Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2014 во 12:27 |
Ако ви фали уште нешто на трпезата за вечерашната слава, овие кифлички ќе ви завршат голема работа. Лесни и едноставни, само со неколку состојки, може да направите несекојдневни кифлички само за 20 минути. Потребни состојки за тесто: - 250 ml топла вода
- 50 g свеж квасец
- 250 ml масло
- 600 g брашно
- 3 лажички какао
- 3 лажички брашно
- Џем
За сируп: - 350 g шеќер
- 350 ml вода
- Ванила
Подготовка: 1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото. 2. Поделете го на 2 дела. 3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно. 4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12). 5. Оставете ги околу половина час да нараснат. 6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие. 7. Загрејте ја рерната на 220 степени. 8. Премачкајте два голема плеха. 10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm. 11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички. 12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути. 13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот. 14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2014 во 22:44 |
Гурабии (посни)Состојки- 250 г маргарин (студен од фрижидер)
- 150 г шеќер
- 200 мл масло за јадење
- 100 мл вода (млака)
- 1 кесичка прашо за пециво
- 150 г јаткасти плодови(препорачувам бадеми)
- 1 кутивче ванила кристали (за во тестото)
- 750+150 г меко брашно
- 200 г шеќер во прав (измешано со едно кутивче ванила кристали)
Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото освен брашното и бадемите. Иако маргаринот е студен и така потешко се замесува тестото, не препорачувам да се затопли. Со текот на многубројните подготовки на овие колачи, увидов дека тие се поровки и повкусни ако се замесени со студен маргарин. Додајте околу 400 гр.од подготвеното брашно,месете додека се изедначи смесата,потоа постапно додајте уште 350 гр. од брашното.Откако утште еднаш ќе измесите изедначено тесто, ќе увидите дали има потреба да се додава уште брашно,бидејќи зависно од видот на брашното, може да се случи и тоа количество од 750 гр. да биде доволно.
Тестото замотано во пластична фолија оставете го околу половина час во фрижидер, а потоа додајте му ги и бадемите и размесето го за да се изедначи смесата. Меѓу двата слоја пластична фолија ставете дел од тестото, рассукајте го на дебелина која ви одговара (јас обично кората ја правам околу 5-6мм дебела)и со калапчиња за колачи или со чаша,исечете разни форми. Печете на тава со хартија за печење во претходно загреана рерна на 175 степени околу 15 минути.Кога малку ќе се оладат, извалкајте ги во шеќер во прав.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2014 во 08:16 |
Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми за Свети Никола, ова е единствениот рецепт кој ви треба. Состојки: - 4 главици кромид со средна големина
- 2 стапчиња праз
- 5 средни моркови
- Малку магдонос
- 4 чешниња лук
- 500g ориз
- 1 компир
- 2 главици кисела зелка
- Брашно
- Вегета
- Црвен пипер
- Сол и бибер
Подготовка:
Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот. Оризот потопете го во вода. Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз. Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути. Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно. Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите. Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете. Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:16 |
Соја со праз и печурки
Потребно: 1/2 пакетче соја топчиња, една главица кромид, лук по вкус, 2 -3 ловорови листови, 2 стебла праз, 500гр. свежи шампињони, 5-6 поголеми компири, 100мл. бело вино, 100мл. вода, масло, сол, црн пипер, вегета, босилек, 1/3 маргарин кристал, соја сос. Подготовка:Сојата се става во вода да зоврие во која се става кромидот, лукот, ловоровите листови. Се остава да врие околу 15 минути, се со цел да се отстрани специфичниот мирис на сојата. Се процедува и се остава да лади. Потоа се цеди со рака, за да нема многу вода во себе. Кромидот, лукот, листовите не се потребни и можат да се исфрлат.(*Сојата може да се приготви и ден претходно, за да не одзема многу време.)Празот се сецка ситно и се пропржува само малку само да омекне. Се сецкаат на листови шампињоните и се пропржуваат 5-7 минути колку да го испуштат сокот од себе. Сојата се зачинува со вегета, црн пипер и босилек и исто малку се пропржува во тава настрана. Компирите се сечат на коцкички и се ставаат во подлабока тава или плех. Се додаваат шампињоните, празот и маргаринот. Во тавата се додава виното, водата, маслото и се зачинува по вкус. Се става во рерна да се динста. Кога половина од течноста испари, тогаш се додава сојата. Сојата се додава на половина од готвењето за да не прима во себе течност вишок течност.По вкус ставете соја сос.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:16
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:15 |
Посна торта со јаболки
-6 рендани јаболки, им се става одозгора 1 кафена лаж. сода бикарбона и се гмечат со раце за да пуштат сок-како мерка се зема една чаша за млеко (200 или 250 мл.):-1 чаша зејтин-1 чаша сецкани ореви-2 чаши шеќер-2.5 чаши брашно-Се` се меша и се пече на 250 степени (со чепкалка се проверува кога е готова тортата, тестото да не се лепи на чепкалката).По желба може одозгора да се стави и прав шеќер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:08 |
Полнети тиквиња
Потребно: 2 поголеми тиквиња ( но не преголеми), 3 раце соја (претходно попарена во врела вода и истискана од вишокот на водата), 1 рака ориз, 1 лаж. вегета, црн пипер, сол по вкус, 1 главица пржен кромид, 1 домат (рендан), 1 лаж. црвен пипер, половина филџан масло, 4 лаж. домашен ѓувеч, лута пиперка, 2 домати, 2 филџ. вода (по 1 за во секое тикве, но да биде солена), 4 лаж. бело вино, масло.Подготовка: Тиквињата се лупат и со лажица им се вади средишниот дел (семките). Се посолуваат внатре и надвор и се полнат со филот.Филот се состои од: сојата, оризот, кромидот, ѓувечот, ренданот домат, сол, вегета, црвен пипер, црн пипер, маслото. Се заедно се меша и се полнат тиквичките. ПНа секое тикве им се става по еден филџан вода и се затвораат со половика домат. Другиот домат се сече на тркалца, а исто и пиперката и се ставаат од страна во тавата. Од страна, се додава водата, маслото, повторно уште една лаж. црвен пипер и се покрива со фолија. Се пече во рерна на 200 степени околу 50 минути, без да се вади фолијата. Потоа секое тикве се полева со по 2 лаж. бело вино (за да не се кршат и да не разлеат од високата температура), се вади фолијата и се остава уште 40 минути за горе да поруменат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:07 |
Посни гевречиња ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:1 Шекер лажичка/кималку Сол200 милилитри Масло1 Квасец500 милилитри Вода500 грама БрашноВреме за подготовка: 20 мин.Време за готвење: 30 мин.ПОДГОТОВКА:Откако квасецот ќе стаса со другите состојки се замесува средно меко тесто. Се кинат парчиња и се прават гевречиња. Секое геврече се става во топла вода, па во сусам, се остава да стаса и потоа се пече.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:07 |
Топчиња од јаболка ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:500 грама Шеќермалку Цимет200 грама Портокал50 грама Кокосово брашно200 милилитри Вода50 грама Бадеми1000 грама ЈаболкиВреме за подготовка: 30 мин.Време за готвење: 30 мин.ПОДГОТОВКА:Шеќерот ставете го во сад и варете го додека сирупот не почне да се згуснува.Излупените и исчистени јаболка додадете ги во сирупот, промешајте, исцедете сок од портокалот и додадете ја неговата претходно иструганата кора.Непрекинато мешајте, сè додека масата не се згусне.Тогаш тргнете од огнот и вмешајте ги исецканите бадеми.Правете топчиња, па секое извалкајте го во кокосовото брашно измешано со цимет.Ставајте ги на кујнска хартија, а кога ќе се оладат веднаш послужете.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:07
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:05 |
Посни соленки ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:3 Шекер лажичка/кималку Сусам2 лажица/ци Сол15 лажица/ци Масло1 мала лажица ким1 Квасец500 милилитри Вода1 килограм/и Брашномалку АфионВреме за подготовка: 15 мин.Време за готвење: 30 мин
ПОДГОТОВКА: Квасецот со малку шеќер, брашно и вода се остава да стаса на стандарден начин.Брашното (околу 1 кг.) ставете го во длабок сад и направете влдабнување па додадете ги квасецот, маслото, солта, шеќер и водата.Замесете средно тврдо тесто.Убаво измесете го и оставете да стасува.Откако тестото ќе го удвои волуменот премесете го и расукајте тенка кора.Од тестото земајте и правете долгнавести форми.Намачкајте ги со малку масло и посипете со сусам, афион или ким.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 14:05 |
Посни кокос кифлички ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:250 грама Шеќер1 кесичка/ки Прашак за печиво30 милилитри Масло1 Кора од лимон50 грама Кокосово брашно200 милилитри Вода500 грама БрашноВреме за подготовка: 20 мин.Време за готвење: 40 мин.
ПОДГОТОВКА: Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто.Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички.Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.Печете на 180 степени, околу 20-ина минути.Кога кифлите ќе заруменат извадете ги.Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер.Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 13:33 |
Посни ванилици 2 филџанчиња вода4 филџанчиња масло- се ставаат заедно во тенџере да зовријат.Потоа се додава 1 прашак за пециво да запени и веднаш се тргнува од оган.Се додава и ванилин шекер и брашно ,се меша а потоа се меси.Брашно се става од прилика,во зависност од тоа колкави биле филџаните со кои сте мереле.Треба да се добие меко тесто.Се зема од тестото топче колку орев ,се сплеснува со раце,во средина се става малку мармалад и се собира од сите страни за да се затвори.Ванилиците се редат во ненамастено тавче и се печат само колку да заруменат.Кога се печени се вакаат во шекер во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 13:32 |
Посна тортиља Потребно:- 2 чаши бело брашно- 1 чаша интегрално брашно (јас користев ржано)- 2 лажички сода бикарбона- 1 рамно лажиче сол- 4 лажици масло- по потреба жешка водаСе замесува тесто од наведените состојки, се замесуваат 8-9 топчиња и се покриваат со крпа да отстојат десетина минути. Се расукува секое топче што е можно потенко и се става во подмачкано тавче со зејтин. Секоја страна се пече околу 2 минути. Направените тортиљи се завиткуваат во мокра крпа да отстојат.Полнењето може да биде различно - јас избрав марула, ајвар и печурки. Може да се додадат маслинки, посен мајонез, растителен кашкавал (кој го конзумира), домати, краставици....
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Декември.2014 во 13:31 |
Посна пита од кори со спанаќ и праз
Потребно: 1/2 кг. кори, 125 мл. обична вода, 125мл. минерална газирана вода, 1 лаж. шеќер, 1 лаж. сол, 125 мл. масло, коцка пресен квасец, 3 лаж. брашно, 500гр. спанаќ, 1 корен праз.Подготовка: Во еден сад се става обичната вода, квасецот, шеќерот и брашното. Убаво се меша и се остава да нарасне на топло (од прилика 15 минути). Потоа во него се става минералната вода, маслото и лаж. сол. Филот...Спанаќот се обарува, се цеди со рака и се сецка ситно.Празот се сецка и се пржи. Потоа се посолува по вкус и се мешаат заедно.Секоја кора се премачкува со смесата и се става од филот се додека не се употребат сите кори. Горе може да се стави сусам за декорација и вкус. Се пече околу 30 минути на 200 степени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2014 во 09:34 |
ПОСНИ ПЕЧЕНИ ПИРОШКИСостојки 20 гр. квасец 270 мл. вода црн бибер мелен, по вкус 1 лажичка сол 3 лажици зејтин 1 лажичка шеќер 1/2 страк праз или кромид по желба од око кисела зелка од расол, ситно сецкана 1 морков 3 чаши од по 200 мл. брашно Упатство Тесто: Се раствара квасецот во водата. Во брашното се мешаат солта и шеќерот. Се замесува тесто кое се домесува додавајки го зејтинот. Треба да добието меко но еластично тесто. Оставете да стаса, премесете го еднаш и повторно нека стаса. За полнењето: На оган се пропржува за кратко ситно исецканиот праз, се додава ренданиот морков и ситно насечена кисела зелка, се пржи до нивно омекнување. Се зачинува со бибер. Оставете да се олади. Оформување: Tестото поделете го на еднакви делови од кои ќе направите топчиња. Зависи од вас која големина сакате, таа ја правете. Секое топче расукајте го округла форма, ставете по една лажица од филот – подигнете ги краевите и спојте ги. Наредете ги во плек покриен со пек хартија со тоа што спојниот раб да биде одоздола, оставете да стасаат, а рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени. Печете ги се до нивно заруменување. Уште врели премачкајте ги со зејтин или маргарин, покријте со крпа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|