|
Моето образование- Мој/избор на родителите |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Рокси
Сениор Регистриран: 06.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откога завршив основно, мајка ми сакаше средно да одам во Јахја Кемал. Јас не сакав но ја излажав дека сакам, па дури и на приемен отидов. Освоив добро место и имав некоја делумна стипендија, но НЕСАКАВ да учам таму, па една вечер собрав храброст и и’ кажав. Се запишав гимназија и не се каам. Не дека толку сакав гимназија, туку нема некој голем избор на средно школо во Охрид-ов. Кога ќе завршам средно сакам да се запишам на психологија или на филолошки, и двете работи ме влечат многу... мислам дека родителите нема да ме форсираат бидејки ги почитуваат моите желби и многу сум им благодарна за тоа.
И мислам дека за секој завршен факултет има работа, без разлика дали е економски, правен или некој сосема десетти... проблемот е што нашава држава не е средена како што треба... |
|
Eternity is a mere moment.. just long enough for a joke!
|
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мајка ми многу сакаше средно да се запишам фармација,јас иако во тоа време не знаев точно што значи фармација ја прифатив идејата на мајка ми, но една недела пред поднесување на документите решив дека тоа не е она што јас сакам и се одлучив за природно-математичка гимназија бидејќи ми одеа природните науки.Кога дојде ред да се запишам на факултет мајка ми влечеше за економски, но јас гледајќи го изборот што го нудеше нашиот Универзитет се одлучив за дефектологија, тоа беше она што навистина го сакав (деца,образование,помагање).Со задоволство студирав, немав проблем со испити и предавања, но сега откако 3 години барам работа и чат-пат има по некој оглас за дефектолози, си викам па Зошто не студирав економски, ако не друго барем има огласи и има кај да аплицираш,вака си седам дома, чат-пат работам со некое дете колку да не барам пари од моите и се останува на надеж дека ќе го работам она што го сакам.
За разлика од мене, родителите на другарка ми ја "натераа" да се запише во економско средно училиште и факултет (иако не ја влечеше тоа, но сепак заврши) и се вработи, си зема плата. Така да сега навистина не знам која е подобра варијанта, дали да ги послушаш твоите родители или да одлучиш сам,па потоа целиот товар поради немање работа и плата паѓа на тебе. |
|
la fille
Модератор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 42032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Na nekoi mozebi im e cudno, no jas uste vo 6-to odd. znaev deka ke se zapisam na Filoloski fakultet, na francuski jazik...Koga dojde vreme da se zapisuvam vo sredno, se zapisav vo gimnazijata vo Stip zatoa sto bea najdobrite profesorki po francuski jazik vo Istocna Makedonija (iako vo Kocani imase isto taka gimnazija)...Poradi finansiski pricini morav treta i cetvrta godina da gi zavrsam vo Vinica, no i tamu imase dobra profesorka, pa ne se zalam mnogu. Normalno, na fakultet se zapisav na francuski, toa i diplomirav, no za zal, sega osven privatnite casovi sto gi drzam po francuski, nemam nikakva druga povrzanost so toj jazik...Delumno rabotam na profesijata, profesor sum, no predavam makedonski jazik na stranci, sto znaci deka ne sekogas otkako ke go zavrsime toa sto go sakame, ke rabotime na nasata primarna profesija...No ne mozam da se pozalam...Dokolku ja poslusav majka mi, mozebi sega se uste ke studirav na medicina, a dokolku go slusav tatko mi, sega najverojatno ke bev na pripravnicki staz za pravnici...Ili mozebi nesto drugo...koj znae...Moze sega samo da se postavuva prasanjeto Sto bi bilo koga bi bilo...
Najdobro e deteto samo da si ja izbere profesijata, za eden den, vo slucaj na neuspeh, da ne bidat roditelite vinovni, tuku samata licnost...I mnogu poveke se uci dokolku go ucis toa sto navistina go sakas, a ne ona na koe si prisilen... |
|
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Epa aj jas da ja presecam lentata tuka Koga trebase da se zapisam vo sredno,sakav da se zapisam kulturoloska (togas uste imase mnogu smerovi)...no...tatko mi ne sakase da cue,oti sum bila zensko i ako se omazm posle sredno sto ke sum rabotela so toj smer,pa toj mi ja poplni molbata za ekonomski smer...Znaci ne po moja zelba zavrsiv sredno ekonomski.Na fax ne uspeav da se zapisam vo 1 upisen rok na filoloski,pa na 2 upisen rok tatko mi me zapisa vo ohrid na turizam,posto tamu imase prijateli,ama ne go zavrsiv faxot oti toa ne bese moja zelba.posle edna godina se otkazav.Epa sega videte kolku se ostvaruvaat ocekuvanjata na roditelite....ic...nemojte da insistirate kaj decata VIE sto sakate da ucat...Ostavete gi sami da odlucat,oti taka nema rezultati
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pred zapishuvanje vo ucilishte/fakultet sekogash postojat golemi dilemi, kade, zoshto, . Vekje nema dilemi, ste go odbrale i sega ste tamu. Sega od ova distanca, sekoj neka si kaze zoshto tokmu toa shkolo/fakultet i kolku se ostvarija ocekuvanjata?
Изменето од mamamd - 07.Декември.2008 во 07:04 |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |