|
Благосостојбата и религијата |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што кажав, можеш да бидеш и богат и да живееш со Бог, имајќи на ум дека материјално "богатиот" верник не го смета тоа материјално богатството кое Бог му го дал за свое, туку само како раководител/координатор меѓу повеќето корисници на тоа богатство во кругот на своето духовно семејство.
Интересна е праксата и погледот кон материјалното богатство на апостолите и првата геренариција христијани. Прочитајте што правеле тие:
"А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше заедничко. И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и чисто срце. Фалејќи Го Бога беа омилени кај целиот народ. А секој ден, Господ им ги придодаваше оние, кои се спасуваа." (Дела на апостолите 2:44-47) Изменето од EvAngelos - 16.Мај.2009 во 14:32 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да, се согласувам
многу убаво напиша мај дарлинг Ев но да се вратам на она што ме интересира секогаш кога потајно посакувам нешто повеќе, во глава секогаш ми оѕвонува онаа Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во царството Божјо. и некако си се помирувам со она што го имам, и станувам уште поблагодарна, но незнам дали сум сигурна што всушност тоа значи? дали тоа значи дека ако треба да бираме меѓу Бог и богатство да се откажеме од второто или пак, дека можеме да бидеме богати а и верници истовремено и да немораме да бираме воопшто, туку напротив можеме да ги „имаме“ и двете. Или сепак тоа значи онака буквално, дека НИКОГАШ неможеш да бидеш богат и добар верник истовремено. моментлано додека го пишував ова забележав дека БОГ и БОГат имаат многу слична работа, приметувате? ве чекам со нови коментари |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
УБаво пишано, само со последната реченица имам малку потешкотии. Помогними те молам! Дали во ИСУС не се отелотвори БОЖЈАТА СОВРШЕНА ВОЛЈА ? Поздрав
Многу убаво пишано! Изменето од spiros - 16.Мај.2009 во 13:28 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бог ни има ветено дека ќе ги исполни нашите потреби, а не нужно и нашите желби кои можат да бидат... секакви. Дури и оние христијани кои Бог прилично добро ги благословил материјално и во очите на светот се богати, нивниот благослов не е даден за нивно сладострасно уживање во удопството на тоа богатство, туку им е дадена служба мудро да раководат со тоа материјално богатство и најчесто да преку него ги благословуваат другите т.е. да им даваат на оние кои немаат.
Еве неколку добри совети од Светото Писмо за богатството:
"Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто. А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа! А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел, зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки. "
(1 Тимотје 6:7-10) "Нека вашето однесување биде ослободено од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој (Бог) рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”"
(Евреите 13:5) Затоа да не ве чуди зошто најчесто сиромашните христијани се посреќни од богатите нехристијани, затоа што тие, иако сиромашни, сепак се ослободени од грижите за утрешниот ден, затоа што знаат дека нивниот Небесен Татко нема да ги остави без храна, облека и кров над главата. Да, прекрасно е да се живее живот под закрилата на Бог
Сепак постои една ерес во христијанските деноминации што се нарекува "prosperity gospel" или евангелие на просперитет. Овие проповедаат дека колку еден човек е поголем верник, толку Бог повеќе го благословива и за да ја докажат својата "голема вера и побожност" најчесто одат со огромни златни ланци и крстови околу својот врат, живеат во голем раскош и велат: Halleluyah! God bless me! , а сиромашните пак се чудат: Зошто Бог не ме благословува и мене така? Што не е во ред со мојата вера??
Но, како што видовме погоре, Светото Писмо не учи така.
Се надевам дека го доловив твојотот одговор connected (miss u darling!) Изменето од EvAngelos - 16.Мај.2009 во 13:10 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
БЛАГОСОСТОЈБАТА и РЕЛИГИЈАТА..........
Благосостојбата може да биде материјална и духовна. Според тоа како го поставуваш прашањето ми се чини во предвид ја земаш материјалната благосостојба. Кога се размислува како верник секогаш во прв план се става благосостојбата на духот, а потоа онаа на телото...... Согласно со погорекажаното, изреката ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ правилна би била кога ќе ја превртиме...па би добиле.....Во здрав ДУХ, здраво ТЕЛО....... На прашањето дали религијата и благосостојбата одат заедно одговорот е ДАААААА...ако ја земеме во предвид духовната благосостојба...Религиозниот човек е смирен, исполнет, радосен, знае дека е љубен и самиот љуби...итн итн...... Ако пак ја земеме предвид материјалната благосостојба верникот обично е поскромен. Не е алчен за богатство, не гази преку трупови за да дојде до богатство, не посакува нешто што е туѓо, работи чесно.....Во денешново општество со вакво сфаќање на работата и богатството верникот не би можел да има материјано изобилие........ Сепак нема правила.......СЕ Е МОЖНО......ниедна комбинација не е исклучена.......Не можеме да ја предвидиме Божјата волја.... |
||
МИР со сите
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прекрасно искрено прашање, поставено на седмиот ден на неделата (сабота) која според Мојсиеевиот закон е денот на кој верниците треба (за свое добро) да абстинираат од материјалниот начин на мислење и живеење. Ме интересира одговорот на учесниците на форумов. Чекам стрпливо! п.с. Во турција саботата мислам (не сум сигурен) дека е пазарен ден. |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
fala src
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да, многу е добра
книгата уствари не е некоја „тајна“, но барем ќе те „потсети“ како да посакуваш подобро ако ја најдеш на .пдф едната или другата пиши ми линк плиз |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
sonce izvini moram samo da te prasam, sakam odamna da ja zemam Tajna.... dobra e ili ne e?
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неодамна ја читав Тајна од Ронда Б`рн и случајно нидов на една информација во книгата за една друга авторка Кетрин Пондер која е автор на МИЛИОНЕРИТЕ ОД БИБЛИЈАТА
За жал таа книга неможам да ја најдам, а многу сакам да ја прочитам. Па за таа цел ве прашувам вас овде од Вероисповед што мислите за тоа дали благосостојбата и религијата одат заедно? Може ли да посакуваме да бидеме богати а истовремено да посакуваме да живееме во изобилие а притоа да не правиме ништо лошо, т.е. да бидеме добри верници? Јас искрено се плашев да посакувам повеќе и повеќе материјални работи кои ми се повеќе или помалку потребни од пусти страв да не правам нешто лошо. Затоа ве прашувам вас, што мислите вие? Секој ваш одговор ќе ми биде посебно важен |
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |