![]() |
|
Хитлер, нацистите и македонското прашање |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 10> |
Автор | |||
Ташко ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
А на пречекот на вашите создатели Русите заборави ли? ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Македонија вечна
|
|||
![]() |
|||
Ташко ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Чисто да не се заборави бисеров! ![]() ![]() ![]() |
|||
Македонија вечна
|
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сончогледи :)
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Белграѓани пожелуваат добредојде на бугарската војска „Да живее братската бугарска војска“ - така Белграѓани ги пречекале своите соседи. Бугарија учествувала во Втората светска војна на страната на антихитлеровската коалиција меѓу септември 1944 и мај 1945 година. Бугарската војска, заедно со југословенските партизани и делови од Третиот украински фронт, се борела на југословенска, унгарска и австриска територија. Истотака и Скопjани пожелувале добредојде на бугарската војска... |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да бе да... до 1944 Германците биле братјата нивни, а после 1944 Русија била мајката повторно ... хехехехехе.. хумор и сатира на едно место.. да не се смеев на нивната мака, ќе требаше да плачам на нивната глупавост ...
|
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
![]() |
|||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ке треба
востанието треба да се вика востание против коокупаторот оти некой ке помисли дека е против германците |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Твојот предлог ќе се разгледа.
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Ја ослободивте од бугарите
![]() ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ние ослободивме Македониjа през октомври 1944 г. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
дополнителни окупатори
демек коокупатори е точниот термин бе сега го воведувам Изменето од d4 b3 - 20.Октомври.2012 во 11:33 |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
А вие не бевте ослободителите?
Одлична логика имате. Кога се работи за слава тогаш вие ја ослободивте Македонија , а кога се работи за критика тогаш Германците ја ослободија Македонија , а вие бевте само нивни слуги. |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
http://vecer.com.mk/?ItemID=BDD37589D952A84997797191C10EC4E6
Пред промоцијата на филмот Трето полувреме" бугарските политичари и историчари тврдеа дека филмот е тенденциозен и измислува дека тие биле окупатори и фашисти. Сепак, документите издадени од бугарската држава за македонските граѓани во времето на бугарската окупација 1941-1944 сосема прецизно покажуваат дека бугарската држава била фашистичка, била окупаторска и издавала документи кои го потврдуваат токму тоа. гледам глеам и што да видам пишува дека лицето "е на работа при стоящото под германско управление минно предприярие" |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Евреинот што Хитлер го сакалПролет 1935 година во Германија, на чие чело веќе две години е нацистичкиот водач Адолф Хитлер. „Фиреровите“ планови се остваруваат беспрекорно: непречено владее со железна рака, опозицијата е уништена, а антиеврејската хистерија се ближи кон својот врв. Но токму тогаш избива скандал што се заканува да уништи сè. Хитлеровиот најголем пуританец за расните прашања, еден од најистакнатите водачи на Нацистичката партија, со членска карта бр 94, член на СС бр. 2 (Хитлер бил бр. 1), телохранител на Хитлер, затворски цимер и долгогодишен пријател, по потекло е – Евреин! Поради својот стар пријател Евреин Хитлер ќе ги погази сите свои антисемитски принципи. Поради него ќе ја загрози својата „ариевска“ репутација. Ќе се скара дури и со шефот на СС, Хајнрих Химлер. И сето ова, сепак, во него нема да разбуди ни трошка сочувство кон Евреите. Напротив, по само четири месеци Фирерот ќе ѝ го претстави на Германија озлогласениот збир Нирнбершки закони, кои практично ќе ја запечатат судбината на повеќе од шест милиони Евреи во Европа.
![]() Емил Морис со медалот што го добил како придружник на Хитлер за време на Минхенскиот преврат. Носел исти мустаќи како Хитлер, а и косата ја чешлал на патец, само на спротивната страна од Хитлер Приказната почнува во 1919, кога 30-годишниот Австриец по име Адолф Хитлер го запознал две години постариот Емил Морис, часовничар со француско потекло. Привлечени од антисемитската реторика на Партијата на германските работници, обајцата ѝ пристапуваат. Хитлер како член број 55, Морис со членска книшка број 99. Новите пријатели заедно се искачувале низ партиската хиерархија на наскоро преименуваната Национал-социјалистичка партија на работниците на Германија. Веќе во 1920 година Морис бил назначен за прв водач на воената дивизија во рамките на партијата, задолжен за безбедноста на нацистичките митинзи. Три години подоцна тој станал првиот телохранител на Хитлер, кој во меѓувреме застанал на чело на нацистите. Меѓу Хитлер и Морис се создавала сѐ посилна врска. Злобниците дури велат дека тие и многу личеле еден на друг. Морис практично бил разубавена верзија на Хитлер; обајцата ги имале карактеристичните мустаќи и коса чешлана на патец, само што Хитлер го носел на десната страна на главата, а Морис на левата.
