|
Места кои мора да ги посетите |
Внеси реплика | страница <12345 15> |
Автор | ||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не е баш некое *место* за посетување... но интресно е .... Возовите се популарен метод за патување, и отсекогаш било лесно да се најдат билети за воз. Но патувањето со луксузен воз е поинакво искуство за кое ќе треба да дадете многу повеќе пари. А ако вашата желба е луксузно патување на шини, тогаш можете да изберете дестинации во повеќе земји во светот. Кога купувате билет за овие возови, не добивате седиште, туку цел вагон за уникатно патување во неверојатен луксуз.
Гордоста на Африка Патување низ природа кое ја истражува величенственоста, убавината и големината на „Темниот Континент“. Ова е можност да уживате во природата додека патувате помеѓу Кејптаун, Преторија, Кимберли и Кругер Националниот Парк и многу други локации. Самиот воз е оценет како најлуксузен помеѓу луксузните возови.Источен & Ориентален Експрес Оваа линија сообраќа помеѓу Сингапур и Банкок, низ богати и прекрасни тропски шуми. Возот е модерен и ултра удобен.Ројал Скотсман Патувањето со овој воз е најскапото во светот. Четири дена поминати на овој воз чинат повеќе од деветнаесет дневен престој во првата класа на Транс Сибирската железница.Дунавски Експрес Овој воз се нарекува луксузен хотел на тркала и е приватен воз на кој можете да уживате со ваш личен персонал кој ќе ве послужува додека патувате низ Централна Европа.Транс-Сибирска Железница Една од првите луксузни линии во светот, Транс-Сибирската Железница, патува 9656 километри низ Русија и ви овозможува да ја видите големината и убавината на земјата.Синиот Воз Ова е ексклузивен воз кој носи само по 84 патници на секое патување од Преторија до Кејптаун, и ќе ви ги прикаже некои од најубавите глетки во Африка. Секое купе има свој тоалет, климатицазија, телевизија и собна послуга.Ориент Експрес Овој луксузен воз поврзува неколку градови од Европа, како Венеција, Лондон, Будимпешта, Рим и Прага. Патувањето е шармантно но не е за штедливите, трите дена во кои ќе поминете низ Австрија, Швајцарија и Франција ќе ве чинат повеќе од 2000 евра.Калифорнија Зефир Овој воз го поврзува Пацификот со регионот на Големите Езера. Голем дел од маршрутата е речиси идентичен со првата линија на трансконтиненталната железница, и на некој начин ви овозможува да го доживеете Златното Доба на патувањето со воз.Глечерски Експрес 290 километри исполнети со пејсажи кои ќе ги гледате осум часа бидејќи овој луксузен воз не е многу брз. Линијата ги поврзува Цермат и Сент Мориц на Швајцарските Алпи.Големиот Јужнопацифички Експрес Линијата помеѓу Сиднеј и Кернс на источниот брег на Австралија била отворена во 1999 година. Патувањето е поделено на два дела со преноќување во Бризбејн. Поубавиот дел од патувањето е оној од Бризбејн до Кернс, во кое е вклучено и патување со хеликоптер до Големиот Корален Гребен каде што ќе поминете еден ден во нуркање. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Нашиот Охрид како место кое мора да се посети. На списокот на 10 топ туристички дестинации за студенти во британски Guardian и нашиот бисер. Summer holidays: 10 of the best trips for students... MacedoniaGalicica national park Although Skopje, the underwhelming capital of Macedonia offers little
to non-historians, the country's most popular destination, Lake Ohrid,
is just hours away. When those hours are spent speeding through the
majestic and rugged countryside by train, the ethereal folk songs of
local women ringing in your ears, the journey is hard to forget. This
Unesco world heritage site caters to all tastes and moods; spend a slow
day lakeside pretending not to be impressed by the religious tolerance
and harmony on display with mosques and churches strewn throughout the
town and try not to salivate while tucking into the ubiquitous kebapi
(kebab), which may whet your appetite for a night of intoxication.
Climb aboard a boat party with the only other guests here – hedonistic
Bulgarian and Albanians – and take in the stunning backdrop of the Galicica national park as it fades to black with another perfect sunset. |
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Омилени европски дестинации: 1. Тоскана, Италија 2. Лаутербрунен, Швајцарија 3. Сите грчки острови 4. Халштат, Австрија 5. Рим, Италија 6. Венеција, Италија 7. Лондон, Велика Британија 8. Париз, Франција 9. Амстердам, Холандија 10. Мадрид, Шпанија 11. Барселона, Шпанија 12. Берлин, Германија 13. Корнвол, Велика Британија 14. Копенхаген, Данска 15. Фиренца, Италија |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Древни ''изгубени'' градовиОвие чуда на стариот свет вредат да се видат, или барем да се фантазира за нив. Во немирни времиња какви што се сега, не е лошо да се потсетиме дека луѓето се способни и за големи дела.
Петра е древен град на Блискиот исток, на територијата на денешен Јордан. Поранешната престолнина на Набатејското царство ја освоиле Римјаните во 106 година пред новата ера и тогаш овој град станал дел од римската провинција Арабија. Во VII век паѓа во рацете на муслиманите, а првиот човек од Европа кој го видел градот Петра бил Швајцарецот Јохан Буркхарт. Археолошките ископини ги откриле спомениците, гробниците со раскошни фасади од розови, црвени и виолетови камења. Интересот за овој древен град расте во текот на 80-тите години од минатиот век, благодарение на филмските авантури на Индијана Џонс.
Чичен Ица го основале Маите во мексиканската држава Јукатан, се претпоставува во VI век во новата ера. Во X век градот го освоиле племиња од групата Толтеки и освојувачите изградиле многу градби, од кои и познатата скалеста пирамида „Ел кастиљо“. Во близина е и терен на кој, по крвавите спортски игри, на боговите се принесувале човечки жртви. Иако градот бил напуштен уште пред доаѓањето на конквистадорите во XVI век, Маите и понатаму го сметале за свето место.
За Кападокија, област во централна Турција, карактеристичен е специфичниот градежен феномен – подземни градови направени во вулкански карпи. Една од тие населби се наоѓа во близина на градот Деринкуја, а тој локалитет е еден од ретките од овој тип кој е достапен на туристите. Се претпоставува дека овој подземен град, кој може да прими и до 50.000 луѓе и неброени стада стока, настанал во VIII или VII век пред новата ера. Градот бил откриен случајно во 1963 година кога еден жител на денешен Џеринкуја го урнал ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека зад ѕидот се наоѓа уште една просторија, па уште една... И така бил откриен најголемиот подземен град во Турција.
Древната тврдина на Инките во 1911 година ја открил Американецот Хирам Бингем. Храмот и градот останале речиси недопрени со векови, благодарение на тоа што се наоѓа на висина од 2.350 метри, па шпанските освојувачи не можеле да дојдат до тврдината. Денес овој локалитет под заштита на Унеско е популарна туристичка дестинација.
Ангкор бил престолнина на Кмерското царство од IX до XV век. Ангкор Вот е комплекс на храмови, а ова врвно дело на кмерската архитектура е посветено на богот Вишна, изградено во XII век и со 1.550 метри широчина и 1.400 метри должина претставува најголема религиска градба во светот.
Помпеја е антички град на југот на Италија, оштетен во земјотрес 63 години пред новата ера, а потоа и целосно уништен од ерупција на вулканот Везув 79-тата година пред новата ера. Остатоците од градот се прекриени со дебели слоеви на вулканска прашина, па на тој начин се „конзервирани“ и со векови зачувани од пропаѓање. Археолошките ископини на овој локалитет биле почнати уште во 1748 година, а покрај форумот, храмовите, јавните купатила, театри и стотици куќи, во текот на децениските и вековните истражувања откриени се и тела на Помпејци мумифицирани со вулканска прашина, бидејќи ерупцијата била толку силна што луѓето немале шанса да побегнат. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Острови кои мора да ги посетите
Истражувачите на Budgettravel го поминаа светот во потрага за најубавите острови кои би требало да ги посети секој серизен патник. Секое од тие места има нешто што не може да се најде никаде на друго место – од вештачки архипелаг до природни убавини./span> Без оглед дали барате недопрена природа, културни знаменитости или сакате да откриете нови доживувања, овие места пружаат се за што отсекогаш сте сонувале. Виеквес Кога американската морнарица во 2003 год го напушти овој остров во северноисточните Кариби, позади себе остави недопрена природа повеќе од 60 години. Иако некогаш служел како полигон за вежбање бомбардирање, Виеквес денес е природен резерват. Покрај неколкуте големи хотелски комплекси, сместување може да се најде и во помали и романтични пансиони. Еден од нив е Great Escape B&B, каде доручекот се послужува во базен. Островот е во склоп на Порторико и има помалку од 10.000 жители и само два значајни града – Изабел Сегунда на северната страна и помалиот Есперанза на југ. Бали Иако во последниве години е спомнуван како популарна туристичка дестинација, Бали помеѓу хиндуистите е познат и како место на духовност наречен „остров на боговите“. Еден од 17.000 острови на индонезискиот архипелаг, Бали е едиствениот со хиндуистичко мнозинство. Уште повпечатлив е фактот дека разни духовни прослави таму се организираат скоро секој ден. Трите хиндуистички храма во местото Бесаких преживеале дури 1.963 вулкански ерупции кои ги уништиле околнте села. Мештаните тоа се уште го доживуваат како чудо, па редовно доаѓаат на богослужба и молитва. Но освен на светите места духовен мир на Бали може да се најде на различни места на залезот на сонцето кое го заблескува Индискиот океан. Искиа Овај вулкански остров, кој се наоѓа во наполитанскиот залив, од поодамна е познат по своите терминални извори, па привлекува туристи веќе 2.000 години. Грците, Римјаните и Турците брзо откриле дека терминалните извори можат да делуваат лековито и да ја облажат болката во мускулите или едноставно да го опушти телото. И денешните патници со задоволство доаѓаат на масажа, каливи и геотермални бањи, од каде го продолжуваат истражувањето на островот, кој уште е познат по вино од локалните лозја, и по Арагонскиот замок кој е подигнат пред на него да дојдат Римјаните. Чилое Островите Чилое не се толку оддалечени од брегот на матичниот Чиле, но поради изолираноста на нивната историја, обичаите и начинот на живот, имаат малку врска со она на копното или било каде на светот. Локалните земјоделци и понатаму ги чуваат старите верувања за џуџињата, вештерките и духовите. Големите прашуми се заштитени како национален парк, додека научниците од Тихиот океан ги истажуваат и штитат, пингвините, видрите, и најголемите суштества на светот – сините китови. Во главниот гад Кастро нарачајте јадење од школки, месо и компири и погледнете ги ракотворбите од дрво и шарените фустани од чилеанска волна. Жителите се уште живеат во традиционални куќи, поставени на трупци над морето, додека језуитските мисионери локалните материјали ги користат за изградба на капели. Бора Бора Ако сакате да посетите идилични острови во Француска Полинезија Бора Бора ќе ги исполни сите ваши очекувања. Дури и познатиот романописец Џејмс Миченер, кој многу од своите дела ги направил на подрачјето на јужниот Пацифик, рекол дека Бора Бора е еден од најубавите острови на светот. Островот е опкружен со лагуна и корален гребен, а во средината е остаток од некогашниот вулкан на кои потсетуваат двата планински врвови Пахиа и Отеману. Бидејќи островот воглавно го посетуваат богати европски, американски и јапонски туристи, сместувањето е отмено, но и многу скапо. Пенанг Најголемиот град на малезискиот остров Пенанг, Џорџтаун познат е како престолнина на храната во која се мешаат вкусовите на мелезиската, кинеската, индиската и европската кујна. Љубителите на храна прошетката мораат да ја почнат од центарот Ајер Итам, каде можат да пробаат многу јадења на база на ориз, тестенина, риба, школки, пилешко, свинско, овошје, и друго. Пробајте 'лор бак' – пржено маринирано мелено свинско со чили, ’лок лок’ - ражнич од морски плодови, месо и зеленчук, ’икан бакар’ - риба маринирана во кокосово млеко, замотана во лист од банана и печена на жар, како и други видови на специјалитети кои кора да ги пробате. Покрај сето тоа островот има и прекрасни плажи, мали рибарски села и многу храмови, џамии и цркви. Велигденски острови Со најблиското копно оддалечени повеќе од 3.500 километри, Велигденските острови се исто толку далечни и мистериозни. Никој точно не знае зошто 900 гигантски камени монолити се расфрлани низ островот среде јужниот Пацифик. Познати под називот ’моаи’, големите камени глави се тивки стражари на Велигденските острови, високи се во просек околу 134 метри и тешки 14 тони. Галапагос Познатите желки од Галапагос не се единствената причина на љубителите на животни да се упатат на овој остров. Тука има повеќе од 500 животински видови кои не можете да ги најдете никаде на друго место. Токму ендемските врсти на Галапагос го воодушевиле Чарлс Дарвин и го натерале на размислување, кое дошло до познатата теорија на еволуција. Повеќето видови кои го воодушевиле Дарвин и денес можат да са видат на островот, во првиот ред морски лавови, пингвини и албатроси. Остров-палма Уметничкиот остров пред Дубаи е првиот остров на светот кој го создал човекот. Но иако е направен исклучиво заради пари, Островот-палма во Дубаи е едно од најубавите и најраскошните архитектонски чуда на денешницава. Нешто што мора да се посети. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сејшели
Сејшелите, попознати како Сејшелски острови се островска држава во Индискиот Океан. Сејшелите, можеме слободно да кажеме дека се рајот на земјата. Се состојат од 115 острови, од кои 33 се населени. Околу 80% од населението живее во главниот град Викторија, на островот Mahe. Прекрасна глетка и убава природа, вистински луксуз од бели рајски плажи со кристална чиста вода, разновиден подводен свет, необична флора и фауна. Има луксузни куќарки кои се расфрлани низ целиот остров, во нив освен удобно сместување, ќе најдете велнес центри, ресторани и низа други активности. На Сејшелите владее тропска клима, просечната дневна температура изнесува 27°C, а температурата на водата исто така е 27°C.
|
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Куба - волшебно патување
Куба е најголемата островска земја во групата на Малите Антили во Карипското море. Таа од сите страни е опколена со вода - Атлантскиот Океан на исток Мексиканскиот Залив на север и Карпиското Море на југ.
Со над 200 заливи и 280 тропски и рајски бели плажи, окружени со волшебни нијанси од зелени и сини бои, Куба претставува вистински предизвик за секој посетител. Шпанците зад себе оставиле големо влијание што се однесува на архитектурата, а уште поголем шарм на Кубанските градови им даваат куќите од камен, поплочените улици и извонредно љубезните домаќини. Речиси од секој агол во на островот допираат звуците на салсата и мирисот на пурите. Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат се поголем број туристи. Возење со стари автомобили од 50-те, ветар во коса и звуци на салса, прошетка до долината Винхалес, водопадите, шеќерните плантажи, јавање на коњи, капење во водопадите и уживање во прекрасната природа се само мал дел од слатките задоволства кои ги нуди овој остров. Изменето од Schatzii - 18.Февруари.2011 во 12:31 |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Mesto sto e interesno da se poseti Vratnica Tetovo
Dokolku ste ljubitel na voda, moze da odite na prekrasnoto Livadicko ezero na okolu 2000 m nadmorska visina koe sto e bogato so ezerska pastrmka stara povece od 20 godini. Mozete da go posetite i maloto ezero vo Senokos, kako i ezeroto vo Golina na koe sekoja godina se odrzuva turnir vo ribolov. Tuka e i nasata reka Racita so nekolkute vodopadi i se razbira vodenicata (Gurcina vodenca) pokraj koja sto se pravat prekrasni izleti. Dodeka sme kaj vodite, da gi spomeneme i golemiot broj na izvori vo Ckalo, Dolna reka, golemiot broj livadicki i ljubotenski izvori, i sekako Ajducko cesmice na Ljuboten. Ljubitelite na crkvi i spomenici moze da ja posetat crkvata Sv. Petka (najgolema od selskite crkvi vo Polog), maloto crkvice vo dvorot na Sv. Petka koe e obnoveno od strana na Ratko Cupe i manastirot Sv. Konstantin i Elena vo Cestodubje koj momentalno e vo izgradba. Pokraj crkvi, vo Vratnica ima i nekolku spomenici i toa: vo Vuklevo, vo blizina na osnovnoto uciliste „Simce sastovski“, na patot Tetovo - Jazince kaj fabrikata IGM - Vratnica, vo dvorot na crkvata Sv. Petka i drugi. Se razbira tuka e i Vratnickoto Kale koe e mnogu oddaleceno od naseleniot del i se naoga vo dolniot del na Vratnica, vo blizina na s. Orasje i rekata Vardar. Poradi voeniot konflikt od 2001 god. vo posledno vreme ova mesto e slabo poseteno od bezbednosni pricini. Dokolku sakate da odite na lov ili planinarenje ili pak samo da uzivate vo prirodnite ubavini, mora da se iskacite na Sar Planina koja vo zavisnost od periodot od godinata, ce ve zadovoli so sneg, sonce, mozebi dozd, no sekako pecurki, malini, kapini, jagodi, borovinki, kosteni i preubavi divi zivotni. Interesni mesta se Vuklevo, vikendicite vo Bucje i Senokos i dvete pokraj patot za Ljuboten, ljubotenskite i livadickite bacila, planinskiot dom na Ljuboten, sandarska buka (za onie koi ne znaele, toa e edno od najubavite drva vo Makedonija), potoa Kozja karpa, Ljubotenska sija i planinskiot vrv Ljuboten (2496 m). Tuka da ne gi zaboravite i livadickite predeli, Kamce i Golem kamen. Dokolku odite niz vratnickoto pole mora da go posetite mestoto kade sto nekogas postoel bazen i fudbalsko igraliste (Redes), potoa rekickata vo Rakoac koj porano bila bogata so rakcinja, vratnickoto Lozje koe se naogalo vo Golina (pod ezeroto). Dokolku planirate da pravite izlet, izberete gi livadite od „Motel“ do „Gabar“ i pominete nezaboravno. Za kraj da go spomeneme i centarot na Vratnica (sred-selo) koj bese renoviran od Mesnata Zaednica vo izminatite godini. |
||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од емил - 06.Февруари.2011 во 12:14 |
||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
iskreno, bi gi posetuval barem po ednas vo sekoj period... Da ne se lutat esenta, letoto i najvekje proletta...
|
||||
Incredible Blue
|
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
10 градови во Европа кои треба да ги посетите во зимскиот периодДоколку планирате зимско патување, веќе е време да одлучите каде ќе одите. Европа може да биде добар избор, а имате можност да посетите разни места со различни култури кои можат да бидат добри авантури за вас. Тука сме да ви помогнеме во вашата одлука, па ги одбравме 10-те градови во Европа кои треба да ги посетите во зимскиот период. Фиренца, Италија Рим, Италија Истамбул, Турција Виена, Австрија Атина, Грција Лондон, Англија Париз, Франција Прага, Чешка Барселона, Шпанија Минхен, Германија |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Попова Шапка подготвена за туристи
На Попова Шапка оваа сезона сметаат дека ќе привлечат повеќе скијачи од порано бидејќи ги подобриле условите за скијање. Светислав Ефтоски, кој раководи со ски-лифтовите вели дека согласно концептот, во еден момент на сите скијачки патеки, ќе може да се најдат 2000 скијачи.
|
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во земјата на снегот
Русија, белата убавица распослана на голем простор. Нејзиниот главен град Москва е одлична туристичка дестинација, но само за оние поиздржливите на ниски температури. Москва, најголемата урбана средина во Русија, е воедно и нејзин главен политички, економски, културен, религиозен, финансиски, образовен и транспортен центар. Овој мегалополис е дом на најголемиот број билионери во светот. Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.
Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга. Со ова градот е поврзан по воден пат со: Балтичко Море, Црно Море, Азовско Море, Бело Море и Касписко Езеро (Море). Поради ова Москва ја нарекуваат и "Пристаниште на 5 мориња". Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос.
Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај Црвен плоштад името на плоштадот Краснаја плошчад (руски: красная площадь) означува убав плоштад. Москва е највеличенствена во доцна пролет (мај или јуни) и во рана есен (септември и октомври), кога градските паркови се полни со расцветани дрвја или листови во сите бои. Сепак, ако сакате да се нурнете во длабочините на руската душа, отидете во зима, кога снегот, студот и темнината ја завиткуваат модерната врева.
Климата во Москва е умерено-континентална, со топли влажни лета и долги ладни зими. Просечната температура во летните месеци е околу 23°Ц, но може да достигне и до 30°Ц, а во зима се спушта и до -10°Ц (преку ден). За време на зимските месеци Москва се наоѓа во UTC/GMT +3 часа, а во летниот период го менува времето за еден час понапред односно, UTC/GMT +4 часа.
Земете топла облека, парите во џеб... и тргнувајте! |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Може и не мора да се посети местово...уствари не ни знаев дека постои...али после темата што ја отвори членот..малку прочепкав на нет и го најдов ова....
К у р а т и ц а Географска положба и селско подрачје Селото K у р а т и ц а се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместено е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивјето. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен облик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала. Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид. Во Средна Маала се наоѓа селската чешма со спомен-плоча во чест на паднатите борци од НОВ, што се користи само за на-појување на добитокот бидејки селото се снабдува со вода за пиење преку водоводот изграден уште во 1962 година. Тука е Задружниот дом изграден во 1950 година, Основното училиште и две селскн продавници. До селото се стигнува по асфалтен пат што претставува и единственага врска на к*ратица со моторно возило, со остана-тите населби во општината Охрид и подалеку. Селското подрачје на к*ратица зафаќа површина од 2336Д хектари. Од север се граничи со подрачјата на Велмеј и Лешани, од запад со селските подрачја на Сирула и Расино, од југ со Опеница и од исток со Речица. Синорот со околните села минува низ следните места: со Велмеј Никотинец, Крапчи Дол и Долги Рид, со Лешани — Бак-лишта, Долни Вирој, Крива Бука, Висока Чука, Булајчки Гари-шта и Дено Вода, со Сирула — Краста, Ишкојца, На Река, Прплец, Кутли и Кокошарник, со Расино — Гумниште, Ореов Дол, Дебранка и Ванатино, со Опеница — Делвнно, Сакој и Мар-ково Долче и со Речица — Влашка Чешма, Мијалец, Медејнца, Дел Гумно и Маркој куќи. Во овие рамки влегува селскиот имот на к*ратица што се состои од 681,9 ха обработливи површини, 154,2 ха пасишта, 1273,6 ха шуми и 226,4 ха неплодно земјиште1). Сообрајна поврзаност на селото Единствената сообраќајна врска преку која може да се дојде до селото к*ратица со возило е асфалтниот пат што кај Прентов Мост се издвојува од патот Охрид — Ресен, во дол-жина од 5 км. Овој пат за првпат е пробиен со ангажирање на работоспособното население од К у р а т и ц а и од околните села за време на бугарската окупација во 1942 година. Потекло на нмето на селото Во секојдневниот говор кај месното население и во цело-то охридско подрачје, селото се нарекува со името „К у р а ј ц а" или „К у р а и ц а", а поретко и „К у р а т и ц а". Со името „К у р а ј ц а" е запишано (како додаток) и на топографската карта со размер 1:25000 изработена во 1973 година — лист Охрид, покрај офи-цијалното име „К у р а т и ц а". Засега најстар пишан документ за името на селото претс-тавува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „К у р а т и ц а Кон крајот на XVI в. и почетокот на XVII век во кодика-та на Слепченскиот манастир е запишано како „К у р а ти ц а, во 1888 година Верковиќ, а иодоцна и К^нчов селото го запишале како „К у р а т и ц а". Во 1892 година во своите белешки од Охрид Браиислав Нушиќ го запишал како „Коратица"8), а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, пикој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото. Во врска со потеклото на името на селото К у р а т и ц а, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Не-кои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика ..Коратица" Според други името на селото доаѓа од турскиот збор „k*ri", што значи „сув, а, о", па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село" или „Суви дол". Постои и мислење дека селото го добило името по лично-то име К у р а т или К у р т. РЕДОВНИ НАСТАНИ К у р а ј ч к и карневал - 13-ти и 14-ти Јануари (Жителите на К у р а т и ц а велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во К у р а т и ц а има традиција што датира од далечната 1575 година) Носење крсти - 2-ри Јуни Голема Богородица - 28-ми Август Митровден - 8-ми Ноември И тоа е тоа.... Научив барем дека постои...и каде е Изменето од ФорумскаБаба - 11.Декември.2010 во 21:03 |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Внеси реплика | страница <12345 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |