![]() |
|
Чоколадо |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 36> |
Автор | |
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам вакви
![]() ![]() |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во чоколадото уживаме сите, секојдневно! Но, кога ќе дојдете во Белгија, домот на најпрефинетите чоколади во светот, сфаќате дека таа е вистински луксуз, а не потреба како што мислевте. За поимот haute couture сигурно сте слушнале. Но, знаевте ли дека постои и поим haute chocolaterie? Ако малку размислите, сигурно ќе погодите. Баш како што во модата се вреднува секој модел од париска couture куќа, така овие мали ремек-дела се вреднуваат многу повисоко во споредба од чоколадото кое го купувате во најблискиот супермаркет. Sam Marcolini е сон на секој љубител на чоколадите. Кутијата пралини со негов потпис звучат така слатко и симпатично, но добро упатените хедонисти знаат дека тие се главната причина за сладок банкрот. Sam Marcolini е предизвикан од креирањето на што посовршени пралини и секојдневно се обидува да одговори на модните предизвици кои бараат богат вкус, детална текстура, но пред сè - помала тежина. Затоа, неговите пралини тежат само 6 грама. А верувајте, најголем грев кој можете да го направите е да дозволите да ви се растопат низ прстите. Луксузот не би бил целосен ако не постои третман на највисоко ниво. Кога ќе влезете во модерниот минималистички уреден простор и зачекорите по мекиот црн тепих, ќе ве обземе чувство на луксуз и разгаленост. Таму ќе ве пречекаат веќе подготвени кутии полни со слатко уживање, а ако преферирате истата да биде наполнета пред ваши очи, тогаш ќе ве послужат продавачи со елитни манири и ритуали. Ако не ви е доволно, на само неколку метри од Marcolini се наоѓа уште еден чоколаден простор кој какаото го претвора во уметност. Ако во Marcolini чоколадото го доживеавте како луксуз, тогаш Roger ќе ви докаже дека во чоколадото се крие одлична основа за светски позната уметност. Скулптурите на оваа чоколадна куќа се големи по неколку метри и тешки повеќе од 80 килограми чисто чоколадо. Нежната текстура и богатиот вкус е уникатен само затоа што Roger деноноќно патува низ светот во потрага по најфините состојки кои се користат. Портокалите се директно донесени од Корзика, костените од Турин, неколку годишното виски од Шкотска, а чоколадните truffles се комбинација од какао семки од Еквадор и Вануату. И додека размислувате што од сето ова да пробате на својата прва дегустација, ние ви ги препорачуваме rochers потопени во чоколадно couverture или noisettes од диви лешници потопени во крцкава карамела и црно чоколадо. А, желбата за нешто егзотично и до сега недоживеано задоволете ја со неверојатнa комбинации од лимета и босилек, Guinness пиво и виски и никако не го пропуштајте вкусот на маракујата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преубаво е
![]() ![]() |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чоколадото е намирница на која ретко кој може да и одолее, во текот на својата долга историја се појавува во најразлични облици, правејќи го животот посладок. Меѓутоа, често се поврзува со вишокот на килограми, појава на акни, хиперактивност и останати бројни негативни ефекти. Но, дали тие негативни својства на чоколадото се вистинити? Мит број 1: Чоколадото го зголемува нивото на холестеролот Ако сте одлучиле да се откажете од чоколадото за да го намалите нивото на лошиот холестерол, би можеле да бидете непријатно изненадени со фактот дека залудно сте се жртвувале. Иако е вистина дека чоколадото содржи путер кој е преполн со заситени масни киселини, истражувањата покажале дека чоколадото не го зголемува нивото на лошиот холестерол, а кај некои луѓе чоколадото всушност и го намалува неговото ниво. Мит број 2: Чоколадото е богато со кофеин Спротивно на воспоставеното мислење, чоколадото не содржи толкави количини на кофеин како што се претпоставува. Вистина е дека потемните чоколади содржат повеќе кофеин од млечните чоколади, но не во толкава мерка како што се претпоставува. Мит број 3: Шеќерот во чоколадото предизвикува хиперактивност Претераните количини на шеќер ги тераат децата неконтролирано да трчаат, скокаат и дивеат, точно? Па, барем така се мисли. Меѓутоа десетина спроведени студии не успеале да пронајдат врска помеѓу шеќерот во детските оброци и хиперактивното однесување. Постојат две теории кои ја објаснуваат таа појава: самото опкружување, на пример детските родендени и прослави, создаваат хиперактивно однесување, па самата таа врска помеѓу детската хиперактивност и шеќерот е во главите на родителите кои очекуваат такво однесување по одредена доза на шеќер. Мит број 4: Дијабетичарите не би смееле да јадат чоколадо Факт е дека луѓето кои боледуваат од дијабет не мора нужно да го избегнуваат чоколадото. Всушност, многумина би биле изненадени со откритието дека чоколадото има низок гликемиски индекс. Неодамнешните студии дури укажуваат на тоа дека темното чоколадо може кај луѓе со нормален и висок крвен притисок да ја подобрат осетливоста на инсулин, а со тоа и дисфункцијата на ендотелот кај луѓето со дијабет. Меѓутоа, секогаш се пепорачува да се посоветувате со својот лекар пред да го отворите поголемото чоколадо. Мит број 5: Чоколадото предизвикува кариес и крварење на забите Истражувањето на развојот на плак од чоколадото открило дека чоколадото има помало влијание на забниот плак од чистиот шеќер. Секако, ретко јадеме само шеќер, меѓутоа друга студија укажува на тоа дека не постои поврзаност помеѓу јадењето на чоколадо и добивањето кариес. Студијата на Јапонскиот Универзитет во Осака потврдила дека зрното какао, една од главните компоненти на чоколадото, всушност помага во борбата против кариесот и бактериите во устата. Мит број 6: Чоколадото дебелее Не баш. Секако дека големи количини чоколаден сладолед нема да му направат услуга на вашиот струк, но големата студија која ја спровел National Institutes of Health покажува нешто многу интересно. Имено, според зборовите на научниците, консумирањето на мали колични чоколадо пет пати неделно е поврзано со понискиот индекс на телесна маса, дури и ако изедеме повеќе калории, а не го зголемиме вежбањето. Мит број 7: Јадењето чоколадо е поврзано со стресот Една студија покажала дека ако се консумира дневно околу 30 грама темно чоколадо во текот на две седмици ќе се намали нивото на хормонот на стрес кај личности кои се постојано и силно изложени на стрес. Мит број 8: Чоколадото не содржи хранливи состојки Овој мит е потполна невистина, но колку е чоколадото хранливо? Типичното темно чоколадо содржи еднаков број антиоксиданси како и две третини од шоља зелен чај, една чаша црно вино, или пак две третини од шоља боровинки. Освен тоа, чоколадото содржи и минерали, како и диетални влакна. Мит број 9: Чоколадото мора да содржи најмалку 70 проценти какао за да биде здраво Општа препорака е да се консумира темното чоколадо со најмалку 70 проценти какао за да се остварат здравствените бенефити. Навистина темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси. Меѓутоа, студија која 18 недели проучувала испитаници кои консумирале чоколадо со 50 проценти какао утврдила значително намалување на притисокот кај испитаниците. Освен тоа една, друга студија покажала краткорочни подобрувања на крвта и крвниот притисок по консумирање на темно чоколадо со 60 проценти какао. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Оние кои се вљубени во чоколадото знаат дека не им се потребни поголеми причини за да продолжат да го сакаат и да не можат да се откажат. А и зошто би се откажувале од нешто што ви причинува толку големо задоволство. Понекогаш ви се чини дека чоколадото е единственото нешто што ќе ви го направи денот. Сепак ако барате дополнителни причини за да се оправдате или да си докажете зошто без грижа на совест да го конзумирате секојдневно, научниците ви даваат неколку здрави предности за слаткото кафено парче: 1. Чоколадото прави подобро да работите со бројки Според некои британски истражувања се докажало дека луѓето кои работат со бројки, пресметување, или други поспецифични работи за кои е потребна поголема концентрација и логика, одлично би им дошло едно топло чоколадо. 2. Чоколадото помага во заштитата од сонцето Не треба никако да го мачкате чоколадото на лице или тело, ниту да престанете да користите креми за сончање, туку секојдневно да јадете одредена количина со што ќе предизвикате кожата сама да си создаде одбранбен систем и да се заштитите од УВ зрачењето. Според некои анализи се забележало дека оние кои јаделе секојдневно чоколадо имале похидрирана кожа и воопшто не изгореле од сонцето. 3. Чоколадото ја прави вашата коса посјајна Може да си направите и супер маска за коса од темно чоколадо, мед и јогурт. Оставете ја да делува околу 1 час и ќе се изненадите од сјајниот ефект на вашата коса кој ќе го добиете. Се разбира, никој нема да ви забележи ако си каснете и некоја коцка чоколадо додека ја правите маската. 4. Чоколадото може да ви помогне за да го регулирате индексот на телесната маса Чоколадото нема да ви ја намали телесната маса, но со некои медицински истражувања во Калифорнија, забележано е дека оние кои почесто конзумираат чоколадо имаат помал индекс на телесната маса во однос на тежината, за разлика од оние кои тоа го прават многу поретко. Дополнително докажано е дека тоа помага и во балансот на хормоните. 5. Јадењето чоколадо го одржува здраво вашето срце Препорачливо е секојдневно да јадете по неколку коцки темно чоколадо, ако сакате здраво срце кое е заштитено од секојдневните појави како тахикардија, аритмија, а на подолг рок и од срцеви удари. Во многу ситуации се покажало дека помага и во лекувањето на скршеното срце или барем за момент смирува. 6. Чоколадото помага во смирување на кашлањето Има состојка во какаото наречена теобромин која помага во намалувањето на активноста на нервот во мозокот кој го интензивира кашлањето. 7. Чоколадото може да помогне и во борбата со дијабетисот Една мала студија покажала дека темното чоколадо помага да се зголеми чувствителноста на инсулинот, кој ги намалува шансите за развој на дијабетисот. 8. Чоколадото го подобрува вашиот вид Веќе знаеме дека чоколадото има влијание на мозокот, помнењето и
концентрацијата, но тоа го подобрува и видот, бидејќи овозможува поголем
проток на крв до ретината на окото со што би имале многу поизострен
вид, особено кога е темно или магловито. Затоа, слободно сакајте го највкусното парче на светот, бидејќи и тоа ќе ви ја возврати љубовта. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не можам да им одолеам
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 те најскапи чоколади во светот
Постојат чоколади во светот кои чинат дури стотици долари и претставуваат вистински луксуз и несекојдневие. Како што вели Форест Гамп „Животот е како кутија чоколади. Никогаш не знаеш што да очекуваш“. Колку и убаво да звучи ваквата метафора, таа не важи за овие најскапи чоколади. Тие што ќе ги купат, дефинитивно ќе знаат што ќе добијат. Еве кои се најскапите, од Париз па сè до Брисел, изберете си ги омилените и уживајте! 1. „Восгес У Шоколат“ – 60 евраСо седиште во Чикаго, Восгес е компанија за чоколадо, која ги произведува едни од најуникатните чоколади што може да се пробаат. При изработката на чоколадото тие користат шунка, чили, цимет, ѓумбир и црн сусам. 2. „Чуао“ – 79 долари од парчеЧуао е регион во Венецуела и овој бренд, со седиште во Калифорнија, користи европски техники за правење на венецуелско чоколадо. Чоколадите се направени рачно, не содржат адитиви, и се прават со мешање на венецуелско какао со зачини и други уникатни состојки. 3. Гранд Кру од „Пјер Марколини“ – 100 евраОваа компанија е од Белгија, но користи какао од Еквадор, Индонезија, Мадагаскар, Мексико и Венецуела. Пјер Марколини има широк спектар на производи, кој од кој полуксузен, направени за задоволување на високите стандарди на посебните потрошувачи, меѓу кои и Опра Винфри. 4. Колекција „Џи“ од „Годива“ – 120 долари од парчеОвој белгиски бренд е синоним за луксузно чоколадо. Имаат посебна колекција на чоколадни бонбони, која се состои од 15 чоколатца, специјално артистички дизајнирани. 5. Бонбониера Енвол од „Ричарт“ – 120 долари од парчеОваа компанија датира од 1925-та година и се наоѓа во Лион, Франција. Нудат чоколади со вкус на цитрон, билки и овошни ноти. Чоколадните зрна ги набавуваат од Хаити, Мадагаскар и Венецуела. Бонбониерата Енвол содржи 49 коцки чоколадо, рачно декорирани со деликатен дизајн. 6. Колекцијата на Афисионадо од „Куќата на Грауер“ – 200 евраКомпанија од Швајцарија, која нуди 14 различни вкусови чоколадо, кои најдобро одат со пура или цигара. Како и да е, никаде не пишува дека непушачите не смеат да уживаат во овој деликатес. 7. Црни тартуфи со Сваровски од „Амедеи Тоскана“ – 294 евраЧоколадни тартуфи, шампањ и злато: кога ова се главните употребени состојки во една бонбониера, знаете дека ќе ве чини многу, но и дека навистина ќе вреди.Оваа компанија е основана во Тоскана, Италија. Чоколадните бонбони на сликата се исполнети со фил од шампањ и се поросени со јадливи златни снегулки. И ова не е сè, кутијата во која се спакувани е рачно изработена и декорирана со 450 Сваровски кристали. 8. Чоколатца со злато што се јаде од „DeLafee“ – 508 долариНаправени од фини какао зрна и рачно декорирани со јадлив златен прав, овие чоколадни бонбони се вкусни, но рака на срце, вкусна е и цената. 9. Ле гранд Луи XVI од „Debauve & Gallais“ – 900 евраКомпанијата датира од 1800-та и поседува кралска гаранција за изработка на чоколадо за кралските семејства. Ова било и местото од каде и францускиот император Наполеон се снабдувал со чоколадо. Оваа фабрика нуди темно чоколадни бонбони, со 99% какао, како вистински ексклузивитет. 10. Чоколадни тартуфи Чокополоџи од „Kinipshildt“ – 2.600 евраОснована во Данска, во 1999-та, оваа компанија произведува чоколади со 70% темно чоколадо и ванила. Се додава масло од тартуфи и други состојки за производот да биде уште поуникатен. Чоколадото однапред се нарачува и кога веќе еднаш ќе го добиете, нема да претставува никаков проблем да го изедете најмногу во рок од една недела. |
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што да мислиме добро е што ги има ![]() |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
ZeZnAtA ![]() Сениор ![]() ![]() Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка. Мит 1. Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната.
Мит 2. Црното чоколадо содржи помалку калории.
Мит 3. Чоколадото предизвикува мигрена.
Мит 4. Чоколадото со повеќе какао е подобро.
Мит 5. Чоколадото дебелее.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како се јаде чоколадо?Секако дека не постојат строги правила како се јаде чоколадо. Но како и кај сè друго, секогаш има подобар начин. А, кој би го знаел тој подобар начин, ако не некој швајцарски производител на чоколадо.
![]() Собата за дегустации на производителот на луксузни чоколади „La Maison Cailler“, постојано прима туристи кои може да вкусат неверојатни чоколади. Во собата има и спасител (Надеж Пилер), кој ќе ви помогне ако почнете да се давите во чоколадо. Токму таа ја знае најголемата грешка која ја прават луѓето кога јадат чоколадо — речиси никогаш не го гледаат и не го мирисаат, туку веднаш го ставаат во уста. Но, Мишел Бо, кој работи за Филип Паске, е тој кој ги знае речиси сите тајни на чоколадото. Него го нарекуваат уште и чоколадниот мудрец. Еве што советува тој: Првин, чоколадото се крши. Потоа, се мирисаат аромите кои може да се почувствуваат — какао, ванила, чад, слад… Првиот залак треба да биде многу мал. Доволно само да го загрее јазикот за понатамошното уживање. Вториот залак е оној што веќе се брои. Лижете го чоколадото, почувствувајте како се топи. Утврдете ја текстурата (меко или рапаво). Слатко или суво? Не брзајте со следниот залак. Уживајте во вкусот по голтнувањето на првата коцка. Ќе се појават нови детали. Без оглед какво чоколадо консумирате, секогаш започнете од послаби кон појаки вкусови. Никогаш не јадете повеќе од 4–5 различни видови чоколади. Со повеќе чоколадо, само ќе ја намалите можноста на јазикот да чувствува. Исчистете ги јазикот и непцата со вода пред секој нов вид на чоколадо кој го вкусувате. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Moj izbor: ![]() . ![]() Изменето од Valerija - 04.Мај.2012 во 18:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најомилените
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
5 митови за чоколадотоМит 1. Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната. Мит 2. Црното чоколадо содржи помалку калории. Мит 3. Чоколадото предизвикува мигрена. Вистината: Чоколадото содржи тирамин и фенилетиламин. Тие можат да предизвикаат мигрена, но се застапени во ниска концентрација во чоколадото. Затоа, многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка. Мит 4. Чоколадото со повеќе какао е подобро. Мит 5. Чоколадото дебелее. Изменето од емил - 09.Април.2012 во 18:47 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |