|
Дали е можна граѓанска војна во Македонија? |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заев: Борбата на СДСМ и народот ќе одекне посилно од која било пушка,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Куманово на обележувањето на Денот на антифашистичкото востание 11 октомври порача дека борбата која СДСМ ја води со народот ќе одекне посилно од која било пушка. -Треба да знаат сите, дека на денот кога ја чествуваме првата пушка во Куманово и Прилеп, Македонија најавува една нова борба, но треба да обзнаниме јасно дека нема да дозволиме повторно пушките од минатото да ги ископаме, туку оваа борба ќе ја водиме со гласот на народот, којшто ќе одекне посилно од која било пушка, вели Заев. -Денес нема слобода во Република Македонија, не можете слободно да се изразите, нема слобода на говор, Нема слобода на мисли, нема слобода на медиумите, нема правда и правичност, професорите не предаваат слободно, студентите и учениците не учат слободно, лекарите не лечат слободно. Денес во Република Македонија сите вредности на нормалниот свет се уназадени, додаде лидерот на СДСМ Зоран Заев. По повод празникот, вo Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија. ___________________________________________________________________________ Како основа за темата ја земав зјавата на Заев со која се создава поволна почва за политичка нестабилност (која веќе постои) и која се продлабочува. Се вратив со мислата во времето на СФРЈ и политичката криза 90-те кога на ваков начин се поделија народите и секој си одбра своја страна. Некој ќе рече, "сите сме Македонци" но дали и Шпанците беа шпанци кога идеолошки завојуваа, дали сите досегашни војни имаа некоја причина, идеологија? Секако, човековиот ментален склоп создава, креира страв од нешто или кон некофо кога не се вклопува со неговата идеа, идеологија, стратешка цел и.т.н. Во моментов имаме создавање на тотално нетрпение помеѓу две политички идеологии, до каде не води сето тоа? Две страни гладни за власт, едната е спремна на се да ја сочува а другата води кон создавање на омраза кон секој кој ја подржува власта. Дали крајниот исход ќе биде кобен? поради политичка идеологија? Нивната неспособност за водење на една убава но малечка држава ја води кон пропаѓање само поради алчност а не патриотизам и желба да се помогне на народот! Ве молам дајте ваше мислење, не кој е крив за состојбата туку ДО КАДЕ НЕ ВОДАТ неспособниве политичари!? |
|
Homo homini lupus est...
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |