IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како Црквата Христова ја воспева Мајката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како Црквата Христова ја воспева Мајката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:18
Ај сега и Великосаботниот задостојник:

Не ридај за Мене Мајко, гледајќи го в гроб Синот Kој бессемено си го зачнала, бидејќи ќе воскреснам и ќе ги вознесам во слава непрекинато како Бог, оние кои со вера и љубов Те величаат!

Изменето од Orthophill - 20.Април.2009 во 16:22
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:16
За црковното почитување на Пресвета Богородица има друга тема, така да Евангелосе те молам држи се до темата и ако имаш некоја похвална песна за Мајката Божја, химна или молитва кон нејзе праќај ја на оваа тема, а ако немаш, те молам воздржи се! И дискутирај си на старата тема, или отвори си нова, но не ја уништувај оваа!
Како контра аргумент за се она што го пишуваш само ќе ти кажам дека на староеврејски терминот за госпоѓа и жена е ист! Така да проучете го малку и еврејскиот јазик, а потоа пишувајте и кажувајте шогоденици!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 16:12
zosto go peskoknuvas delot vo sv.pismo kade sto se veli deka e ,,BLAGODATNA;;  I  ,,marija,, ke bide ,,blazena,,-blagoslovuvana ,velicana i vospevana od site rodovi kako majka na Gospod.
 
ili ne si blizok do sostojbata za ,,razbiranje,, na tie delovi?????
 
interesno e deka gi zemas vo predvid samo onie delovi koi go potenciraat nebesnoto poteklo na Hristos vo odnos na zemnite rodnini,koe tolkuvano nadvor od kontekst ......ni dava pogresna slika,pogresno razbiranje na dadenite delovi so smislata na znacenjeto na istite.,    dodeka onie koi se odnesuvaat na Cesta i Znacenjeto na Bogorodica...krajno racionalisticki i marginalno gi tretiras........
 
i vrapcinjata znaat deka nema pobliska vrska od majcinskata za sekoj ,,RODEN,, .....
 
da .....Hristos e Bog ......no toj  e i covek.......taka da nemoj da nametnuvas slika......koja ne e adekvatna ....za coveckoto custvuvanje na majcinstvoto ili majcinskoto vo odnos na sinovstvoto........ti dobro znaes deka ...Majkata  na Nasiot Gospod Isus Hristos ne moze da bide kako i drugite zeni.........no.....drugo te ucele....
 
i uste ednas ........pravoslavnite hristijani vo svoite predanija koi ne go isklucuvaat ni pisanoto sv.pismo imaat premnogu navodi za - svetosta,cistotata,goleminata,vrednosta,znacenjeto,i ulogata na Presveta Bogorodica vo domostrojot na spasenieto .........
 
 


Изменето од aladin - 20.Април.2009 во 16:23
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 15:18

Интересна тема, како Црквата Христова ја воспева блажената Марија. Се извинувам што не ја нарекувам "Мајката Божја", но тоа е спротивно на моите убедувања, бидејќи јас верувам дека Бог е Небесен Татко и Создател на Марија, а таа е Негово создание, Негова ќерка, како што сите ние христијаните сме синови и ќерки на Небесниот Бог.

 
Ајде да почнеме од Главата (Христос) на Црквата Христова. Ајде да видиме како Христос ја величал Марија.
Прво, Христос никаде не ја воздигнувал Марија, ниту пак нејзината вера, над другите Свои ученици и апостоли. Напротив, Исус 2 пати ја укорил Марија:
 
"Исус и одговори (на Марија): „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час."
(Јован 2:4)
 
"мајка Му Му рече: „Чедо, зошто ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.” Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?”"
(Лука 2:48-49)
 
Потоа, интересно е тоа што Исус НИКАДЕ во евангелијата не ја нарекол Марија со "мајко", туку секаде ја нарекувал со "жено".
Од друга страна пак со "мајка" ги ословил Своите ученици:
 
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка."
(Матеј 12:47-50)
 
 
Апостолите во своите посланија исто така не ја воздигнувале Марија, ниту пак некогаш ја ставиле во фокусот на нивната дискусија. Можеби многумина ќе бидат изненадени, но Марија воопшто не е спомната во НИТУ ЕДНО послание од апостолите. По евангелијата, Марија е само еднаш спомната во Делата на апостолите...
 
"И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13-14)
 
Тоа е последното нејзино спомнување во Новиот Завет. Нејзиното име не го гледаме ниту во посланието на Јаков, ниту во посланијата на Петар и Јован, ниту во посланието на Јуда, ниту во посланијата на Павле до Римјаните, до Ефешаните, до Галатјаните, до Филипјаните, до Коринтјаните, до Колошаните, до Солунјаните, до Неговите ученици Тит, Тимотеј, Филемон, ниту пак во посланието до Евреите, ниту пак во последната библиска книга - Откровението.
 
Неопходно се поставува прашањето: Ако Црквата Христова, како што не убедуваат православните, ја воспевала и величала Марија, како најголемата меѓу луѓето, како наша застапничка пред Бог, како Царица на Небото, како Владичица, Војвотка, како пресвета, пречиста, пренепорочна, преблагословена, почесна од Херувимите и пославна од Серафимите, како Владетелка на ангелите и Господарка на мирот, како Владетелка на светот и Господарка на сите, како заштитничка итн. итн. Тогаш...
 
Зошто ништо од ова не гледаме во евангелијата и посланијата?
Зошто ништо од ова не гледаме во Новиот Завет?
Зошто ниедна од горните божествени титули кои и се прилепуваат на Марија не ја среќаваме во Новиот Завет?
Зошто Исус не ја нарекол ниту "мајко", а камо ли пак "Царица Небесна" или било која од останатите титули?
Зошто апостолите не ја спомнале во ниту едно од своите посланија?
Денес православните од уста не ја вадат Марија. Ете видовме дека тие не пропуштија ниту за празникот Велигден, за Христовото воскресение, а да не ја воспеваат и величаат Марија, иако таа не воскресна, туку Христос.
Зарем, кога тоа би било така, не ли би очекувале и слична пракса од апостолите? Имено и тие да не ја ваделе од уста Марија и секоја втора реченица во нивните посланија да биде славопој за Марија.
Но што гледаме во нивните посланија? НИТУ ЗБОР ЗА МАРИЈА! Таа не е спомната во ниту едно од нивните посланија. Таа воопшто не била тема и фокус на дискусија во нивните писма, туку тоа бил Христос!
 
А блажената Марија, таа е пресреќна што тоа е така, што во евангелијата и посланијата се велича Христос, се зборува за Христовото евангелие, а не за неа.
Искрено ерувам дека и самата Марија жали што одредена група верници ја воздигаат и величаат неа на ниво на Бог, а во пракса понекогаш и над Него и со тоа кај многумина го ставаат во сенка Господ Исус Христос. Најдобар пример за тоа е иконата: Пресвета Марија и детето Исус. тага


Изменето од EvAngelos - 20.Април.2009 во 15:31
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
pravoveren Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pravoveren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 14:06




Почитувани,

   Мајката Божја е наша најголема молитвеничка пред Престолот на Севишниот Господ Бог. После Христа, Нејзиниот Син а наш Бог, Таа е најмногу воспевана.

   Би било добро овде да постираме песни, молитви, стихотворби... во чест на Пресветата и Пречистата Богородица.

   Пресвета Богородице, и раѓаш и девствуваш, и остануваш низ обете по природа Дева. Од Тебе родениот, природните закони ги обновува, и утробата донесува плод без породилни маки. Каде Бог благоволи, се надминува поредокот на природата, зашто Он чини сè што ќе повела.

   Утробата Твоја Бога ни Го роди, со образ на нас подобен: Него како Создател на сè, моли Го Богородице, да се оправдаме по молитвите Твои.
[b/]







Изменето од pravoveren - 20.Април.2009 во 14:20
Bog e VISTINA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.