IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите села во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите села во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2015 во 20:34
Идеален одмор во селото Хобит

Заборавете на книгите и филмовите. Кога станува збор за хобити, малите суштества од Средната земја, некои фанови на Џ.Р.Р. Толкин ја изразуваат својата ревност на конструктивни начини. Буквално!

Во Тоурт Крик, Монтана, изградено е Хобит село. Реалниот производ на фантазијата на Толкин вклучува куќи на Билбо и Фродо, Трол куќата со придружен мост, Елф “Центарот за Комуникации” и збирка од неверојатни “вила” куќички.

Тука може да се најде и престој од 1000 квадратни метри за човечка големина, сокриен во трева, чиј надворешниот облик бил копиран од “Господарот на прстените”.

Во текот на пролетта и летото, хобит ентузијастите имаат можност да живеат во селото по цена од 195 долари за една вечер или 1.365 долари за цела волшебна недела.

Хобит селото не е само за љубителите на овие класични приказни, тоа е рај каде што посетителите можат да дојдат, да се релаксираат и уживаат.



Изменето од Valerija - 02.Март.2015 во 20:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 12:54
Селото на Попај - Малта

Познатото село на Попај, Свитхевен е направено во 1979 година во Малта. Селото е направено за потребите за снимањето на филмот за Попај.


popaj.selo01

Имено, кога Волт Дизни и Парамаунт одлучиле да направат игран филм за популарниот јунак Попај, продуцентите како локација го избрале малиот залив на северозападот од Малта.

 popaj.selo01

Тука е сместено измисленото село Свитхевен, кое е градено седум месеци.

На изградбата работеле 165 мајстори, со задача да направат веродостојна верзија која во стрипот ја опишал неговиот создавач Елзи Сегар.

 popaj.selo01

Денеска ова село е туристичка дестинација. 

 

 popaj.selo01

 popaj.selo01

 popaj.selo01

 popaj.selo01



Се изгледа пореално на клипче...


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 06:07
Монсанто - Португалија









Изменето од evangeline - 16.Ноември.2014 во 06:07
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2014 во 02:46


San Gimignano (Town of Fine Towers)

На околу 138 километри квадратни и 324 метри надморска височина се издига селото San Gimignano. Има нешто повеќе од 7000 жители а се наоѓа на околу 40 километри северозападно од Сиена и околу 80 километри источно од Ливорно. Попознат е и како град на кулите. Дел од ова село е под заштита на Унеско!








Изменето од evangeline - 16.Октомври.2014 во 02:47
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 08:27

Најубавите скриени села во Европа


Во срцето на Европа покрај големите градови се наоѓаат и мали скриени села, кои ја будат љубопитноста. Токму тие ја кријат вистинската култура и традиција на земјите во кои се наоѓаат.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-01

1. Болгери, Италија

Патекта на чемпресите води директно до селото Болгери, кое се наоѓа во јужната тосканска област Марема. Околината е исполнета со лозја, па задолжително мора да застанете во Caffè della Posta на главниот плоштад и да пробате барем едно од трите црвени вина произведени уште во осумдесеттите. Во близина се наоѓа место за сместување и одмор, Relais Sant’Elena, каде има 15 соби, камин и традиционални италијански тестенини како оброк.

Како да стигнете: Болгери е 64 километри јужно од Пиза, ако одите со автомобил или автобус.

Каде да се сместите: Relais Sant’Elena ($182 долари за двајца)

Што да јадете: Равиоли со сос од домати во остерија Magona.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-1.jpg



2. Стауфен, Германија

На крајот на Црната Шума во јужна Германија се наоѓа идеална викенд дестинација. Истовремено е и туристичко и историски место, каде може да се забележат и готски и модерни елементи. Постојат многу легенди кои вреди да ги слушнете од локалните жители.

Како да стигнете: Стауфен е оддалечен за околу 75 минути возење со автомобил од Стразбур.

Каде да се сместите: Хотел Gasthof KreuzPost ($136 долари за двајца), добро е да пробате гради од патка, палачинки со печурки и рижото во црвен сос.

Купете: Шише вино од цреши

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-2.jpg



3. Лавенхам, Англија

Ова можеби е и најубавото гратче во Англија каде има околу 350 куќи и многу мали продавници и чајџилници. Прекрасно рурално и шармантно место кое ќе ве освои штом пристигнете.

Како да стигнете: Може да одите со воз преку Лондон и Ливерпул или со автобус преку Колчестер.

Каде да се сместите: Great House Hotel  ($162 долари за двајца) во центарот на ова  село-гратче.

Каде да јадете: Вистинска англиска кујна може да пробате во Great House Restaurant

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-3.jpg



4. Абердур, Шкотска

Прекрасно мало село, исполнето со зеленило, каде не се дозволни автомобили. Но и не ви се потребни, бидејќи сите места до кои треба да стигнете се поврзани со пешачки патеки.

Како да стигнете: Абердур е оддалечен на 30 минути со воз од градот Единбург

Каде да се сместите: Woodside Hotel ($140 долари за двајца)

Каде да јадете: Во истиот хотел каде што ќе се сместите има одличен ресторан каде најдобро е да пробате бифтек.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-4.jpg



5. Раундтоун, Ирска

Никаде нема да пробате подобри капини од оние што ќе ги наберете во Раундстоун. Тоа е рибарско село од 19. Век. Ако се искачите на врвот Ерисбег ќе добиете чист поглед на Националниот парк Конемара.

Како да стигнете таму: Од Галвеј има 122 километри за возење.

Каде да се сместите: на неколку километри од Раундстоун се наоѓа семејна вила Cashel House Hotel ($220 долари за двајца)

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-5.jpg

6. Чесињолс, Франција

Популарно е за марсејската елита, но со својата живописна природа, ги привлекува сите кои сакаат да се почувствуваат посебно и да вдишат од свежиот воздух, додека го избегнуваат метежот во градовите. Има останати цркви уште од 12.век, архитектурата е интересна, а храната неодолива.

Каде да се сместите: Чесињолс е на половина пшат меѓу Клермонт Феранд и Ле Пуи ен Велеј

Каде да се сместите и што да јадете: Во Auberge de Chassignolles ($58 долари), а може да јадете во неговиот ресторан.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-6.jpg



7. Фолегандрос, Грција

Ова село нема ништо заедничко со Санторини кој се наоѓа во негова блчизина. Нема големи бродови или објекти со повеќе од два ката, ниту бутици и модерни ресторани. Овде може да најдете само прекрасни плажи и високи карпи. Тивко и совршено за бегство од големите градови.

Како да стигнете: Слетајте со авион во Санторини.

Каде да се сместите:Хотелот Anemi е модерен и одговара на потребите на секој, а се наоѓа блиску до сите места кои би посакале да ги посетите.

Каде да јадете: Ресторанот Irini’s  е место со домашно готвена храна.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-7.jpg



8. Џорнико, Швајцарија

Шармантно место во јужниот дел на Швајцарија каде ќе се почувствувате како да сте се вратиле во некое далечно време. Низ него поминува мала река над која има мост. Во негова близина се наоѓаат локални ресторани наречени гроте и во нив се служи традиционална полента илокално вино Мерлот.

Како да стигнете таму: Од езерските ресорти има возење кон север во траење од околу 50 минути.

Каде да се сместите: Има хотели во Џорнико , а најблизок е розевиот хотел Giardino ($400 долари за двајца)

Каде да јадете: Grotto dei due Ponti е ресторан со тераса која ви нуди поглед на реката.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-8.jpg



9. Гетариа, Шпанија

Совршено место особено во летниот период. Доколку не ги сакате популарните шпански места, ова е одлично место за да откриете нешто ново.

Како да стигнете таму: Гетариа е на 24 километри западно од Сан Себастијан.

Каде да се сместите: Во Saiaz Getaria ($115 долари за двајца) со поглед на плажата Gaztetape.

Каде да јадете: Задолжително резервирајте си маса во ресторанот Elkano кој е еден од најпознатите во Шпанија.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-9.jpg



10. Марвајо, Португалија

Интересно планинско место лоцирано во областа Алентежо во Прортугалија.  Комплекс од карпи на кои може да имате прекрасни пејзажи или да се препуштите на некои екстремни авантури.

Како да стигнете таму: Со автомобил од Лисабон

Каде да се сместите: Хотел со 31 соба и ресторан е Posada Santa Maria ($102 долари за двајца), а има и куќи кои нудат приватно сместување.

Каде да јадете: Вкусна супа може да пробате во Varanda do Alenejo.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-10.jpg

Сте посетиле некое од овие села?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 22:18
Image result for Popaj Malta

Попај,Малта


Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:24

AMATCIEMS,ЛАТВИЈА … НАЈУБАВОТО !!! КАКО ОД БАЈКА СЕЛО КОЕ МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ !!!

1 (17)

Amatciems е екосело со уникатен стил, високи стандарди и огромен квалитет на живеење. Се наоѓа на 20 километри од главниот град на Летонија, Рига…

Сите имоти, овде се поврзани со централен воден систем…

Интегрирана е и инфраструктура која вклучува брза интернет конекција, телекомуникации како и дигитален телевизиски систем.

Можеби најубав дел од екоселото се мочуриштата кои се користат слободно за риболов, пливање и кајакарство. За целата бајка да функционира онака како што треба, односно за мирот, едноставно да царува во ова место, „ виновни “ се локалните правила.

Целта на селото и неговите жители еда се овозможи заштита на нивните интереси, односно секој сопственик да  живее во чиста, уредена и тивка околина која е заштитена и што е најважно од сé – се почитува…

Прекрасно средениот терен, езерцата и  зеленилото оваа место без сомневање го прават едно од најубавите во светот…

Согласете се со нас !!!


1 (2)

1 (3)



1 (14)

1 (15)

1 (17)

1 (18)

1 (19)

1 (20)

1 (21)

1 (22)

1 (23)




Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:06

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СЕЛАТА КОИ ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ

Доколку се одлучите да ги посетите овие прекрасни села, ќе сфатите дека „ шармантно “ не е само придавка, туку и начин на живот. Едноставната убавина, камените куќички, природата која Ве опкружува и неверојатните пејзажи се клучните „ состојки “ на овие релаксирачки дестинации, кои ќе Ви го одземат здивот.

Доколку посакувате идиличен одмор, Ви нудиме неколку идеи со кои секојдневните проблеми ќе бидат ситница, а целиот фокус ќе биде ставен во совршенството на природните убавини…

Билбури, Англија

Bilbury, Anglija 1

Камените куќички од 14 век кои се наоѓаат на Arlington Road во Билбури, ја создаваат целината таканаречена најубаво село во Англија. Ова место е опишано дури и од страна на писателот Вилијам Морис. Селото е сместено на реката Колн, во ридскиот,  централно – западен дел на Англија.

Савока, Италија

Savoca italija

Историското сицилијанско село Савока сместено е на ридот помеѓу градовите Месина и Таормина, на источниот брег. Посетителите на ова живописно село ќе останат воодушевени од она што им се нуди, ако се во потрага по идилични и прекрасни мали места.

Венген, Швајцарија

Wengen Svajcarija

Благодарение на локацијата на Алпите и традиционалните дневни апартмани, Венген е швајцарското село од соништата кое изгледа идентично како пределите од приказната Хајди. Фактот дека автомобилите во селото се забранети, дополинтелно придонесува за неговиот шарм. Селото веќе долго време е популарен алпски туристички центар. Навистина вреди да се посети.








Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 18:56

Единственото село во светот без улици


Дали некогаш сте посакале да избегате надвор од градот и да најдете мир во некое убаво мирно мало место преполно со природни убавини? Совршената дестинација за вас е Гиеторн во Холандија со прекрасно скроена природа, стари куќи, мали бродови и голем број дрвени мостови.

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-01

Едноставно, ова е место што може да ви понуди релаксација и шанса да ги заборавите гласните автомобили и буката која владее во градот. Тука моментално живеат околу 2600 жители, презадоволни од убавините кои ова мало местенце ги нуди.

Постојат околу 180 мостови кои се единствен начин како да се стигне до куќите. Втора варијанта е преку водено такси - брод. Во Гиеторн се наоѓаат многу музеи каде можете да научите за животот и работата во ова место во последните 100 години.

Во овој мал рај на земјата се организираат многу ликовни егзибиции и специјални активности за деца на вода. Во текот на зимата пак, ова место е многу привлечно за лизгање на мраз.

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-02

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-03

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-04

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-05

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-06

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-07

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-08

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-09

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-10

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-11

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-12

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-13

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-14

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-15

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-17

edinstvenoto-selo-vo-svetot-bez-ulici-18



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 08:55

Австриското село Алпбах, место од соништата



Доколку некогаш имате прилика да ја посетите Австрија, обидете се да прошетате и низ прекрасното планинско селце Алпбах. Селото брои вкупно 2600 жители и се наоѓа на 1000 метри надморска височина. Благодарение на хомогената архитектура и прекрасните цветни декорации, Аппбах беше прогласен на „Најубаво село во Австрија“ како и „Најцветно село во Европа“.


Image result for alpbach austria



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:49
                                Педесетте најубави села ширум Европа
Додека дел од туристите сакаат да ги посетат центрите на светските туристички дестинации, останатите обожаваат да ги истражуваат помалку познатите места каде што релаксацијата и приватноста се загарантирани.
Сите оние кои што сакаат да уживаат место кое што изобилува со мир и релаксација, а чии што основни карактеристики се убавината, едноставноста и приватноста, тогаш треба да се одлучат за посета на некое од најубавите села во Европа. Станува збор за места кои што можеби не се толку популарни, меѓутоа истите го тераат секој турист за миг да застане и да се воодушевува на нивната убавина.

Така, природната убавина, чистиот воздух и традиционалната автентична архитектура се комбинација во која што секој турист може да го пронајде својот рај и за миг да заборави на брзиот начин на живот, односно да ужива далеку од загадените градови и бучниот сообраќај. Во описите на селата стои дека токму тие се местата каде што поетите ја пишуваат својата поезија, каде што сликарите најуспешно си играат со своите четки... Големите зелени површини, чистата изворска вода и чистиот воздух се само дел од совршената слика за овие најубави села ширум Европа.

Село во фјордовите на Норвешка



Село Пиетрапертоса во Италија


Халстатр село во Австрија


Рибарско село во Норвешка



Село Манарола во Италија



Гасадалур село на Фарските острови во Данска


Рибарско село на Лофотските острови во Норвешка



Село Поситано во Италија



Село Смуген во Шведска


Село Исафјордур на Исланд


Село Нарден во Холандија


Село Динат во Белгија


Германско село Кочем


Село во Германија, Линдау


Село Ротенбург об дер Таубер во Германија


Село Езе во Франција


Село Ла Рокве Гагеац во Франција


Село Бејнак Казенац во Франција


Село Најак во Франција


Село Крумлов во Чешка


Село Венген во Швајцарија


Село Гмунден во Австрија


Село Пиран во Словенија


Ровињ во Хрватска


Село Алберобело во Италија


Село Кудилеро во Шпанија


Село Пиоџао во Португалија


Село Кардамил во Грција


Село Рајне во Норвешка


Село Гејрангер во Норвешка


Мостар во Босна и Херцеговина


Велико Тарново во Бугарија


Карлови Вари во Чешка


Село Пејнсвик во Англија


Село Клер во Англија


Село Норчија во Италија


Село Роудстоун во Ирска


Село Пасау во Германија


Село Дингле во Ирска


Село Лука во Италија


Котор во Црна Гора


Село Хинделопен во Холандија


Блед во Словенија


Село Ронда во Шпанија


Село Ситгес во Шпанија


Село Гамла Стан во Шведска


Село Конви во Велс


Село Ланголен во Велс




Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:45
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                           Најубавите села во Европа
Одморот во село можеби не звучи многу примамливо и гламурозно како на некое отмено место, но овие десет места можеби ќе ве разубедат.
Порталот "Global Grashopper" истражил кои се најубави мали места во Европа.

Езе, Франција


Езе се наоѓа на Азурниот брег, а истовремено е одлична алтернатива за преполните одморалишта на југот на Франција. Селото е сместено на 428 метри висока карпа и нуди спектакуларен поглед на море.

Питилиано, Италија



Убавините на Тоскана се познати низ целиот свет, а Питилиано е посебно бидејќи е сместено на работ од карпа. Посебна атракција се гробниците кои се поврзани со тунели, а денес се користат за чување на вино.

Полперо, Англија


Сликовитиот округ Корнвал одамна е познат меѓу Англичаните како место за одмор, а Полперо е посебно интересно поради тесните улици и малите рибарски портови.

Халштат, Австрија


За Халштат со години се зборува дека е едно од најубавите места во Европа. Ова место се наоѓа на западниот брег од езерото Халштатерзее, а познато е по производството на сол.

Обидос, Португалија


Овој град е толку многу ја маѓепсал кралицата Исабел што нејзиниот сопруг морал да и го поклони. Денес ова место ги привлекува туристите со старовековната архитектура.

Деиа, Мајорка


Деиа е позната по камените куќи со кров од теракота, како и по големиот број на уметници и писатели кои живеат таму.

Равело, Италија


Целиот брег на Амалфи е како разгледница, а посебно го сакаат славните личности. Равело е познат по неверојатно стрмните улици, елегантните градини и раскошниот поглед на Средоземното море.

Пучишча, Хрватска


Ова прекрасно место на северот на Брач е познато по меѓународното училиште за музика, како и по Клескарското училиште, каде се учи за обработка на легендарниот камен од Брач.

Аутоир, Франција


Аутоир е веќе прогласено за најубаво место во Франција, а посебно е по тоа што речиси воопшто не се променило во период од 800 години постоење.

Митенвалд, Германија


Духот на Баварија се уште живее во Митевалд, збогатено со прекрасни фасади, шармантни продавници и секако, weisswurs.

Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:39
            Кинеско село ги нуди сите светски знаменитости
Секојдневно, илјадници светски патници ги обиколуваат знаменитостите ширум светот. Меѓутоа, постои и место во кое туристите можат во рок од еден ден, да обиколат 130 познати светски знаменитости.
Во кинескиот град Шензен, се наоѓа „Window of the World“, минијатурно глобално село кое е дом на знаменитостите, како камбоџанските храмови Анкор Ват, но и Статуата на слободата и сиднејското пристаниште.



Неодамна, Кинезите беа прогласени за туристи кои најмногу трошат, но за оние кои не можат да си дозволат вистинско патување, овој забавен парк е идеална можност денот да ви започне во Лондон, да ручате во Париз, а зајдисонцето да го гледате под планината Фуџи.






Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:38
Едно од најубавите во светот: Селото на обоените куќички во Полска
Селото Залипие, сместено во југоисточниот дел од Полска, е прекрасно место во кое што се негува една необична шармантна традиција - боење на куќичките.
Имено, пред повеќе од еден век, жените во селото Залипие започнале да ги бојадисуваат ѕидовите од својот дом, но тоа не го правеле во една боја, како што се очекувало во конзервативното општество, туку тие создавале ремек-дела со цела палета на нијанси кои што на крајот направиле селото да "расцвета" на свој начин.


Она што е интересно е податокот дека никој не е сосема сигурен кој и кога ја започнал оваа традиција, но истата настанала во периодот кога селаните започнале да се греат на печки, а жените започнале да ги бојат трагите од чадот за да ги сокријат.

Но, се со цел нивните домови да бидат беспрекорни во пресрет на празниците, жените продолжиле на ѕидовите од своите куќички да исцртуваат најразлични мотиви и цвеќиња.


Така, иако со модернизацијата на уредите за домаќинството и подобрата вентилација, ова "шминкање" на домовите станало непотребно, традицијата сепак продолжила да се негува, а мотивите станале се покомплицирани. Жителите денес не ги бојат само ѕидовите од куќите, туку и подрумите, мостовите, дрвјата, бунарите, куќичките за кучиња и што ли уште не!





















Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 20:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.