|
Се околу песови и одлична дресура |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
bonjovi
Група Регистриран: 22.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 42 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да постанете водител на својот чопор
На вас вашиот пес непрекидно ве гледа и го прати вашиот говор на телото. Знае кога сте несигурни, кога не се осеќате добро во улогата на водител или кога нема да го присилите да ја послуша наредбата. Таквото однесување го збунува, го прави несигурен, а ако е роден, природен водител или качувач на друштвената скала тоа ке го потстикне да го превземе местото на алфа и ке Ви каже на Вас што треба да правите. "АЛФА" е став. Тој вклучува тивка доверба, достоинство, интелигенција и изразување на авторитетот. Песот таквиот став го осеќа готово моментално - така спрема него се однесувала неговата мајка. Набљудувајте го професионалниот тренер или квалитетниот инструктор за послушност. Тие стојат исправено, а својот глас и поглед го користат како би ја проникнале идеата дека се способни да го добијат она што го сакат. Тие се нежни, но и цврсти, искажуваат љубов, но се и остри, и сето тоа истовремено. повекето песови моментално се подредуваат на таквиот тип на личност, бидејки го препознава и почитува на алфа штом ке ја ја осети. . Вежбајте да бидете алфа. Стојте исправено со рамињата на назад. Одете исправено. Вежбајте да го користите новиот тон на гласот, подлабок и поцврст. Немојте да го молите својот пес да направи нешто - кажете му го тоа, наредете му. Разликата е огромна. И песот ја осека таа разлика! Не заборавајте дека како алфа имате право да ги утврдувате правилата и да задавате наредби. Вашиот пес тоа инстинктивно го разбира. |
|
http://www.seisesto.forumup.com
|
|
bonjovi
Група Регистриран: 22.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 42 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За да го вратите оправданото место на вашата фамилија како водител на
чопорот, вашиот пес мора да добие лекција, односно својот пес мора да го научите
како да биде подреден, а не рамноправен. Вие ке му покажете што значи да биде
повторно пес. Мајката на вашиот пес уште многу рано во животот му покажала дека
таа е алфа и тој неа морал да ја почитува. Како кученце, добил сигурно место во
чопорот на своето легло и благодарение на таа сигурност можел слободно да се
концентрира на растењето, учењето, играњето, љубовта, на тоа дека тој е само
пес. Вашиот пес навистина не сака одговорност која ја носи статусот алфа, не
сака да донесува одлуки и да ја брани својата положба на врвот. Тој сака водител
кој ке го следи и ке обожава, како повторно би бил слободен само да биде пес.
|
|
http://www.seisesto.forumup.com
|
|
bonjovi
Група Регистриран: 22.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 42 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алфа песовите се често многу добри куќни миленици. Верни се, попаметни од просекот и многу отворено ја искажуваат својата љубов. Можат да бидат прекрасни спрема децата и добри спрема непознатите луѓе. Се чини дека се е во најдобар ред со нивниот однос спрема луѓето - се додека некој не ги налути или ги примора да направат нешто што не сакаат. Тогаш, одеднаш, тој прекрасен пес започнува да ржи или се обидува некој да го гризне и никој не разбира зошто. Во вистинскиот чопор на песовите, алфа песот не мора на никој да му одговара. Никој не му задава наредби ниту пак му говори што да прави. Останатите песови во чопорот ја почитуваат неговата положба. Ако некој друг пес е доволно глуп да го предизвика на алфа обидувајки се да му ја земе неговата коска или да го присвои неговото место со остар поглед или режање. Ако тоа не функционира, алфа песот своето водство ке го наметне со забите. Сето тоа е потполно природно, инстинктивно однесување - во светот на песовите. Во човековата фамилија, сепак, таквото однесување е неприфатливо и опасно. На песовите им требаат и ги сакаат водителите. Тие имаат инстинктивна потреба да се вклопат во чопорот. Сакаат да бидат сигурни да знаат каде им е нивното место и што од неив се очекува. Повекето од нив не сакаат да бидат алфа - тие сакаат некој друг кој ке ги задава наредбите и ке донесува одлуки. Ако нивните луѓе не осигураат такво водителство, песовите самите ке ја превземат таа улога. Ако сте му дозволиле на вашиот пес да биде алфа, во негова милост и немилост сте, а како водител тој може да биде добар крал или тиранин! Ако мислите дека вашиот пес е алфа во вашето домакинство, тој тоа сигурно и е. Ако вашиот пес поќитува само еден или два члена на фамилијата и доминира со останатите, сеуште имате проблем. Местотот на песот мора да биде на самото дно на чопорскиот поредок на вашата фамилија, никако не на врвот или некаде во средината.. |
|
http://www.seisesto.forumup.com
|
|
bonjovi
Група Регистриран: 22.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 42 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вашата фамилија е "чопор" за вашиот пес. Повекето песови лесно се вклопуваат во редот на хиерархиската скала на своите човекови чопори и не ги 'дигаат брановите'. Го прават она што ке им се каже и не го предизвикуваат авторитетот. Останатите песови не се вклопуваат баш така добро. Некои од нив се родени водители и секогаш ги предизвикуваат своите алфи во обликот на човекот. Другите песови пак се искачуваат на друштвената скала - тие секогаш бараат начин како да се искачат малку повисоко на фамилијарната скала. Овие природни водители и качувачи на друштвената скала можат да постанат проблем на фамилијата која ништо не се сомнева и не е свесна за природниот инстинкт на чопорството во песот. Некои фамилии ги потстикнуваат своите песови да го превземат „чопорот", а за тоа и да не се свесни. Спрема своите песови се однесуваат како спрема на себе рамноправни, а не како спрема подредени. Им даваат посебни повластици, како што се дозволување да спијат на креветот или на каучот. Не ги тренираат своите песови и им дозволуваат неказнети да се извлечат од ситуацијата кога не ја послушале наредбата. Во вистинскиот чопор на песови таквиот третман не би имал никој освен алфа песот. Алфа нема никаква врска со големината на песот. И најситното кученце како што е од расата chihuahua може да биде кучешки Hitler. Всушност, колку е песот помал, тоа е зачестена тенденција луѓето да ги третираат како бебиња и да ги тероризираат со храна - што на песовите им овозможува да се осекаат уште подоминантни па своите луѓе да ги имаат под уште построга контрола. |
|
http://www.seisesto.forumup.com
|
|
bonjovi
Група Регистриран: 22.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 42 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОЈ Е ОВДЕ ГЛАВЕН?Како да постанете алфа
Што им е заедничко на овие три песа? дали се лоши или баш злобни? Не - тие се "алфа". Го превзеле водството во фамилијата која ги сака. Наместо да ги слушаат наредбите од своите луѓе, овие песови ги задаваат наредбите. Вашиот пес може многу силно да ве сака и сепак да се обиде да доминира со вас или со останатите членови на фамилијата. Песовите се друштвени суштества и веруваат во друштвениот поредок. Друштвениот состав на песот е "чопор" со точно утврдена хиерархија. Водителот на чопорот е алфа, поглавица, главен шеф. Тој (или таа) добива најдобро од се - најдобра храна, најдобро место за спиење, најдобра играчка итн. Водителот е исто така прв во се - прв јаде, прв оди и прв го придобива туѓото внимание. Сите останати песови во чопорот ги почитуваат желбите на алфа песот. Секој пес кој ке го предизвика авторитетот на алфа добива брза физичка опомена како потсетување кое и каде му е вистинското место во чопорот. |
|
http://www.seisesto.forumup.com
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |