IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:02
 
Имено, Стил во 2004 година ја напишал „(Man I Really) Love This Team”, песна посветена на бостонскиот безбол тим Ред Сокс и тоа откако овој тим во 86-годишното постоење прв пат го освои насловот светски првак, а песната е користена и во промотивни цели.
„Знам дека сум малечка риба, а Џови е голема риба. Но, тој се завртел кон погрешна пирана. Сакам кредибилитет, признавање дека е тоа моја песна и јавно извинување. Знам дека сум во право”, рече Стил, пејач и гитарист на бендот The Chelsea City Council.
Според него, Џови спорната песна ја слушнал во Бостон кога Стил настапувал во рамки на поддршката на претседателската кампања на Џон Кери, а подоцна песната „(Man I Really) Love This Team” ја прекопирал и ја нарекол “I Love This Town”.
Да биде работата уште полоша, песната на Џон Бон Џови се емитувала во текот на плеј офот во безбол. Џови песната ја пријавил како производ на својата соработка со гитаристот Ричи Самбора и текстописецот Били Фалкон, а триото ги поделило заслугите.
Она што Џови го заборавил, е дека Стил својата песна ја пријавил како авторско дело во 2006 година, многу пред тој да ја напише својата верзија на песната.
 
Кон врв
rus mkd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Max Arena Admin

Регистриран: 13.Март.2007
Локација: Russian Federation
Статус: Офлајн
Поени: 232
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rus mkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 01:54
Групата AC/DC конечно повторно на европска турнеја, која ќе започне веднаш по новогодишните и божиќните празници. Најблиска дестинација за нас, според до сега закажаните концерти е Будимшешта, но сепак ростерот на градови не е затворен, што остава можност за некоја уште поблиска метропола да се најде на листата на градови. Во својата историја AC/DC успеа да се наметне како еден од највлијателните бендови во рок музиката, стекнувајќи десетици милиони фанови ширум светот. Имаат издадено преку 15 студиски албуми, а дел од нив достигнале мултиплатинеста продажба. Последната европска турнеја во 2001 година им донесе заработка од 90 милиони евра.

Во својата историја овој бенд имаше многу големи проблеми, меѓу кои најстрашна беше загубата на нивниот прв вокалист, Бон Скот, кој подоцна беше заменет со Брајан Џонсон кој и денес е првиот вокал на бендот. Дел од текстовите од песните беа прикажани како мошне контроверзни, што доведе до делумна забрана за консумирање на нивната музика во Северна Америка некаде на средината од 80тите години. Но сепак, модерното време со себе си донесе и промени и така непречено продолжи манијата наречена AC/DC.
Heaven wouldn't be so high i know, if the times gone by hadn't been so low, the best laid plans come apart at the seams, shatter all my dreams...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 01:12
Guns N’ Roses конечно ќе го издадат новиот долгоочекуван албум следниот месец. Албумот 'Chinese Democracy' во Америка ќе излезе на 23-ти ноември.
Последниот студиски албум 'The Spaghetti Incident?' го издадоа во 1993 година, последна снимка заедно со Slash и Duff McKagan.
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:46
Датата за Депеш Мод во Белград одредена: 20-ти мај 2009. Концертот ќе се одржи на локацијата Ушќе, изјавија од бендот вчера на прес конференција во Берлин.
Новиот албум со експлозивен наслов, кој се чува во тајност, треба да биде готов до крајот на оваа година.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:39

Таксират номиниран за најдобар европски фестивал!

Нашиот традиционален фестивал Таксират е номиниран за најдобар европски музички фестивал! Во конк*ренција на редица реноминирани европски музички настани (Роскилде, Егзит, ГуртенРок, Кримфилдс, Кеслпалуза...), се најде и нашето чедо кое годинава ги полни своите 10 години. Наградата Јуроп (YOUrope) ја доделуваат престижните ЈуКеј Фестивал Авордс (UK Festival Awards) – велат од дирекцијата на Таксират – Литиум рекордс.

На следниот линк можете да го дадете својот глас за најголемиот мал зимски Југоисточно Европски музички фестивал.

Оваа номинација претставува чест за нашиот фестивал кој веќе започна со своите активности. Конк*рсот за традиционалниот Винер Фест трае до 15. октомври, а се ближи и 20. кога како дел од првиот Таксират промо настан во МКЦ ќе настапи најсвежата четворка во инди рок светот - Енимал Колектив – велат Литиумци.
Кон врв
Phantomlord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ThrasheR

Регистриран: 11.Септември.2008
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Phantomlord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 11:49
Истакнатиот германски треш-метал бенд Креатор подготвуваат нов албум кој ќе биде насловен Хордс оф Кејос.Албумот се очекува да излезе на 16 септември 2009 година.Исто така Креатор ќе тргнат на турнеја,а интересни локации за нас се Во Софија и Белград

Изменето од Phantomlord - 05.Октомври.2008 во 11:50
Кон врв
macaparket Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај macaparket Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 17:44
МТВ најавува специјална емисија: За Тоше, со љубов

Како што е познато, во недела, 5. октомври 2008. на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи мега-концерт во чест на Тоше Проески под мотото Тоше, те сакаме сите.

МТВ ќе врши директен пренос од концертот на својата прва програма од 19.30. до 23.30.

Македонската Радио Телевизија како продуцент на настанот и медиумски покровител , ќе воспостави видео мостови со повеќе телевизиски центри од Балканот кадешто ќе се следи директно овој концерт.

МРТ ќе го даде на користење бесплатно сателитскиот сигнал за сите заинтересирани ТВ центри, кои со посредство на Европската Радио дифузна мрежа ќе го емитуваат директно концертот.

Организатор на мега концертот е меѓународната фондација Тоше Проески, а покровител е Владата на Република Македонија - Министерство за култура на РМ.

Во недела, пред директното вклучување со пренос од Градскиот стадион во Скопје, на првата програма на МТВ ќе има специјална емисија За Тоше, со љубов. Оваа отворена програма со гостите во студиото и пријателите на Тоше кои ќе се вклучат телефонски ќе трае од 18 до 19.30 часот. Автор и водител е Миланка Рашиќ.

МТВ ќе подготви и документарна емисија за овој мега проект. Автор на документарецот ќе биде Каролина Петковска, а режијата е на м-р Љупчо Билбиловски.
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT
UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE
MNOGU GOMNA SERAT

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:49

Еден милион евра за Депеш Мод во Белград?

Меѓу градовите кои се спомнуваат во агендата за европската турнеја на Дипеш Мод се спомнува и Белград. Организаторите на концерти во Србија почнаа да се натпреваруваат кој поголема цена ќе понуди за групата која секогаш привлекува многу публика, прави одлични спектакли, па според тоа и ризикот од неуспех на концертот е помал.
Реалната цена за концерт на Дипеш Мод се движи од 350.000 до 400.000 евра, но во моментов српските менаџери нудат и 750.000 евра, а се претпоставува дека цената може да стигне и до милион евра...
 
 
Вредат да се видат во живо, добро си ги организираат концертите и за атмосфера ги бива... ама милион евра се премногу, кога самите се согласуваат да свират и за 250.000 евра...збунетост

 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 23:49
Симон Трпчески продолжува да го освојува светот!



Новата концертна сезона Симон Трпчевски ја започна со два концерти во Бирмингем, Белика Британија. Нашиот музички амбасадор настапи како солист на Симфонискиот оркестар на Бирмингем (ЦБСО), во изведбата на Вториот пијано концерт од Сен-Санс, а под диригентската палка на Андрис Нелсонс. Вечерва настапи со изведба на камерна музика со музичарите на овој реномиран оркестар.
Во официјалната програма на концертот, а по предлог на Трпчески, е предвидено и традиционалното Скопско оро во аранжман на Дамир Имери. Настапите со ЦБСО завршуваат во петок (26. септември), со концерт во Бедворт, од каде нашиот мајстор на пијаното продолжува да свири во Швајцарија.
На 5-ти октомври, на Градскиот стадион во Скопје, Трпчевски ќе настапи на концертот во чест на Тоше Проески.
Есенската концертна програма на Симон Трпчески веднаш потоа продолжува со серија концерти во Шкотска (Единбург, Глазгов и Абердин), како солист на Шкотскиот камерен оркестар.
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 16:27
Во пресрет на големиот хуманитарен концерт со наслов Те сакаме сите, во чест на музиката и хуманоста на ангелот со големо срце – Тоше Проески, денес (среда, 24. септември 2008-ма), во просториите на Националната галерија – Мала станица, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи конференција за печат на која на јавноста ќе и бидат презентирани најновите информации врзани за овој настан.

На прес-конференцијата ќе учествуваат претставници на Меѓународната Фондација Тоше Проески – во својство на организатор на концертот, и претставници на Министерството за култура на Република Македонија.

Хуманитарниот концерт во чест на Тоше е под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура.

Еве неколку интересни детали за настанот...

Концертот ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје, на 5. октомври, со почеток во 19.30 часот. Освен пријателите и бендот на Тоше, учествува и Оркестарот на македонска опера и балет со диригентот Саша Николовски – Ѓумар.

Билетите по симболична цена од 200 денари се во продажба ширум Македонија, како во музичките продавници, така и долж продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс.

Дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на ангелот Тоше Проески укажува податокот дека веќе започна да функционира хуманиот број: 143-100 (со повик донирате 100 денари + ДДВ), а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели!

Руслана на Градски ќе пее за Тоше

Украинската евровизиска победничка Руслана, на големиот концерт наречен „Те сакаме сите, Тоше, што на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи во чест на Тоше Проески, ќе ја пее песната Лајф, со која Тоше ја претставуваше Македонија на Евросонг во Турција во 2004 година. Специјални гости ќе бидат соработниците и авторите со кои Тоше го работеше англискиот албум. Тие ќе соопштат дека на 25 јануари - роденденот на Тоше, на пазарот ќе се појави долгоочекуваниот албум на англиски јазик, а премиерно на публиката ќе и подарат уште еден необјавен сингл како негова најава. Овие две информации за Дневник ги потврди менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ.

Тоше на секој концерт велеше Ве сакам сите и затоа овој ќе се одржи под мотото Те сакаме сите, Тоше, како наш одговор на неговите пораки - вели Петровиќ. Од Македонија, гости на концертот ќе бидат Калиопи, Синтезис, Наум Петревски - кој ќе ја пее омилената композиција на Тоше Има ли песна и Симон Трпчевски - кој на пијано ќе ја свири Љубена, нумера што ја напиша за Проески, а тој не забораваше да му се заблагодари за тоа на ниту еден концерт.

Концертот ќе прерасне во традиција

Освен Руслана, со која Тоше се запозна во Турција и со неа разви топло пријателство, на концертот ќе гостуваат повеќе ѕвезди од балканската музичка сцена. Од Хрватска ќе дојдат Тони Цетински и Нина Бадриќ, од Словенија Аленка Готар, а од Србија Леонтина Вукомановиќ, која ќе ја пее Чија си, Жељко Самарџиќ, кој ќе ја исполни Цреша, Биља Крстиќ, која ќе се претстави со Јовано Јованке и Гоца Тржан, а ќе настапи и црногорскиот изведувач Бојан Маровиќ. Повеќе од 20 пејачи околу три часа ќе ги пеат песните на Тоше.

Своето присуство го потврдија и Енди Рајт, Вејн Хектор и Брајан Тејлор од Пипл ин моушн, кои ќе дојдат за да го објават датумот на излегувањето на англискиот албум на Тоше. Тоа ќе биде 25. јануари - денот на неговиот роденден, ден кој на сите нас посебно ни значи - вели Петровиќ. Концертот ќе го пренесуваат седум телевизии од повеќе земји, меѓу кои и Бугарија и Албанија. Македонската телевизија ќе врши директен пренос, а преку Сателитскиот канал атмосферата од концертот ќе му биде достапна на целиот свет...
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 01:33

Скопје jazz фестивал 2008 – познати сите детали!

Актуелново издание на Скопје jazz фестивал годинава започнува на 17. октомври, и вкупно ќе трае 5 дена. Програмата и овој пат изобилува со стилската шареноликост и големите имиња од светот на џезот...

Легендата на светскиот џез, басистот Рон Картер, кој во 60-тите години свиреше во вториот славен квинтет на Мајлс Девис, со Херби Хенкок, Тони Вилијамс и со Вејн Шортер, на 20 октомври, во Македонската опера и балет ќе го претстави својот проект Dear Miles.

Програмата, која организаторот вчера ја објави на официјалната интернет-страница, се состои од пет вечери и 14 концерти на три локации - Универзалната сала, Салонот на МОБ и клубот Хард рок. Покрај Картер, големи имиња на годинашниот фестивал се и Раби Абу Калил, кој ќе настапи со Македонската филхармонија, тапанарот Ману Каче, кој имал изведби со Питер Габриел, Стинг, Џеф Бек, Ману Чао, Тори Амос и со Ал Ди Меола, а меѓу главните ѕвезди на Скопје џез-фест 2008 е и Маркос Вале, кој ќе настапи на вечерта во чест на 50-годишнината од појавата на музиката босанова.

Концертот на Калил, на 17 октомври, во Универзалната сала, го отвора фестивалот, Каче ќе настапи во Салонот на МОБ на последниот ден од манифестацијата (21 октомври), а изведбата на Вале ќе биде на 18 октомври, во Универзална. Третата фестивалска вечер (19 октомври), ќе биде посветена на норвешкиот џез, а публиката во Македонската опера и балет ќе може да ги проследи Буге Веселтофт и Карл Сеглем квинтет.

Практиката на свирки во клубот Хард рок продолжува и годинава и секоја фестивалска вечер ќе завршува на оваа локација. Познатиот состав Зуко 103 ќе настапи на 18 октомври, а меѓу другите изведувачи што ќе свират во Хард рок се и Џејсон Моран енд д бендвегон и квартетот на Франческо Кафизо. Босанова-вечерта е комплетирана со проектот на Бразилецот Марчио Фарачо, по норвешката ќе се претстави Монголијан џет сет, по Рон Картер ќе свири триото на саксофонистот Џошуа Редман и на последната вечер, освен Ману Каче, ќе настапи и Хенри Тредгил, а во Хард рок, фестивалот ќе биде затворен со Џастин Адамс и триото на Џулде Камара.

Преземено од Македонска музичка мрежа
 
 
Кон врв
djercu Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Септември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај djercu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 19:37
New Remix album by Tarkan.. Novo izdanie na albumot Metamorfoz so novi aranzmani obraboteno od poznati DJ ` i vo Turskiot muzicki svet.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:31
Македонија утревечер ќе бира претставник за детскиот Евросонг
 
 
Вчера напладне во просториите на МТВ се одржа прес-конференција по повод Националниот избор на детскиот Евросонг што ќе се одржи утревечер, со почеток во 20,30 часот директно од Студио 3 на Македонската телевизија.

Од многубројните пријавени композиции, во најтесниот круг се избрани само 12, а ќе учествуваат деца од целата држава. Најдобрата песна ќе биде избрана преку телевоутинг само од фиксната мрежа и петчлено жири, а победникот ќе не' претставува на изборот во Кипар што ќе се одржи на 22 ноември.

Имавме пријавено 60 дечиња од кои, за жал, моравме да избереме 12, но бидејќи имаше многу квалитетни вокали, се потрудивме да направиме и неколку дуети, па така сега имаме 20 учесници. Жалосно е кога мора да се одбиваат деца кои сакаат да пеат, но правилата се такви и нема отстапување, изјави уметничкиот директор Љупчо Мирковски.

Почетокот на изборот ќе го означат водителите Гораст Цветковски и Ивона Богоевска, а прв ќе настапи Петар Ѓуревски со песничката Сонувач, потоа Ајде горе раце и Горазд Грмашковски, Север- југ ќе пее Бисера Базер, Пејте со нас е со триото Дејана, Благоја и Сара, Среќни сме - Доријан Длака и Филипа Бибановска, Паричка ќе пее Наташа Латиновска, Симпатијо моја- Мирјана Бурназ, Училиште најмило - Мила Миливоевиќ, Мојот ас е песна на Марија Зафировска, Среќен ден - Марија Груевска и Наташа Алексоска, Прати ми СМС Боби Андонов и за крај Љубов моја- Анита Давиткова и Маја Јовановска. Покрај натпреварувачите, програмата ќе биде збогатена и со настапот на Калиопи, Влатко Илиевски, Тамара, минатогодишните претставници на Евросонг Росица и Димитар, Ања Ветерова и Сара Марковска.

Утрински весник

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 16:15
Џони Штулиќ во Белград!?
 
 
Горан Стаменковиќ, директор на продукција  “Емоушн“, ќе се обиде да го донесе  Џони Штулиќ, лидерот на легендарните “Азра“, во музичко риалити-шоу “Операција Триумф“, кое треба да стартува кон крајот на септември.
Џони Штулиќ долго време живее во Холандија и одбегнува било каков контакт со Балканот! Иако Стаменковиќ тврди дека ќе стори се и дека ги потегнал сите можни врски да го донесе Џони во Белград, познавачите велат дека нема шанси тој да прифати учество во таков вид програма! Тоа би значело плукање на сопствените зборови и дека станал се она против што се бореше со децении во своите песни!..
 
 
Да видам не верувам!... Џони во реалити-шоу!...збунетостнека%20ти%20е%20срам
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.