|
За од ГОСПОД забранетите желби, мисли, чувства ... |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hehehe,..znaev deka ddarko nema da izdrzi !,...uuupppssss,..se izvinuvam,...ne mozev ni jas da se ,..vozdrzam ( da ne tropam !)!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа се случува истото и со мене, секогаш, пред да згрешам знам дека тоа што ќе го направам е грев, но како уживање повторно одам напред и го правам и размислувам каков сум во очите Божји, а кога видам луѓето околу мене истото го прават без да се преоптоваруват што сториле и слично...
Откако ќе згрешам, мислам дека сум оддалечен од Исус, бидејќи не сум зацвснат во верата, после гревот мислам дури и дека Исус нема никогаш да се врати во моето срце: Пример, знам дека самозадоволувањето е грев, а трпам трпам да издржам и на крајот попуштам па велам: Е добро Господи до кога ќе траат овие искушенија...И биде што биде! Тогаш ми довага мисла: ,, Кој знае со кој очи сега ме гледа Господ, колку сум гаден во Неговите очи, не заслужувам да се нарекувам Христијанин, јас сум лицимер, неверник, Тој умре истрпи се, зашто не можам и јас да бидам долготрпелив,,. Помине и тој период, па си ветам дека нема да го сторам пак стариот грев, а попосле истото.......Секогаш ме е мачело тоа но сега велам вака, Господи ти си со мене и што и да сторам нема да ме казнеш на Земјата, но ќе бидам суден на Страшниот Суд, затоа те молам помогни ми да не грешам, а ако згрешам земи го Ти товарот на Себе, Тебе не ти тежи, но мене да...И откако ќе се чуствувам дека Тебе те нема во моето срце, исполни ме со Дух Свети, за да се потсетам на мојата вера во Тебе! Значи не за мастурбацијата, но за многу гревови кој ги правам... А што се однесува до сонот си нема врска, знаеш сон си е сон, затоа секоја вечер треба да се молиме и да читаме од Псалмите ( најубаво). Да се молиме со свои зборови и да го бараме она што ни е потребно, тоа нема да му смета на Бог, пример: Господи прости ми ги денешните гревови и престапи, прости ми затоа што јас се нарекувам Христијанин и изгледам како многу верен Христијанин, а те следам со толку многу гревови, избави ме од секое искушение и сега кога ќе си легнам, положи го Твојот Дух Свети над моето тело, за спокојно да заспијам и дај ми сон кој е по Твојата волја да го сонувам. Во името на Таткото, Синот и Светиот Дух, Амин! |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pozdrav spiros
jas kje pisuvam tuka ne mozes toa da mi zabranis ni so molba vaka pisuvas za gresno uzivanje na zabraneti misli MORAM DA NAPOMENAM DEK. treba da navedes koi se za tebe gresni misli jas kako ateista imam isto taka gresni misli,,,, no treba da se vidi sto podrabiras za gresni misli... dali se toa vo vrska so covecnosta ili gresni misli vo vrska so veruvanjeto i religijata... oti tie drugite jas gi nemam pozdrav neocekuvaj majtap od mene tuka, |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најнапред сакам да потенцирам дека оваа тема е отворена за оние што веруваат во ГОСПОД (без разлика на нивната верска припадност), па затоа (најљубезно) ги молам атеистите да не се мешаат играјќи мајтап со чувствата на верниците. А сега назад на темата. Како се чувствувате браќа и састри – како верник – кога во себе (во свестниот или несвестниот дел од вас) ќе откриете желби, мисли, чувства, соништа, ... кои според вашата вера - на ГОСПОД му се одвратни и поради тоа (според истата) збранети? Оваа тема ја отварам баш денес после еден сон – којшто и порано сум го сонувал и ме загрижувал. Еден сон во кој безбожниот дел одмене (значи крволочното, ѕверското, темното, ... или со еден збор - ѓаволското во мене) уживаше се додека во сонот не ми стана јасно дека тоа е грев. Но таа негативна енергија во мене – за жал – сум ја доживувал не само во сон туку и честопати на јаве. Мене ме интеесира како се однесувате кога и вие правите болни искуста со еден дел од себе, еден дел кој е противник на Волјата БОЖЈА (Христос)? Дали и кон тој дел од вас се однесувате нежно, со милост, стрпление и разбирање, или пак се борите “до крв“ против истиот? Како се чувствувате кога ќе видите (или слушнете за) луѓе што ја изживуваат таа негативна енергија без воопшто да имаат грижа на совсест поради тоа? Јас лично кога се доживувам себеси во забранетите желби, мисли, чувства, соништа, ... и дури се “фаќам“ како уживам во истите, ми станува свестно колку сум грешен и оддалечен од Христа. Кога ќе се освестам за мојата грешна природа – тогаш ме опфаќа жал, страв, огорченост, каење, ... кое уште повеќе ми ги отвара очите колку мие потребна Милоста БОЖЈА (Христос), без која не би можел достојно да живеам нити еден минут. Тогаш одам во тајната соба, на вода, излегувам надвор, на полјана, во шума, ... некаде каде што можам да бидам сам и каде непречено ја барам близината на Милоста БОЖЈА сё додека не ја најдам - или подобро речено – сё додека не ме најде таа мене! Ве молам пишете ги и вие вашите искуства и методи, со кои се справувате со старата безбожна природа во вас која ребелира против Волјата БОЖЈА (Христос). Поздрав до сите п.с. Сите луѓе што без грижа на совест ги изживуваат грозните безбожни страсти не се ништо друго освен мојата сопствена сенка, моето сопствено ѓубре за кое - повеќе или помалку - не сум свестен или несакам да бидам свестен! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |