IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Љубен Пауновски: Ми се заканува ликвидација!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубен Пауновски: Ми се заканува ликвидација!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 13:04
Добро е што птиците почнаа да пеат...
Не дека Паун е чист тој треба да крка затвор , ама ако ништо друго уште еднаш ќе не потсети на идеите на ЉуБчо бидејки како што гледам многумина го прославуваа после дуелот со Паско...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 12:57


Ако сакал некој да го ликвидира, ќе чекал толку години...
туку ај ........!!!
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
ABC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 371
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ABC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 17:23
Љубен требаше ова да го изјави пред 9 години,а не сега.Можеби му требаа 9 години да смисли “напад“ за одбрана,зошто има една изрека која вели дека -Нападот е најдобра одбрана.Морам да потсетам дека токму на денот кога беше сменет од функција,многумина наши бранители во тенковите влегуваа по патики,оти немаше соодветни чизми.А за парите кој беа дадени по “виртуелни паштети“ и станови кој никогаш не се изградија,можеше да се изградат барем две фабрики за чизми.Доколку јас се прашувам не би му ни дал право на одбрана со оглед на тогашната мизерна и парадоксална состојба на нашата армија со опремата.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 16:42
ЕКСЛУЗИВНО:Љубен Пауновски: Ми се заканува ликвидација!



Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски, кој треба да одлежи казна затвор од три и пол години поради злоупотреба на службената должност, вели дека може да биде ликвидиран во затворските ќелии. Причина за тоа се информациите кои ги поседува за периодот пред и за време на вооружениот конфликт во 2001 година. За целиот тој период раскажува во 45 минутно обраќање до јавноста. Тврди дека сè започнало во 2000 година кога од тајните служби на Армијата исчезнала опрема купена од Американците, а за која вели дека немал никаква информација.

“Во октомври 2000-тата година амбасадорот на САД со негови соработници побара средба со мене во врска со веќе набавената опрема за следење на комуникации од САД, која веќе била испорачана но не се знае каде е. За набавка на таква опрема прв пат слушнав тогаш од американскиот амбасадор. Началникот на разузнавање на АРМ беше повикан и пред амбасадорот соопшти дека знае за таква набавка, дека кај нив има некои елементи, но ги нема најбитните за кои не знае дали се стигнати. Дека мене не ме информирал и дека тоа била набавка од поред 1 година во мандатот на академик Никола Кљусев и неговиот претходник Сашо Мијалков. До почетокот на јануари 2001-ва истрагата што беше спроведена со низа писмени наредби немаше резултати ниту за опремата ниту за фирмата која била добавувач.Околу 10 јануари 2001-ва беше испратено писмо до МВР за да направи проверка во поштата и царината дали е влезена таква пратка во Македонија, бидејќи АРМ нема право да истражува во цивилните служби. По неколу денови во јавноста излезе аферата за прислушкувањето. Во МО и АРМ и натаму немаше сознанија зошто тоа се случувало, како и кој ја примал и каде биле софистицираните елементи.Потоа почна војната“

Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, по започнувањето на конфликтот во првата фаза, според Пауновски, не дозволил решителни акции против вооружените групи во регионот на Танушевци, иако армијата била подготвена за тоа.

„За време на воениот кофликт, АРМ за Танушевци подготви план за акција веќе 3-иот ден, но тој план беше дозволен дури по 30-тина дена. АРМ презентираше еден вид на информации, а МВР сосема друг. Два пати бев кај претседателот Борис Трајковски на разговор дека треба да се направи или итна политичка акција за да се дојде до причините и разрешницата, или безбедносна акција, и два пати од него беше речено дека и самиот гледа дека секоја вечер Георгиевски дава инструкции само да бидат ’освежени’ тие во Танушевци со минофрлачки проектили колку да се случува нешто, и дека нему му дава инструкции планот за акција да почека. Го предупредив дека ваквата тактика води кон провоцирање на широка внатрешна војна (кон провокација на таква војна и таков исход, по која ќе ја нема ниту Македонија ниту Македонците, но дека ќе заврши со меѓу-македонска војна), за што најодговорно тврдам дека ми соопшти дека е целосно свесен и е крајно загрижен за тоа“

Подоцна, продолжува екс-министерот, дошол предлогот на Георгиевски и на тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска за поделба на Македонија. Нивната крајна цел била обединување со Бугарија.

„Во април 2001, по еден од редовните ноќни состаноци на државниот-политички врв и на безбедносно-командниот врв, Георгиевски и Диомовска остана во кабинетот во МО.Георгиевски директно ми соопшти дека мора да се разделиме со Албанците, да им дадеме територии кај дебарско и гостиварско-тетовско ( со прст ги означи териториите на картата на Македонија), а остатокот да го носиме кај нашите во Бугарија (ова посебно го потенцираше Димовска). Георгиевски дека тоа сега конечно треба да се одработи, а главната работа е да се извадан сите тенкови во најкус моижен рок, за ден-два и да с епсоитават по должината на патот Скопје-Гостивар, на еднакви растојанија од левата страна на патот гледано кон Гостивар. Го псотавив прашањето за сите мои предупредувања пред војната, и за сите ситуации во текот на војната на кои укажував и за кои изнесував сериозни индиции дека се опструират па и се местат судири и жртви од ’непознати’ кругови во системот, на што добив одговор дека тие работи се сега зад нас“

Пауновски вели дека во Македонија и понатаму постојат одредени кругови кои не се откажуваат од идејата за поделба на Македонија, која не би била возможна, додава тој, без поттикнување конфликт со Албанците.

„И денеска патриотската демагошка храброст има иста цел за ’патриотско’ укинување на Македонија и Македонците, само методите и тактиката се променети, но без да се отвори одново внатрешниот конфликт со Албанците та цел не може да успее“

Оваа снимка и раскажување на Пауновски овие денови е испратена и до сите меѓународни претставници во земјава како и до државните институции. Тој е осуден со три и полгодишна казна затвор бидејќи во тоа време злоупотребил 3 милиони германски марки со кои пари ù исплатил на една компанија средства за снабдување на армијата со храна, но со поминат рок. Пауновски вели дека и по цели девет години од монтирањето на овој случај против него, сè уште живее под закани за негова ликвидација поради информациите кои ги поседува и тврди дека тоа може да му се случи во затворот кога ќе треба да ја одлежи казната. Затоа се решил овие работи да ù ги раскаже на јавноста.

Извор: http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/15232.html



Прочитајте го искажувањето на Пауновски кое отвара многу аспекти...
А пред се уште еднаш ја докажува ориентираноста на ЉуБчо кон Бугарија и неговите планови за поделба на Македонија и припојување на едниот дел кон Бугарија...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.