IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најдобрите скијачки центри во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најдобрите скијачки центри во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 22:28
Иако глобалните климатски промени играат своја игра со љубителите на скијањето, тоа не губи на популарност. Современата технологија овозможува за снегот да го создаваме на разни начини, но сите вистински љубители на скијањето знаат дека природниот снег е незаменлив.
Ви даваме преглед, кој го составија претставници од  70 најдобри светски туристички агенции.

Aspen, Колорадо, во западниот дел на САД

Сакате ли да се скијате со богатите и познатите? Доколку одговорот е да, тогаш Аспен е вистинското место за вас. Аспен е познат по стрмните патеки и по четирите одвоени планини. Благодарејќи на извонредните патеки за скијачи од сите нивоа – од почетници до професионалци – овој ски центар во Колорадо може да го угости баш секој.

Покрај брдата и hupser – и, планината Аспен поседува и фантастично дотерани патеки за просечните скијачи. Оваа планина е одличен избор и за оние експерти кои уживаат во тоа да скијаат надвор од уредените патеки. Како центар кој претставува најдобар избор, Аспен е уредно и малку поскапа дестинација.

Cortina, Италија

Кортина може да се мери со било кој ски центар на Алпите. Беше домаќин на Олимписките игри во 1956 година. Слично како и во Zermat во Швајцарија, животот се одвива на улиците без сообраќај. Како еден од најпознатите светски ски центри, Кортина е истовремено и најпрестижниот центар на Италија.

Mont-Tremblant, Квебек, источна Канада

Француско – канадски “joie de vivre “ овде е здружен за северноамериканските стандарди на услуги. Како најпознат центар на источна Канада, Tremblant, го затегна својот изглед благодарејќи на инвестицијата од 1 билион долари.
Отворен е уште од 1939 година, Tremblant беше првиот ски центар во Канада, а вториот во  Северна Америка. Она што го прави посебен е фактот дека е оддалечен се на се еден час од Монтреал. Алтернаттивата би можела да му биде нешто поубавата планина Mont-Sainte-Anne која се наоѓа недалеку од Квебек, во Северна Америка можеби во најголема мерка на “историски град“ – капии кон “Новиот свет“.

Stowe, Vermont, источен дел на САД

Stowe е еден од најпознатите ски центри во светот. Тој истовемено нуди традиционален шарм на Нова Англија и најголема релативна висина во регионот. Се состои од две ски области: Mount Mansfield и Spruce Peak.
Spruce Peak  всушност претставува заливот Smugglers' Notch теренот. Благодарејќи на тоа Stowe припаѓа на многубројните американски скијачки центри кои се меѓусебно поврзани со ски лифтови. Според тоа овде можете да најдете и преку 90 продавници и 60 ресторани, што на посетителите им овозможува на самото место да ги задоволат своите потреби.

Chamonix Mont-Blanc, Франција

Како домаќин на првите светски Олимписки игри во 1924 година, Chamonix се вбројува во елитата која се бори за титулата “ светски најпознат ски центар“. Сместен во подножјето на Mon Blan, највисокиот врв на Алпите, односно втор по висина во Европа ( надморска висина од 4810 м, според најновото издание на Ларусовата енциклопедија, Западниот Elbrus на Kavkaz е со 5642 м надморска висина презема примат).

Chamonix Mont-Blanc може да се пофали со релативната висина од 2807 м која има лифт, како и една од најдолгите патеки на светот (Vallée Blanche), долг дури 22 км.

Banff/Lake Louise, Alberta, западна Канада

Сместено во средиштето на канадскиот Национален парк Banff, езерото Louise важи за еден од најсликовитите планински центри во Северна Америка, а ако не и на целиот свет. Banff/Lake Louise поседува три различни ски области (Mount Norquay/Mystic Ridge, Sunshine Village и Lake Louise) кои меѓусебно се оддалечени околу 50 км.

Vail, Колорадо, западен дел од САД

Легендарниот Vail се рекламира како “ омилен американски ски центар“ а секако заслужува и да се вброи во првите пет центри на светот. Како најголема издвоена ски област во Соединетите Држави, Vail овозможува преку 2000 хектари со скијачки терени.

Не смеат да се заборават ни најбрзите експресни четвороседи на една планина, со седишта на склопување. Со неколку уметнички галерии, музеи, летање со балон, санки кои ги влечат кучиња, лизгање, хокеј, возење со моторни санки, Vail нуди уште многу други уживања.

Zermatt, Швајцарија

И додека со своите три хотели со по 5 ѕвездички соседниот Gstaad еден од врвните светски ски центри, а St. Moritz попопуларниот Cermat (Zermatt) многу се вбројуваат во најјаките центри на Швајцарија. Ова неверојатно тивко село својата тишина ја должи на окружувањето без автомобили. Чудесно живописниот Cermat ја поседува втората на светот релативна висина која се служи со ски – лифт, а благодарејќи на својата надморска висина го карактеризира и огромната количина од снежни лавини.

Kitzbuhel, Австрија

Додека St. Anton е крунисан како “ најживиот европски ски – центар“, а Insbruk еден од највеселите и најубавите градови на Европа, легендарниот Kitzbuhel се смета за бисерот на Алпите и претставува најпознатиот вентар за одмор на австрискиот Tirol. Ова население, старо седум векови, им нуди на посетителите шарм на алпското село каде што луѓето почнале да се скијаат во зима уште во дамнешната 1892 година.

Whistler/Blackcomb, Британска Колумбија

Овие две високи планини даваат најдобро скијање со најголема релативна висина во Северна Америка. Просто е неверојатно каква разлика можат да направат 30 години и 600 милиони долари. Сепак, таму немало ништо друго освен планини за храбри планинари.


Изменето од Schatzii - 01.Декември.2010 во 23:01
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.