![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 56> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Посна торта
За тесто: - 500гр мелени ореви - 500гр брашно - 500гр шеќер 1 кафена лажица сода бикарбона 1 пакетче прашок за пециво 1 пиво 1 ванила Состојките
се мешаат се додека убаво не се соединат, па се остава да отстои
тестото 15 минути. Потоа од тоа се дели на две дела и се печат две кори
посебно(може и една па потоа да се сече) за фил: 500гр шеќер 500гр вода 600гр мелени ореви рендана кора од лимон 2 ванили шеќерот и водата се остава да зовријат, се додаваат останатите состојки се меша додека се соединат и згуснат. Предходно оладеното тесто го премачкуваме со топол фил. На крај се прави глазура од 2 чоколада за готвење со малку масло и малку соино млеко. Целата торта се премачкува со глазурата и се посипува со дробени ореви |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Реформ торта ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 грама Шеќер 50 грама Чоколадо 250 грама Путер 300 грама Ореви 30 грама Кафе 10 Жолчка/ки 30 грама Брашно 10 Белка/ки Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 60 мин. ПОДГОТОВКА: Белките матете ги со 300 гр. шеќер во цврст снег, па постепено додавајте ги мелените ореви наизменично со брашното. Добиената смеса поделете ја на 5 еднакви округли дела, па секој дел испечете го во рерна загреана на 180 степени, 15 минути или додека не добие златна боја, така што ќе добиете 5 кори, па оставете ги да се оладат. За кремот измешајте ги жолчките со 200 гр. шеќер, додадете ја изренданата чоколада, ставете на пареа и варете додека смесата не почне да се згуснува. Потоа тргнете го кремот од огнот, додадете го кафето, убаво измешајте, па оставете да се олади. Потоа, пенесто изматениот путер, вмешајте го во кремот и уште еднаш убаво измешајте. Испечените и оладени кори премачкајте ги со кремот, наредете ги една врз друга, па тортата целосно повторно премачкајте ја со кремот. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Торта Мандолина 1-лист-5 јајца 7 лажици шеќер 200 гр кокос 2-лист- 5 јајца 7 лажици шеќер 3-лист- 5 јајца 7лажици шеќер 1 лажица брашно 6 лажици мелени бисквити Фил 1 2 пудинга од ванила 5 лажици шеќер 5оо гр.млеко 150 гр маргарин 100 гр.прав шеќер Фил 2 15 жолчки 150 гр шеќер се матат на пареа кога се олади се додава 150 гр маргарин Се мешаат двата фила се делат на 3 дела 1-дел се додаваат 250 гр мелени ореви попарени сонеколку лажици врело засладено млеко 2-дел се додава 300 гр стопена чоколада 3 дел останува како што е Се филува по кој ред сакате, важно е листот од пуслица да е во средина. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Марс торта Состојки: За кора: 200гр. бисквити 300мл. ладно млеко 200гр. млечна карамела За филот: 5 јајца 100гр. млечно чоколадо 200гр. шеќер 150г. млеко во прав 250гр. маргарин За глазура: 100гр. чоколадо 50гр. маргарин 1 јајце Подготовка: Бисквитите натопете ги во ладното млеко и наредете ги на чинија. Карамелата згответе ја во преостанатото млеко и прелејте ја преку бисквитите. Изматете ги петте јајца и шеќерот и гответе ги на пареа. Пред крај, додајте го млечното чоколадо, соединете сè и тргнете го од ринглата. Во топол крем измиксајте го млекото во прав, изладете го, измиксајте го и маргаринот, а потоа нанесете го преку слојот-карамела. Стопете ја чоколадата и маргаринот за глазура, додајте го јајцето и изматете со миксер па прелејте ја тортата со смесата. Изладете ја во фрижидер и уживајте во нејзиниот вкус. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чоколадна торта фил: 200 ml вода 200 gr шеќер 100 gr какао 1 путер, омекнат 250 gr шеќер во прав 8 жолчки тесто: 8 белки 200 gr шеќер, или малку помалку 4 лажици презла 3 лажици брашно прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади. за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено. за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време. кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните. ![]() |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Сплитска торта 150гр смокви 150гр ореви 150гр суво грозје 3-4лаж брашно 9 белки 9 лаж. шеќер фил 9 жолчки 9 лаж.шеќер во прав 1 ванилин шеќер 250гр путер припрема Смоквите, оревите и сувото грозје ситно се сечкаат , се додава брашното. Настрана се матат белките со шеќерот во цврст снег и се мешаат со сувата смеса. Се печи во плех 35*40см , 25мин на 180 С. На пареа се матат жолчките со шеќерот и ванилката, додека да згусни.Откако ќе се олади се матат жолчките со маргаринот. Кората се дели на 3 дела и се филува... |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
BIBI_G_3 ![]() Модератор ![]() ![]() СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
де бре? благо со оцет?? дај пиши рецептот,ќе го оправиме овде
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Немаше јогурт во рецептот, ама имаше оцет
![]() |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
BIBI_G_3 ![]() Модератор ![]() ![]() СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
гарант си ги заборавила оние 2-3 зрнца шеќер за блачкото да дојде до израз...вака само со јогурт накиселнува ![]() |
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За добредојде ќе има работа овде
![]() Сега правев нешто благо ама неуспешно, така да не ви оставам рецепт ![]() |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ќе те испофалам убаво, само ако станам 100 кила од тие твоите квасец-рецепти... ![]() Туку... каков јогурт даваш, галички? ![]() П.С. Рецепт немам, ама ќе апнам од тие другите благи работи во насловот, да не сум и јас офтопик ![]() |
||
![]() |
||
BIBI_G_3 ![]() Модератор ![]() ![]() СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ред си е ред.... фино однесување пред се" друго...а ти,напиј се една чаша јогурт од мене за муабетов,ептен ме испофали пред народов ![]() |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() А бе диета ќе скрши, ама правила не крши..... ееее шо ти се вика принципиелност, само да не била офтопик ![]() Изменето од Анастеа - 18.Септември.2013 во 23:49 |
||
![]() |
||
BIBI_G_3 ![]() Модератор ![]() ![]() СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
evangelinke...tuku gledam ti si po turskata hrana denovive...daj toa receptot za tursko lepce ako go imas??se potepav barajki go-ne mozam da go najdam . eve i ke obekjam deka so eurokrem ke go jadam za da ne bidam oftopik ovde
![]() |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |