|
Македонија покрена тужба против Грција |
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Автор | ||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кои ни се адвокатите? За
Македонија во постапката пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг
против Грција работат докажани експерти од областа на меѓународното
право.
Тоа се Шон Марфи, професор на Вашингтонскиот универзитет, еден од застапниците на Косово во случајот во кој Србија бараше од судот на правдата мислење за легалноста за чинот на прогласување на независност, и професорот Пјер Кајн од Бриселскиот универзитет. Во подготовката на апликацијата работеше и професорот Томас Френк од Њујоршкиот универзитет, кој во меѓувреме почина. Тој беше експерт за меѓународното право, како и за правото на меѓународните организации, правен советник на повеќе влади со искуство и како адвокат-застапник пред Меѓународниот суд на правдата и како ад хок судија. Тој ја застапуваше Босна и Херцеговина пред судот во Хаг против Србија за повреда на Конвенцијата за геноцид, беше и ад хок судија во случајот Индонезија - Малезија во периодот 2001-2002 година. Македонија за ад хок судија го назначи истакнатиот хрватски професор по меѓународно право Будислав Вукас. На тоа има право според меѓународните норми. Професор Вукас исто така има искуство во постапките пред судот и тоа како ад хок судија во случајот Хрватска против Србија за повреда на Конвенцијата за превенција и казнување на сторителите на геноцид. Во согласност со меѓународните норми застапник на Македонија во судот е министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а козастапник македонскиот амбасадор во Холандија, Никола Димитров. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
No presudata od Hag e samo sovetodavna . Samo ke se narusi ugledot na Grcija no tie ke si prodolzat so blokiranje . Kolku e apsurden ovoj spor neverojatno e . Prvo samite ON gi prekrsija svoite nacela koga postavija dopolnitelen uslov za priem , se ova e politicka igra za zal |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дури и таа одредба е мошне интересна. Во случај ако судот донесе пресуда која ќе е во наша корист и со која ќе се констатира прекршување на одредба од привремената спогодба, Грција нема да може да не блокира во однос на зачленувањето во меѓународните организации под привремената референца, а тоа значи и во ЕУ и НАТО, затоа што тоа ќе донесе повторна тужба од наша страна. Дури и да се влезе во ЕУ и НАТО под привремената референца, тоа ќе ја зајакне македонската позиција, затоа што, штом Македонија ќе биде во НАТО и ЕУ, зарем ќе има толкав интерес да преговара, или пак ќе може да блефира, одолговлекува? Од друга страна секогаш ќе ја има можноста да се посвети на признавањето од поголем број земји, па процесот во ООН да може да го заврши на друг начин. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве еден од нашите застапници.
Sean D. MurphyTitle: Patricia Roberts Harris Research Professor of Law Education Biographical Sketch |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Fala za tekstot na dogovorot, sega vidov deka tamu jasno si pisuva deka za spor do Megjunarodniot sud na pravdata moze da se podnese za site clenovi osven za clenot 5.Znaci zaludni se argumentite na Grcite No drugo me zagrizhuva, toa sto ne moze da se podnese tuzba vo vrska so pregovorite i resenieto za naogjanje na megjusebno prifatlivo resenie .Toa vo prevod znaci deka zasekogas ke pregovarame Kade im bil umot na tie sto potpisale Изменето од ADVISOR - 21.Март.2011 во 19:02 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Привремената спогодба Согласно член 21 се наложува на страните согласно Повелбата на Обединетите Нации сите спорови да ги решат мирно. Грците се обидуваат со екстензивно толкување да го наложат тој начин на решавање на сите можни проблеми кои произлегуваат од меѓусебните односи. Но, согласно став 2 од истиот член, при евентуален спор во однос на интерпретацијата или имплементацијата, освен во случаите од став 1, член 5, кој се однесува на процесот на преговарање. Нашата страна беше мошне јасна и потенцираше дека процесот на преговори продолжува во ООН и дека со овој процес не се засегнува оној во ООН, што мошне ме израдува, затоа што со тоа ги нападнаа грчките аргументи во однос на надлежноста. Изменето од Македон - 21.Март.2011 во 18:53 |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шон Марфи е тој Англицанецот беа перфектни. Инаку ме заинтригира професорот од Сорбона што има во членот 21 со кој Грците оспоруваат надлежност на Меѓународниот суд на правдата? Се плашам дека судиите ќе се прогласат за ненадлежни или пак делумно надлежни и ќе донесат нејасна пресуда Изменето од ADVISOR - 21.Март.2011 во 18:47 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Само што заврши рочиштето.
Нашите застапници ги изложија своите аргументи и ги поткрепија со мошне солидни докази, кои дури и мене ме изненадија, а на крајот мошне добро се спротивставија на грчките аргументи за ненадлежноста на судот. Мошне солидно се презентиравме. Американските застапници беа беспрекорни. Утре во 10 часот наутро продолжува искажувањето на нашата страна. Грците ќе се обидат да приговараат во однос на ненаделжност на судот, иако се сомневам дека ќе успеат во тоа. Тоа е американска тактика, која не може секогаш да помине. Друг противаргумент им е употребата на древномакедонските симболи. Во секој случај интересно. Изменето од Македон - 21.Март.2011 во 18:41 |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И кој води на полувреме?
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според извори на Канал 5 (значи блиски до владата), со изјавата на Самарас дека Грција ни стави вето во Бук*решт ќе имс е олесни работата на нашите бранители во Хаг, а можеби ќе го повикаат и како сведок на Македонија. Како му се пушти Друцас, да не смеат да го користат забранетиот збор, со кој самите си прават штета на националните интереси. Интересно е дали нашиве политичари извлекуваат некаква поука од вакви ситуации? |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грција не се бранеше, нема ни потреба да се брани бидејќи самиот генерален секретар на НАТО Шефер кажа дека навистина целиот НАТО донел одлука додека да се реши спорот да не се прима ФИРОМ во НАТО (а плус колку војници имаме во нивните окупаторски акции). И после нормално дека ќе бидам против НАТО и ЕУ... само не понижуваат на најдолен начин, а нас ни зинал газот за НАТО. Брука жива сме. |
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Власта е толку самоуверена дека ќе го добие случајот, што ретко кој се прашува што ако не излезе така. Можам да предпоставам како ќе реагира депеменеето на таква одлука: наместо да дадат оставки и распишат избори, тие ќе на цел глас ќе врескаат „судии - педери, антимакедонски судови“ и ќе наметнуваат антизападна, антиевропска и антинато атмосфера, па ќе ја повлечат земјата во уште поголема изолација. Слично како што србиите врескаат по хашкиот трибунал, а забораваат како хушкаа на војна во почетокот на деведесетите. Јебига, добили су што су тражили, а уз то су га и попушили.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |