![]() |
|
БЕЗ КОМЕНТАР |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 84> |
Автор | |
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не знам сега....одкаде ти ни „дојде„ овде и сега ....тука да ни „објаснуваш„ за тревожење некакво...кога овде нема ...колку што јас скивам...некој видно растревожен...освен неколкумина како тебе ..ама тие си се под „надзор„ на поинаква служба..мислев на строго наменска и ...секиден во потрага по побегнати „пациенти„ од една специфична според намената клиника...северо-западно од Скопје изградена...во здрава човекова околина...со мир и спокој доволен да излечи и екстремни случаеви...кои ги има и кај нас...како и насекаде ширум светот.
Сега ете и тука има доста кленови на партии кои губеле и губат ....и се докрај делегитимирани....поинаку разбрано и РАЗ-властени...и тоа на подолг (одошто е очекувано)...осум полни години по ред...и поред многу-те обиди тоа да се некако промени..ама досега безуспешно. ГЛАСАЧИТЕ ...изгледа не ги сакаат...е исправниот заклучок...поред многуте кажани и поинакви од него...се под-разбира. И гледам дека ...ти ....си разбрал веднаш дека ОВДЕ станува збор за некаков ФАЛСИФИКАТ ... АМА се јавуваш дооста подоцна...одкога е правиот одговор на постирачот на ЛАГАТА веќе пратен...на другарот Џеки...односно овде поинаку пријавен како Впрочем .....се е исто и како фрлените „БУГАРСКИ ЛЕТОЦИ„ некогаш од страна ...велат на ТиТо=МИТО Петковски гркољубецот и шеточина на Македонија....во предвечерието на Првите Избори Повеќепартиски во деведесетите од минатиот век...што беше ПРЕСЕДАН во зачауреното и шаш`рдисаното во КОМУНИЗАМ ОПШТЕСТВО...маќедонско се разбира. пс Само затоа што си очебиен експерт за вакви ФАЛСИФИКАТИ...кажи ни ДАЛИ има нешто од тоа...на овој линк..што е постиран подоле. Благодарам. ![]() ![]() ![]() Изменето од novace - 21.Јули.2013 во 11:46 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова оригиналот од прва рака е, директно од центарот за тревожење пардон за известување на И.Димоски - т.н Спинерот?
Дефинитивно е горната слика фотомонтажа, ама воопшто не е далеку од реалноста... Што за жал твоите "љубени" всушност потајно и се надеваат, за да би можел некој да ги извлече од фекалиите во кои западнаа, и запаѓаат секој ден се повеќе и повеќе. НАЛИ? |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сега...еве ти го и оригиналот на сликата... ![]() ![]() ![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Од што незнаат што да кажат, се убиваат самите меѓу себе со вакви претерано смешни изјави. Мислам по дебилна изјава не сум чул... Сите ќе влезат, само Македонија ќе остане да брка вештерки и духови у празно и ќе си ја префрлаат вината на некој сосема друг. А ако нема виновен (како во повеќето случаеви), тогаш ќе го измислат или изнајдат.. Кај да е ќе почнат и меѓу себе да се колат.
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Izjava na denot, na samobendisaniot Minister Popovski: Vlezot na Hrvatska e znacaen uspeh i na Makedonija… Naredno.... I vlezot na Srbija ke bide isto taka golem uspeh za Makedonija, potoa ke se nizat i drugi nasi uspesi: Kosovo, Albanija itn. Golemo bravo za nasata diplomatija. Изменето од Ninja 35 - 10.Јули.2013 во 11:04 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Без кредибилитет, тешко до авторитетМинистерот нема да ја загуби функцијата поради погрешни приоритети во вложувањето на парите со кои се задолжени идните генерации, ниту поради барања за интерпелација на опозицијата, ниту поради погрешни прогнози или нереализирани проекти како гасификацијата. Тој може да ја загуби функцијата поради лична одлука на премиерот или кога партијата чиј член е, нема повеќе да биде власт. Но, со каков кредибилитет ја врши и ќе ја врши функцијата и по што ќе биде запаметен кога ќе си замине? Го вложил ли својот интелект, кој е неспорен, во проекти и политики во кои верувал и кои носат успех или спроведувал туѓи “барокни фантазии”? Дали чесно, одговорно и транспарентно работел и ги трошел корисно парите на граѓаните? Ќе биде ли фотографијата со Субрата Рој вредна за пофалба пред поранешните колеги економисти во Светска банка? Изборот е според личните преференци – да имаш или да бидеш! Некој одбира да биде личност, некој само функционер. Ида Протугер Вељковиќ Што е она што го обезедува функцијата, на пример, онаа на министерот за финансии? Најважното, да управува со парите на граѓаните, потоа да вработува, да разрешува, да прави кадровски промени и сл. Но, дали функцијата обезбедува влијателност и углед и што е она што остава белег во животот на еден човек? Дали е тоа функцијата што ќе ја наведе во својата биографија или влијанието во општеството што го црпи од сопствениот авторитет, кој пак се гради врз база на кредибилитет? Се чини дека е навистина непријатна ситуацијата кога некој има функција, но нема кредибилитет. Има моќ, но нема авторитет и влијание што извираат од неговата личност, а не од функцијата. Го слушаат, но не го почитуваат, ниту му веруваат. Важно прашање е како се гради кредибилитет, а со тоа и личен авторитет, односно како тој може да се поткопа или да го нема? Одговорно владеење, зборување на вистината, квалитет на аргументите, заложби препознаени како искрени и кои носат до прогрес, како и одржување на зборот, се веројатно важни предуслови за градење на кредибилна личност. Тргнувајќи од тоа, а со оглед на важноста на личноста која управува со парите на граѓаните, може да се заклучи дека кредибилитетот на првиот финансиер е несомнено доста потокопан. Неостварени ветувања Последниот повод за ваква констатација е неодамна одржаниот Самит во Санк Петерсбург каде министерот за финансии Зоран Ставрески, според сопствено признание и објавена вест на службената интернет страница, требаше да го потпише долгонајавуваниот договор за приклучување на Македонија во проектот Јужен Поток. Таков документ не се потпиша. Дополнително, од руска страна стигна информација дека не се работи за договор за приклучување кон Јужен поток, туку меѓудржавен договор во кој се искажуваат намери, а потоа откако ќе се разгледаат можните опции, ќе следи таков, т.н. инвестициски договор во кој Македонија и Русија ќе ги стават на хартија деталите од евентуалното заедничко вложување во еден дел од тој голем проект. Можеби навистина Ставрески ја зборува вистината дека ќе потпише договор за приклучување кон Јужен тек, но фактот на многупати најавени, а не реализирани такви настани, остава простор да натежне “руската” вистина, дека ситуацијата е многу далеку од конкретен договор за приклучување на кон Јужен тек. Исто така, ако се верува на зборовите на Ставрески, гасификацијата во земјата требаше да биде завршена во 2010 година, односно пред три години. (Изјава во интервју за “Дневник” – 26.10.2007: “Договорот за клириншкиот долг на Русија, што е основа за почнување на проектот, треба да се парафира во Москва во почетокот на ноември и се усогласени условите на тој договор. Успеавме да издејствуваме да бидат исплатени сите 60 милиони долари и тие пари ќе се искористат за почнување на проектот. Гасификацијата ќе се спроведува во неколку фази и ќе ја опфати целата територија на Македонија, сите региони и градови. Проектот ќе трае околу три години и ќе чини многу повеќе од првичните 60 милиони, колку што должи Русија. Целосна гасификација очекуваме да се спроведе најдоцна до 2010 г., иако некои градови ќе дојдат порано на ред за гасификација”). Со бројните најави кои не се остварија, граѓаните со право со резерва ќе гледаат на наредно ветување за реализација на приклучувањето, иако се разбира, нема сомнеж дека медиумите кои ги премолчуваа нереализираните најави, ќе се обидат тоа да го претстават како грандиозен успех. Субрата Рој – парче од биографијата Ставрески имаше и главна улога како домаќин на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој се претставува како милијардер иако го нема на ранг листата на милијардери на Форбс. Истиот Рој, лани во септември, додека ги претставуваше грандиозните планови за инвестиции во Македонија, во Индија со пресуда на Врховнот суд, е прогласен за виновен по тужба на Комисијата за хартии од вредност на Индија (СЕБИ) со што должи околу 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони индиски граѓани, пари кои според релевантни светски медиумски агенции како Ројтерс, ги оплодувал со пара-банкарски активности. И додека Рој со Ставрески се шеташе низ Охрид и делеше богати напојници, според пишувањето на меѓународните агенции, во Индија се обидувал да го одбегне извршувањето на пресудата, односно влоговите со камата што требало да ги врати на граѓаните, пробувал да ги префли на други фирми кои не биле засегнати со пресудата. На истиот тој Рој, со такво поведение во родната Индија, човекот што управува со државната каса ќе му дозволи бесплатно да се стекне со 621 квадратен метар на плоштадот во главниот град. Инаку Ставрески е министер од истата партија која во улога на опозиција, постојано и гласно ја критикуваше тогашната власт за т.н. афера “Рамстор”, затоа што на турската компанија и било продадено земјиште во центарот на Скопје, по цена од 25 евра за метар квадратен. Дополнително, никој засега нема информација како Субрата Рој се стекнал или ќе се стекне со земјиштето каде ќе гради комплекс казина во Охрид? Кој му го продаде, по која цена, државно ли е, црковно ли е, приватно ли е? Ако е приватно, зошто власта има главна улога во таквата продажба? Дури таквата операција и да биде формално правно покриена (како што беше и продажбата на Рамстор), моралната димензија ќе остане проблематична, а тоа главно ќе оди на конто на кредибилитетот на “домаќинот од првите редови”. “Барок” задолжување кое не донесе економски раст Натаму, битен белег во кариерата на Ставрески ќе остават промашените прогнози и секако, политиката на драматично задолжување кое не донесе економски раст. На крајот на 2011 г., кога ММФ и Светска банка објавија нов удар на економијата, со предвидувања дека македонскиот извоз ќе страда од кризата во еврозоната (што и се случи) и дека нема изгледи за раст повисок од 2%, Ставрески објави буџет кој се темелеше на раст од 4,5%. Тоа доведе до недостиг на приходи и креирање долгови кон стопанството со што се разниша довербата на компаниите во владата како нарачател на услуги. Тоа го регистрираа и ММФ и “Стандард и пурс” која што го намали рејтингот на Македонија. За воља на вистината, во овој дел, улога во нагризувањето на кредибилитетот на министерот имаше и премиерот, кој само една недела откако Ставрески демантираше долгови кон стопанството (и претходно со месеци негирани), ги призна и најави решавање на проблемот. Конечно, Ставрески спроведе политика на значително задолжување и го зголеми јавниот долг на централната Влада за 1 милијарда и 135 милиони евра само во неговиот досегашен мандат (од 2009 г. до сега). Таа политика не донесе поголем економски раст, а според извештаите на ММФ и меѓународните рејтинг агенции, со инвестициски приоритети како “барок” наспроти патишта и железници, позначаен раст нема ни да се случи. Министерот нема да ја загуби функцијата поради погрешни приоритети во вложувањето на парите со кои се задолжени идните генерации, ниту поради барања за интерпелација на опозицијата, ниту поради погрешни прогнози или нереализирани проекти како гасификацијата. Тој може да ја загуби функцијата поради лична одлука на премиерот или кога партијата чиј член е, нема повеќе да биде власт. Но, со каков кредибилитет ја врши и ќе ја врши функцијата и по што ќе биде запаметен кога ќе си замине? Го вложил ли својот интелект, кој е неспорен, во проекти и политики во кои верувал и кои носат успех или спроведувал туѓи “барокни фантазии”? Дали чесно, одговорно и транспарентно работел и ги трошел корисно парите на граѓаните? Ќе биде ли фотографијата со Субрата Рој вредна за пофалба пред поранешните колеги економисти во Светска банка? Изборот е според личните преференци – да имаш или да бидеш! Некој одбира да биде личност, некој само функционер. (PREVZEMENO) |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А како се намалува? Ако не се пријавиш во агенцијата (бирото) за вработување точно на денот - готово. Отиде курбан - веќе те нема. Пардон, се водиш како вработен. Наместо овој податок за намалување на невработеноста, нека кажат (ако смеат) за колку се зголемила вработеноста. И, што е посебно важно, за колку се зголемила вработеноста во стопанството, а за колку во нестопанството (јавниот сектор). |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
![]() |
|
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„И покрај исклучително тешките услови и предизвиците кои ни доаѓаат од
Европа, македонската економија стана еден вид феномен. Имено, кога
секаде во Европа се отпуштаат работници кај нас се отвораат нови работни
места и се намалува стапката на невработеност, кога секаде паѓа
производството и економската активност кај нас се отвораат нови погони и
фабрики, кога во соседството странските инвеститори се повлекуваат, кај
нас влегуваат со нови инвестиции“, истакна Ставрески.
![]() Ако некој сака да ме изебе... бујрум... од ова повеќе... не може бе брат... јок... П.С. Јас се извинувам... пошто ние сме... ендемски видови... и то спонзорирани од владата... мислам дека... они не знаат... дека... они не можат толку да не ебат... колку што ние може да издржиме... ![]() јер жена не постигнуе оргазам затоа што има добар е*ач... туку затоа што сака да биде ебана... упс... мушкинационалшовинизам... ![]() Изменето од којсумјас - 05.Јули.2013 во 20:37 |
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мора да сме први во нешто, па макар и во најглупавите работи.
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
FosterThePeople ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Воа го немало ни во турско...
|
|
I just wanna feel real love.
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со овој потег и воздухот почнаа да го наплаќаат, а со тоа ќе ги натераат граѓаните да дремат дома.. Ако де.. па малце се 30 денари.. требало 300-че да ги репнат сите шетачи... За брзо време и тоа дома што ќе седиме ќе почнат да го наплаќаат... Ова е крајно шизофренично болно и што ти уште не...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За шетање по планина ќе се наплатува по 30 денари?!01/07/2013 // Пред 1 час // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Шетањето по планината Галичица ќе почне да се наплатува за десетина дена. Во моментов се набавуваат фискалните каси, а наплатни пунктови ќе има на влезот на националниот парк кај Трпејца и Стење. Според последните измени, влез ќе се напалтува и на Пелистер и Маврово, но овде надлежните се уште се екипираат, па засега нема конкретни најави кога ќе почне плаќањето. Според последната владина одлука, секој што ќе сака да се прошета во некој од трите национални паркови во земјава, ќе треба да плати 30 денари, или 10 денари помалку ако се работи за организирани групи поголеми од 15 лица. За влез на автомобил и мотор, билетот ќе чини 50 денари, а за автобус 200 денари. Граѓаните кои сакаат да берат шумски плодови ќе треба да извадат дозвола, која чини 500 денари по собирач. Ослободено од плаќање ќе биде само локалното население. Но, ова не зачи дека од плаќање ќе бидат ослободени сопствениците на викендички и нивните гости, велат од паркот „Галичица“ од каде додаваат дека на нив ќе им се нудат годишни билети кои чинат по 1000 денари. „Гостите и сопствениците на викендици не се локално население, а сите кои немаат адреса на живеење во националниот парк ќе мораат да плаќаат“, изјави директорот на НП„Галичица“Зоран Велјаноски за Радио МОФ. Според најавите, парите собрани од билетите треба да се користат за развој на туризмот и за унапредување и заштита на националните паркови. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |