат дека нема заедничка иднина ништо не може да ги врати назад.

Шкорпија

Шармантни, сексипилни, полни со себе. Лесно е да забележите шкорпија и тие се свесни за тоа. Не трпат глупост и подмуклост. Директни се и јасни. Во врската претпочитаат многу страст. Кога тоа ќе го нема тие бегаат. Неможе никој и ништо да ги врати назад. Склони се кон правење сцени и драми кога е крајот на врската.

Стрелец

Слободни и сигурни во себе, одлично функционираат кога се сами. Но, кога ќе се заљубат од нив може да очекувате сигурност на долги стази. Не бараат многу од партнерот. Но кога станува збор за љубомора тие се непопусливи. Не дозволуваат некој да го скроти нивниот слободен дух. Ако ја осетат љубомората се повлекуваат во својот свет.

Јарец

Тие се упорни во остварувањето на зацртаните цели. Стабилни се и со традиционални вредности. Во врската се прилично инертни, не бараат многу, но не ни даваат многу. Не сакаат да губат, едноставно не го прифаќаат тоа. Тешко е да ставите крај на врска со јарец.

Водолија

Како пријатели се прекрасни луѓе, секогаш тука да ви помогнат. Но, кога станува збор за врските тие се прилично затворени и крути. Тешко е од нив да слушнете убав збор. Но, кога ќе ја почувствуваат љубовта во себе спремни се се да направат. Се борат до последната сила. Емотивни се и тешко забораваат. Тие може до староста да жалат за некој од минатото.

Риби

Тие во себе носат универзален космички свет. Сакаат кога покрај себе имаат силен партнер. Чувствителни се и во врската и по неа. Емотивни се но никогаш нема да ви го покажат тоа. Воздржани го прифаќаат крајот, но никогаш не забораваат. За нив важи правилото дека еднаш се сака во животот. Затоа и никогаш нема да ја заборават својата најголема љубов.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 18:31

ЧЕТИРИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ОД КОИ МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ДОЛГА ВРСКА

24

1.Бик – Еден од знаците кои се карактеристични пред се со својата упорност, тврдоглавост, но и амбиција. Бикот во врската е многу стабилен и внимателен.Ужива во долги врски, не сака флерт и забава со други партнери. Тој е целосно оддаден на врската, посветува внимание и време за својот сакан, сакана. Тој обично има само 2, 3 врски во животот, не сака авантури и сплетки, сака само стабилна и цврста врска.

2.Лав – најстабилниот знак во хороскопот, секогаш одговорен и лојален кон сите, а особено кон партнерот. Сака долга љубовна врска, сака внимание и да даде во врската и да му биде возвратено. Не сака чести авантури и флертови со спротивниот пол. Овој знак, обично има една или две врски во животот, следната веќе е крунисана со брак. Ако сеуште барате партнер, побарајте го овој знак.

3.Близнаци - внимателен знак, романтичен дури и премногу. Тој ужива во долгата врска со партнерот. Кога ќе засака еден човек со него се приврзува до самиот крај. Знае да сака вистински и длабоко, се дава себе си во врската. Секој би сакал да има до себе ваков партнер, внимателен и стабилен.

4.Девица – секогаш перфекционист во се што работи во животот, па и во љубовта. Сите ја обожуваат девицата, таа знае како да ја сподели љубовта со останатите на вистински начин. Сака сериозна врска, секогаш го почитува партнерот, го осипува со внимание и нежности. Имаат долги врски, дури и по цели десет години, верувале или не.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:54

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е ВАШИОТ НАЈДОБАР ПАРТНЕР ЗА СЕКС?

4

Како вашиот карактер влијае на сексот, со кој хороскопски знак…

…најдобро се сложувате, кој ве привлекува најмногу и во што уживате?

Запишувајте си ја буквата пред одговорот.

1. Колегата/колешката која ви се допаѓа ве кани на пијалак:

А. Среќни сте затоа што конечно ќе добиете прилика подобро да се запознаете
Б. Не сакате да покажете интерес па затоа го/ја одбивате
В. Велите дека имате планови и го одложувате пијалакот.
Г. Не губите време и го/ја заведувате уште на паркингот.

2. Излезени сте со пријателите и ви се допаѓа некој(а) кој(а) е:

А. Таинствен/а и со пригушен сексипил
Б. Пристапен/на, опуштен/а и сензуален/на.
В. Самоуверен/а и интелигентен/на.
Г. Преубав/а, останатите не му/и се до колена.

3. Кога станува збор за уметност во заведувањето вие:

А. Непрестајно ги менувате улогите, сакате да заведувате и да бидете заведувани.
Б. Знаете што сакате и не го менувате мислењето лесно.
В. Зборливи сте и морате да го имате главниот збор.
Г. Изразено сте страствени и романтични.

4. Сексот за вас е:

А. Начин да се нурнете во длабочините на скриеното задоволство.
Б. Задоволство кое го делите со личноста на која и верувате.
В. Начин да излезете од сопствената глава и да влезете во главата на партнерот/ката.
Г. Експлозија на енергија: колку подобро, побрзо, посилно, почесто…

5. Вашите сексуални фантазии се:

А. Конвенционални и обични.
Б. Воајер сте, ве возбудува да ги гледате другите за време на секс.
В. Сакате сексуални игри, особено играње улоги.
Г. Ве возбудува латекс, кожа и секси облека.

Најмногу одговори под А:
Најважно ви е да остварите духовна врска со парнерот/партнерката и затоа не сакате секс за една ноќ. Најмногу ви дговараат водени знакови како Скорпија, Риби и Рак, а чувајте се подалеку од Лав, Овен и Стрелец

Најмногу одговори под Б:
Конвенционални сте, промислени и цврсто стоите на земја. Ви одгвараат мирни партнери кои се рационални и предвидливи. Најдобро се сложувате со земјените знаци, како Бик, Девица или Јарец.

Најмногу одговори под В:
Ве привлекуваат изразено интелигентни и возбудливи партнери со бујна фантазија со кои секогаш имате бројни теми за разговор. Ако сакате да постигнете најголемо сексуално задоволство, побарајте партнер од огнените знаци: Овен, Лав или Стрелец.

Најмногу одговори под Г:
Вие сте личност со бујна фантазија, страствени и вистински зависник од адреналин, па затоа ви е потребен некој кој ќе може да го следи вашето жестоко темпо. Најмногу ви одговараат знаци како Близнаци, Вага и Водолија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:52
ne mu dosaduvajte na lavot!, ognen znak e..

a manipulacija i kontrola - jok!

Изменето од outlook123 - 17.Јануари.2015 во 16:54
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:49

КАКО ВЕ МАНИПУЛИРААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ВО ВРСКАТА

11

Oвен
Со припадниците на овој знак, во љубовта ве очекуваат доста проблеми. Тие сакаат да ги прават и таму каде што ги нема, најчесто со својата љубомора, посесивност и импулсивните сцени пред другите. Вешти се во пасивната агресија, па ако нешто не им е по волја, очекувајте дека безброј пати и на најлошиот можен начин ќе ви го извадат на нос.

 Бик

Како и кај Овенот, на припадниците на овој знак, во љубовта највеќе им смета љубомората. Партнерот ги мачи игнорирањето, глумата и прикажувањето како се е во ред. На крајот на секоја расправа, кавгата ќе заврши само ако му признаете на Бикот дека е во право, бидејќи тој секогаш е најпаметен.

 Близнаци
Превртливите припадници на овој знак во врската повеќе се посветени на себе отколку на патнерот, а очекуваат дека тој секогаш ќе се труди за нив. Изгледаат дека никогаш не се задоволни, а намерно ќе провоцираат љубомора. Отровните зборови и навреди не се им непознати.

 Рак
Најлоша работа кај припадниците на овој знак е што можат да се навредат скоро на се што им кажете. Опседнати се со мислењето на околината, а кога се налутени стануваат безчувствителни и осветнички настроени, спремни се засекогаш да го замразат тој кој силно ќе ги повреди. За опроштај ќе треба долго да ги молите.

Лав
Припадниците на овој знак ќе ги дознаат слабостите на својот партнер и секогаш кога ќе се почувствуваат загрозено, ќе ви ја префрлаат вината како самите би биле подобри. Стануваат ужасно напорни ако не им се посветува толку внимание колку што сметаат дека заслужуваат и драматизираат до бесвест.

Девица
Секогаш спремни на критика, припадниците на овој знак кон никој не се толку ужасни како спрема љубовните партнери. Бидејќи и во љубовта се перфекционисти, се мора да биде така како што замислиле, а ако не е, се лутат со денови. Склони се кон проверување на партнерот и често се посесивни.

Вага
Со нив партнерот тешко може да знае на што е, бидејќи и на најмалата ситница можат да го променат ставот и расположението. Имаат цел сет на правила, како нивниот партнер треба да се однесува, па дури и да се облекува. Сметаат дека партнерот треба да ги слуша во се и се поставуваат како советници.

 

 Шкорпија

Припадниците на овој знак се склони кон флертот, но и кон аферите. Способни се да манипулираат и лажат за да дојдат до својата цел. Иако нема да прават сцени во јавноста, ако ги посрамотите пред друштвото, тоа тешко ќе ви го опростат.

 Стрелец
Иако ќе се заколнуваат на вечна љубов и предаденост, припадниците на овој знак секогаш ќе гледаат што на нив и одговара и како да ја свртат ситуацијата во своја корист. Ако погрешите, очекувајте дека ќе ви солат памет, но ни случајно не се обидувајте да го направите истото во обратната ситуација бидејќи тоа ќе го доживеат како најдлабока тешка емоционална навреда.

 Јарец

Како и Девицата и припадниците на овој знак имаат многу очекувања од партнерот, а тоа во секој момент ќе му го даваат до знаење. Можат да мислат едно, а да зборуваат нешто сосема друго, а да се однесуваат така да ништо не ви е јасно. Во состојба се многу добро да ги сокриваат сопствените чувства и инсистираат на тоа да проблемот никогаш не е во нив.

Водолија
Припадниците на овој знак толку многу се гордеат со својата индивидуалност да покрај нив никој не се чувствува сакан. Обожаваат да се инаетат, но и да глумат инает како би дошле до својата цел. Ако се повредени, тоа никогаш не го признаваат, туку го враќаат дупло.

 Риби
Бидејќи се свесни дека во љубовта многу даваат, уште поголем е стравот дека тоа нема да им биде возвратено. Константно ја тестираат партнеровата љубов, а љубоморни се и без причина.



Изменето од Valerija - 17.Јануари.2015 во 16:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:47

ПРЕСМЕТАЈТЕ ДАЛИ СИ ОДГОВАРАТЕ СО САКАНИОТ ЧОВЕК СО ПОМОШ НА ФЕНГ ШУИ ПРАВИЛНИКОТ

4

Годината на вашето раѓање е поврзана со еден од петте фенг шуи елементи. Пронајдете го својот и елементот  кој му одговара на вашиот партнер, а потоа следете ги кинеските совети за сексуално задоволство.

12.02.1956-17.02.1958. ОГAН

18.02.1958-27.01.1960. ЗЕМЈА

28.01.1960-04.02.1962. МЕТАЛ

05.02.1962-12.02.1964. ВОДА

13.02.1964-20.01.1966. ДРВО

21.01.1966-29.01.1968. ОГАН

30.01.1968-05.02.1970. ЗЕМЈА

06.02.1970-14.02.1972. МЕТАЛ

15.02.1972-22.01.1974. ВОДА

23.01.1974-30.01.1976. ДРВО

31.01.1976-05.02.1978. ОГАН

06.02.1978-15.02.1980. ЗЕМЈА

16.02.1980-24.02.1982. МЕТАЛ

25.01.1982-01.02.1984. ВОДА

02.02.1984-18.02.1986. ДРВО

19.02.1986-16.02.1988. ОГАН

17.02.1988-26.01.1990. ЗЕМЈА

27.01.1990-03.02.1992. МЕТАЛ

04.02.1992-09.02.1994. ВОДА

10.02.1994-18.02.1996.ДРВО

11

МЕТАЛ

Вашата сексуална енергија: Поседувате силна сексуална енергија и работите сакате да ги имате под контрола. Сакате да сте на врвот и да го врзувате. Не ви претставува проблем сами да се возбудувате додека тој ве гледа. Ве привлекуваат предизвикувачки пози, а вашата околина мора да биде „драматична“, инспиративна и да вклучува некои табу.

Фенг шуи стимулација:

За да ја зголемите физичката енергија, во собата ставете чинија со тркалезна форма од темносино стакло и наполнете ја со вода. Во водата исипете прав со светки и чинијата ставете ја во источниот дел на собата. Ваквата комбинација ќе ви даде доволно енергија за да ги пробате сите пози од „кама-сутра“- а потоа се да повторите.

ВОДА

Вашата сексуална енергија: Како голем романтичар, секое сексуално искуство сакате да биде волшебно. Брзиот секс не ја задоволува вашата потреба за емотивен интензитет и исполнување. Стимулот мора да биде и физички и ментален. За вас идејата за екстаза е повозбудлива од самиот секс. Затоа сакате да потонете во фантазии за време на љубовните игри.

Фенг шуи стимулација:

Запалете три свеќи со сина боја пред огледалото во северниот дел на собата. Тоа ќе предизвика зголемување на адреналинот. Постелнината во златна боја исто така ќе ја поттикне вашата фантазија.

ДРВО

Вашата сексуална енергија: Вие сте перфекционисти во креветот и сакате да експериментирате. Вашиот партнер мора да биде физички посебен и спремен да проба се. Се возбудувате постепено, а кога ќе достигнете целосно возбудување, се предавате на интензивната оргазмичка енергија!

Фенг шуи стимулација:

Сакате бавна предигра. Затоа ставете едена дрвена чинија во западниот дел на собата со што би поттикнале постепен прилив на енергија.

За повеќекратен оргазам поставете 5 црвени свеќи во стаклени свеќници во јужниот дел на собата. Тоа ќе ви донесе последични експлозии на задоволство!

ОГAН

Вашата сексуална енергија: Во вас гори провокативна сексуална енергија. Сакате да сте спонтани, да ги оживеете своите најхрабри фантазии и копнежи за многу  креативниот љубовник. Исполнете ги своите желби- се е дозволено.

Фенг шуи стимулација:

Најмногу ви одговара визуелната стимулација. Поклонете си себе си едно големо огледало кое ќе ви овозможи да се гледате додека водите љубов и кое ќе го зголеми движењето на  сексуалната енергија.

За  да ја поттикнете еротската енергија, ставете еротски слики на ѕидот. Тие ќе ја поттикнат вашата еротска фантазија. Без разлика дали на сликата се наоѓа еротски пар или само едно голо тело, ќе се чувствувате секси секогаш кога ќе ја погледнете.

ЗЕМЈА

Вашата сексуална енергија : Вие сте многу сензуални, заводливи и опуштени. Потребно ви е бавно, постепено, но силно возбудување. Телесниот допир и емотивната блискост се за вас подеднакво важни во достигнувањето на оргазмот. Сакате масажа и орален секс. Убавото опкружување исполнето со префинети работи и материјали ќе ви овозможи вашата сексуална енергија полека да се разгори.

Фенг шуи стимулација:

Стаклените чинии наполнети со каменчиња и стакленца ставете ги во јужниот дел на спалната соба. Тоа ќе ја разбуди вашата „дива“ страна.

За да ја зголемите својата сензитивност, ставете плишани и свилени перници на креветот или подот кои ќе бидат во јаки, живи бои.

КАКО СЕ СОГЛАСУВАТЕ?

Дознајте дали вие и вашиот партнер сте идеален спој по фенг шуи „рајот“ со помош на понудената табла за компатибилност. Ако тоа не е случај послушајте ги советите кои ќе ви помогнат неговата енергија да ја канализирате во вистинската насока.

МЕТАЛ/МЕТАЛ

Магнетна врска. За да предизвикате пренос на сексуалната желба од вашето тело на неговото, закачете некоја ткаенина во интензивни бои над вашиот кревет.

МЕТАЛ / ВОДА

Металот не може секогаш да ги контролира желбите на водата. За подобро еротско расположение ставете кактус во источниот дел на собата.

МЕТАЛ / ДРВО

Во вашата врска се сретнуваат потребата за контрола и потребата за постепено бавно возбудување. Во вашата спална соба нека биде присутен мирисот на лимон кој металот ќе го направи сензуален .

МЕТАЛ / ОГАН

Металот сака контрола, а оганот е секогаш гладен за секс. Ставете два розови кварцни кристали во најоддалечениот десен агол во собата кои ќе помогнат партнерите да станат повнимателни за потребите на другиот.

МЕТАЛ / ЗЕМЈА

Вие ја одржувате сексуалната енергија еден на друг. Црвените чаршави ќе ја поттикнат и забрзаат вашата сексуална енергија.

ВОДА / ВОДА

Сонувачи и романтични души, и двајцата имате потреба од фантазија која ќе ве возбуди. Ставете постер со убави предели или голем постер со мотиви од живи бои во близина на креветот, со цел тоа да ве инспирира.

ВОДА / ДРВО

Љубопитно дрво и мистична вода. Наместете го вашиот кревет кон запад со цел да го поттикне бавното водење на љубов.

ВОДА / ОГAН

На водата и е потребно повеќе романтика отколку на оганот. Ставете кварцен кристал со сива боја во плишана вреќичка под перниците за да ви помогне, односно водата да може да го одржи чекорот со оганот.

ВОДА / ЗЕМЈА

Водата копнее за романтика, а земјата за физичко возбудување. За да постигнете рамнотежа на овие две различни енергии, ставете бел кварцен кристал во јужниот дел на собата.

ОГAН / ОГAН

И двајцата сакате брз и интензивен оргазам. Ставете црвени предмети низ целата соба за да овозможите летање на вашите искри.

ОГAН / ЗЕМЈА

Длабоко еротска врска. За интензивни оргазми ставете две свеќи во „бронзена“ боја покрај креветот.

ОГAН / ДРВО

Кога е сексот во прашање преовладува тврдењето „се е оправдано“, кое ви одговара се додека и двајцата истовремено горите од страст. Ставете некој метален предмет на прозорот за да ја зголемите сексуалната енергија.

ДРВО / ДРВО

И двајцата тежнеете кон совршенство секогаш кога водите љубов. Една слика со кинески змеј и феникс во вашата спална соба ќе го зголеми оргазмот.

ДРВО / ЗЕМЈА

Врската може да биде динамична доколку сте толерантни кон сексуалната енергија на партнерот. Дрвото е сонувачки префинето, а земјата е сензуална. За рамнотежа на двете сексуални енергии ставете аметист во рамката на прозорот.

ЗЕМЈА / ЗЕМЈА

Реагирате подготвено, снаодливо и целосно еротски. За зголемен прилив на адреналин, исполнете ја вашата спална соба со темни мистични материјали и бои.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:45

ХОРОСКОП: КАКОВ Е ВАШИОТ ИЗБРАНИК, ШТО САКА ВАШАТА САКАНА ЛИЧНОСТ И КАКО ДА ЈА ОСВОИТЕ...

1

Овен

Овновите се луѓе кои постојано бараат акција и партнер кој ќе може да го следи нивниот брз живот. Секогаш сами превземаат иницијатива, не се срамат да го направат првиот чекор и секогаш знаат што сакаат, поготово во кревет. Партнерот мора да биде доволно јак за да може да му се спротивстави, но и трпелив за да
може да ги поднесе сите темпераментни активности и авантури на кој ќе биде подложен. Познати се како освојувачи за брзо време и не ја пропуштаат можноста која им се укажува. Брзо се “палат” кога некој им се допаѓа, но и многу брзо се ладат и лесно забораваат. Со текот на годините повеќе ја ценат љубовта и кога вистински ќе се заљубат се верни партнери на кои можеш да им се довериш.

Омилен мирис: парфеми со мирис на ванила
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: црвена
Место за водење љубов: теретана, базени, стадиони
Омилена храна: тестенини
Афродизијак: ванила
Ерогени зони: околу усните, вратот
Цвеќе: лале

Бик

Биковите се бескрајно романтични, но подеднакво сакаат страствена врска и авантура. Лесно можете да ги освоите со изглед и слатки зборови за да им го подигнете егото, но вистински ги привлекуваат мускули и добар парфем. Имено, Биковите сакаат се да пробаат, помириснат и допрат па добриот парфем е неопходен.

За успешно партнерство со Бик треба да имате многу големо трпение. За да започнат сериозна врска им треба многу време да размислат, но кога конечно ќе се одлучат за една личност, подготвени се да направат се за да имаат мирна врска или брак. Сексот им е многу важен и за него одвојуваат многу време.

Омилен мирис: интезивни парфеми со ориентални нијанси
Кој им одговара? Биковите имаат добра врска со Јарци и Девици. Најдобри пријатели бараат во Раковите, додека Водолиите ги фасцинираат, но поради различниот карактер, не можат да се сложат.
Боја со која освојува: виолетова
Место за водење љубов: парфимерии, ресторани
Омилена храна: пршута
Афродизијак: масло во комбинација од маслиново масло, ментол и темјан
Ерогени зони: врат, раменици, образи
Цвеќе: јоргован

Близнаци

Типичните Близнаци ретко дочекуваат старост со првиот партнер со кого стапиле во сериозна врска или брак. Иако сакаат мир и сигурност, не поднесуваат досада и имаат потреба за промена на партнерите. Созревајќи може да станат верни, но многу тешко одолее на предизвиците.

Поради желбата за промени бараат партнер кој е подготвен да помине низ различни турбуленции, а со текот на времето учат дека љубовта и сигурноста вредат повеќе од предизвиците и новостите.
Близнаците брзо запознаваат нови луѓе и така нови пријателства и врски. Најмногу ги влечат весели луѓе кои покажуваат љубопитност и кои се спремни за дискусија. Тие се мајстори за забава за една вечер.

Омилен мирис: цветен со нијанси на лимон
Кој им одговара? Најдобро се сложуваат со Ваги и Водолии, додека бурни односи имаат со Лавовите, а никако не може да ги смислат Шкорпиите и Рибите кои се премногу чувствителни
Боја со која освојува: светло сина, жолта
Место за водење љубов: на пат
Омилена храна: суши
Афродизијак: кавијар
Ерогени зони: гради, рацет
Цвеќе: магнолија

Рак

Раковите сакаат да се впуштат во авантура за една ноќ, но потајно се надеваат дека ќе ја сретнат љубовта на животот, принцот на белиот коњ. Истоврмено се љубоморни и великодушни па склони се кон постојано менување на расположение. Саканата особа спремни се да ја носат на раце, но поради најмала ситница  можно е веќе утре да ја одбијат.

Типичен рак можете да освоите со нежни и романтични сигнали, кои ќе им дадат доволно храброст да се препуштат. Копнежот за доверба и нежност кај раковите е далеку по изразен отколку кај другите знаци па нив е најлесно да ги воодушевите со едноставна вечера на свеќи и разбирање. Покрај авантурите, тежнеат кон постојани врски затоа што не сакаат да бидат сами во животот.

Омилен мирис: женствен, цветен мирис
Кој им одговара: Најдобро си одговараат со Шкорпија и риби, добро се сложуваат со бикови, а никако не одговараат со овни
Боја со која освојува: сребрена
Место за водење љубов: езеро, море, прошетка, пикник, набљудување ѕвезди
Омилена храна: салата со шкампи, ореви
Афродизијак: целер
Ерогени зони: гради, уши
Цвеќе: лилјан, ирис

Лав

Совршената комбинација од заводлив талент и ловечки инстинкт го прават Лавот посакуван и неодолив. Кога ќе успее да ги сокрие “канџите” и со разум да го победи нагонот за импулсивни реакции, води мирен живот и се труди да ја усреќи личноста за која се грижи.

Заљубените Лавови се нежни, дарежливи и лојални, а поради честите непромислени акции, често се одлучуваат на брак дури и по кратка, страствена врска. Лавот сака да освојува и да да превзема иницијатива, па не смеете да му се нудите како лесен плен. Ако партнерот му досадува постојано, Лавот може брзо да изгуби интерес.

Омилен мирис: ретки и одбрани мириси
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: златна
Место за водење љубов: зоолошка градина, шума
Омилена храна: бифтек
Ерогени зони: нозете
Афродизијак: тартуфи
Цвеќе: сончоглед

Девица

Девиците најповќе се дружат со културни и образовани луѓе, а нови пријателства и контакти остваруваат многу внимателно и по детална анализа. Повлечени се и не ретко се затвораат дома, па им е потребен партнер кој ќе им ја разбие монотонијата. Ги привлекуваат убаво оформени мускули и длабоко деколте, сакаат весел дух и богато животно искуство.

Бараат посветен и оптимистички партнер во кој ќе имаат многу доверба со оглед на тоа да и тие самите не се толку уверени во сопствените способности. Тие сексот го сметаат за најприродната работа на светот, а за добра врска и брак треба многу повеќе од авантура и површни работи.

Омилен мирис: едноставни, благи мириси
Кој им одговара? Девиците ги обожаваат Биковите и Шкорпиите, додека Близнаците ги нервираат и ги сметаат за неискрени.
Боја со која освојува: Сива
Место за водење љубов: музеј, книжара, кино
Омилена храна: њоки
Афродизијак: качунка
Ерогени зони: лактови, колена, папокот
Цвеќе: гарденија

Вага

Шармантните Ваги се добродојдени гости на сите забави. Секогаш се во тек со најновите случувања и точно знаат што се случува наоколу. Атрактивни се и љубезни па секогаш имаат многу обожаватели и понуди околу нив. Вагите ги ценат внатрешните вредности, но сепак им е важен и надворешниот изглед.

Многу внимание посветуваат на естетика, ја следат модата и луксузот, а истото го бараат и од другите. Поради високите очекувања тешко пронаоѓаат партнери за подолга врска, но кога ќе ја најдат личност нивната исклучителна адаптибилност им овозможува да ја одржат онаа врска која ќе ја започнат. Никогаш целосно не затвораат врата пред нови познанства па оние кои ги обожуваат никогаш не се сигурно во тоа дали ги освоиле или не.

Омилен мирис: сите ексклузивни парфеми
Кој им одговара? Со Лав може да си ја остварат желбата за живот полн со луксуз. Квалитетни односи развиваат со Близнаци и Водолии кои се поденакво адаптибилни, додека Овновите им се премногу груби, а Раковите премногу чувствителни.
Боја со која освојува: сите нијанси на розевата боја
Локација за љубов: трендовски и монденски места
Омилена храна: лосос
Афродизијак: пиперка
Ерогени зони: нозете, колковите, стомакот
Цвеќе
: ружа, каранфил

Шкорпија

Животното мото на Шкорпијата е “се или ништо” па подобро времето да го потроши сам отколку на површни работи и односи. Тивка е, но е многу суптилен осовојувач кој е упатен во сите тајни на заведувањето и знае како да пружи незаборавно сексуално уживање. Шкорпијата можете да ја освоите со билети за концерт на класична музика или со карти за патување во некој од европските градови кои се престолници на културата.

Шкорпијата бара целосна посветеност и внимание од партнерот, љубоморна е и не поднесува конК*ренција. Поради стравот од покажување емоции во некои моменти се чини за премногу ладен, а во друга ситуација е комплетно различен и страствен. Овој знак сака лојалност и искреност, а неверството не го заборава ниту пак го опростува.

Омилен мирис: интезивни и необични мириси, цимет
Кој им одговара? На Шкорпиите им годат нежните Ракови и Риби, додека Лавовите на почетокот им се интересни, но потоа им здодеваат. Не се сложуваат со Бикови.
Боја со која освојува: Црна
Место за водење љубов: музеј, концерт, патување
Омилена храна: смокви
Афродизијак: рузмарин
Ерогена зона: задникот
Цвеќе: Орхидеја

Стрелец

Модниот зависник – Стрелецот ретко пропушта шанси кои животот му ги пружа. Поденакво бара љубов и забава за една вечер, но искрено верува во среќен крај во стилот на Холивуд приказните. На Стрелците обично им е потребно подолго време за да ја пронајдат вистинската љубов, бидејќи тие тешко го подаруваат своето време и тело, а уште потешко срцето и чувствата.

Потребата за слобода кај Стрелците е во постојан конфликт со љубовниот живот, желбата за стабилност лесно може да прејде во страв од сериозна врска. Стрелецот сака високо ниво на адреналин па може да се воодушеви од лудо возење на мотор или “банџи џампинг”. Долг, но сигурен пат до неговото срце е преку пријателството.

Омилен мирис: комбинации со мошус
Кој им одговара? Успешни врски може да имаат со Овнови, Лавови и Водолии, а голем проблем се јавуваат во односите со Девици.
Боја со која освојува: бордо
Место за водење љубов: луксузен хотел
Омилена храна: шкампи
Афродизијак: вербена
Ерогена зона: надколеници
Цвеќе: Бегонија

Јарец

Процесот на созревање кај Јарецот обично трае многу долго. Во младоста е разигран и неоптеретен, но затоа води богат сексуален живот во годините кога другите веќе не размислуваат за најубавата работа на светот. Бракот го чини Јарецот топол и посветен родител, додека самците повеќе се ориентирани на кариера и успех. Песимистичкиот поглед на светот е црната карактеристика на која потенцијалниот партнер мора да се навикне.

Јарците имаат големи очекувања и од себе и од другите, па сепак никогаш не се задоволни. Сакаат амбициозни луѓе, а нивната доверба најмногу може да се придобие со сериозен разговор за заедничка иднина.

Омилен мирис: сандалово дрво
Кој им одговара? Биковите и Девиците се добри партнери за Јарците, а Стрелците сепак им се премногу авантуристи за иден заеднички живот
Боја со која освојува: сите земјени бои
Место за водење љубов: голф терени
Омилена храна: филети од најубавото месо
Афродизијак: каранфил
Ерогена зона: колена
Цвеќе: Нарцис

Водолија

Водолиите по правило треба да се држат на јаже. Иако живеат за љубов, им треба доволно простор и слобода за да ги оствари сите своие креативни идеи и планови. Сакаат се што е необично и немирно, ги фасцинираат контраверзни личности, а контакти ги прави под многу необични околности.

Сите оние кои се луде заљубени во Водолија, мораат да имаат на ум дека таа не може без промени и повремени изненадувања. Не очекуваат огномет и романтична вечер секој ден, но монотонијата им оди на живци. Водолиите се одлични во кревет, ги мрзат ритуалите и ги прескокнуваат сите вообичаени пози.

Омилен мирис: мистичен, необичен, портокал или лубеница
Кој им одговара? На водолиите најповеќе им одговараат Близнаците и Вагите бидејќи и оставаат доволно простор, со Стрелците се можни возбудливи авантури, а подаелку се држат од Лавовите.
Боја со која освојува: сина
Место за водење љубов: планетариум, концерти
Омилена храна: манго, папаја, пилешко
Афродизијак: женсен
Ерогени зони: потколеници и листовите
Цвеќе: кактус, ирис

Риби

Таинствените риби знаат како да ги заинтригираат другите и да остават впечаток на неизвеност. Никој неможе да знае со сигурност дали се вистински заљубени или не, а понекогаш ни самите не се сигурни во своите чувства. За љубов сонуваат и денски така што им  е потребен некој кој ќе ги спушти повторно на земја. Дури по подолго време му се препуштаат целсно на партнерот, а во врска бараат многу нежност и трпение.

Можете да ги освоите со нежност и зрелост. Не се склони кон превземање иницијатива затоа што се срамежливи и премногу сакаат кога ги освојуваат. Најмногу од се уживаат во дочекување на зајдисонцето со партнерот, убав разговор во романтична атмосфера.

Омилен мирис: таинствен, јасмин
Кој им одговара: Рибите се сложуваат со Јарци и Ракови, а никако со Девици и Бикови
Боја со која освојува: сина, лила
Место за водење љубов: саем, црква, продавници
Омилена храна: телешко
Афродизијак: анасон
Ерогени зони: нозе, стапала
Цвеќе: мимоза, орхидеа

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2015 во 14:44

ОВА Е РЕЦЕПТОТ ЗА СТРАСНА НОЌ СО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

14

Доколку сакате да заведете некој бик постојано опсипувајте го со внимание, а за скорпијата отворете го ќесето и приредете ѝ некаков луксуз. Рецептот за заведување на партнерот можете да го пронајдете доколку го знаете неговиот или нејзиниот хороскопски знак. За таа цел, следете ги овие упатства:

Овенот сака директни партнери и страсни шепотења

Припадниците на овој знак се малку агресивни и ориентирани на акција. Повеќе ги возбудуваат импулсивни и страсни додворувачи, отколку некои префинети и нежни. Сакаат дискусии во кои можат да се наметнат, а ќе ги освоите со директната изјава во облик на шепотење на уво, која мора да звучи спонтано и искрено.

Бикот обожава бакнежи во врат и вкусна храна

Без разлика дали станува збор за некаков подарок или вкусна вечера во комбинација со чаша вино која сте ја подготвиле за нив, биковите не остануваат рамнодушни на традиционалното додворување, сè додека се трудите во целост да им угодувате. Бакнежите во врат најпрво ќе ги возбудат, а после некое време и тотално ќе ги избезумат.

За близнаците љубовната драма е најголема возбуда

Топло-ладни игри, драматични пресврти и возбудливи расправии се најголем афродизијак за припадниците на овој знак. Тие сакаат по малку нападни и доминантни партнери, а сон им е покрај себе да имаат некој кој сите други во околината го сакаат. Во подоцнежната фаза од врската, ги возбудуваат новите искуства, како на пример тестирање нови техники на бакнување и учење танцувачки чекори.

Ракот паѓа на емотивност и сака да се чувствува сигурно

Долги прегратки и бакнежи, нежно држење за рака и јавно фалење на ракот како љубовен партнер, се нешта со кои овој знак ќе го привлечете кон себе како со магнет. Нив ги привлекуваат енергични и независни луѓе, но не и нападни личности, туку оние кои зрачат со внатрешен елан.

Лавот ќе го освоите ако стане центар на вашиот свет

Овие кралеви на џунглата ги обожаваат сите облици на искажување љубов, а најмногу ќе ги „запали“ ноќ посветена исклучиво на нив. Тоа вклучува вкусна вечера, сензуална масажа, многу комплименти и љубовни изјави. Откако ќе ја добие посакуваната количина на внимание, лавот ќе ви возврати десетократно.

Девицата ќе ја освоите доколку ја преземете контролата

Познати како љубители на контролата, припадниците на овој знак во љубовта тежнеат некој друг, макар привремено да биде главен. Сепак, со оглед на тоа што тешко се снаоѓа во улога на некој кој не ги пишува правилата, девицата ќе се чувствува ранливо и ќе биде спремна за неверство, доколку партнерот сака да ѝ ја одзеде цела контрола. Доколку побара утеха во некој друг, најмногу ќе ја возбуди партнер кој ќе ѝ понуди некакво ново искуство.

Вагата сака класична романтика, љубовни изливи и нежни грицкања

Љубовни писма, убави и долги љубовни изјави, вечера со свеќи, милувања и масажи – ова се работи кои дефинитивно ги обожаваат припадниците на овој знак. Нежните грицкања на усните и ушите се исто така проверена тактика за заведување на овој знак. Доволно е само да ги прашате што сакаат и тие сами ќе ви го нацртаат патот до нивната омилена љубовна и сексуална фантазија.

Скорпијата сака луксузно заведување и многу смеење

За скорпијата, афродизијак претставуваат добрите шеги од страна на партнерот, кои ќе им измамат насмевка, како и предизвикот во облик на секси игра „кој е подобар?“. Сакаат и луксуз, па елитните патувања или вечера во престижен ресторан, ќе им ги разбуди сите сетила.

Стрелецот го пали активен партнер, кој сака авантури

Чист планински воздух, адреналински спортови и сите облици на патување, се најдобар афродизијак за стрелците. Во секојдневните активности, ќе им ја зголемите желбата со неконвенционално однесување, како на пример ако им скокнете на рамена или се однесувате детинесто и заљубено.

Јарецот сонува за таинствени допири од мистериозна личност

Иако сите ги доживуваат како традиционални личности, припадниците на овој знак не ги возбудува ништо повеќе од забранетите љубовни приказни. Тајните допири под масата на која седи нивното друштво, ќе предизвикаат треперење на целото нивно тело. Искрени комплименти на сметка на нивната интелигенција, како и покажување дека не можете да живеете без нив, ја будат сексуалната енергија на јарците.

Водолиите сакаат искрени и духовити партнери

Споделување на интимни тајни и заеднички ставови, се нешто што секогаш ги привлекува водолиите, бидејќи уживаат во моментите на забава и смеење. Воедно, во тие ситуации се буди и нивниот сексуален нагон. Се палат и на духовити и валкани пораки, кои им најавуваат страсна ноќ.

Рибите мечтаат за филмска љубов

Романтични прошетки, вечера придружена со звукот од гитара, па дури и добар, романтичен филм кој го гледаат заедно со партнерот, ја будат желбата кај рибите да ги репризираат сите оние еротски филмски сцени, создадени во нивната фантазија. Релаксирачка музика, романтичен амбиент и нежни допири, се рецепт за вечер полна со страст.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2015 во 14:40

КОЈ Е ВАШИОТ НАЈГОЛЕМ ТАЛЕНТ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

15

Овен
Имплусивни, спонтани и со брзи рефлекси, многу интелегентни и активни, овновите се како родени за спорт. Добро им оди се што е поврзано со движење, динамика, па дури и механика. Добро им оди и изградбата, како и поправањето на работи, а конК*ренцијата ги прави уште подобри во она што го работат.

Бик
Ако сте припадник на овој знак, голема е веројатноста дека знаете добро да готвите. Трпението, истражувањето на нови рецепти за вас е омилено хоби. Освен тоа, добро ви одат и работите кои се поврзани со декорација, без разлика дали станува збор за уредување на вашиот дом или градина.

Близнаци
Било да станува збор за огласување, преговарање или директна продажба, припадниците на овој знак се надарени за
убедување. Комуникативноста, способноста за ширење на информации и поврзувањето ги прави одлични оратори. Учат брзо и знаат како треба со луѓето.

Рак
Припадниците на овој знак успешно ги пренесуваат чувствата во она што го работат, а имаат и вистински талент во
разбирањето, мотивацијата и сфаќањето на другите луѓе. Поради тоа се одлични во улогата на професори, тренери и советници. Од другите таленти им се истакнува и способноста за создавање на естетски убави работи и иновации, за што им служи добрата имагинација.

Лав
Ако некој може лесно да привлече внимание, тоа дефинитивно се лавовите. Тоа ги прави одлични забавувачи, па смислата за хумор и снаодливоста во нови ситуации се нивни вистински таленти. Имаат интерес и за убавина, козметика и исхрана, а честопати се запишуваат на разни К*рсеви се со цел да го надоградат знаењето.

Девица
Девиците се раѓаат со талент за лектори, преведувачи, но и математичари. Тие сите правила сакаат да ги вклопат во своите правила за дисциплина и ред. Исто така се одлични лекари и фармацевти, бидејќи имаат способност да помнат детали со математичка прецизност.
ogogoogog_third
Вага
Вагите се карактеризираат со дипломатски карактер. Тие имаат голема моќ да преговараат со нивните еластични нерви. Тие се зависници од шопинг, но и од воодушевување на уметнички дела, затоа што во нив има вроден талент за дизајнирање и креирање. Тие се редовни застапници за правдата, затоа може многу лесно да се пронајдат себеси во правосудната професија.

Скорпија
Скорпиите се родени психијатри, психолози и современи филозофи, но и се големи аналитичари кои имаат способност за читање на лицето на другите. Тие многу сакаат предизвици и често може да се најдат во улога на известувачи од некое бојно поле.

Стрелец
Повеќето професори и судии се родени во знакот на стрелец. Тие имаат постојана желба за нови знаења но и често се борат за правда. Имаат талент за бидат мисионери и иницијатори за креирање на нови филозофски правци. Тие имаат талент да бидат правни советници.

Јарец
Овие деца на Сатурн полека ,но сигурно чекорат кон успехот. Тие имаат талент да бидат наставници, мудреци и мислители кои често повторуваат дека успехот е нивен приоритет.

Водолија
Тие имаат талент за социјални работници кои се борат за правата на малцинствата водени од своите инстинкти. Од друга страна тие се крајно креативни и може да работат како графички дизајнери. Како комбинатори на корисното и убавото може да се пронајдат себеси и во улога на пронаоѓачи.

Риби
Тие имаат голема визија за иднината која ја покажуваат преку својот талент за сликарство. Тие се креативни, вистински визионери. На целиот свет гледаат со помош на нивните розови очила.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2015 во 14:36

ЖЕНИТЕ И СЕКСОТ: ЛАВИЦИТЕ СЕ ГЛАСНИ, А СКОРПИИТЕ НЕЗАСИТНИ

10

Овен

Кај жените во знакот на Овен, се мора да биде брзо. Мал застој во моменталниот занес и таа ќе го загуби интересот. Ако партнерот и е активен и ако не одолговлекува, може многу брзо да доживее оргазам. Сепак, на припадниците на овој знак им се препорачува на сексот да гледаат како на игра за двајца, а не како трка. Сексот треба да се доживее како нешто убаво. Оргазмот е многу важен за жените од овој знак. Лошиот секс ќе ја оддалечи од партнерот.

Бик

Припадниците на овој знак лесно се возбудуваат, но не го покажуваат тоа. Не се склони на авантури и сексуалниот партнер мора да им биде некој посебен. Тука настанува проблем, бидејќи им е потребно време да влезат во штос и да истражат, односно потребна им е долга врска. Блискиот однос со партнерот во исто време е и услов за доживување на оргазам. Кога се сигурни во себе и кога сакаат да имаат секс, а при тоа и партнерот им е во кондиција и може подолго да издржи, сигурно ќе доживеете оргазам. Нивниот оргазам е пропратен со припиени тела и тивки воздишки. По сексот се среќни и покажуваат благодарност. Ако не доживеат оргазам не му замеруваат на партнерот поради тоа.

Близнаци

Како да постигнете оргазам кога за време на сексот се смеете, скокате, раскажувате вицови и се шегувате? Тоа не значи дека не уживате во сексот, напротив. За жените од овој знак да доживеат оргазам, потребно е многу работа, напор, да се најде вистинската поза, да се смират и да ги отргнат мислите од се друго. Овие жени немаат многу оргазми, но тоа не им е многу важно. Важно им е да им е убаво и партнерот да има фантазија и да им е удобно. Кога ќе доживеат оргазам умеат и да пуштат по некоја солза и многу се тивки. Ако не им е добар сексот, нема да му замерат на партнерот.

Рак

Кога сексот не би го доживувале како должност, припадниците на овој знак лесно би доживувале оргазам. Тие премногу му се посветуваат на партнерот за да се сконцентрираат на самите себе. Нивната телесна градба е речиси идеална за оргазам, градите им се чувствителни, а и се останато, па самиот допир би мижел многу од тоа да направи. Сепак, тие не можат да се впуштат во сексот туку така, а не можат и да се опуштат. Целосно се прилагодуваат на партнерот и прават се што мислат дека тој сака. Овие жени најмногу глумат оргазми.

Лав

Оргазмот на Лавиците е полн со страст, пот, воздишки, па затоа и сексот со Лавиците е најдобро да го практикувате во затворена просторија далеку од луѓе. Тие целосно се препуштаат во сексуалното уживање, многу се самоуверени, знаат што сакаат и што сакаат партнерот да им прави. Но знаат и што партнерот сакаат од нив. Ако не доживеат оргазам, не се незадоволни, нема да приговараат, но знаат да се пошегуваат со нив, па на тој начин ги бркаат чувствителните мажи.

Девица

Девиците се прават дека се невини и дека сексот не ги интересира, а се возбудуваат на секој безобразен збор. Партнерот кој не сака да кажува валкани зборови, нема да ги задоволи и да ги донесе до врвот. За тие да доживеат оргазам, потребен им е груб партнер кому целосно ќе му се потчинат. Потребно им е доста предигра, а кога ќе се загреат, не можат да престанат. Кога ќе се возбудат, знаат да го наведат партнерот да го прави она што тие сакаат и ќе ги доведе до оргазам. Нивниот оргазам е интензивен, а додека го доживуваат се потат, но не испуштаат звуци. На партнерите тешко им простуваат лош секс, иако не зборуваат за тоа, но ја проценуваат ситуацијата. Во простор кој не е совршено чист, нема ни да помислат да имаат секс.

Вага

Овие жени како да се создадени за оргазам, лесно го доживуваат со среден и нежен маж. Умеат целосно да му се препуштат на сексот и не им пречи ниту местото, ниту времето. Најважно им е се да е свежо и со полн мирис, подобро се чувствуваат и се трудат на отворено, отколку на затворено. Сакаат да бидат задоволени, но сакаат и партнерот да им биде задоволен. Нивните оргазми се јаки, се преплетуваат со партнерот и го стегаат, испуштаат воздишки, целосно им се препуштаат на чувствата и речиси никогаш не глумат. Начинот на кој го доживуваат оргазмот го стимулираат парнтерот, па често доаѓа и до заеднички оргазам. На партнерите им ги простуваат грешките, но и се чувствуваат виновни ако не се задоволни.

Скорпија

Жената скорпија не го пушта партнерот додека не доживее оргазам. За неа не постојат препреки и не мисли на тоа дали партнерот може да го издржи нејзиното темпо. Таа може да доживее неколку оргазми по ред. Потребно и е доста издржлив партнер. Лесно се возбудува и лесно се впушта во секс, во кој најважен и е оргазмот. Ако не доживее оргазам за неа сексот е промашен. Бидејќи нема влакна на јазикот, на партнерот јасно ќе му каже дека не е задоволна. Кога еднаш ќе биде задоволена, тој може да и биде партнер, кој не, може да ја заборави. Таа не простува.

Стрелец

Кај жените Стрелци, сексот е комбинација од игри, егзибиции и глума. Таа сака да го покажува нејзиното голо тело, па секоја воајерска и егзибиционистичка ситуација и е интересна. Може многу лесно да се возбуди, а партнерот мора да ги следи знаците кои му ги праќа за да ја доведе до оргазам. Лесно се препушта на сексот. На партнерот му праќа мали знаци и го остава да се снаоѓа сам. Кога ќе се најде во поза која многу и одговара, не ја менува додека не доживее оргазам. Нејзиниот оргазам може да биде многу тивок и многу гласен. Ако партнерот не ја задоволи, нема многу да му замери, туку ќе се надева дека следниот пат ќе биде подобар. Ако не биде ќе почне сериозно да мисли за промени.

Јарец

Овие жени тешко доживуваат оргазам. Нивниот партнер мора да биде многу упорен, а само во една поза и тоа под одредени услови, можат да доживеат оргазам. Тоа е позата во која таа лежи на стомакот, а тоа со стомакот на нејзиниот грб. Жените родени во овој знак лесно се возбудуваат, брзо посакуваат секс и во него се препуштаат лесно, но за оргазам им треба многу. Но бидејќи се рационални, рано го сфаќаат нивниот проблем, па не му замеруваат на партнерот. Дури и да патат поради тоа, нема да му кажат на партнерот. Сепак, упорен партнер и оваа жена може да ја доведе до оргазам. Ако го доживее, тогаш тоа нема да може да се сокрие: се припива, ја собира главата, мрда со колковите, а на партнерот речиси и да заборава. Но не очекувајте дека тоа следниот пат ќе се повтори.

Водолија

Кај жените родени во овој знак, се е можно. Таа може лесно да се возбуди, а пак во истата ситуација да остане ладна. Може да се возбуди на допир, бидејќи има осетлива кожа, а од друга страна, може да и биде досадна и најинтересната предигра. Нејзиниот партнер никогаш не знае на што е и за што размислува. Оној кој е подготвен долго да ја милува, може да ја доведе до врвот. Кога ќе доживее оргазам брзо се опоравува, веднаш се облекува и лесно се враќа на нормален разговор. Затоа понекогаш остава впечаток дека сиот труд на партнерот не е важен. Но тоа не е точно, самиот оргазам кај неа е прилично силен и докажува дека парнтерот е вистински.

Риби

Рибите се многу чувствителни и сочувствителни. На нив најважна им е љубовта, па ако почувствуваат дека партнерот ги сака, тоа понекогаш е доволно за да доживеат оргазам. Целосно се препуштаат на сексот, забораваат на се и уживаат. Навечер и рано наутро им е најубав период за секс. Убаво им е покрај море и воопшто во природа. А ако имаат доверба во партнерот, секоја ситуација им одговара. Довербата им е многу важна, сакаат партнерот да ги води и сакаат груб секс, со малку зборување и многу бакнување. Сакаат да се врзуваат, да глумат силување и слично. Оргазмот им е полн со преплетувања, згрчување на мускулите, триење, стегање на партнерот, но не испуштаат премногу звуци. Неописливо се среќни по оргазмот и потоа би можеле со часови да се галат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2015 во 08:39

Хороскоп: Дали ќе ја сретнете сродната душа во 2015-та?


dali-ke-ja-sretnete-srodnata-dusa-vo-2015ta-01.jpg

Огнените и воздушните знаци ќе имаат посебна среќа во првиот дел од годината.

Овен

Затоа што сте упорни и дрски, нема да се откажете додека не го изморите противникот, односно оној кој ви паднал во очи. Помладите дами можат да бидат лесна мета на некоја Водолија или Лав, а мажите родени во знакот на Овен може да очекуваат додворување од Близнаци или Стрелец кој не го држи место.


Бик

Шармот и упорноста ви се без конК*ренција, па затоа секогаш се трудите да оставите силен впечаток на оној кој ви се допаѓа. На некој Рак ќе му се допадне вашиот заштитнички став, а на некоја Девица сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе му одолеете на упорниот Јарец или еротичната Риба.


Близнаци

Весели сте, духовити и забавни и во ваше друштво никогаш не е здодевно. Во првиот месец од годинава тоа може да и одговара на некоја Вага, или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Мажите родени во овој знак без најава може да станат мета на некоја жена Лав или Овен.


Рак

Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности. Една магнетно привлечна Скорпија или сензуална Риба ќе успее да го привлече вашето внимание, посебно ако сте припадничка на понежниот пол. Машките Ракови би требало да обрнат внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.


Лав

Страствени сте и топли, често паѓате на надворешна убавина, па така и оваа година посебно ќе ви го привлече вниманието некој Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на хуморот на Близнаците или спонтаната лежерност на Стрелецот.


Девица

По природа сте практични и перфекционисти, па како вистинско освежување ќе ви дојде друштвото од еден опуштен Бик или доминантен Јарец. Машките претставници родени во знакот на Девица ќе бидат привлечени од Скорпија или Рак на самиот почеток од годината.

dali-ke-ja-sretnete-srodnata-dusa-vo-2015ta-1.jpg

Вага

Важите за еден од најшармантните знаци, заради што спротивниот пол едноставно ќе се лепи за вас. Очекувајте љубовни понуди од некој духовит Близнак или Водолија. Ако сте маж, лесно ќе се заинтересирате за некој Стрелец или Лав.


Скорпија

Заради вашата харизматичност и таинственост, никако не можете да останете незабележани. Во новата година ќе влезете во љубовна врска со чувствителен Рак или еротични Риби, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне некоја срамежлива Девица или недостижен Јарец.


Стрелец

Спонтани сте и природни, весели и опуштени, па ќе бидете вистински магнет за некој Лав или откачена Водолија. Мажите Стрелци може да очекуваат љубовна понуда од некој страстен Овен или смирена Вага.


Јарец

Оваа година можна е паралелна тајна врска со Девица и Скорпија. А, ако сте дама нема да останете имуни на додворувањето на една мистична Риба или опуштен Бик. Ве чека возбудлива година полна со љубовни и неколку непристојни понуди.


Водолија

Уживате да ја шокирате околината, па уште во јануари можно е да ве заинтересира некоја Вага или да се заинтересирате за Близнак на кој нема да му пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии може да запознаат возбудлив Стрелец или Овен.


Риби

Вашата еротичност нема да остане незабележана каде и да се појавите, посебно ако сте дама. Доста упорни ќе бидат Скорпиите и Раковите оваа година, кои постојано ќе се трудат да ве освојат. Ако сте маж, голем успех ќе имате во освојувањето на некој Јарец или Бик.



Изменето од Valerija - 14.Јануари.2015 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 15:59

КАКО ИЗНЕВЕРУВААТ РАЗЛИЧНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ?

12

Изневерување со поглед

Погледите се често оружје на Јарците и Раковите. Не е важно дали е сам или со девојка, тој постојано има чувство дека некој друг го гледа и сака да шета со погледот за да открие некоја на која ќе „фрли око.“ Кога ќе ја лоцира, симпатично се насмевнува.

Иако е зависник од флерт, можеби тоа му треба само за да му го подигне егото. Наместо да го критикувате и напаѓате, прокоментирајте „колку е згодна таа девојка.“ Тоа брзо ќе го врати во реалноста.

Изневерување во мислите

Секси фантазии најчесто имаат Биковите и Вагите. Тие штом видат згодна девојка, веднаш ја замислуваат во кревет. Заведувањето, страсните бакнежи и жешкиот секс се типични машки фантазии, па затоа не се мачете со прашања од типот „зарем не сум доволно добра?“

Фантазиите не се знак на физичко неверство. Тоа што понекогаш сака да ве замени со друга девојка во мислите, не значи дека ве изневерува, ниту дека планира.

Изневерување во сон

Во сон најчесто изневеруваат Вагите и Скорпиите. Иако не сакаат да зборуваат за тоа, по извесно време ќе ја споделат информацијата со своите партнерки.

Но, не грижете се, сите понекогаш имаме жешки сонови, без оглед на тоа дали сме сами или во врска. Сетете се колку пати и вие сте сонувале нешто слично, па не сте го реализирале. Имајте на ум дека она што го сонувате многу ретко се остварува.

Порнографско изневерување

Во порнографијата најмногу уживаат Биковите и Водолиите. И покрај тоа што можеби ве загрижува неговата опседнатост со совршените женски тела и страствени, еротски сцени, тоа не е знак на неверство.

Напротив, размислувајте дека едноставно сака повеќе да ужива во сексуалниот живот кој го делите. Тоа може да биде одличен почеток на нови, незаборавни авантури.

 

Изневерување заради монотонија во врската

Кон вакво изневерување најсклони се Овните, Стрелците и Раковите. Ако вашиот однос се оладил, бакнежите станале рутина, а речиси не знаете што значи страст, не се чудете ако преземат ваков чекор.

Далечината и емоционалната недостапност најмногу влијае на овие 3 знаци која нешто подоцна завршува со изневерување без срам и страв.

Изневерување со зборови

Најлесни на зборови се Лавовите и Рибите. Кога некој би ги слушнал од страна, ќе помисли дека се случува тајна авантура. Тие обожаваат да зборуваат како на мажите се им е дозволено, но ова е најчест пример за тоа дека кучето кое лае – не каса.

Мажите Лавови и Риби обожаваат да се во центарот на вниманието, па често пати тоа ќе го постигне со вербално неверство. Сепак, имајте на ум дека со ваквиот тип на изневерување ви оддава големо непочитување.

Реално изневерување

Во реалноста, најчесто во акција стапуваат Девиците и Близнаците. Тие често пати од инат знаат да пронајдат несогласување и кавги. Веројатно, подоцна ќе се потпре на овие несогласувања како оправдување за неверството.

Овие мажи се несигурни, па авантурите им служат за да го зајакнат сопственото его.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2015 во 14:30

САМО ЗА ЖЕНИ: ХОРОСКОП СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА

4

Ние денес нема да се занимаваме со астрологија туку ќе ви укажеме на еден друг тип на медицински хороскоп, кој не е научно докажан, но во многу земји луѓето веруваат и се носат според него, а тоа е крвниот хороскоп или хороскоп според крвните групи. Денеска ќе посветиме внимание на крвниот хороскоп за жени, а во наредното продолжение на статијата ќе обрнеме внимание и за крвниот хороскоп за мажи. Ужвајте!

0 позитив (0+)

Жените од оваа категорија добро се согласуваат со мажите кои се од крвната група А+, 0+ и 0-. Бидејќи факт е дека А+ мажи имаат највисоко его, за да опстанете во врска со маж од оваа категорија морате да бидете многу цврсти и да имате некој издувнен вентил. Жените кои припаѓаат на крвната група 0, се многу дружељубиви, можат да бидат гостопримливи и добри домаќинки, но се ова додека имаат пари, жените од оваа група имаат голема страст за пари. Жените од оваа категорија имаат проблем кога ќе дојдат во финансиска криза, постануваат арогантни и не можат да се носат со проблемот.

А позитив (А+)

Жените од оваа категорија најмногу се погодуваат со мажите од истата крвна група А+ и А-. Сепак жените од оваа категорија често паѓаат во замка поставени од мажите кои се АБ крвна група, па со оваа крвна група тие најчесто имаат секс за една вечер. Сумирано за А+, жени најдобар избор е А+ и АБ+ маж, нормално ако помеѓу нив се создаде хемија. Овие жени не се многу романтични, но се многу угледни и праведни, тие ретко го изневеруваат партнерот, го почитуваат и сакаат да создадат хармонија. Жените од оваа категорија го сакаат својот партнер исто како и на почетокот и после долгогодишен брак. Овие жени тешко се борат со стресот, горди се и тврдоглави.

Б позитив (Б+)

Тоа се луѓе родени за движење, во себе развиваат еднаква способност за борба и снаодливост во непредвидени ситуации, како и способност на соживот во мали групи. Поради својата мобилностне се врзуваат за ништо, па им одговара стил на живеење на патник, било да тоа им е во дел на работата, или пак да се наоѓаат во таква средина. Да се смени местото на живеење за нив е најлесна работа. Тие се прави истражувачи сакаат се што е ново и непознато. Психолошки гледано, жените од оваа крвна група се најинтересни. Наизглед се интровертни, делуваат повлечено и воздржано, но имаат јасно изграден став за своите желби и вредности.
Во професионалниот живот жените од оваа крвна група кариерата ја градат врз основа на докажани лични квалитети и напори и никогаш не го истакнуваат такмичарскиот дух. Функционираат претежно во тесен круг на свои проверени пријатели на кои се верни.

АБ позитив (АБ+)

На овие жени им е важна забавата, и само забавата. Тие не сакаат да се врзуваат, сакаат авантури за една вечер и живот полн со авантури. На овие жени им одговараат сите мажи кои се позитивен RH фактор. Овие жени се многу толерантни, не земаат ништо за сериозно и ретко можат да ви се налутат. Ако сте жена од оваа крвна група значи дека сакате слични мажи на вас со доста авантуристички дух, сакате иновации и истражувања.

0 негатив (0-)

Тие имаат најмали шанси да останат бремени, а шансите тоа да се случи се најголеми со мажите кои исто така се од 0- група. Најдобар партнер е 0- партнер тие се специфични и бараат специфични партнери, со својата група 0- партнери најдобро се согласуваат. Сепак кога жената која е 0- ќе ја најде својата сродна душа односно ќе се вљуби нивната љубов е многу силна, по сила од било која друга крвна група. Овие жени не го душат партнерот во љубомора и други обврзувања тие едноставно го почитуваат и му веруваат. Жените од оваа група се многу поразлични тие имаат изразито свој став.

А негатив (А-)

Оваа група најмногу се согласува со мажи кои исто така се А-, но може и со АБ-, тука може да се спомене и 0- крвна група, но тие овие мажи можат да ги доживуваат како наметливи. Овие жени се многу чувствителни, помалку се љубоморни и сакаат да се врзуваат. Овие жени би можеле многу полесно да се заљубат од било која друга крвна група. Овие жени се многу верни кога еднаш ќе пронајдат партнер прават се од себе да го задржат и многу ретко се причина за раскинување во врската. Сепак партнер кој најмногу им одговара е партнер кој носи потполно иста крвна група.

Б негатив (Б-)

Оваа крвна група одговара со скоро секоја, особено негативните. Од сите крвни групи се смета дека Б-, одговара најмногу со АБ-. Овие жени се кариеристи и најдобро би им одговарал исто таков маж. Тие се вредни и посветени на кариерата и го разбираат парнерот кој исто така е посветен на кариерата. Tие се логичарки и ладнокрвни, но знаат да бидат и многу големи љубовџики доколку ја најдат својата сродна душа.

АБ негатив (АБ-)

Толеранцијата е нивниот заштитен знак. Слични се како предходниот најмногу си одговараат со Б-. Сепак тие не се критично настроени, ги сакаат и почитуваат сите што им помагаат, толерантни се кон сите од кои би можеле да имаат некаква корист. Овие жени се смета дека имаат најмал проблем да пронајдат сродна душа. Тие немаат проблем да се заљубат, многу се емотивни, креативни и романтични.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.