|
ВЕЛИКИ ПЕТОК |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велики Петок
Беше тоа многу одамна, во една бучна ноќ во градот Ерусалим. Пред резиденцијата на управителот Понтиј Пилат стоеше еден премален и изнемоштен човек со крвави лузни и модрици по целото тело. Тој иако не изгедаше претставително, сепак целото внимение беше насочено кон него. Одеднаш се создаде голема бучава. Разбрануваната толпа на луѓе гласно и непрекинато викаше: "Распни го! Рапсни го!", "Ослободи ни го Варава! А овој распни го!", "Ние немаме друг Цар, освен Цезарот.", "Ако го ослободиш овој, непријател си му на Цезарот!", "Распни го! Распни го!" Имено, таа ноќ му се судеше на Назареќанецот Исус, за кого се ширеа гласини дека е долго очекуваниот и пророкуваниот Месија, Христос, Спасителот на Израел и на целиот свет. Тоа беше судењето на Исус Христос. Вината не беше баш јасна. Никој не знаеше за што точно на овој човек му се суди. Едни велеа: "Овој човек рече дека може да го урне Храмот и повторно да го изгради за три дена". Други велеа: "Тој се претставува себе си дека е Цар", а трети велеа дека Исус се нарекувал Божји Син и се изедначувал со Бог. Иако имаше повеќе обвиненија, сепак меѓу нив не се најдоа ни две усогласени за да можеше да се донесе правосилна осуда. Управителот Пилат рече: "Не наоѓам никаква вина во овој човек". Но толпата стануваше се погласна и погласна и тие не чекаа правна одлука од Пилат, туку само формална дозвола за да го распнат. По долго двоумење, Пилат зема еден сад со вода, ги изми рацете, се огради од вината за убиството на овој праведник и дозволи да биде распнат. Тогаш целиот народ извика: "Неговата крв нека биде на нас и на нашите деца!" Тогаш Пилат им го ослободи разбојникот Варава, а Исуса, откако го камшикуваа, им Го предаде да го распнат. Мнозинството од топлата не знаеше Кој е всушност Тој Човек и Кого тие всушност судат, но сите имаа можност да видат или барем да чујат за многубројните чуда кои Тој ги беше направил низ Галилеја. Некои се чудеа дали е навистина Тој истиот човек, и ако е Тој, тогаш зошто не ја употребува Својата Моќ за да се ослободи од лажните обвиненија и од смртната пресуда која штотуку Му беше пресудена. Можеби се велеа: "Сигурно им дозволува привремено, за да им ги види намерите, да ги искуша, но пред да Го распнат, тогаш ќе се ослободи." И затоа го следеа се до крстос, во исчекување да видат уште едно од Неговите спектакуларни чуда. Малкумина пак знаеа Кој навистина Тој е. Но тие исто така се чудеа зошто Исус молчи, зошто не повика ангелска војска од небото и да ги погуби сите овие кои зинале по Неговиот животот. Каква е оваа иронија, размислуваа тие.
Тоа беше Божјиот Син, Исус Христос, Создателот на светот. Луѓе грешници Му судеа на Праведниот Судија над судиите, пред кого се што дише или дишело еден ден ќе се појави на Суд. Каква иронија, Господ да стои пред своите созданија, а тие да му досудат смртна казна. Дали е тоа целата приказна, толку нелогична и збунувачка? Не! Тоа не е целата приказна. Зад целата оваа велипеточна драма се криеше нешто многу поголемо, поважно и посериозно. Во тој момент, додека луѓето Му судеа на Исус, паралелно се случуваше уште едно судење, многу подлабоко и посуштинско. Бог му судеше на човекот. Бог Му судеше на Последниот Адам, Човечкиот Син во Исус Христос. Но кој е тој Последен Адам? Зошто Бог му суди нему? Првиот Адам, заедно со својата жена Ева, многу многу одамна направија сериозно погрешен избор со катастрофални последици. Се побунтуваа против Бог, Го направија Бог лажливец и посакаа и тие да станат богови, еднакви со Бог. Тоа беше првиот грев, за кој Бог им вети дека ако го направат, ќе мораат да се ракуваат со смртта. Смртта е казната за гревот, а со гревот сме заразени сите, бидејќи Адам е заеднички прататко на сите луѓе. Правдата на Бог бараше смрт од Адам, но Милиста Божја побара одложување на оваа пресуда. Одложувањето беше закажано за Велики Петок, а одреденото местото за извршување на пресудата беше, Голгота. Еден праведен човек згреши, и Божјата Правда побара еден праведен човек да ја плати казната за тој грев. Доброволецот, жртвеното Јагне, беше токму Тој, Исус Христос, врз чии плеќи беше натоварен целиот грев на човештвото. Го измачуваа, а Тој не се противеше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење, како овца нема пред оние што ја стрижат. Не ја отвори Својата уста.Иако беше целиот премален, столчен и раскинат од камшикувањето и безмилосното тепање, Тој сепак храбро го носеше Својот крст и одлучно гледаше кон Голгота, нестрплив да го закова на крстот тешкиот грев на човештвото. Тој на својот грб ги носеше и гревовите на оние кои против Него викаа: "Распни го! Распни го!", не знаејќи дека Тој ќе биде распнат заради нив, заради нивните престапи и гревови. Сепак Тој тоа не им го зема за грев, и на крстот рече: "Прости им Татко, не знаат што прават!" Колкава само љубов беше собрана во еден човек. Како ли може да им прости? На оние кои на крст Го распнаа? Зошто би сакал да им прости? Каква ли љубов беше таа? Да го дадеш својот живот за некој кој со чекан ти набива клинци во рацете и нозете и те распнува да висиш и да искрвариш на крст пред очите на твојата мајка, роднините и пријателите. Сигурно не човечка.
Тоа беше Божјата Љубов. Неискажлива со човеки зборови, Но ветувана од дамнии, пророкувана од пророците, и најпосле потврдена од Исус Христос. Тој во една прилика рече: "Бог толку ги возљуби луѓето од светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!" "За секој кој верува во Него" Бог му ветува вечен живот. Каква радосна вест од устата на Бог! Голготскиот крст не беше наменет за Исус, бидејќи Тој не направи никаков грев. Но ние, јас и ти, имаме еден куп гревови зад себе и којзнае уште колку пред нас. Тој крст беше нашиот крст, мојот и твојот. Разбојникот Варава сме токму ние, јас и ти, сите луѓе. Еден крст беше определен. Или Варава, или Исус. Разбојникот беше ослободен, а Праведникот распнат. Варава беше ослободен заради Христовата пожртвителна љубов, со чија сила, Тој ги рашири Своите раце на крстот, на местото на Варава. Тие раширени раце Христови на Голготскиот крст до ден денес претставуваат отворена прегратка за секој грешник кој се кае. Во нив има љубов за целиот свет. Некој, Кој по три дена воскресна, му вели на твојот дух: "Дозволи ми твојот крст, да го ставам во Мојот", "Дозволи ми Мојата смрт да биде и твоја", "Дозволи ми Јас да платам за твоите гревови, бидејќи ти си немоќен да го направиш тоа, а смртта да не те задржи", "Во Мојата испружена рака кон тебе е Моето Спасение, но не можам сосила да ти го дадам. Потребна ми е и твојата рака, твојата одлука и решителност." Го слушаш ли Неговиот глас? Ја препознаваш ли Божјата Љубов искажана преку Исус Христос? Спремен ли си да му го предадеш сиот твој товар од сите знајни и незнајни, намерни и ненамерни гревови на Него? Изборот е твој и сега. Исус вели: "Еве, стојам пред твојата врата и чукам; Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него." (Откровение 3:19) Не одложувај! Светиот Дух вели: "Ако денес го слушнете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца" (Евреите 3:7) Не е потребен мистичен ритуал. Павле вели: "Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце. Зашто ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен." (Римјаните 10:8,9) Ако чекаме до пет до дванаесет за да се покаеме, Бог ќе не повика во единаесет ипол ! Да не го злоупотребуваме Божјото трпение. Денес е денот за твоето спасение. Нека Бог те благослови! EvAngelos
Изменето од EvAngelos - 06.Април.2007 во 00:11 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |