IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Алергија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Алергија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 19:00
Пронајден лек за алергијата од кикирики

Родителите на децата алергични од кикирики сега можат да здивнат благодарение на еден британски доктор, кој верува дека лекот за оваа алергија ќе биде пронајден за најмногу три години.

Студијата која чинеше 1 милион фунти, а ја водеше д-р. Ендрју Клард од болницата во Кембриџ ќе им помогне на илјадници деца во светот кои ја имаат оваа потенцијално фатална болест.

Ендрју изјави дека наодите на студијата можат да помогнат да се стави крај на алергиите од храна.

Во новата студија биле вклучени 23 деца кои секојдневно добивале одредена доза на кикирики. Постепено дозата се зголемувала, но кај децата кои порано биле алергични на кикирики, не се појавила никаква реакција.

Третманот, кој го изработиле докторите се состоел од мали дози на брашно од кикирики, кое било растворено во јогурт. Во минатото сите обиди за истражување на алергијата од кикирики биле неуспешни.

Студијата беше презентирана на традиционалниот собир на Американската асоцијација на достигнувања во науката.

- Ова ќе биде голема пресвртница во животот на луѓето кои имаат алергија од храна, особено од кикирики. Ќе извршиме уште неколку тестирања, но за сега можам да кажам дека во иднина луѓето нема да има потреба да се грижат за состојките кои ги има во тортата или пак во чоколадите. Мојот тим е доволно мотивиран мислам дека во рок од три години ќе го најдеме лекот, изјави д-р. Клард.

 




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 22:45
Со јогурт против алергија

Сапрофитните бактерии кои, нормално, се наоѓаат во јогуртот можат да бидат корисни за бебињата со егзем и други алергиски состојби, откриле финските стручњаци.

Станува збор за лацтобациллус ГГ, која заедно со другите сапрофитни бактерии одржува поволен однос на бактериските видови во цревата и така позитивно влијае врз одбранбените способности на организмот.
Во истражувањето на финските експерти учествувале 159 бремени жени со семејна анамнеза на разни алергиски болести, кои земале препарат со лактобацилус и плацебо и тоа два пати дневно во последните три недели од бременоста. Терапијата била продолжена и по породувањето, а бебињата хранети со шишенце добиле соодветно количество препарат растворен во вода.

Сите деца биле прегледани во третиот, шестиот, дванаесеттиот, осумнаесеттиот и дваесет и четвртиот месец од животот.

Во групата која добивала лактобацилус, 23% од децата развиле егзем до втората година од животот во споредба со 46% од децата кои добивале плацебо.

Детскиот егзем е алергиска состојба, која се карактеризира со промени на кожата, црвенило, оток, чешање и чести бактериски инфекции.

Во последните децении оваа болест и другите алергиски болести се во пораст. Во САД, од егзем боледуваат 10 отсто од децата и 3 отсто од возрасните луѓе.

Во две третини од случаите детскиот егзем се губи целосно до пубертетот.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 23:38
само криење од сонцето ти е спас...креми со заштитен фактор,долги ракави,шешир...
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
irena972 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај irena972 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 21:41
Кон врв
irena972 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај irena972 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 21:38
mislenje za alergija na kozata od sonce.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2009 во 06:16
ALERGIJA - Prekumerna reakcija na teloto na tu|i supstanci, koi za pove}eto lu|e se bezopasni. Vo ovie supstanci, nare~eni alergensi ili antigensi, mo`e da se vklu~at: polen, lekovi, prav, hrana... Neposrednata alergiska reakcija rezultira od genetskite predispozicii ili ~ustvitelnost poradi predhodna izlo`enost. Krvnite sadovi se {irat, a bronhijalnite di{ni pati{ta se sobiraat. Ostra reakcija (anafilaksa) mo`e da go naru{i di{eweto i da bide fatalna. Odlo`eni alergiski reakcii (pr. kontakten dermatitis) se javuvaat 12h. ili pove}e po izlo`enosta. Vo prevencija ili tretman na alergiite spa|a izbegnuvawe alergensi a zemawe antihistamini. Koga nivnoto odbegnuvawe e nezavodlivo i antihistaminite ne gi osloboduvaat simptomite, mo`e da se obideme so desenzitizacija...
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 22:13

Со почетокот на пролетта, кога се буди природата и кога почнуваат да цветаат пролетните билки, за многу луѓе започнува и правата ноќна мора - пролетните алергии.
Пролетните алергии почнуваат во март,а поленските алергии се задржуваат и до септември што претставува голема тегоба за луѓето кои патат од овие алергии.Најчести симптоми се кијавица, кашлица, течење на носот, црвенило околу очите ( солзни очи) како и уморот и раздразливоста...
Бројката на луѓе што патат од алергии расте секоја година.Ова се поврзува со продолженото цветање на тревата и цвеќињата поради глобалното затоплување.Исто така, загадениот воздух и загадената животна средина кои допринесуваат за слабеење на имунитетот на организмот.
Некој чудесен лек за алергиите нема, сепак  барем е можно да се ублажат симптомите.
Постојат неколку вида антиалергиски лекови( зависно од видот на алергијата), а најпознати се лековите од групата на антихистамини и кортикостероиди
Исто така, се препорачува и зголемена хигиена, туширање и почесто миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и на облеката, често перење на постелината...
Правта и влагата некогаш можат да ги појачаат симптомите на алергија и алергиската астма па се препорачува почесто ветреење на просториите и одржување на хигиена во домот

Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 11:30
Originally posted by duda duda напиша:

здраво на сите сто ке ме процитаат тука, сакам да ве прашам , пред да отидам на доктор ,бидејки гледам дека се разбирате од алергии, ме Чеша цело тело,ама ми се праат како пликови од коприва,жешки се и ги снемува..после пак, сегде по телово(уши,стапала,лице,препони) некои ми викаат дека таква реакција се добива од стрес, а некои од храна..кажете ми сто да ставам, се мачкав ракија ама пак чеша..ве молам побрзо одговорете ми (до сеа не сум била алергична на ништо-имам 21) ФАЛА
 
   Псоријазата е релативно честа и хронична кожна болест која предизвикува појава на плаки, црвенило и крустење на региони од кожата.

Иако можат да се појават секаде, овие плаки најчесто се појавуваат на колената, лактите, рацете, нозете, скалпот или на грбот. Според Американското Здружение на Дерматолози, ноктите на рацете и нозете се зафатени во 50% од случаите на активна псоријаза.  

Симптомите на псоријаза можат многу да варираат во зависност од тежината на болеста, и да бидат од благи до многу изразени.

Додека чешањето и болките обично се умерени и подносливи, најтешките ефекти од псоријазата се врз емотивната состојба. Луѓето со тешка форма на псоријаза понекогаш се толку преокупирани со нивната состојба и нивниот физички изглед што почнуваат да се чувствуваат изолирани и депресивни.  

Псоријазата се јавува кај околу 2% од вкупната популација. За жал, сеуште нема лек кој целосно би ја излечил псоријазата, но денес има многу ефикасни третмани со кои псоријазата може да се држи под контрола.
Псоријазата нема образец на прогресија. Таа се развива различно кај секој болен, индивидуално. Некои луѓе може да имат само повремени и минимални симптоми во текот на цел живот, додека кај други симптомите можат да бидат многу изразени секојдневно.  

Кај најголем број, симптомите и кожните промени доаѓаат и си заминуваат. Може да се јави влошување како резултат на одредни промени како на пример суво време или стрес.

Нелекувана, екстремно тешка форма на псоријаза може да биде животозагрозувачка. Иако се случува многу ретко, ако лезиите покријат голем дел од телото, имуниот систем може да биде надвладеан и да се јави сериозна бактериска инфекција.
Борбата со псоријазата може да биде исрпувачка и фрустирачка. Важно е да се се остане емотивно и психички здрав при лекувањето. Со денешните методи псоријазата е болест која може да биде ставена под контрола, дури и најтешките форми, од друга страна самата псоријаза не остава лузни, така да потребно е зачувување на духот и придржување на третманот препорачан од дерматолог.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
duda Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај duda Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2009 во 02:06
здраво на сите сто ке ме процитаат тука, сакам да ве прашам , пред да отидам на доктор ,бидејки гледам дека се разбирате од алергии, ме Чеша цело тело,ама ми се праат како пликови од коприва,жешки се и ги снемува..после пак, сегде по телово(уши,стапала,лице,препони) некои ми викаат дека таква реакција се добива од стрес, а некои од храна..кажете ми сто да ставам, се мачкав ракија ама пак чеша..ве молам побрзо одговорете ми (до сеа не сум била алергична на ништо-имам 21) ФАЛА
Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 18:53
Alergijata e poremetuvanje vo imunuloshkiot sistem na organizmot,sto najcesto e genetski odredeno.Megutoa,ne retko vo praksa imame slucai koga pojavata na alergijata e steknata vo tekot na na zhivotot na pacientot i negovata izlozhenost na razlicni priciniteli na alergija.Kako najcesti priciniteli na ovaa nezgodna bolest se zagaduvanjeto na zhivotnata sredina,promeni vo ishranata,kako i novite aerozagaduvachi(chestichki dizel gorivata,ozonot i azotniot dioksid),pregolema upotreba na pesticidi,herbicidi i razni antibiotici.Koga vo coveckiot organizam ke navlezat nadvoreshnite cesticki,vo slucajot alergeni,se sozdava antitela M i G koi gi eliminiraat nadvoreshnite cesticki.
Kaj alergichnite pacienti se narushuva imunoloshkiot sistem pri shto se sozdavaat drugi antitela nareceni E koi nemaat sposobnost da gi eliminiraat alergenite,tuku tie ostanuvaat vo teloto i razvivaat alergiska reakcija.
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:46

Алергиски ринитис / Алергија на полен / Сезонски ринитис


Доколку секоја пролет имате затнат нос, очите ви се зацрвенети и ве чешаат и имате кивавица-можно е да имате алергија - алергиски ринитис ( најчесто алергија на полен.). Алергија на полен е најчесто употрeбуваниот термин, иако постојат огромен број на материи кои можат да предизвикат алергија.

Доколку  симптомите се јавуваат секоја година во ист период, најверојатно се работи за сезонска алергија, предизвикана од полен кој се јавува токму во тој период. Но доколку постои преосетливост (алергија) кон алергени како прашина на пример симптомите може да траат цела година.

Лековите кои се земаат без рецепт обично се доволни за смирување на симптомите на лесна форма на алергиски ринитис, но доколку симптомите се поизразени и посебно доколку се присутни во текот на цела година, треба да се обрне повеќе внимание, за да се намали ризикот од посериозни форми на алергија како астма и екцем.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите на алергиски ринитис варираат од лесни до многу изразени.  Симптомите на алергиски ринитис обично се развиваат веднаш по изложување на алергенот, но и материи како парфем и чад од цигари можат да ги влошат симптомите.
Симптомите на алергиски ринитис се: :
  • Течен секрет од носот  
  • Насолзени очи  
  • Чувство на притиок во носот, очите и лицето  
  • Често кивање  
  • Чешање во грлото, носот и очите  
  • Кашлица  
  • Несоница  
  • Малаксалост   




Обично тешко се прави разлика меѓу настинка и алергиски ринитис, поради речиси истите симптоми. Ова се главните разлики:

 

Алергија/Алергиски ринитис

Настинка

Знаци и симптоми

Течен бистар секрет од носот: нормална температура

Течен  воденикав секрет со жолта пребоеност; благо покачена температура

Старт на симптомите

Веднаш по контакт со алергените (полен)

Еден до три дена по изложеност на вирус

Траење на симптомите

Се додека трае изложеноста на алергените

Од еден до седум дена


Доколку имате чести настинки кои се развиваат одеднадеш и се јавуваат во исто време во годината, можно е да се работи за алергиски ринитис. Иако алергиите и настинките имаат многу слична клиничка слика, тие се сепак многу различни болести. Еве зошто:
  • Причина Настинките се предизвикани од вируси, додека алергијата е преосетливост, претеран одговор на имуниот систем при контакт со одредена материја, алерген-како полен, влакна од животни, прашина и сл. Вирусите лесно се пренесуваат од човек на човек, но алергијата не е заразна болест, и не можете да добиете алергија од човек кој има алергија.
  • Траење Симптомите на настинка траат од еден до седум дена, ретко повеќе. Спротивно, симптомите на алергиски ринит се јавуваат секоја година во ист период и траат по неклку месеци, а доколку се работи за алергија кон материја која е секојдневно присутна, како прашина, симптомите се присутни постојано .
  • Лечење. Третманот на настинка и алергиски ринитис е донекаде сличен, во смисла на одмор, капки за нос, но при поизразени форми на алергиски ринит ќе бидат потребни и лекови против алергија, како кортикостероиди, анти-хистаминици и сл.
  • Превенција. За да се спречи појавата на настинка, потребно е да се избегнува контакт со лица кои се веќе заразени. За да се спречи појавата на симптомите на алергија, лицето треба да ги избегнува материите за кои е познато дека кај него предизвикуваат алергиска реакција.
Единствениот начин точно да дознаете дали имате алергија или настинка е да се обратите на лекар!

Иако алергискиот ринитис може да се појави во било која возраст, најчесто се јавува во детството и раната младост. Со стареење симптомите може да се влошат или подобрат, но сепак симптомите имаат тенденција да се намалуваат со текот на годините.



Лицата кои имаат алергиски ринитис можат да бидат алергични на повеќе материи истовремено. Без разлика која материја ја предизвикува алергијата, причината е секогаш иста: преку процес наречен сензибилизација, имуниот систем погрешно ја идентификува таа материја како закана за организмот и произведува анти-тела против алергенот, имуноглобулин Е. Наредниот пат кога ќе дојдете во контакт со алергенот, имуниот систем ја започнува алергиската реакција. ИгЕ антителата го иницираат ослободувањето на хистамин, супстанца која предизвикува отекување на слузокожата и мукозната мембрана во носот, синусите и очите, предизвикувајќи кивање, течење на секрет од носот, зацрвенети очи и тн.

Ризик фактори
Следнива фактори го зголемуваат ризикот од поленска грозница (стар назив за алергија кон полен):
  • Фамилијарна историја за алергии
  • Машки пол   
  • Изложеност на чад од цигари во првата година од животот  
  • Изложеност на домашни алергени, како прашина
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 23:06
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ај си реков, мина сезоната на алергии, и ги прекинав лоратадин...Леле мајко што ме снајде, едвај дишев...па пак почнав да ги пијам.
А завчера пред да заврне, незнам некој дали имал такво искуство, небото беше некако поклопено, се осеќав како во стаклено звоно, спарнина,особено ми беше тешко непосредно пред дождот, а морав да бидам надвор. Ме фати така еден притисок во градите, неможев воздух да земам, мислев ќе умрам. После заврна, ми олесна малку. Незнам, имал ли некој такво искуство и дали и тоа има врска со алергија?
vo sekoj slucaj ima vrska so alergijata.alergicnite licnosti imaat dosta slab imunitet i bilo kakov virus da pomine odma gi fatat.no si koristat lekarstva preporaclivo e antibiotik loratadin antialergetik i flixotide ili ventolin sprej.imam doma kerka i zatoa znam kaj ne sum posla so nejze no toa e toa ke se pazite a najpovekevi e preporacano vitamin c da se zema poradi toa sto vo segasen period nastanuva gubenje ili namaluvanje na vitamin c vo organizmot i zatoa nastanuva poboluvanje od grip.a alergicnite se so namalen imunitet i se skloni na sekakvi bakteriski ili virusni zaboluvanja a moze i infektivni.zemajte poveke vitamini.
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 19:22

Дијагноза на алергија


Покрај физикалниот преглед, кој при типични случаи укажува на алергија, за поставување на дијагноза на алергија, како и за речиси секоја друга дијагноза, потребни се тестови кои ќе ја докажат болеста. Речиси еден век најупотребуваниот метод за дијаноза на алергија, како и за утврдување кој материја ја предизвикува алергијата кај пациентот, се кожните тестови. При изведување на овие тестови, кожата е директно изложена на супстанции кои најчесто предизвикуваат алергии-алергени и се пратат знаците на алергиска реакција. Заедно со историјата на болеста и физикалниот преглед, кожните тестови можат да докажат дека симптомите како кивавица, исипи по кожата, свирење во градите, се предизвикани од алергени и уште поважно од кои алергени. Според јачината на локалната алергиска реакција може посредно да се утврди и тежината на алергијата. Со овие податоци лекарот може да го припреми планот за лечење, вклучувајќи избегнување на алергенот, секако доколку тоа е можно, лекови или имунотерапија ( вакцини против алергија).

Лекарот обично поставува детални прашања за текот на болеста, присуството на алергија кај други членови во семејството, за самите симптоми, нивната тежина, кога најчесто се јавуваат и кога се најмногу изразени.

Обично самата историја на болеста и физикалниот преглед се доволни кај типични случаи, но во одредени случаи кожните тестови мора да се направат за да се докаже алергија. Сепак кожните тестови најчесто се користат за утврдување кој алерген ги предизвикува симпотмите. При изведувањето на тестот, мали количини на прочистен екстракт од алерген (како полен, прашина, отров од оса, и сл.) се инјектираат во кожата на раката или на грбот и се следат знаците на алергиска реакција. Алергените исто така можат да се детектираа со лабораториски тестови.

Употреба на кожните тестови
Кожните тестови често се употребуваат за дијагноза на алергиски болести како алергиски ринит, алергиска астма и дерматит. Кожните тестови се безбедни за сите возрасти, вклучувајќи мали деца и постари лица.
Сепак, во некои случаи, кожните тестови не се препорачуваат, како на пример при :
  • Земање лекови кои влијаат на резултатите од тестовите. Во овие лекови спаѓаат кортикостероиди, антихистаминици, многу антидепресиви и  др. Во зависност од состојбата на пациентот, докторот може да одлучи дека е подобро да се продолжат лековите, отколку привремено да се прекинат заради изведување на тестовите. Обично тоа е кога симптомите на алергија се силно изразени, така да кожните тестови се одлагаат за период кога болеста ќе се стави под контрола.
  • Присуство на тешка болест. Доколку кожни болести како псоријаза, екцем, зафаќаат големи делови од кожата на рацете и грбот, вообичаените места за изведување на кожните тестови, можно е да нема доволно голема незафатена површина за изведување на тестовите.
  • При постоење на силна преосетливост кон некој алерген. Осетливоста кон некој алерген може да биде толку голема, што минимални количини на тој алерген можат да предизвикат тешка, животозагрозувачка алергиска реакција-анафилакса.

Во случај кога кожните тестови на можат да се изведат, се изведуваат лабораториските тестови ( in vitro allergen-specific IgE antibody tests). Иако овие тестови се прецизни како и кожните тестови, тие се изведуваат поретко затоа што се помалку сензитивни и поскапи.

Подготовка
Пред закажувањето на кожните тестови, вашиот лекар мора да ги знае сите лекови кои ги земате, дури и оние кои се купуваат без рецепт. Некои лекови може да ја сопрат алергиската реакција и со тоа резултатите од тестот да бидат неточни! Други лекови пак можат да го зголемат ризикот од тешка алергиска реакција.

    * Бидејќи лековите се метаболизират, се чистат од телото со различна брзина, можно е вашиот лекар да побара да престанете да ги земате лековите за извесен период.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 21:54
ALERGIJSKI REAKCII - PRICINI

Mozebi MASTITE i PROTEINITE od MLECNITE PROIZVODI se ODGOVORNI za nekoi vidovi na ALERGIJSKI REAKCII. Vo tekot na mnogute godini, jas, Michio Kushi, davav soveti na mnogu luge koi od nekakva pricina bile alergicni na integralnite zitarki. Spored moe mislenje ( Michio Kushi ), lugeto se ALERGICNI na GLUTEN ili DRUGITE SOSTOJKI na - psenicata, ovesot, pcenkata, ili proizvodi od integralno brasno - verojatno uste od raganje KONZUMIRALE redovno ili premnogu MLECNI PROIZVODI ili redovnop ili premnogu RAFINIRAN SEKER. A kolkava e taa kolicina ? TOa e BILO KOJA KOLICINA, ako postoi alergicnost na integralnite zitarki. Najverojatno deka problemot pocnuva vo najranoto detstvo.

Na bebinjata koi se hranele ili se hranat so KRAVJO ili VESTACKO MLEKO na cucla - im NEDOSTASUVA KOLOSTRUMOT na nivnata majka, mlekoto koe se laci nekolku dena po raganjeto na bebeto. KOLOSTRUMOT e potreben da STVORI JAK IMUNITET i ZDRAVA CREVNA FLORA pred bebeto da bide podgotveno da ja vari vo zeludnik cvrstata hrana. Bebinjata hraneti od shishe ppodlozni se na bolestite vo detstvoto a podocna na alergiskite reakcii, osobeno ako i ponatamu konzumiraat redovno ili preterana kolicina na MLECNI PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER.

KONZUMACIJATA na MLECNITE PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER mnogu godini, dodveduva do PROMENA vo KELIITE na ZELUDNIKOT i CREVATA, vklucuvajki gi i RESICKITE vo tenkoto crevo ( mali strukturi slicni na pipki koi se zadolzeni za apsorpcijata na hranata ). CELOKUPNIOT ORGANIZAM mozda se PRILAGODUVA na POGOLEMITE MOLEKULI na ZIVOTINSKIOT PROTEIN od MLEKOTO i IZOBILSTVOTO na KALCIUM i drugite hranlivi materii vo kravjeto mleko. Istovremeno, mozebi doaga do NEPOVOLNI REAKCII NA voobicaenite INTEGRALNI ZITARKI - tie reakcii gi narekuvame ALERGIJSKI REAKCII.

Ako ste ALERGICNI na GLUTENOT od ZITARKITE, osobeno na toj od - psenicata, ovesot ili pcenkata - obidete se da gi ZAMENITE so - INTEGRALNIOT ORIZ ili PROSOTO - koi SODRZAT pomalku GLUTEN. Istotaka, ZGOLEMETE ja kolicinata vo ishrana na zelencukot i jadete poveke mahunarki, kako i proizvodi od niv. Postepeno SMALUVAJTE ja kolicinata na MLECNITE PROIZVODI i HRANA so RAFINIRAN SEKER i slicno, dodeka ne bidete vo sostojba POTPOLNO da gi IZBEGNUVATE. Za nekolku nedeli, obidete se da jadete malku GLUTEN od INTEGRALNITE ZITARKI. Postepeno, mozebi ke vi bide mozno da gi svarite i apsorbirate integralnite zitarki BEZ NIKAKVI neprijatni ili ALERGIJSKI REAKCII.

od kniga " The Macrobiotic way", By Michio Kushi
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.