![]() |
|
Даме Груев |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Автор | |||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ОООООООООООООО нели
![]() |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
I toj li od bugarska, Bugi?
PS da de, neli se Bugarite turkomongoli. Turci, Bugari, isto e. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Или пак колку може ја запира и за тоа е убиен „уви од Бугарска рака„
![]() |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Очигледно е дека еден егзархистки учител и инспектор на училиштата не може да "запира бугаризациjата".
![]() |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ништо не е точно,комунистите уште не лажат
![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дали е точно напишаното? |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дамјан Јованов Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер и национален деец. Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата македонска револуционерна организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.
Само неколку личности од илинденскиот период во народот останале врежани како нивни апостоли и водачи. Првиот апостол е Гоце Делчев, а вториот е Даме Груев. Еден со друг се надополнуваа. Мајка им беше Македонија. Целиот свој живот и го посветија, и на олтар го положија, загинаа за Македонија. Даме груев е роден во 1871 год. во с. Смилево, Битолско. Татко му Јован бил по професија ѕидар. Се претпоставува дека имал мијачко потекло, од с. Селци. Основно учлшпте завршил во родното село. а гимназија, од I до IV клас, во Битола, од V и VI клас во Солун, во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во 1887/1888 година учествувал во големиот бунт на учениците на солунската гимназија, за запирање на бугаризацијата и за настава на македонски народен говор. Во јануари 1888 година, заминува со поголема група од 19 души, меѓу кои Петар Поп Арсов, во Белград. Образованието го продолжува во Гимназијата во Белград, каде учествува во бунтот против режимот на србизација на македонските ученици. Во 1891 година оди во Софија, каде студира историја на Високото училиште. Идејата Даме целосно да се посвети на македонското дело, особено доаѓа до израз за време на неговите студии во Софија. Верен на идејата која го водеше, за афирмирање на македонската национална посебност и за одбрана на македонските национални интереси, со неколку македонски студенти формирал група, која дејствувала под името Млада македонско книжевна дружина (ММКД). Група во која биле Петар Поп Арсов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и др., го издавала списанието “Лоза”. Во Софија со неколку истомисленици од кругот околу „Лоза“, создаваат „Дружба“ , чија цел им е по завршувањето на учењето да се приберат во Македонија, каде имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Среде тој интимен круг се раѓа идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Во Софија главните членови на „Дружбата" беа Хр. Поп Коцев, Д, Мирчев, Никола Дејков и Поп Арсов, кои со Даме се стремеа да бараат примена на член 23 од Берлинскиот договор. Даме Груев, кој во овој период е доста активен (членува и во социјалистичката група), станува сомнителен и по убиството на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев, веднаш бил затворен заедно со неколку другари. Во затвор поминува 15 дена, по што бил ослободен. Во меѓувреме додека бил во затвор, поради неговите напредни идеи, агитирањето и одбивањето да служи војска, Даме груев во 1891 година бил исклучен од Високото училиште. Веднаш по излегувањето од затвор, Даме Груев во април 1891 година се вратил во Македонија. Кога доаѓа во Битола, одвај имал 20 години, но веќе имал јасна свест за тоа што треба се направи за остварување на големата идеја за ослободување на Македонија. Формирал револуционерно друштво од младите учители. Слично како и во Софија, Даме уште во текот на летото во Битола формира „Дружба", во која на почетокот беа: Лука Џеров (од Битола, беше заврпшл V или VI клас во солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учигел), Дуртанчев (учител, род. од Битола), Никола Кочов (учител од Битола) и др. Пристапиле кон изработка на устав, но тогашниот архнмандрит, владиката Козма, го попречил натамошното јакнење на Дружбата. На Груев не му било дозволено да остане во Битола, па откако бил назначен за егзархиски учител во родното место, прво заминува во Смилево каде држи Школо за возрасни, а потоа, во 1892 година, заминува во Припеп. По доаѓањето во Прилеп, Даме наидува на козервативна средина кај неговите колеги, учители, кои го попречуваат во неговата револуционерна дејност. Набрзо сфатил дека за развивавње на револуционерната свест треба плодна почва, а во тоа време, најпогоден бил Солун затоа во летото 1893 година се вратил во Солун каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев. Груев со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирале Македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев (двајцата учители) и д-р Христо Татарчев (лекар) и ги поставиле основите на Македонската револуционерна организација. Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун, а на конститутивниот состанок на 7. I 1894 година Груев станал прв секретар на Централниот Комитет. Одамна свесен дека без културна слобода и издигнување нема ни национално ослободување, од Солун во 1894 година заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука за првпат се сретнал со Гоце Делчев (учител во штипското Ново Село) и Туше Делииванов. Како учител, близок до народните маси, заедно со неговите истомисленици, работел на организирање на населението за остварување на долгоочекуваниот сон. Во летото 1894 започнал да ги формира првите ревулуционерни комитети. По разговорите во Софија со раководството на Врховниот комитет на македонската емигрантска организација во Бугарија и во Цариград со егзархот во 1895 година се уверил дека Македонската револуционерна организација не само што неможела да смета на поддршка туку и претстоело жестоко конфронтирање. Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, цели шест години Груев неуморно ја обиколува Македонија и го организира населението примајќи нови приврзеници, според прописите на Уставот. Во 1895 година бил назначен за училишен инспектор и се враќа во Солун. Се активира во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Османлиските власти во 1898 година го протерале во Битола, каде што бил уапсен во месец август 1900 година, во врска со Попставревата афера. Осуден бил на 10 години затвор. Од затворот во Битола ја продолжува својата активност. Одржувал врски, давал инструкции и раководел со Месната организација. Во мај 1902 година, бил префрлен од Битола во затворот во Подрум-Кале (Мала Азија), каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. Десет месеци потоа (март 1903) бил амнестиран и се вратил во Македонија (во Смилево). Кратко време потоа заминал во Солун, каде што имал средба со Гоце Делчев. Делчев никако не успеал да го наговори Груев за отповикување на јануарската одлука на ЦК на ТМОРО за кревање неподготвено востание. Груев не отстапил и пред силата на аргументите и пред инсистирањето на Делчев. Преземајќи ја фаталната одговорност, разговорот со Делчев ќе го заврши со зборовите: „Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“ Сигурно бил свесен за сите околности околу Востанието, но и за тоа дека Македонија, последна на Балканот, ја добива шансата да биде ослободена и да формира, по долго време, своја држава. Сепак, Илинденското востание, со кое практично раководеше тој, ќе остане забележано како восташе во кое е формирана првата република на Балканот. На Смилевскиот конгрес одржан на почетокот на мај со кој претседавал Груев, бил избран Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ. Меѓу членови на Главниот штаб, Анастас Лозанчев, Борис Сарафов, бил избран и Даме Груев, кој бил задолжен за бранење Смилевското подрачје. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на Илинденското востание. Самиот чин на кревање на востанието на 2 август 1903, Даме Груев го доживеал како историски миг за македонскиот народ, кој бил решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. Но во борбата за национално ослободување ги доживеал и ужасите на страдањата на својот народ. На 14 август одбраната на Смилево била пробиена, а востаниците заедно со народот се повлекле на повисоките места на Бигла планина. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето. Духот на Востанието ќе се преточува и за време на НОБ, кога, покрај другото, и многу партизански единици ќе ги добијат имињата на великаните од илинденскиот период: Гоце, Даме, Јане... Илинден ќе стане симбол на македонскиот непокор и светилиште за сите оние, без оглед на народноста и други предзнаци, на кои слободата им е во преден план. Даме си остана чист македонски национален револуционер. Веруваше дека Европа ќе помогне во ослободувањето на Макеоднија. Но како и други пред него се излажа. По Востанието Груев останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Се застапувал да продолжи да функционира Организацијата, централизирана како тајна држава во османлиската држава, како „подземна Република“. Во 1905 година претседавал на Општиот конгрес на Револуционерната организација и бил избран за член на Централниот комитет. Сакал да се надминат поделбите но постигнатото единство на Конгресот траело кратко. Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај с. Русиново (Малешевско). Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во с. Смилево. ![]() ![]() ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ајде де???
Значи кога цитираш нешто тоа се прави со целото дело а не само одреден дел??? Еурека од страна на каснаковски. ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Самиот факт што има нешто пропуштено, зборува дека авторот на текстот намерно покажува само тоа што му одговара.
Како беше и со интервјуто на Никола Карев. |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Kasnakovski што пиши овде .....................
Јас мислам дека пиши дека вие немате врска но мора некој да ја брани бугарштината ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Што ли пишува во интервјуто на местото на (…) Можеби нешто во овој дух?
Тоа што најмногу ме изненади е следното
Јас го разбирам како отказ на Организацијата да делува во некои реони на Македонија, кои треба да биле сецело посрбени. |
|||
![]() |
|||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
poinakov pogled, novi dokumenti, novi nastani
crno belo, ednostravno bile predstavuvani inakvi soznanija balast na vremeto socialni stereotipi inakov nachin oti be? puzzelot ne izleguva i sega go vrtite ![]() vrtete vrtete ![]() Изменето од d4 b3 - 22.Јули.2010 во 07:01 |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Шпионов во Скопје му јавил се за мене на валијата Хафаз-паша. За да провери, по една недела валијата го праќа назад во Штип, со уште двајца, од кои едниот бил јаверот на валијата, јузбашија, а другиот помошник на бинбашијата. Се облекле во востанички облеки, заправо во арамиски. Во моите проповедања имаше и загатнувања и за идните акции, и тие нарочно се облекле така. Дојдоа во Штип. Јас ги видов од кафеаната, кога стасаа со колата. Се сместија во анот. Во мене се роди недоумица. Отидов да ги видам. Кога ги запрашав зошто дошле, одговорија дека за нив нема опасност, затоа што патувале под изговор дека се трговци, за Кочани, и дека тој нарочно го има доведено, за да ми ги претстави мене и да им дадам упатства. Поверував. На првата средба шпионот ми го претстави помошникот на бинбашијата, чист Турчин, што добро знаеше српски.Тој ми објасни, дека откако убил еден Турчин, дванаесет години живее во Србија, па заборавил бугарски. Беше убавец, личен. Другиот негов другар се престори дека е болен и не се ни појави, затоа што и не знаел бугарски, а се виѓаваше дека е Турчин. Беа дојдени кај мене дома,токму кога кај мене дојдоа и селани од с. Немањец, за да ми се оплачат што ги снашло, а токму дека некој непознат човек им подметнал писмо. Заедно со нас и шпионите зедоа да го окаруваат султанот. Дотука за се беше запознаен и учителот Калајџиев (штипјанец), со кого заедно бевме кај учителот Кралев во с. Балван, а пак и сега при овој случај беше пак кај нас. Турчинот - што се претстави под име Стојанов, божем „братучед“.- се увери во вистинитоста на поткажувањето. Ги задолжив да дојдат утредента на ручек кај мене. Утредента претпладне, по распуштањето на црквата, отидов пак во анот, да ги нагледам. Пак вториот Турчин (јаверот) не излезе, - се така уште бил болен. Јас пак верував. Се сместивме на балконот од анот, да се напиеме. Токму тогаш дојде учителот Кралев на коњ, придружен од еден суварија, што во рацете држеше едно бело торбуле, запечатено; внатре во торбулето беа неговите книги, што му ги собрале откако направиле претрес кај него дома. Го водеа под истрага. Бидејќи суваријата ми беше познат, ги поканив да дојдат горе кај нас. Кога учителот се ракуваше со „Стојанова“, разбрав дека не го познава, и тогаш брат му, за да ја поправи грешката, почна да му објаснува кој е тој и што му е и каков е. Јас се вчудовидев, дека за некој „братучед“ треба толку да се објаснува кој е и што е. Во мене се јави сомневање. За да можам да се уверам , го натерав учителот да седне до мене. Кога заврши со ракијата (а во сето тоа време нашиот „Стојанов“ туку постојано гледа в земји), го искористив случајот, и го пратив шпионот да отиде да порача друга ракија, Во тоа време го нагазувам со нога по нозете учителот, и го запрашувам со ишарет – за „Стојанова“ - што човек е. Овој ми даде знак дека тој е човек во кого не треба да се има доверба. Разбрав дека сум паднал во стапица. Туку си реков дека е поумно да не се искажувам одеднаш. Оттаму суваријата го одведе учителот во зградата на управата, а јас по малку време се разделив и се упатив право дома. Дојден дома си, наскоро набрзина ги собрав сите весници и книги. Јас се допишував со луѓе од Кнежевството, имав револуционерни книги и весници од Бугарија, и ги пренесов сите во други куќи. Во меѓувреме му јавив за сета работа и на учителот Калајџиев. Овој, семеен човек, мошне се исплаши. Тие, Турците, не поканија на ручек, и јас отидов таму. Учителот Кралев го пуштија од управата и само книгите му ги беа задржшале. Ме повикаа мене да ги прегледам, - месната управа, значи не беше упатена во тајната раководена од Скопје, - и јас ги успокоив, дека нема ништо, откако сокрив во ракавот две-три компромитирачки писма. Момчево, Кралев, сам си беше смислил своја шифра - беше остроумно момче, - бидејќи јас му бев велел дека кореспонденцијата ќе се води шифрирано. Да забележам само дека Кралев минатата година беше убиен како востаник.
Спомени-Даме Груев |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |