IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - ГРАФОЛОГИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГРАФОЛОГИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 19:15

Неинформираните графологијата ја ставаат во групата на учења како астрологијата, хиромантијата и слични кои што даваат резултати врз база на информации кои не се во никаква корелација со карактерот на личноста.

Овие учења дават резултати кои се фиксни, а тоа значи дека карактерот на личноста не може да се промени и е однапред предодреден.

Графологијата нема никакви допирни точки со нив бидејќи се работи за сосема поинаква работа.

Графологијата се занимава со проучување на ракописот и тој дава психолошки портрет на личноста. Ракописот всушност не е дело на раката, таа само ги следи упатствата кои ги дава мозокот. Поради тоа секој процес кој се одвива во вашиот мозок влијае на начинот на кој ги пишувате буквите. Така ракописот ја рефлектира вашата психологија, вашата сегашна ментална состојба, вашето расположение, чувства и начин на размислување.

Со пишувањето, на хартијата не остануваат само буквите туку се издава и дел од она што се случува во внатрешноста на луѓето.

Графологијата дава информации за сегашната состојбата на авторот како и одредени влијанија од минатото кои влијаат на него, но воопшто не дава одговор за што ќе се случува во иднината бидејќи тоа е невозможно да се предвиди. Единствено ако знаете каква е личноста сега, ќе можете да знаете што можете да очекувате од неа во иднина.

Денес графологијата најчесто ја користат луѓето со цел да се запознаат подобро себеси и луѓето кои ги чувствуваат блиски. Многумина се обраќаат кај графолог за да дознаат дали личноста која ја одбрале за животен партнер е вистинската. Резултатите се вчудоневидувачки и често луѓето и не веруваат во тоа како е можно да се добие толку точна слика за нив и тоа само од неколку напишани реченици од нивна рака.

Графологија се применува и во процесот на вработување при оценување на квалитетите на потенцијалните нововработени. многу фирми во Франција, Холандија, Шпанија и Израел го применуваат овој метод за добивање на додатни информации за личностите кои конк*рираат за нивните работни места.

Многумина се разочаруваат кога неуспешно ќе ја проценат личноста во која толку многу верувале и вложиле многу љубов или кога ќе вработат личност поради која подоцна нивниот бизнис трпи загуби.

Затоа тука е графологијата која може да ви помогне за кратко да дознаете дали одредена личност има тенденција да лаже, да биде агресивна, да има страв од интимата, дури и да откриете дали станува збор за двојна личност................губитник



Изменето од bijonse1 - 27.Јули.2009 во 19:15
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 19:08
Inspirirana od TOX bi sakala da se zapoznaeme poveke za ovaa  nauka...

Што би рекле, доколку имате способност, во рок од неколку минути да откриете каков е карактерот на личноста која седи до вас?

Дали би сакале да знаете нешто повеќе за себеси или пак за вашиот партнер?

Дали имате потреба да знаете дали личноста која сте ја вработите во вашата фирма е вредна, лојална и способна да ја заврши навреме работата?

Ако одговоривте позитивно на барем едно од горниве прашања верувам дека сте заинтересирани како може да го постигнете тоа.

Најверојатно и вие сте еден од многумината кои не знаат нешто повеќе за графологијата. Тоа и не е чудно бидејќи кај нас, а и во повеќето други источноевропски земји, таа не е многу присутна. Накратко, графологија е наука која преку анализа на ракописот го одредува карактерот на авторот.




Изменето од bijonse1 - 27.Јули.2009 во 19:08
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.