IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Замоци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Замоци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2014 во 15:14
Фасцинантна зимска идила: Најубавите дворци во Европа

Зимата веќе на големо пристигнала во северната хемисфера, а снежната идила во одредени краишта на Европа секогаш нуди живописни пејзажи во кои што маестралните градби се издигнуваат во посебно светло.

Сакате оваа зима да уживате во снегот и воодушевувањето на неверојатни градби?! Тогаш одлучете се вашето зимување да го поминете разгледувајќи ги најубавите дворци во Европа, кои под снежната покривка, изгледаат уште попрекрасно. 

Имено, интернет порталот ”TravelOverTheGlobe” објавил листа од најубавите дворци во Европа, на па списокот се најдоа маестралните градби од Велика Британија, Германија, Чешка, Шпанија и други земји. 

Доколку не сте во можност да ги посетите, преку фотографиите во продолжение барем за миг заминете на магичната прошетка. 

1. Дворецот “Neuschwanstein” во Германија


2. Дворецот “Howard” во Јоркшир


3. Дворецот “Alcazar of Segovia” во Шпанија


4. Дворецот “Swallow’s Nest” во Украина


5. Дворецот “Chateau de Pierrefonds” во Франција


6. Дворецот “Rochester” во Англија


7. Дворецот “Schloss Moritzburg” во Германија


8. Дворецот “Prague Castle” во Чешка


9. Дворецот “Balmoral Castle” во Велика Британија


10. Дворецот “Miranda” во Белгија


11. Палатата “Catherine” во Русија


12. Дворецот “Hohenschwangau” во Германија


13. Дворецот “Craigievar” во Шкотска


14. Дворецот “Alnwick” во Нортамберленд


15. Дворецот “Peleș” во Романија



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 13:05

The Swallow's Nest, Украина

Овој мал декоративен дворец е сместен на југот на Украина меѓу Јалта и Алупко,а изграден е на карпа на височина од 130 метри.

Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 07:05

Нојшванштајн - замок во Минхен кој ќе ве остави без зборови


Нојшванштајн во превод  „нова лебедова карпа“ е замок во Минхен кој воодушевува со својата инфраструктура и внатрешен ентериер.

nojsvanstajn-zamok-vo-minhen-koj-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-01

Во замокот не било дозволено да влегуваат посетители, но после смртта на неговиот сопственик кралот Лудвиг во 1886, тој бил отворен за јавноста. Оттогаш до денес замокот бил посетен од над 50 милиони луѓе. Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија.

Дворецот се состои од стражарница, пергола, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок со две кули на западниот крај. Целата композиција има театрален ефект, како од надворешноста, така и во внатрешноста.

Влијанието на кралот е насекаде очигледно, особено бидејќи бил силно заинтересиран и зел активно учество во дизајнот и украсувањето.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 16:57

Alcazar Caste in Segovia, Spain




Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 22:15

Француски дворец – олицетворение на аристократија и на луксуз


Spektakularni-francuski-dvorac

Американски дизајнер на ентериер го купи овој прекрасен дворец во долината на Лоара и го трансформира во исклучителен, аристократски дом. Замокот е изграден во 1764 година, а дизајнерот Тимоти Кориган го преуредил за да одговара на оригиналниот ентериер. Во ентериерот преовладуваат класични елементи. 

Spektakularni francuski dvorac slika2

Луксузот се огледува на сите страни. Од големиот салон, како и од многуте други простории, има поглед кон раскошната градина, која француската влада ја реставрира и ја отвора за јавноста 6 пати годишно. Декорацијата на ѕидот е богата, а орнаментите ги врамуваат прозорците и вратите.

Spektakularni francuski dvorac slika3

Во таканаречениот Кинески салон може да се видат оригинално насликани ѕидни панели од 18-от век, кои прикажуваат сцени од животот во Кина, онака како што го замислувале од Западот.

Главната трпезарија е формална, а ѕидовите се во розова-пинк боја. Помалата трпезарија е украсена со таписерии од 17-от век и витрина од дрво од роза, како и англиска маса од 19-от век со столчиња во стилот на Луј XVI.

Spektakularni francuski dvorac slika4Spektakularni francuski dvorac slika5

Кориган во кујната ги задржал оригиналните елементи, како што е каминот од гранит, а ѕидовите ги украсил со бакарни садови и порцелански чинии.

Лустерите во ентериерот се многу раскошни и повеќето датираат од 19-от век. Уметничките дела, како што се сликите и скулптурите, исто така датираат од 18-ти и од 19-ти век.

Spektakularni francuski dvorac slika6Spektakularni francuski dvorac slika7

Spektakularni francuski dvorac slika8



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 22:11

Најубавите дворци на светот


Најпознатите дворци биле инспирација за многу бајки, легенди, и митови. Некои од нив се Камелот на кралот Артур и замоците на Пепелашка и на Заспаната убавица, чии мотиви може да се најдат во парковите низ светот.

Dvorac Konvi

Уживајте во преубавите фотографии од некои од најубавите дворци во светот.

Казр Карана 

Казр Карана е еден од најпознатите пустински дворци, сместен во денешен југоисточен Јордан.

Kazr Karana

Изграден на крајот од 7-от век, овој замок претставува еден од најраните примери на исламската архитектура во регионот. Поради ограничувањето со снабдување со вода, дворецот Казр Карана се користел повремено, а се смета дека бил место за состанок на Бедуините.

Конви

Дворецот Конви е изграден меѓу 1283 и 1289 година, за време на воените походи на кралот Едвард I во северен Велс.

Konvi dvorac

Шест години подоцна дворецот го опседнал последниот принц од Велс. Опсадата траела неколку месеци кога снемале залихи од храна, така што дворецот и градот не биле освоени. Проценето е дека на изградба да дворецот и на одбраната на градот се потрошени околу 15.000 фунти (што денес би изнесувало 162 милиони).

Бран

Сместен во Романија, дворецот Бран обично се нарекува „дворецот на Дракула“, иако Влад Цепеш никогаш не го сметал за свој дом.

Дворецот првпат е користен во 1378 година во борба против Отоманското царство, а подоцна станал царинарница меѓу Трансилванија и Валахија.

Dvorac Bran

Влад Цепеш, историска личност искористена во романот на Брам Стокер, всушност никогаш не живеел во Бран, но поминал два дена заклучен во темница во кулата кога Трансилванија била под Турците.

Хајделберг

Дворецот се наоѓа во ридовите северно од Хајделберг, на висина од 80 метри, од каде има поглед кон стариот дел на германскиот град.

Рушевините од замокот се вбројуваат меѓу најважните ренесансни градби северно од Алпите, а нивната историја била бурна откако е изграден првиот замок во 13-от век.

Hajdelberg

За време на Триесетгодишната војна во 17-от век Французите сосема го уништиле, а во 1764 година во дворецот удрил гром, па неговиот камен е користен за градење нови куќи во Хајделберг.

Благодарение на многубројните градби и на реновирањето, денес дворецот се одликува со различни архитектонски стилови што му дава посебен шарм.

Високиот Кенигсберг 

Дворецот Високиот Кенигсберг е сместен на стратешка положба на високото брдо од каде се гледа рамнината Алсатиан во планините Вогези во Франција.

Visoki Kenigsberg

Користен е од средниот век, па до Триесетгодишната војна, кога шведските војници го запалиле и го ограбиле дворецот по опсадата од 52 дена. Потоа неколку стотина години бил запуштен.

Во 1899 година германскиот цар Вилхелм II го вратил во првобитната состојба, а Франција го запленила дворецот по Првата светска војна.

Шијон

Сместен на преубаво место меѓу брегот на Женевското езеро и Алпите, дворецот Шијон е најпосетен историски споменик.

Замокот се состои од 100 посебни градби кои постепено се поврзувани и сега прават целина.

&amp;amp;#352;ijon

Во средината на 12-от век во дворецот живеел грофот од Савоја, а за време на 13-век замокот значително бил проширен.

Дворецот никогаш не бил под опсада, но сменил многу сопственици.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:36
                           Лебедовиот камен, еден од најубавите дворци во светот
На врвот на карпите над клисурата, пет километри источно од Фусен, се издигнува еден од најбајковитите дворци во светот, "Neuschwanstein" или Новиот лебедов камен.
Иако наредбата на кралот Лудвиг Втори, кој го изградил замокот, била истиот да се сруши по неговата смрт, за среќа неговата желба не била исполнета, па на светот му останала уште една неверојатна градба, а Волт Дизни токму во овој замок ја пронашол инспирацијата за дворецот на Трнорушка.


Новиот лебедов камен е доказ дека соништата се остваруваат, а овој дворец некогаш бил само сон на малиот принц Лудвиг. Според зборовите на неговиот дедо Лудвиг Први, малечкиот принц уште од својата шест годишна возраст градел "изненадувачки добри градби" додека си играл со парчиња дрво.

Додека растел, младиот престолонаследник многу учел од својот татко, кралот романтичар Максимилијан Втори, кој во текот на обновувањето на старите резиденции не ангажирал градежници, туку театарски сликари.


Токму затоа малечкиот принц Лудвиг растел "заразен" од воодушевувачките легенди кои што биле насликани на ѕидовите на нивниот дворец, а од големиот број на јуначки легенди, една особено се издвојувала, а тоа била Легендата за лебедовиот витез Лохенгрин.

Лудвиг го наследил тронот кога имал само 18 години, по смртта на неговиот татко во 1864 година. Младиот крал наскоро одлучил да ги оствари своите детски сништа и го изградил замокот кој се вбројува во оние најубавите кои што светот денес ги има.


Првата градба која тој ја дизајнирал и изградил бил комплексот згради Херенчимс, потоа ја изградил кралската палата Линдерхоф и на крајот го изградил најубавиот од сите, дворецот "Neuschwanstein".

"Кога и двајцата веќе одамна ќе бидеме мртви, нашето тело на идните генерации се уште ќе им биде пример", напишал своевремено кралот Лудвиг. Затоа што дворецот бил градба од неговите соништа, за истиот кралот одбрал и локација од бајките, па во стилот на витешките дворци, изградбата на "Neuschwanstein" била планирана на карпите.


Како и својот татко, Лудвиг повеќе им верувал на сликарите отколку на градежниците, па затоа го ангажирал театарскиот сликар Кристијан Јанк за изработка на плановите и на 5 септември 1869 година бил поставен камен темелникот.

За Лудвиг, овој дворец не бил негов дворец, туку бајковит замок на лебедовиот витез Лохенгрин. Иако сликарот Јанк првобитно ја дизајнирал палатата како трикатна готска градба, Лудвиг за кратко време ги променил плановите и одлучил да направи романтичен дворец со пет ката, пред се затоа што верувал дека така повеќе одговара на легендата.

















Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:34
                         Бајковит дворец во кој гостувал и Нострадамус


Градбите од минатото отсекогаш ги воодушевувале луѓето и претставувале слика за неверојатната креативност на нашите предци, а уште еден во низата на дворци кои не враќаат во минатото и не потсетуваат на бајките е и дворецот "Château de Chaumont".
Во прекрасна природна оаза, на оддалеченост од околу 200 километри јужно од Париз, помеѓу градовите Тоурс и Блоис и на околу 40 метри оддалеченост од брегот на реката Лоара, се наоѓа магичниот дворец "Château de Chaumont".


Овој бајковит дворец бил изграден од страна на Одо Први, гроф од Блоис, уште во 10-от век, а откако Пјер Ди Амбоис се побунил против кралот Луј Единаесетти, тој наредил уништување на оваа градба. По повеќе од 4 векови, односно во периодот од 1498 до 1510 година, Чарлс Први Ди Амбоис наредил дворецот да се обнови и истиот останал недопрен се до ден денес.

Катарина Медичи го купила дворецот во 1560 година, само една година откако нејзиниот сопруг Хенри Втори починал. Нејзините гости во тоа време биле бројни познати астролози и пророци, а најпознат бил Нострадамус. Потоа, дворецот променил неколку сопственици кои што дополнително го декорирале, а еден од нив дури истиот го претворил и во фабрика за стакло.


Сепак, "Château de Chaumont" добил заштита како споменик на културата дури во 1840 година, а во државна сопственост преминал во 1938 година. Денес дворецот е претворен во музеј и истиот е отворен за јавноста.

Секоја година, во периодот од април до октомври, во овој бајковит дворец се одржува Дворскиот фестивал, а во текот на истиот современите дизајнери ги уредуваат дворовите на дворците во стилот на англиските градини.


Во продолжение уживајте во виртуелната прошетка низ овој неверојатен дворец преку видео снимката и фотографиите, се додека еден ден не добиете можност истиот да го посетите.


















Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:27

Мистичност и бајка: Волшебни замоци во зима

Мистичност и бајка: Волшебни замоци во зима
Како што зимата се приближува на северната хемисфера и ноќите се смалуваат, нашите мисли се насочуваат кон убавината на мразот и снегот.За создавање на совршена  фотографија, особено во постудените делови на светот, потребен е добар апарат, локација, умешност и иновативност. Фотографите  често се впуштаат во оддалечените пустини во потрага по совршен зимски пејзаж. Нивната награда се зачудувачки слики. Денес ние ќе ве запознаеме со  неверојатна колекција на замоци во текот на зимата.

Јоркшир

1

 

Германија

2

Германија

3

Англија

4

Шкотска

5

Англија

6

Романија

7

Германија

8

Нортамберленд

9

Чешка

10

Франција

11

Шпанија

12

Русија

13

Англија

14

Украина

15

Белгија

16

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:23

 Замокот Алказар, во Сеговија, Шпанија



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:20

Спектакларен замок – Ластовичко гнездо


Сместен врз работ на 40-метарска карпа, овој неоготски замок сигурно е последното што очекувате да видите во Крим. Замокот Ластовичко гнездо (на англиски Swallows Nest) се издига на скалата Аурора во близина на Јалта како љубопитен спомен од царската Русија.

Првично тука се наоѓала мала дрвена куќичка изградена по наредба на руски генерал околу 1895 година.  Неколку години подоцна имотот бил  купен од лекарот на кралот, а потоа станал  сопственост на германски индустријалец. Токму тој ја срушил  куќата и на нејзино место изградил палата во неоготски стил, што е исправена на карпите и до денес.

Средновековниот замок  бил изграден буквално на работ на карпата, со тоа што  делови од балконите му лебдат  во воздухот. Целата зграда изгледа како во секој момент  да ќе се преврти во Црното Море.

Иако  издржа земјотрес од 6,7 степени по Рихтер  во 1927 година, самата зграда не е сериозно оштетена, но истото не важи за скалата на која се наоѓа. На неа се појавува голема вертикална пукнатина и Замокот е затворен за посети повеќе од четири децении, бидејќи се смета за опасен.

Во 1968 година започна реновирањето на зградата во обид да се направи безбеден за посети. Инженерите додадоа голема бетонска плоча во карпата, за да се затнат  пукнатините  формирани од земјотресот. Во 1975 година во замокот е отворен италијански ресторан, кој работи и до денес. Поради локацијата  тврдината била користена  во бројни советски филмови. Денес таа е една од најпознатите туристички атракции во Украина.




Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 23:19
Schwerin Castle






Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 16:51
Burg Gudenau, Germany







Изменето од evangeline - 16.Февруари.2014 во 16:52
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 16:49
Bodiam Castle – East Sussex England

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,191 секунди.