![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 184> |
Автор | ||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Или не знаеш што зборуваш или се правиш дека не знаеш што зборуваш. Работата е јасна како ден: оноа што било одберено да се вербализира и што е објавено во јавноста - не е државна тајна. Деталниот документ од кој се извадени објавените информации, а кој содржи уште необјавени податоци и на кој стои ознака дека е "државна тајна" останува државна тајна с'е додека не се разреши од тоа. Мислам дека од ова поедноставно и појасно нема. Тоа што Црвенковски си интелектуализира дека објавените информации му даваат за право да ги објавува СИТЕ информации од севкупниот документ кој е класифициран како државна тајна не го ослободува од одговорноста. Самата назнака на документот дека е државна тајна значи оти НЕ СМЕЕ да биде јавно објавуван без обзир кој што мисли за него.
Тоа што мислиме ти или јас не е воопшто релевантно за класифицирањето на наведениот документ. Замисли, Црвенковнски самиот си дошол до заклучок оти овој документ не треба да биде државна тајна, па си решил јасно да го објави ??? Замисли јас и ти да дојдеме до државни тајни и да ги објавиме под изговор дека ние мислиме оти тие тајни не треба да се тајни затоа што некој, некогаш, некаде, говорел нешто во врска со нив??? Државната тајна е државна тајна с'е додека државата не реши оти таа повеќе не е тоа. Дали тоа ќе се случи после 7 или 70 години тоа не е до Црвенковски,тебе или мене да решиме околу тоа. Проблемот со Црвенковски, кој се јавува после 7 години, е фактот дека тој чекаше 7 години народот да подзаборави на вистинскиот сеопфатен предлог на Нимиц за да извади од рака полувистина која сака да ја пласира како факт. Но, за среќа, луѓето имаат добро помнење, а за оние кои имаат меморијска инсуфициенција постојат пишани документи по весниците и аудио/видео записи од радио и ТВ коментари и дискусии. Ваквото мамење на народот од страна на Бранко не му служи на чест и само помага луѓето да ја изгубат и онаа мала доверба во него. ![]() Сега е јасно како ден дека тоа салто мортале го направи како реклама и платформа за новата пролетна акција на СДСМ. Ништо повеќе од тоа... Една изветена и безвредна работа, отфрлана од Грција уште пред ние да имаме време да ја прочитаме, се "обелоденува" од Црвенковски како клучен момент за Македонското опстојување. Како што реков, се сложувам со твоето мислење дека за името на државата, националноста и јазикот треба народот да си даде свој глас и токму поради тоа се сложувам со референдумот по тие прашања. Сето друго би било диктаторство. Изменето од Messenger - 02.Јуни.2012 во 21:52 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имам некои дилеми во врска со дикументот за нашето име класифициран како државна тајна.
Како што кажа АВС , се дискутира за документ чија содржина била тема на дискусија и јавна дебата, а сепак се води како државна тајна.
Ме плаши една работа, ако ваков документ за нашето име е државна тајна, тоа ми се чини би значело дека некој нешто преговара во наше име, се чува во тајност од народот, а што ли тогаш му се сервира на народот како информација - вистина или нешто друго?
Дали утре на референдум ќе гласаме за едно, а всушност ќе добиеме друго веќе договорено кое се води како државна тајна?
Ме плаши оваа “тајна„ дипломатија, све се плашам дека еден ден ќе се разбудиме со нешто што ни сме го сакале , ни сме го барале....
|
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Види вака: -Ако нешто се објавило по медиуми пред некое време, тоа значи дека не може подоцна да биде класифицирано како државна тајна.Значи само на морон може да му текне да класифицира нешто како државна тајна, доколку тоа нешто предходно било објавувано и полемизирано во јавноста. -Од друга страна, за државна тајна не смее да се класифицира ни еден документ кој се однесува на името од државата, народот, и јазикот кој се користи, или ќе се користи во иднина како таков, доколку би се користел, или би бил општо прифатлив, без разлика дали на референдум, или од памтивек усвоен.Значи не е прашање дали некој тоа го актуелизирал по 7 години, или веднаш по донесувањето, туку е суштествено дека еден таков документ треба да биде исклучиво од јавен карактер, затоа што се однесува на нашето име, кое не треба во никој случај класифицирано како државна тајна.Впрочем на кој акмак му текнало било што окулу името на една држава, народ, и неговиот јазик, да го класифицира како предмет во вид на државна тајна, на посебен “документ“, како да е договор за купување на сандак мониција, или досие на некаков кодош, односно шпиун на друга држава? ![]() |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Треба да се прави разлика меѓу "државна тајна" со законската заштита на истата и дискутирање за името на државата. За првото - ако некој документ е означен како државна тајна, тогаш тој останува државна тајна с'е додека не е разрешен од тоа. Државни тајни мора да постојат од многу причини и наивно е да се тврди спротивното. За второто - јас се сложувам дека за името на државата, како и националниста и јазикот, мора да се говори јавно и да се добие народно одобрение, а не да биде одредувано од поединец. Токму затоа сметам дека одлуката за тоа да се решава со референдум е нешто најдемократски и најисправно. Во врска со темава и истапот на Црвенковски, за името на државата се дискутираше од сите можни агли и клучните елементи од предлогот на Нимиц им беа објавени на граѓаните. За тоа немаше никаква потреба јавно да се објавуваат државни тајни. Од 2005, па до денес, Бранко и сите останати политичари кои беа запознаени со предлогот и кои активно учествуваа во неговото анализирање, имаа 7 години време да истакнат што беше точно понудено и што беше неприфатливо за македонскиот народ. И Црвенковски најде дури сега, после 7 години, да го просветлува народот и сите политичари дека сме биле слепи и не сме виделе очебијни работи од тој предлог ??? Сака да докажи дека и тој бил слеп или неразумен штом до сега не се пројави со неговата "еурека" ??? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
-Побргу еден каталог за понуда на телефони од Телеком би можело да биде прогласен за некаква (еве да речеме) деловна тајна, одколку било каков документ за нашето име, или мислиш дека за нашето име може да дискутираат и решаваат само неколкумина “одредени“, и оти тоа само ним им припаѓа па го држат во некаква тајност за сопствени потреби? -Јавноста треба да знае се, итоа до последно зборче, што и како се разговарало, преговарало, или договарало, за нејзиното име, токму затоа ни еден документ по однос на тоа јавно прашање не треба да се мистифицира, или пак понајмалку да се прогласува за некаква тајна. |
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Па не е баш така, а за тоа ќе се изјасни Судот. Не сум правен експерт (тука сигурно може многу да помогне Македон), но оноа што беше јавно вербализирано и објаснето на народот после дадената понуда секако дека не се води како "државна тајна". Но деталниот пишан документ на кој, со некоја причина, стои печат "државна тајна" е државна тајна и не сме да се обелодени без претходно тоа да биде разрешено од соодветен суд. Де факто и де јуре Бранко Црвенковски направи кардинална грешка што го обелодени тој документ (доколку е оригинал, а ако е фалсификат тогаш си направи друг проблем). Но мислам дека владава нема доволно големи мандала да го санкционира онака како што ќе направеше доколку ваков документ беше објавен од мене и тебе. А ако Бранко мине без соодветна санкција за овој прекршок ќе се направи преседан и тогаш ќе може да се очекува обелоденување на секакви можни државни тајни документи што ќе направи оваа влада да изгледа импотентна и недорасната за својата позиција и ќе биде доволна причина за нејзино паѓање.. Изменето од Messenger - 31.Мај.2012 во 22:10 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
-По сите меѓународни норми, правила, закони, или било што, од она што може да се нарече хумано или човеково право, ни еден документ во кој се разговара, преговара, или споменува име на држава, народ, заедно со нивниот јазик и култура, не може да биде прогласен за некаква тајна, освен по грешка на оној кој се обидел или му наредиле тоа да го направи.
-Според тоа, документот со кој Бранко се размафта пред медиумите како со некаква “државна тајна“ од посебно значење, не е и не смее да биде никаква државна тајна, освен еден обичен и јавен документ кој треба во секое време да му биде достапен на секој заинтересиран граѓанин на Република Македонија. |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а бе Меси, гледам си се потрудил да ја тумачиш оваа бубуљичава битанга, си губел време на некој чиј збор му вреди помалку од ланскиот снег.
Ми кења тука дека Грујо одбил ова, Грујо одбил она, а 2005 год. тој беше власт, ако имал муда нека го решел спорот, нека го сменел името, па на раат да го расчепиме на плоштад. А и можат што сакаат, и кој сака да се договара за името, ама конечниот одговор ќе го даде народот на референдум, тој ќе одлучи за името. Изменето од Zeksi71 - 30.Мај.2012 во 14:05 |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Црвенковски во интервјуто на Kанал 5 изјави дека во предлогот на Нимиц стои два начини за обраќање за Македонија и оти националниот јазик бил договорен како "македонски". За да го докажи тоа извади хартија за која тврдеше дека е документ кој ја потврдува неговата изјава. Ова е документот кој го покажа Црвенковски објавен од Sky i Plusinfo (http://www.plusinfo.mk/vest/44285/Skaj-Vlasta-izleze-so-falsifikuvan-dokument-za-imeto?utm_source=daily.mk) : Од друга страна, "Утрински Весник" во своето издание од Октомври 2005 (http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A3D039C1E9C6D144B6B13DFE6EE4EE0F) година пишува: „Нимиц предлага седум начини на обраќање на Македонија од кои трите деновиве и' беа навестени на јавноста. Според предлогот, Македонија дома ќе го употребува уставното име, а Грција ќе и' се обраќа со името ’Република Македонија-Скопје‘. Во меѓународните организации до 2008 година ќе се користи името ’Република Македонија‘, напишано на латиница и во македонска транскрипција, со фуснота дека таа е земјата што некои ја признаваат под името ’Repubic of Macedonia‘, а која со Грција има дипломатски односи под името ’Република Македонија-Скопје‘. По 2008 година ќе остане само името ’Repubic of Macedonia‘, но Нимиц сугерира, исто така, земјите што не не' признаваат под тоа име (како Грција, Кипар и евентуално некоја друга) да употребуваат фуснота во која ќе стои дека за Грција сме ’Република Македонија-Скопје‘. Во предлогот стои, исто така, во графата националност да нема Македонци туку ’граѓани на РМ‘, а за јазикот неофицијално стоело македонски, иако во официјалниот документ на англиски јазик стои нејасна кратенка МЦДС, што од Владата било објаснето како техничка грешка. Нимиц, исто така, предлага никој да нема ексклузивно право да го користи името Македонија, што значи, исто така, дека ниту една од државите не може да го забрани употребувањето на овој термин на политички, географски и комерцијален план. Со посебна точка во договорот нашата земја се обврзува во меѓународната комуникација да мора да го употребува целосното уставно име Република Македонија, а не само Македонија, што значи дека во Обединетите нации нашата земја ќе се води под буквата ’Р‘, а не ’М‘“. Ако Бранко е во право со посочениот документ, тогаш зошто на телевизијско интервју после самитот на НАТО во Букурешт говори сосем спротивно? Зошто тврдеше дека нашите најприоритетни прашања - името на Републиката, националноста и јазикот не се договорени како што тврди сега ? Зошто тогаш не го изведи овој документ и не изјави дека Нимиц ни предложил националноста и јазикот да ни бидат гарантирани за меѓународна употреба како "macedonian" ? Внимавајте што говори после првата минута: Како Црвенковски сега тврди дека Нимиц со предлогот ни ги гарантирал националноста и јазикот кога на следниов интервју децидно тврдеше дека тој тоа не го сторил со тој предлог (внимавајте после третата минута): Една година подоцна, на интервју за Канал 5, Црвенковски повторно тврди дека Нимиц ни дал предлог националноста и јазикот интернационално да бидат именувани "македонски" - меѓународно признавање на нашиот идентитет. Следете ја изјавата од 7-та минута на видеото: Ако националниот идентитет веќе бил понуден и гарантиран, тогаш зошто Бранко во интервјуто за А1 повторно дискутира за тоа наместо едноставно да го посочи оноа што наводно го понудил Нимиц? Ако националниот идентитет повеќе не бил во прашање, тогаш зошто Црвенковски бара да се водат натамошни преговори за него наместо да ја каже Нимицовата понуда (следете од првата минута натаму): Изменето од Messenger - 30.Мај.2012 во 05:48 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
аааа....јас те разбрав дека мислаш на државно ниво....
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...zarem mislish deka ti si orovodec?
![]() ...chelniot e...toj shto go zapochnal oroto, ...tve e samo da go sledish ...kako ti svirat, ...i toa vo prostorot shto ti go odredile za ...igranje. ...ako se izbacish od koloto....ke si igrash samiot....nekade vo nekoj kjosh.... |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а што кога ороводецот е трупец????
сите ќе прават погрешни чекори....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...ne si trebalo ni da pochnuvash !
..a koga vekje si se fatil vo oroto,..ima da go doigrash , ..skal nejkel ! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас лично и порано и сега сум на мислење дека со името и останатите национални обележја не треба да се тргува... мислам дека на ѓупцине од грција не треба да им се лигавиме и да глумие некакви си преговори кои во суштина и не се водат последниве години туку само се глуми пред светската и домашната јавност....
Затоатреба да престане тоа бламирање...
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |