Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2014 во 10:42 |
Палачинки ала чизкејк со малини Потребни состојки: Смеса за палачинки: - 250 гр. брашно
- 300 мл. млеко
- 300 мл. минерална вода
- сол
- шеќер
- масло за пржење
Фил: - 250 гр. маскарпоне
- 100 гр. кисела павлака,
- лажици сок од лимон
- 50 мл. павлака за шлаг
- 2-3 лажици шеќер
- eдна шака малини.
Подготовка:
1. Пенасто изматете ги јајцата, млекото, водата и брашното. Додадете сол, шеќер и изрендената лимонова кора па добро измешајте со цел во смесата да нема грутки.
2. Испржете ги палачинките премачкувајќи ја тавата со масло и оставете ги на страна да се изладат додека не го направите кремот.
3. Во сад измешајте го маскарпонето и киселата павлака, кои треба да се на собна температура. Потоа додадете го лимоновиот сок, павлаката за шлаг и шеќерот, па добро измиксајте.
4. Свиткајте ги палачинките и ставете ги малините како на фотографијата.
Торта од палачинки со црвена рибизла
Потребни состојки: Смеса за палачинки: - 6 лажици путер
- 3 чаши млеко
- 6 јајца
- една ипол чаша брашно
- малку сол
- масло
За кремот: - 2 шолји млеко
- лажица екстракт од ванила
- 6 жолчки,
- ½ шолја шеќер,
- 1/3 шолја пченкарно брашно,
- 3,5 лажици путер
За сосот: - 500 гр. црвени рибизли
- 200 гр. шеќер
- 500 мл. црвено вино
- една лажица густин
- снегулки од бадем за украсување
Подготовка:
1. Стопете го путерот во тавче и оставете го на страна. Загрејте го млекото и оставете го да се лади десетина минути. Измиксајте ги јајцата, брашното и солта. Полека ставете го топлото млеко и путерот и оставете ги во фрижидер преку ноќ или на неколку часа.
2. Пред пржење загрејте ја смесата на собна температура и испржете ги палачинките на малку масло.
3. За кремот ставете млеко во лонче за да зоврие, изгасете го огинот и додадете го екстрактот од ванила. Оставете на страна десетина минути. Изматете ги жолчките, шеќерот и скробот, полека додадете го топлото млеко на силен огин да зоврие. Мешајте една минута, две и потоа додадете го путерот. Кога ќе се излади ставете го во фрижидер.
4. За сосот сварете шеќер и вино па додајте ги рибизлите. Варете уште пет минути, додадете густин и варете додека не биде густо колку што сакате. Редете ги палачинките, а измеѓу нив ставајте крем. Прелијте со сосот и додадете уште црвени рибизли за украс. Кога ќе се излади посипете со бадемот.
Чоколадни палачинки полнети со кремасто сирење
Потребни состојки: Смеса за палачинки: - 2 јајца
- 150 гр. брашно
- 300 мл. млеко
- 40 гр. путер
- 40 гр. темно чоколадо со 70% какао
- лажица какао
- 2 лажици шеќер
- малку сол
За полнењето: - 200 гр. крем сирење
- лажица екстракт од ванила
- кора од лимон или портокал
- малку шеќер
Подготовка:
1. Стопете го чоколадото на пара со путер. Добро измешајте.
2. Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот и солта. Додадете брашно, како и млеко, па сето тоа добро измешајте го за да добиете тесто без грутки. Полека додадете го чоколадото и оставете на собна температура околу еден час.
3. Загрејте ја тавата со малку масло па испржете ги палачинките. Додека се ладат направете ја смесата за полнење.
4. Измешајте ги сите состојки и изматете со електричен миксер. Убаво премачкајте преку палачинките, завиткајте ги и исечете на кругови.
Пакетчиња од какао со сладолед
Потребни состојки: Смеса за палачинки: - 80 гр. брашно
- 2 лажици какао
- околу 200 мл. млеко
- 2 јајца
- 2 портокали
За полнењето: - 1-2 лажици путер
- 55 гр. кафеав шеќер
- сладолед од ванила (или пак друг по желба)
- изрендана кора од портокал.
Подготовка:
1. Измешајте го брашното и какаото, додадете млеко и јајца и мешајте полека. Прекријте и оставете во фрижидер половина час.
2. Изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот. Стопете го путерот во тавчерто и испржете ги палачинките.
3. Растопете 60 гр. путер, додадете шеќер, кората и сокот од портокал. Нека зоврие па намалете ја температурата и варете уште неколку минути.
Наполнете ги палачинките со малку сладолед, па затворете ги како пакетче и завртете ги со лента портокал. Прелијте со сос од портокал
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2014 во 11:16 |
Палачинки со пиво, чоколадо и кокос
Ова е вистинска чоколадна фантазија за целата фамилија!
Потребни состојки: - 100 гр. брашно
- 30 гр. шеќер во право
- 2.5 дл. млеко
- 2 јајца
- 5 дл. пиво
- 300 гр. путер
За филот: - 3 дл. хопла
- 150 гр. бело чоколадо
- 50 гр. кокос
- 50 гр. бадеми
- 50 гр. лешници (може и само бадеми)
За декорација: - 50 гр. млечно чоколадо
- Неколку листови свежо нане
Подготовка: 30 минути
Во чинија измешајте брашно и шеќерот во прав. Во друг сад измешајте го млекото, јајцата, пивото и путерот. Сето тоа соединете го и испржете тенки палачинки.
Изматете ја хоплата и во неа додадете го белото чоколадо стопено на пареа, кокосот, бадемите и лешниците.
Ставете го филот на палачинките, посипете ги со стопеното млечно чоколадо и украсете ги со листовите нане.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јули.2014 во 21:43 |
ЗА ОНИЕ НА ДИЕТА: НИСКОКАЛОРИЧНИ ПАЛАЧИНКИСостојки: ¼ чаши брашно од соја 3 лажици пченкарно брашно 2 лажици мелени бадеми 1 лажици сода бикарбона ½ лажици масло малку сол 1 јајце ½ чаши нискомаслено млеко 1 ½ лажиче ванилин екстракт. Начин на приготвување: Изматете ги со помош на миксер јајцето, млекото, маслото и ванилиниот екстракт. Додадете ги сувите состојки и миксирајте уште 1-2 минути. Оставете ја смесата во фрижидер 15-20 минути. Ставете нелеплива облога на тавата и печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јули.2014 во 21:42 |
СОЧНИ ПАЛАЧИНКИ СО БАНАНИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 180гр брашно * 250мл млеко * 1 лажица кисело млеко * 4 јајца * пакетче ванила * 40гр путер * 2 банани НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: - Ги матиме јајцата, постепено додавајќи од млекото и брашното, додека да добиеме густа каша. Ги додаваме киселото млеко и ванилата.
- Во загреана тава, намачкана со масло додаваме од кашата,откако малку ќе се испржи додаваме од исечените банани и превртуваме да се испржи и другата страна.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2014 во 04:18 |
Рецепт за нискокалорични палачинки
За да го подготвите овој десерт, потребни ви се следниве состојки: ¼ чаши брашно од соја 3 лажици пченкарно брашно 2 лажици мелени бадеми 1 лажици сода бикарбона ½ лажици масло малку сол 1 јајце ½ чаши нискомаслено млеко 1 ½ лажиче ванилин екстракт. Начин на приготвување: Изматете ги со помош на миксер јајцето, млекото, маслото и ванилиниот екстракт. Додадете ги сувите состојки и миксирајте уште 1-2 минути. Оставете ја смесата во фрижидер 15-20 минути. Ставете нелеплива облога на тавата и печете ја секоја палачинка околу 2-3 минути од секоја страна.
|
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2014 во 04:13 |
ЗАПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО ШУНКА И СИРЕЊЕ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 10 палачинки * 10 листови шунка * 200гр сирење * едно јајце * 200мл јогурт * кечап, оригано, зачин по желба НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Испечете 10 палачинки и секоја од нив премачкајте ја со кечап, ставете лист шунка, 1 лажица сирење, завиткајте ги во ролна и наредете ги во плех или во ватростален сад. Во посебен сад изматете едно јајце , додадете јогурт, измешајте и полиете ги палачинките. Посипете ги со оригано, а по желба и со кашкавал. Печете 20 минути на 200 степени.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2014 во 17:50 |
ОРГИНАЛНИ АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИСостојки: - 1 ½ шолја брашно
- 3 ½ лажички прашок за пециво
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 1 ½ шолја млеко
- 1 јајце
- 3 лажици растопен путер
Подготовка: Во голем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Додека мешате додадете го млекото, јајцето и растопениот путер сѐ додека не добиете единечна смеса. Загрејте ја тавата на среден оган, а потоа истурајте ја смесата со мала црпалка. Печете додека палачинката не порумени од двете страни. Рецепт за одлично вкусен намаз за палачинките: Состојки: - 100 грама путер
- 100 грама печени лешници
- 1 мала лажичка мед
- Малку цимет
Подготовка: 1. 90 грама лешници сомелете ги во мелница, па додадете ги во путерот кој предходно сте го извадиле на собна температура. 2. Мешајте со дрвена лажичка додека состојките не се спојат во една смеса. Додадете го медот и малку цимет и измешајте. 3. Останатите лешници исечете ги на крупни парчиње и измешајте ги со смесата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2014 во 17:28 |
ПАЛАЧИНКИ СО ЧОКОЛАДЕН КРЕМ, КИКИРИТКИ И ПАВЛАКАСостојки: - 4 големи палачинки
- 100 г чоколаден крем
- 4 лажици толчени кикирики
- 100 мл слатка павлака
- 50 г шеќер
Подготовка: Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава густа смеса. Палачинките намачкајте ги со крем и посипете ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Мај.2014 во 16:59 |
ПАЛАЧИНКИ СО СИРЕЊЕ И БЕШАМЕЛ | | Ви предлагаме да ги направите овие вкусни палачинки, кои се лесно јадење кое се подготвува брзо, освен подготовката на самите палачинки. Кога ќе посакате да јадете палачинки, можете да направите поголема доза, па дел да ги направите вака, а останатите да ви бидат благи. Потребно:● 8 палачинки ● 400 г младо сирење ● 50 г маргарин ● 2 јајца ● 5 дл млеко ● 150 г кашкавал ● Зачини по вкус ● Масло за јадење Подготовка:● Во соодветен сад издробете го сирењето, па додајте го сирењето и 50 грама рендан кашкавал. Додајте зачини по вкус и промешајте додека да добиете изедначена смеса. ● На секоја палачинка ставете малку од подготвениот фил од сирење. Краевите од палачинката свиткајте ги кон внатре за да не истекува филот, а потоа завиткајте ја палачинката во ролат. На ист начин направете ги сите палачинки. БешамелВо посебен помал сад стопете го маргаринот па додајте го брашното и кратко пропржете. Потоа постепено додавајте го млекото со постојано мешање, додека сосот не се згусне. При крај, додадете зачини по вкус. ● Во огноотопорен сад ставете малку масло за јадење, па наредете ги полнетите палачинки. Врз нив прелијте со бешамел сосот и наросете рендан кашкавал. Печете ги палачинките во загреана рерна на 200 степени додека не поруменеат. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Април.2014 во 17:38 |
Три добри стари трикови за одлични палачинки |
|
|
Додека едните ги прават "од око", другите се придржуваат исклучиво до проверени методи, а третите пак никогаш не добиваат ист резултат едно по друго. Без оглед на тоа во која "школа за палачинки" вие припаѓате, во продолжение прочитајте три едноставни трикови кои ќе го подобрат вашиот рецепт на палачинки. Доколку сакате меки, тенки и вкусни палачинки, прочитајте ги следниве совети и кога ќе ви се пријаде, веднаш ангажирајте се околу подготвување на овој легендарен специјалитет и задоволете го својот апетит, истовремено изненадувајќи ги вашите најблиски. Три добри стари трикови за одлични палачинки1. Се со цел да не добиете премногу мрсни палачинки, истите печете ги во тефлонска тава која што накратко пред започнувањето со пржење на палачинките ќе ја премачкајте со масло. 2. Доколку сакате тенки и меки палачинки, дел од млекото заменете го со вода или кисела вода. Палачинките нема да бидат тешки, туку лесни како снегулки. 3. Мајсторите велат дека најдобро е тестото за палачинки да остане во фрижидер неколку часа пред користењето. Доколку сакате вкусни палачинки навечер, најдобро е смесата да ја направите уште на пладне. Ммммм... Фаќајте се за работа или договорете термин кога ќе уживате во вкусот на овој легендарен специјалитет! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 22:12 |
АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ СО БОРОВНИЦАПотребни состојки: - 2 јајца
- 180 гр брашно
- 3 лажички шеќер
- 2 лажички на прашок за пециво
- 1 лажичка сол,
- 250 мл. неутрална павлака,
- 2 лажици растопен путер
- 150 гр мармалад од боровинки.
- 50 гр. боровинки
- Масло за јадење.
Припрема: Скршете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта. Потоа додадете ја смесата во изматените жолчки, додадете го растопениот путер. Изматете ги белките и додадете ги во садот, па додадете ја неутралната павлака и изматете со миксер се додека смесата не се соедини. Додадете ги боровинките па промешајте. Во тавче за палачинки ставете малку масло да се загрее. Потоа ставете една црпалка од смесата и направете палачинка со дијаметар од 10 сантиметри. Печете се додека не се појават меурчиња, па превртете ја палачинката. Наредете неколку палачинки во чинијата за сервирање, па одозгора полијте ги со мармаладот од боровинки. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 16:59 |
Од состојките за палачинки направете смеса и испечите палачинки (околу 6). Потоа направете го филот. Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставате ги околу половина час да ја пуштат водата. Исцедете ги, додадете го ренданиот кашкавал, пармезанот, јајцето, солта и биберот по вкус и се заедно исмешајте. На секоја палачинка намачкајте од филот и завиткајте ги во ролат. Наредете ги во плехче обложено со хартија, ставете неколку парченца путер и нека се печат 20 -30 мин. на 180 степени.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 14:11 |
Палачинки со фил од јајца Потребно: За палачинките: - 350 гр сварени компири
- 150 гр брашно
- масло и сол
За филот: - 4 тврдо варени јајца
- 150 гр сварени компири
- 160 гр мајонез
- 300 гр мешан сварен зеленчук
- 70 гр кромид
- 30 мл оцет
- кисела павлака
- чили сос
- сол и бибер
Подготовка: Прво направете ги палачинките од компир. Сварете ги во лушпа, изгмечете ги, помешајте со брашно, сол и направете тесто. Поделете го тестото на неколку делови и секој дел развлечете го на подлога со брашно. Во плех испечете го од двете страни. За подготовка на филот тврдо варените јајца и компирот исечете ги на мали делови и помешајте ги со ситно сечканиот кромид и сварениот зеленчук. Мајонезот помешајте го со малку оцет, а потоа и со сечканите јајца и зеленчукот. Посолете и промешајте. Наполнете ги палачинките прелијте ги со чили сосот и павлаката.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:51 |
Палачинки со овошје и шлаг
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 50 грама Шлаг
- 50 грама Шеќер во прав
- 1 Тесто за палачинки
- 100 грама Суво грозје
- 50 грама Ореви
- 80 грама Диња
- 1 парче/чиња Ванила
- 1 Банана/и
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 15 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Палачинки со овошје и шлаг ПОДГОТОВКА:Секоја палачинка се филува, се превиткува левата и десната страна и се прави како пирошка. Така направени се редат во чинија, се посипуваат со шеќер во прав во кој има ванилин шеќер. Над секоја од палачинките се става шлаг и се украсува со овошје.
За филот: праските се лупат и сечат во коцки, се додава дињата сечена исто така на коцкички, потоа сувото грозје што стоело во топла вода да набабри (исцедено), сечената банана и шеќерот во прав. Исто така се додаваат неколку лажици шлаг за овошјето да се соедини.
Изменето од Valerija - 13.Април.2014 во 19:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|