![]() Хитлер и Морис (стои) со колегата-нацист Херман Крибел во затворот Ландсберг, во кој Хитлер ја напишал книгата „Мојата борба“ По неуспешниот Минхенски преврат во 1923 година, Хитлер и Морис биле уапсени за велепредавство и осудени на казна во затворот Ландсберг, во близина на Минхен. Популарноста на Хитлер веќе била во пораст, па тој и неговиот телохранител, затворски цимери, уживале во луксузна ќелија и примале неограничен број посети од симпатизери и од членови на партијата. ![]() Хитлер и Морис (прв и втор од лево) имале обичај во затворот да се облекуваат во иста традиционална баварска облека. Втор од десно е Рудолф Хес, уште еден истакнат нацист, кој со нив уживал во привилегираниот затворски третман Повеќето фотографии од тоа време ги покажуваат Хитлер и Морис како неразделни. Облечени во традиционална баварска облека, Хитлер обично бил сликан како седи, додека зад него стои верниот телохранител, најчесто насмеан. Во таквата идилична затворска атмосфера Хитлер ќе напише поголем дел од првиот том на „Мојата борба“ („Mein kampf“), неговата автобиографија и идеолошки, антисемитски памфлет. Хитлер бил во затвор само една година, а по ослободувањето со Морис ги основал озлогласените СС-трупи. Хитлер добил членска книшка број 1, а Морис број 2, и му останал прв телохранител и личен возач на Хитлер. Во параноичното германско општество од тоа време, почнале да се шират гласини дека Хитлер е хомосексуалец и дека не може да му одолее на шармот на својот убав телохранител. Таа теорија денес ја побиваат повеќето историчари и експерти, иако некои, како на пример германскиот историчар Лотар Махтан и американскиот психијатар Натаниел Лерман, продолжуваат да тврдат дека хомосексуалноста на Хитлер е „докажана без никаков сомнеж“.
Можеби Хитлер и Морис не биле хомосексуалци, но сигурно ја делеле страста кон една жена – внуката на Хитлер Ангела Раубал, ќерка на неговата полусестра. (Инаку, и самиот Хитлер е плод на љубовта меѓу двајца роднини – неговата мајка го родила во брачната врска со својот вујко.) Гели, како што ја нарекувале, имала 17 години кога во 1929 година дошла да живее кај „вујко Адолф“, тогаш веќе мошне познат. Хитлер набргу се вљубил во насмеаната девојка со широко лице, но поради политичката кариера не сакал да се жени. ![]() „Вујко Адолф“ посесивно ја придружувал својата внука на шопинг, во кино или на опера, секогаш кога имал време Кога и Гели конечно се вљубила, нејзиниот избор не бил Хитлер. Тој побеснел од љубомора кога дознал дека станува збор за неговиот добар пријател – Емил Морис! Избезумениот Хитлер го отпуштил Морис, а Гели ја направил затвореничка: таа не смеела без надзор да излегува од неговиот стан во Минхен, а тој лично ја придружувал на шопинг, во кино или на опера секогаш кога имал време. Скршена од депресија и под огромен психолошки притисок поради својот посесивен вујко, Гели Раубал на 18 септември 1931 се убила со пиштолот на Хитлер. Таа имала 23 години.
Во пролетта 1935 година Морис сакал да се ожени. Сите членови на СС, заради расната чистота, морале да бараат дозвола за женење, а за да ја добијат, тие морале да докажат дека наназад до 1750 година немале еврејски предци. На општ шок, проверката покажала дека Емил Морис имал еврејски предок, прадедото Шарл Морис Шварценбергер (1805 – 1896), основач на театарот „Талија“ во Хамбург. ![]() Фотографија со Хитлеровите омилени есесовци. Од неговата десна страна се гледа дека од сликата е „пречкртана“ една личност, чии чевли сепак се наѕираат. Станува збор за Емил Морис, чие постоење било отстранувано од документите на СС, кога било откриено дека имал еврејски предок Хајнрих Химлер, шефот на СС, барал Морис итно да биде протеран од СС; Хитлер не сакал ни да слушне за тоа. На крајот, тие се нашле на половина пат: на Морис му било дозволено да остане во СС како „почесен ариевец“, што е титула што Хитлер лично му ја доделил со свој потпис. Од друга страна, Химлер го избришал Морис од фотографиите и документите на СС и забранил кој било потомок на неговото семејство кога било да биде примен во СС.
![]() Емил Морис од Хитлер ја добил титулата „почесен ариевец“, со која живеел пријатно во нацистичка Германија и покрај своето еврејско потекло По напуштањето на работниот камп, тој работел како часовничар. Починал во 1972 година. Неговите роднини во подоцнежните години ги продале сите негови спомени од нацистичката ера, за 26.500 долари. Купувачот тврдел дека семејството сакало да се ослободи од нив по инсистирање на еден од Морисовите синови, кој преминал во ортодоксен јудаизам. По скандалот со еврејското потекло на Морис, Хитлер веќе не можел да одржува блиски контакти со својот пријател, но не го заборавил. Во деновите пред самоубиството во подземниот бункер во Берлин, жалејќи што не успеал да убие повеќе Евреи, во својата соба тој барал утеха во две фотографии – од својата мајка Клара и од својот стар пријател Емил Морис. Евреинот што го сакал. |
|||
![]() |
|||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Има некои кои што сакаат да го продолжат неговото дело и лик????
А и Ванчо Михајлов бил тука некаде! |
|||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |