|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 2829303132 137> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... ми недостасуваше, тргнав да те барам во тивката ноќ, знаев дека не си таму, не можев да чекам. Низ шумата мрачна долго бев сам без страв, мислев дека си со мене, знаев дека не си, затворив очи, те замислив како ангел. Телефонот забрборе, твојот глас ми вели дека ме сакаш, го чекаш утрото да ме врати, утрото ќе ми каже каде си. Не можам нозете да ги сопрам, те бараат, се гледам во трето лице, трча се побрзо, не се заморува, вели дека сака да го стигне утрото за да те најде.
Стојам на висина гледајќи кон светлата од градот, некое светло те осветлува тебе, но не доволно за да те видам, шумата е густа, ме покрива, вели осамена е, шумската вила. И кажувам што ќе ти речам, како ќе те гушнам, како ќе те бакнувам, како не постои ништо друго поважно, дрвјата зашушкаа ракоплескајќи ми. Човек кој сака не може да умре, велеа тие, шумската вила климна со главата, во нејзините очи видов каде си, се насмеа, не си загубен, секоја шума пријател ќе ти биде, ме прегрна, ме испрати, исчезнав. Моите стопала бргу се движат, утрото ме гони кон твојата прегратка, ништо друго не постои, се разминувам со бледи лица без аура, изгубени се во непрегледна шума сами што ја измислија за да се одалечат од природата и од себе си, сите патишта се исти, не водат никаде. Те гушкам, на раце те носам, се препознавам себе си во тебе, шушкаат лисја, ни ракоплескаат, не може да се загубиме, се е толку јасно, се отвараат скриени патишта, не можеме веќе да умреме... |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- збунет! збунет! станувај! се закасни за во школо!!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба да се разбудиш
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.......Maestro...........
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... се стемнува додека седам пред мало буре со големи дрва во него. Тишината ја нарушува по некој далечен тресок за кој не сум заинтересиран за неговиот мотив, се е тука заборавено, само часовникот ми кажува кога сум. Ни најмал интерес немам ни за тоа каде сум додека ги гледам заборавените и обраснати споменици на некогашна причина за постоење, моите плускавци на нозете им одаваат чест додека испраќаат понекоја молња во мојата свест. Со качулчка преку глава заради сировиот ветер каде ми ѕиркаат само носот и побледените усни изгледам како некој мистичен испосник кој се обидува да ја спознае вистината и целта на своето постоење.
Заради тишината ми се затвораат очите тонејќи во некоја полусвест кога се појавува фрагмент од некоја музика која си игра со некои мои потонати чувства кои ме тераат да лебдам, никогаш не се видов себе си од птичја перспектива, некои мистици велеа дека е можно, можеби зошто ушите независно ми мрдаат на најмал звук, сеуште сум тука. Мистиците се имаат откажано од се што е земско, можеби затоа. Моите уши мрдаат затоа што се гладни за твојот глас, оној истиот кога не знаев дека постоиш, малечок и збунет кога самовилата ми доаѓаше на прозор да ми раскажува за убавините на светот кој се наоѓа зад планината која ми го запречуваше видикот, ми ветуваше дека еден ден од таму ќе дојде она за што сум наменет. Ти дојде од зад планината, ја спознав својата цел за постоење, во мислите можам да те видам и од птичја перспектива и од секој агол, ја освои и најмалата клетка од мене, но струјата на реката на животот веќе ме носеше безмилосно. Кажи ми добра вило, што сега ? Што сега да правам ? Заради тежината на дрвата малото буре се преврти со тресок фрлајќи жарчиња наоколу. Ги отворив очите и ги истресов жарчињата од ногавицата, гласот на самовилата или твојот беше, сеедно е, ми ечеше во главата...Треба да се разбудиш !... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фантазија му работи на Збунко 500 на саат Апче
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
od kade li mu e celata ovaa inspiracija
............
|
|
apce
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од zbunet - 12.Март.2009 во 00:09 |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
......Maestro........
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... на пуста планета само карпи и испарувања, срушени вселенски борбени сонди и расипан непријателски робот. Го гледам со алат во рака, нема да има милост за мене ако го поправам, силен е, но е трапав, ќе се бркаме колку да ми помине време.
Му светна киклопското око, ме фати за врат, губев воздух кркорејќи зборови дека нема никој друг сем нас, не му беше гајле, го исклучив. Безживотен го клоцнав пцуејќи обидувајќи се да си го повратам здивот, испарувањата ми го појачаа кашлањето, се потправ на карпите. На едната карпа имаше врежано со нож иницијали и женски лик. Ме потсети на неа, сеќавања на интимни моменти ми навалија, се издишав. Имаше добри моменти, но повеќето беа напорни и исцрпувачки, но сепак беше подобро од оваа пустелија, се издишав. Повторно го уклучив роботот со далечинско, повторно сакаше да ме дофати, поминаа денови додека ја свати ситуацијата. Поминаа недели додека успееме да бидеме блиску еден до друг. Го закопавме заедно костурот на несреќникот кој резбал со ножот на карпата. Умрел од повредите, неговите резерви ќе ни послужат да ја продолжиме нашата агонија. Често застанував покрај карпата со изрезбаниот лик, ништо друго не ми преостана од неа, не знаев никогаш да цртам, сега е моја, со моите сеќавања ја гледав со мои очи. Понекогаш ми се насмевнуваше, понекогаш се губев од тага, не сум можел ни да замислам дека непријателски роботски киклоп некогаш ќе ме теши во прегратка предејќи како да се обидува да ми пее приспивна песничка... Изменето од zbunet - 11.Март.2009 во 23:40 |
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...........
|
|
apce
|
|
Внеси реплика | страница <1 2829303132 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |