![]() |
|
На туѓ грб... |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
... и сто стапа се малку...
![]() Една работа одамна веќе ми прави впечаток во дискусиите на форумов, но се почесто ја забележувам и по разните религиозни веб-страници, блогови и слично... Тоа е "негативната кампања" при проповедањето на сопствената вера. Што значи тоа? Промовирање на сопствената вера, не преку доблестите и вредностите на истата, не преку презентирање на нејзиното учење и нејзините квалитети, а преку омаловажување и негирање на верата (или соодветно практикувањето на истата) на другите. Неодамна кога се отвори страницата на исламскиот центар - главните содржини беа околу Исус и како тоа муслиманите повеќе се придржуваат до него отколку Христијаните, како и задолжителните содржини во кои се критикува Христијанството, Јудеизмот итн. На страницата на Премин, иако не се доминантни, сепак може да се најдат неколку текстови кои се критика упатена кон другите религии (конкретно има за хиндуизмот!?!). На страницата која наскоро тука беше промовирана како школа по веронаука - има цела една секција насловена како "Осврт на...", но сосема слободно може да се нарече "Не на православието". Кажи речи повеќе од половината од содржините на овој веб-сајт не се насочени кон промовирање на нивните вредности, туку кон негирање на туѓите. Се прашувам - зарем не може да се проповеда сопствената вера, без да се напаѓа туѓата? Неколкупати сум го поставил тука тоа прашање и обично одговорот кој го добивам е дека во име на вистината мора со сите средства да се бори (оној кој ја презентира својата верзија на вистината). Не мислам дека е тоа точно. Лично - мислам дека е тоа прашање на недостаток на самодоверба и недостаток на вера, недостаток на убедување. Не можам поинаку да си ја протолкувам неспособноста да се промовираат вредностите и квалитетите на едно учење или религија, освен како страв дека ако случајно се остави другиот да постои, тоа може да е погубно за нашето сопствено убедување. Зарем толку малку веруваме? Зарем толку слаба ни е верата и убеденоста во она во кое веруваме? Зарем таа наша вера нема ништо квалитетно, убаво, позитивно за кое може да се зборува? Дали мора на туѓ грб да го изодуваме патот? Зарем не мислите дека ако ги презентирате позитивните работи, ќе имате далеку поубав успех во промовирањето на сопствените погледи, отколку ако презентирате негативности за другите? Дури на форумов - наликува на избори - посочете ги мааните на другиот и избегнете по секоја цена да зборувате за сопствената изборна програма. Да, точно, тоа замајува одреден број избирачи... но... тоа се избирачите кои на секои четири години гласаат за различна партија. Тоа не се вистински поборници за каузата зад која стои партијата или идејата. Исто е и во религијата. Со тоа што на некого ќе му кажете - не чини православието (протестантизмот, исламот, кришна, хинду...), вие не му кажувате всушност што чини и каде и како да се насочи. Зарем не е полесно, поубаво, а и почисто, да се презентира она заради кое вреди вашата сопствена вера? Без воопшто да се напаѓа другиот. Кога ќе го прочитаме она заради кое ВИЕ верувате?! Навистина е разочарувачки да се мисли дека некој верува во одредена идеја, само затоа што не му се допаѓа идејата на другиот. Повелете, коментирајте... но внимавајте со делата свои да не ја потврдите уште толку оваа моја теза. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |