![]() |
|
Вибратор за малолетна ќерка - психолошки исправно? |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во времето кога егоцентризмот и некрофилијата завзема насфатливи димензии, а искрената љубов со лупа да ја бараш (и прашање дали ќе ја најдеш), сѐ помалку и помалку ме изненадуваат вакви абери, кои всушност само ги потврдуваат пророчанствата за декадентноста на самобендисаните во известните (известниве) времиња. п.с. Интересно што во извештајот воопшто не се спомнува таткото, кој што најверојатно е само некој (повеќе или помалку анонимен) дарител на сперматозоиди, кој како телевизор без тон се теши со опијати и се допингува со свинетиња, кои му се најголемата “светиња“. ![]() |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аман бре... вибратори за малолетнички! ![]() На тинејџерски години, при толку здрави-прави момци околу нив, да си ги малтретираш децата со пластични играчки да си ја истражуваат сексуалноста. Да се зголемувала процентуалноста на оргазмите? Аааа, тоа мора да е идеја на некои неонадени или недоонадени мајки (ај да не бидам повулгарна). ![]() |
|
![]() |
|
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...па добро,ако не им купат мајките ќе си купат сами
...мал милион проблеми и фрустрации произлегуваат од недоволното познавање на своите сексуални потреби и од нивно незадоволување...помина времето на удада засрамота... ![]() П.С.(за поставувачот на темата)Кога теловно сме задоволни тогаш можеме да работиме на духот...воспротивно сведоци сме и сами на “интересни игрички“ во духовните храмови ![]() |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
![]() |
|
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Темава не е за во филозофија и психологија, туку за во психијатрија.
Сметам дека е излишен секој понатамошен коментар, и незнам зошто треба да се презентира и коментира секоја болна американска идеја. |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извини, немам коментар. Веројатно ќе го разбереш моето мислење ако го ставам само ова - ![]() Има и добар опис икончево... |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Утринава што не ќе прочитам во еден весник, кој што дневно го читаат милиони читатели. ![]() На насловна страна, со ударна слика, ударна тема: “Мајките треба да им купуваат на сопствените ќерки - вибратори! Во самиот увод субтилна критика на фамилијарното и школското (“христијанско“) сексуално воспитување, кое укажува (за секспедагозите тоа е заплашување) на своите најмили за психофизичките последици кои често настануваат во сексуални врски и партнерства, градени без темелот на љубовта и долгорочната одговорност. После тоа, отворен апел од страна на известни американски сексуални педагози (повеќе или помалку јавно подпомагани од известни психолози и журналисти, кои пред неколку години се обидоја да лансираат порнографски филмови во сексуалното воспитување на основошколците во таа земја), кои со мисионерска ревност се уверени дека мајките требаат да им поклонуваат вибратори на своите (малолетни) ќерки тинјеџерки, со што повеќе би се детабуизирал сексот помеѓу малолетните и со постојан “тренинг“ (веројатно) би се зголемила, како можноста - така и процентуалноста на оргазмот кај жените воопшто. Какво е вашето мислење во однос на сексуалниве педагози? Јас мислам дека тоа се манијачки (атеистички) фанатици, слични на теистичките фанатици, само во спротивна насока! п.с. На истата насловна страна беше објавен и идентитетот на 22 годишниот муслимански атентатор, кој што пред 2 дена во данска уби 2 човека. ![]() Изменето од spiros - 17.Февруари.2015 во 20:32 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |