IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Кое е божјото име?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кое е божјото име?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 08:03
Originally posted by deshad deshad напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Аллах во превод значи Бог. Тоа не е име на Господ туку назив. И во православните молитви на арабски се изговара Аллах. Еве неколку линка подолу за да го чуете тоа (има и превод на англиски)

Христово воскресение



1 антифон на Литургија

А еве и нешто прекасно испеано на арабски, грчки и шпански

Воскресни

Поздрав


Аллах е уникатен, единствен Бог, трансцендентен создател кој е семоќен.Тоа име е неговото сопствено Име. Денешните арапски христијани, немајќи друг збор за 'Бог' освен Аллах, употребуваат поими како Аллах ел-Аб (الله الآب) "Бог-Отецот".Инаку Maran Ata ,ниту еден арапски христијанин Исуса не го вика на арапски Аллах. Ова го знаеше или не го знаеше?


А кој вели дека Аллах во превод е Исус? Јас реков дека Аллах значи Бог. Читај ги преводите на линковите што ги пуштив и ќе ти стане јасно.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 07:19
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Аллах во превод значи Бог. Тоа не е име на Господ туку назив. И во православните молитви на арабски се изговара Аллах. Еве неколку линка подолу за да го чуете тоа (има и превод на англиски)

Христово воскресение



1 антифон на Литургија

А еве и нешто прекасно испеано на арабски, грчки и шпански

Воскресни

Поздрав


Аллах е уникатен, единствен Бог, трансцендентен создател кој е семоќен.Тоа име е неговото сопствено Име. Денешните арапски христијани, немајќи друг збор за 'Бог' освен Аллах, употребуваат поими како Аллах ел-Аб (الله الآب) "Бог-Отецот".Инаку Maran Ata ,ниту еден арапски христијанин Исуса не го вика на арапски Аллах. Ова го знаеше или не го знаеше?
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 07:17
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
 
на ова шо може чоек да прави друго!!!
 
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 06:55
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 06:11
Ne sakam da bidam pograshno razbran, no od druga strana sakam da napravam poenta so ednostavna, iako mozhebi blago parodichna ilustracija.

Zamislete deka neshtata se sluchuvaat vo skoreshno vreme i toa na nekoe pazarishte...

Isplashen, chovekot treperi i prashuva: Dobro, a koj si ti?

Odgovorot sledi odsechno i bezpogovorno: Choveche, za tebe sum bog i batina!

Chovekot podocna s srekjava so svoite prijateli i im veli: Znaete sto se sluchi dechki? "Bog i batina" mi poracha da ne se motame povekje kaj pazarishteto oti mav ni e rabotata. Eve sto poraka mi napisha na ovoj list hartija.

Prijatelite go prashuvat zachudeno: Kako reche deka se vika?

Ovoj iznervirano odgovara: Abe mi reche deka e "bog i batina" za nas. Sto samo me prashuvate, kako da znam neshto povekje? Tuku daj da prochitame sto ni porachuva oti ako dojde "bog i batina" crno ni se pishuva.

I taka "bog i batina" si ostana "bog i batina" i site go izgovaraa negovoto "ime" so strav, a po nekoe vreme duri nemaa hrabrost nitu da go spomnuvaat, pa pochesto go narekuvaa "BiB","silniot", "dechkoto" ili "kumot".

Изменето од Messenger - 01.Октомври.2008 во 06:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 06:04

ДОБАР ИЗБОР!!!

коментар - нема  потреба...

 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 05:48
Аллах во превод значи Бог. Тоа не е име на Господ туку назив. И во православните молитви на арабски се изговара Аллах. Еве неколку линка подолу за да го чуете тоа (има и превод на англиски)

Христово воскресение



1 антифон на Литургија

А еве и нешто прекасно испеано на арабски, грчки и шпански

Воскресни

Поздрав
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 03:53
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Koga dvajca se karaat, tretiot koristi!



SOSEMA SI VO PRAVO
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 03:48
Koga dvajca se karaat, tretiot koristi!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 00:01
Додека вие си ги усогласите ставовите за Божјото име според вашето верување, јас да ви кажам дека НЕГОВОТО СОПСТВЕНО ИМЕ Е АЛЛАХ!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 03:45

Старозаветната Појава (Откровение) на Бог Кој е Бог на Избраниот народ - Каде што треба да се појави Месијата е една работа...

А тоа каде што требада се толкува овоплотеното Слово Божјо - т.е. Месијата како „откриен Бог“ за Сите Народи - а не само за Избраниот;
Бог на Љубовта, значи сега го имаме т.е. Го знаеме Месијата, па од таму знаеме и со тоа т.е. преку Него ги толкуваме (правилно) С.З.Писанија...
 
А за мк. преводот - ја се слагам со тебе ...
 
ама тоа за мене не изменува многу работи ... дали е вака или така ...
Вистината е Една!!! во новиот превод мислам дека е поправено...
 
поздрав до тебе 
 
п.с.
 
МИЛО ЌЕ МИ БИДЕ некогаш да пиеме кафе - а не вака да разговараме „како по телефон“ ...
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 01:22
Солиден текст. Ти благодаран што ни го пастираше Tetratka. Прв пат јас и ти во нешто да се сложиме - дека Бог има лично Име - ЈАХВЕ големо%20гушкање
 
Имам само една мала замерка за овој дел...
 
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Идејата за недостапноста на Божјото име за човекот е присутна и во расказот во Книгата Судии за јавувањето на Ангелот на Маној: „Маној, пак, го праша Ангелот Господов: Како ти е името, за да те прославам, кога ќе се исполни зборот твој? Ангелот Господов му одговори: Зошто прашуваш за моето име? Тоа е чудно. <...> И ì рече Маној на жената своја: Бездруго ќе умреме, бидејќи Го видовме Бога“ (Судии 13:17—22). Последните зборови на Маној укажуваат дека нему му се јавил Бог, а не Ангел, па следствено, одбивањето да го обелодени Своето име му припаѓа на Самиот Бог.

 
Бог немал таква идеја за Неговото Име да биде недостапно за луѓето. Напротив, Бог сакал и сака Неговото Име да го познава секој човек, да го слави и да го велича.
Во конкретниот стих кој го посочи Бог не го крие Своето Име, туку ангелот Господов е Тој што не го кажал своето име. Имено, ако го прочитаме целиот контекст ќе видиме дека Маној не го препознал Господовиот Ангел (кој бил преобразен во обичен човек) и откако овој им ја пренел Божјата порака, они сакале да го нагостат со јаре т.е. благодарноста да му ја искажат нему, а не на Бог. На ова ангелот им рекол дека тој нема да јаде од нивното јадење, туку ако сакаат да жртвуваат паленица, да Му ја принесат на ЈАХВЕ!
 
"Тогаш Маној му рече на Господовиот Ангел: „Со задоволство ќе те задржиме и ќе те нагостиме со јаре.” На тоа Господовиот Ангел му рече на Маноја: „ И да ме задржиш, јас не ќе јадам од твоето јадење, туку ако сакаш да жртвуваш паленица, принеси Му ја на Господа (ЈАХВЕ).” Маној не знаејќи дека тоа е Господов Ангел, и му рече на Господовиот Ангел: „Како ти е името, за да можеме да те почестиме кога ќе се исполни она што го рече.” Господовиот Ангел му одговори: „Зошто прашуваш за моето име? Тоа е таинствено."
(Судии 13:15-18)
 
Значи на местото каде што во македонските преводи стои "Господа", во оригиналниот јазик стои "ЈХВХ". Од тука следува дека ангелот не го криел Божјото лично Име, туку не сакал да го кажува своето име, најверојатно, како што гледаме од контекстот, за потоа Маној да не го слави како Бог и целата слава и заслуга да му припадне на Господ - ЈАХВЕ.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 17:30
 
 
ИМЕТО БОЖЈО ВО СВЕТОТО ПИСМО
 
Епископ Иларион Алфеев

(од книгата „Священная тайна Церкви. Введение в историю и проблематику имяславских споров“)


Библиското поимање на името. Божјите имиња

Името во Библијата се користи како сеопфатно и вистинско изразување на именуваниот предмет или на именуваната личност. Во Библијата името нема апстрактен или теориски карактер, туку животно-практичен: значењето на името не е вербално или словесно, туку реално или вистинско. На јазикот на Библијата името не е само условно означување на  некое лице или предмет: името укажува на основни карактеристики на својот носител, претставува негова суштина. Името, освен тоа, го одредува местото коешто неговиот носител е должен да го зазема во светот. Името на таинствен начин е поврзано со душата: кога се изговара името, тоа се издига кон душата на својот носител. Старозаветното поимање на името не вклучува во себе збир на звуци или букви за разликување на еден човек од друг во онаа мера, во која ја вклучува врската со самиот човек. Да се дознае нечие име значи да се стапи во врска со носителот на името, да се запознае неговата внатрешна суштина. Човекот во Стариот Завет бил восприеман според принципот „какво е неговото име, таков е и тој“.   


jacob.jpgСветото Писмо на Стариот Завет започнува со расказот за создавањето на светот и на човекот од страна на Бога. Во тој расказ Бог е претставен не само како создател на небото, земјата, светлината, копното и водата, мажот и жената, туку и како давател на нивните имиња:
И рече Бог: „Нека биде светлина!“ И би светлина. И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ноќ. ... Потоа рече Бог: „Нека има свод среде водата...“ И сводот Бог го нарече небо. ... И рече Бог: „Нека се собере водата што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!“ ... И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња. (Битие 1:3-10)


Во неколку глави подолу, за создавањето на луѓето се вели: „Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човек, во денот кога беа создадени“ (Битие 5:2). Процесот на создавањето, според овој стих, вклучува во себе две етапи: создавање и именување. Давајќи му име на некоја твар, Бог како да го определува нејзиното место во хиерархијата на тварното постоење, го воспоставува нејзиниот однос со другите твари. Давањето имиња на тварите означува, исто така, и потчинување на тварите на Бога.  


Откако го создаде човекот, Бог му го дава правото и тој да дава имиња: Тој ги доведе пред него сите животни и птици, „за да види како која ќе ја нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небесни, и на сите ѕверови полски“ (Битие 2:19-20). Давајќи му право да ги именува тварите, Бог го поставил човекот над нив, го направил нивен господар, зашто, давањето име на некое суштество, според поимањето на Библијата, значело да се има власт над него. Сами за себе, животните остануваат неименувани, но човековиот збор им ги дава имињата, и на тој начин човекот управува со нив од повисоко рамниште, одошто самите тие управуваат со себе. Како што вели св. Јован Златоуст, човек ги дава имињата за да „со именувањето јасно се види знакот (σύμβολον) на владичеството“. Златоуст се повикува на обичајот на луѓето при купувањето робови да им ги менуваат имињата; „така и Бог го принудил Адама, како владика, да им даде имиња на бесловесните“. Правото за именување, освен тоа, укажува на способноста на човекот да проникнува во суштината на стварите, и со самото тоа да се уподобува на Бога и да учествува во Божественото творештво. Според зборовите на Василиј Селевкиски, давајќи му право на човекот да им дава имиња на животните, Бог како да му вели на Адама: „Биди творец на имињата, бидејќи не можеш да бидеш творец на самите твари. ... Ние ја споделивме со тебе славата на творечката премудрост. ... Дај им имиња на оние на коишто Јас им дадов постоење.“


Во понатамошно раскажување во Библијата, многукратно се напоменува за давањето име на поедини луѓе. Притоа изреченото име може да укажува или на идната судбина, или на основните својства, или на околностите на раѓањето на неговиот носител, или на желбата на оној што го дава името да види во човекот одредени квалитети. Адам ја нарекол својата жена Ева (еврејски „живот“), „бидејќи таа стана мајка на сите живи“ (Битие 3:20); Ламех го нарекол својот син Ное („утешител“), „велејќи: овој ќе нè утеши во работите наши во трудот на рацете наши на земјата“ (Битие 5:29); едниот од децата на Исак и на Ревека го добил името Исав („рунтав“), зашто излегол на свет црвен и влакнест, а другиот Јаков, зашто излегол држејќи се за петицата на својот брат Исав (Битие 25:25-26). Името во Библијата практично се поистоветува со личноста којашто го носи: славата на името ја означува славата на неговиот носител, бесчестието на името означува губење на своето достоинство, погибел на името значи погибел на неговиот носител. Соодветно на таквите претстави, влијанието врз човековото име означува и влијание врз самиот човек. На името му се придава речиси магична смисла: кој владее со името, владее и со личноста на носителот на името. Оттука онаа важна улога којашто името го игра во Библијата. Тоа означува губење на самостојноста на човекот, негово потчинување на оној којшто го менува името. Така, на пр., Мојсеј го нарекол Осија, синот на Навин, Исус пред да го испрати во земјата Ханаанска, на чело на одредот „разгледувачи“ (Броеви 13:17): со тоа име синот на Навин не само што му станува потчинет на Мојсеја, туку и близок помошник, а подоцна и наследник.  


Кога Самиот Бог го менува името на некој човек, тоа претставува знак дека човекот ја губи својата самостојност и станува слуга Божји, стапувајќи истовремено во нови, потесни односи со Бога. Бог го менува името на своите избраници – на оние на коишто Тој им укажал доверба, на коишто им одредил некаква мисија, со коишто склучил завет. Откако Бог склучил завет со Аврам за раѓањето на множество народ преку него, тој станува Авраам (Битие 17:1-5), а неговата жена Сара станува Сàра (Битие 17:15); Јаков го добил името Израил („богоборец“ или, според друго толкување, „боговидец“) откако се борел со Бога и откако Бог го благословил (Битие 32:27-28).
Ако добивањето име од Бога значи потчинување на Бога, зачекорување по спасителен пат кој води кон небото, трогаш „здобивањето име“ (Битие 11:4), напротив, означува спротиставување на Бога: тој израз укажува на гревовен стремеж на луѓето да се избават од потчинетоста на Бога, да го достигнат небото без Божјата помош.


Важно значење во Библијата има родословот – списокот имиња на претците или на потомците на некој човек (споредете Битие. 10:1; 11:10; 11:27; 25:12; 36:1 и др.) Сета Книга Броеви главно се состои од списоци имиња коишто ништо не му значат на современиот читател, но, несомнено, биле важни за авторите на Книгата. Неопходноста од вклучувањето родословски списоци во Книгата Броеви и во другите делови од Библијата била условена од тоа што родословот (תולדות — toledot) ни оддалеку не се сметал за обичен список на имиња, кој помага да се идентификува некое лице со додавање на неговото име на некакви дополнителни карактеристики (Јаков, син Исааков, за разлика од некој друг Јаков). Родословот, пред сè, укажувал на наследство коешто го носи во себе секој човек; во родословот името на човекот е вткаено во непрекината низа имиња, којашто се протега до таткото на сите народи – Авраам – а преку него до Адама. Да се биде запишан во родословот на некое од колената на Израил би значело да се биде рамноправен член на богоизбраниот народ, односно на некаков таинствен начин да се биде присутен во Божјото паметење: имено, во тоа, очигледно, се состои смислата на Божјата заповед Арон да ги изгравира имињата на дванаесетте синови Израилеви на ефодот којшто првосвештеникот бил должен да го носи пред Господа за нивен спомен (Исход 28:12).  


Во Библијата човекот дава имиња не само на нему подобните, туку и на Самиот Бог. Секое име, дадено на Бога од страна на човекот, укажува на некакво дејстие Божјо поврзано со човекот. Така, на пр., Агара го призва Господа со името „Ти си Бог Кој милостиво погледна на мене“, зашто рече: „Пред себе го видов Оној што ми се јави“(Битие 16:13). Во Стариот Завет се среќаваат повеќе од сто имиња на Бог, како што се אלהים [(Elohim — „Бог“, буквално „богови“ (pluralis majestatis)], אדני (Adonay — „Господ мој“, буквално „господа мои“ (pluralis majestatis), אל שדי (El Shadday — „Бог семоќен“, или „Севишен“, буквално „Оној, Кој е на гората“), צבאות (Zebaot — „Саваот“, „[Господ] на воинствата“).


Истовремено, во Библијата е присутна мислата дека Бог неможе да се именува, дека Неговото име е недостапно за човекот. Јаков, кој се борел со Бога, прашал за Божјото име, но не го дознал. Расказот за средбата на Јаков со Бога претставува еден од најзагадочните и најтаинствените во сета Библија:
„А кога остана Јаков сам, тогаш некој се бореше со него до зори. И кога виде дека не може да го совлада, се допре до бедрото, така што на Јакова му се измести колкот од зглобот, додека се бореше со Него. Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш“. И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков“. Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израил ќе е името твое; зашто храбро се бореше со Бога, па и со луѓето силен ќе бидеш.“ А Јаков праша: „Кажи ми го името Твое?“ А он одговори: „Зошто прашуваш за името Мое, кое е чудно:“ И го благослови таму. И Јаков го нарече она место со името Фаниул, зашто, рече: „Бога го видов лице в лице, и душата моја се спаси.“ (Битие 32:24-30)


jacob.jpgВо христијанската егзегетика оваа повест е толкувана различно. Најраспространето било толкувањето според кое Јаков се борел со Синот Божји (Јустин Философ). Меѓутоа, за нас расказот за борбата на Јаков со Бога е интересен, пред сè, затоа што многу придонесува за поимањето на библиското богословие за името. Јаков добива од Бога ново име, што означува негово стапување во потесни заемни односи со Бога. Но, на прашањето за Божјото име, Јаков останува без одговор. Истовремено, за спомен на средбата со Бога лице в лице, Јаков му дава име на местото на коешто се случила средбата (Битие 32:30). Така, сето општење на Јакова со Бога се случува во сферата на имињата: Бог го благословува Јакова давајќи му ново име; Јаков го благословува Бога давајќи му име на местото, на кое присуството Божјо станало видливо за него, но притоа самото свештено име Божјо останува непознато.  


Идејата за недостапноста на Божјото име за човекот е присутна и во расказот во Книгата Судии за јавувањето на Ангелот на Маној: „Маној, пак, го праша Ангелот Господов: Како ти е името, за да те прославам, кога ќе се исполни зборот твој? Ангелот Господов му одговори: Зошто прашуваш за моето име? Тоа е чудно. <...> И ì рече Маној на жената своја: Бездруго ќе умреме, бидејќи Го видовме Бога“ (Судии 13:17—22). Последните зборови на Маној укажуваат дека нему му се јавил Бог, а не Ангел, па следствено, одбивањето да го обелодени Своето име му припаѓа на Самиот Бог.


Светото име Јахве во Петокнижието
Имињата со кои човек го именувал Бога – Adonay, El Shadday, Elohim, Zebaot – треба  да ги разликуваме од името יהוה (Yahweh – Јахве) – односно, од она единствено име со кое Самиот Бог му се открил на човештвото. Култот на тоа свето име зазема во Библијата исклучително место. Книгата Исход го поврзува откровението на тоа име со Мојсеј, на кого Бог му се јавил на гората Хорив, кога Мојсеј видел капина што гори но не согорува:
Извика Бог од капината и рече: „Мојсеј! Мојсеј!“ А тој одговори: „Еве ме [Господи]!“ И Он рече: „Не приоѓај ваму; собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.“ ... И му рече Господ на Мојсеја: „Ги видов страдањата на народот Мој во Египет ... А сега појди, Јас те испраќам кај Фараонот, царот египетски, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите Израилеви ... А Мојсеј Му рече на Бога: „Еве, ќе појдам кај синовите Израилеви и ќе им речам: „Бог на татковците ваши ме испраќа кај вас“. И ако тие ме прашаат: „како Му е името?“, што ќе им речам тогаш? Бог му одговори на Мојсеја, велејќи: Јас сум Оној, Кој вечно постои ( אהיה אשׁר אהיה). Па продолжи: Така ќе им кажеш на синовите Израилеви: „Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас“. И пак му рече Бог на Мојсеја: Вака кажи им на синовите Израилеви: „Господ (יהוה), Бог на татковците ваши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете, тоа е името Моето вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.“ (Исход 3:4-15)  


Разбирањето на точната смисла на овој текст е крајно тешко, поради тоа што употребениот еврејски израз אהיה אשׁר אהיה (ehyeh asher ehyeh), преведен во Септуагинта како εγώ είμι ό ων, односно на словенски како „Јас Сум Оној Кој вечно постои“, буквално значи „Јас Сум Оној Кој Сум“: ова може да се прифати како формула којашто укажува на несакањето да се одговори директно на прашањето. Со други зборови, раскажаното може да се разбере не како откровение  од страна на Бога  на Неговото лично име, туку укажување на тоа дека на човечки јазик нема збор којшто би претставувал „име“ Божјо во еврејското поимање – т.е., некаков сеопфатен символ кој целосно би го окарактеризирал носителот на името. Така, Божјиот одговор на Мојсеј, на прашањето за Божјото име, ја има истата смисла како и несакањето на Бог да му го каже Своето име на Јаков. 


Етимологијата на самото свето име יהוה (Јахве), со кое Бог му се открива на Мојсеј, претставува голем проблем за толкувачите и за преведувачите. [Буквалниот превод на тој термин на грчи е „о ων“, на словенски – Јехова. Во грчката Библија често се преведува (напоредо со името Adonay) како Κύριος, на словенски и руски – како «Господ».] Изворната смисла на тоа име не може да се утврди, и сите научни толкувања на таа етимологија се само – обични хипотези. Дури и изговорот на четирите согласки од кои е составено името претставува само хипотеза. Се работи за тоа што по вавилонското ропство, а во секој случај не подоцна од 3 век пред Христос, Евреите престанале од побожност да го изговараат светото име Јахве, коешто почнало да се третира како nomen proprium, како лично име Божје. Само еднаш, во денот на Очистувањето (Yarn Kippur), првосвештеникот влегувал во светињата на светињите за таму да го изговори тоа свето име. Во сите други случаи, него го заменувале со אדני (Adonay) или со друго име, а писмено го означувале со честири согласки יהוה (YHWH — таканаречен свет тетрагам), кој, меѓутоа, не се изговарал: дури и комбинираното означување Adonay Yahweh (Господ Јахве) се читало како Adonay Elohim (Господ Бог). Во III – V век сеќавањето за изговорот на тетраграмот се зачувало – грчките автори од тој период го транскрибирале тетраграмот како Ίαυοέ, Ίαουοά (Климент Александриски), Ίαή (Ориген) и Ίαβέ (Епифаниј Кипарски и Теодорит Кирски), а латинските како yaho (Јероним), – но  подоцна правилното изговарање дефинитивно се заборавило. Од XVI век на Запад почнале да ја користат вештачката вокализација Yehowah (Јехова), којашто се појавила како резултат на додавање на согласките YHWH самогласки од името Adonay [Свештеникот Павле Флоренски го сметал таквиот потег за свесен обид на Јудејците да го сокријат правилното изговарање на Божјото име], и дури во средината на XIX век научниците покажале дека тетраграмот треба да се изговара како Yahweh. Макар што таквата вокализација на името YHWH во современата библистика се смета за општо прифатена, меѓу научниците има и значителни разидувања во толкувањето на смислата на самото име. Повеќето истражувачи, сепак, се согласуваат дека тоа име е поврзано со глаголот „сум“ (hayah), „постои“, „има постоење“, и дека самото име означува „Јас сум“ или „Јас сум тоа што сум“ (грчкиот превод на тоа име – о ων – укажува на постоење: оттука патристичкото поимање на името „Сушт“ како укажување на тоа дека Бог е извор на сето постоечко.


Отворено останува и прашањето за времето на појавата на култот на името Јахве кај Евреите. Наведениот расказ за јавувањето на Бог на Мојсеја еднозначно укажува на Мојсеј како прв човек на кого му станало познато тоа име. За тоа сведочат и зборовите Божји упатени до Мојсеј и запишани во Книгата Исход: „Јас сум Господ. Јас му се јавив на Авраама и Исака и Јакова како „Семоќен Бог“ (אדני), а со името Мое како „Господ“ (יהוה) не сум им се открил (Исход 6:2-3). Истовремено, веќе во Книгата Битие името Јахве се јавува повеќе пати: се говори за тоа дека во времето на Сиф и Енос „почна да се призовува името на Господа Бога“ (буквално, „името Јахве“) (Битие 4:26); дека Ное „направил жртвеник на Господа“ („жертвеник на Јахве“) (8:20); дека Бог му се открил на Авраама со името „Јас сум Господ“ („Јас сум Јахве“) (15:7); дека Авраам Му „поверувал на Господа“ (буквално, „поверувал во Јахве“, Му изградил жртвеники на „Господа“ („Јахве“) (12:8; 13:18), го нарекол Бога „Владико Господе“ („Владико Јахве“) и го „призвал името Господово“ („името Јахве“) (13:4); дека Јаков го нарекол Бога „Господ“ („Јахве“) (32:9); итн. Сето ова укажува дека името Јахве му било познато на Израилот и пред Мојсеја, макар што, можеби, Еврејскиот народ немал правилното поимање на името Јахве и, имено, токму Мосеј бил првиот на кого Бог му ја објаснил смислата на тоа име. 


Раскажувањето во Книгата Исход за синајското откровение на Бога на Мојсеј е уште еден расказ во кој името Јахве има централна улога. На Синај народот израилски преку Мојсеј го добива од Бога законодавството, коешто започнува со десетте заповеди. Првата заповед претставува проширено толкување на името Јахве, а втората заповед директно говори за тоа име:
Јас сум Господ (יהוה), Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене! Не прави за себе идол, ниту каква слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној кој напразно ќе го изговори името Негово (Исход 20:2-7).


Гледаме дека во првата заповед на Мојсеевото законодавство името Божјо се става во историски контекст: Јахве е Оној Бог Кој одиграл решавачка улога во историјата на Израилскиот народ, изведувајќи го од Египет. Јахве се споредува со другите богови и се претставува како „ревнител“, односно како Бог кој ревниво се однесува спрема почитувањето на Израилците на лажни богови. Втората заповед содржи забрана за напразно изговарање на Божјото име. Слислата на оваа забрана се состои во следново: како што славата, што му се припишува на Божјото име, се издига до Самиот Бог, така и понижувањето на тоа име значи натажување на Самиот Бог. Името Јахве практично се поистоветува тука со Самиот Јахве.


Макар што значењето на името Јахве останува сокриено, а и самото име не Го опишува Бога, сепак токму тоа име во еврејската традиција почнало да се восприема како Божјо лично име: сите други Божји имиња се восприемаат како толкување на светото име Јахве. За ова сведочи расказот од Книгата Исход за јавувањето на Бог на Мојсеја на гората Синај:
Мојсеј Му рече: Покажи ми ја славата Своја. Му одговори: Ќе одам пред тебе со Моја слава, и ќе те повикам во името Мое: (Јахве) (יהוה) е пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој е за утешение, ќе го утешам. И потоа рече: Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив. И пак рече Господ: Ене место пред Мене, застани на онаа карпа. А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам; и кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе Ме видиш од кон грбот, но лицето Мое не ќе ти се открие тебе. ... И стана порано Мојсеј утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ. ... А Господ слезе од облак и застана пред него, и го возгласи името [на Јахве]. Потоа помина Господ покрај лицето негово и извика: Господ, Господ (יהוהיהוה), Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински! Кој ја чува правдата и покажува илост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено. Мојсеј побрза , падна наземи и се поклони на Бога (Исход 33:18-23; 34:4-8.)


Во оваа сторија објавувањето на името Јахве (Јехова) од страна на Бог, односно изговарањето на Неговото лично име, претставува највисок миг на откровение. Сите други имиња, коишто следуваат по името Јахве – „Бог човекољубив“, „милостив“ и други – претставуваат само толкување на тоа име, како да додаваат овертонови кон неговото основно значење. На тој начин, двете теми – за името Божјо и за Божјите имиња – уште тука се сосема различни. 


Во цитираниот текст е присутен уште еден клучен поим во Стариот Завет, нераскинливо поврзан со поимањето на Божјото име: славата Божја или славата Господова (еврејски – kabod Yahweh). Највисок миг на откровението на таа слава претставува изговарањето на името Јахве. Но што е тоа слава Божја? Да се преведе адекватно тој поим на современ јазик е невозможно: во Стариот Завет во тој поим ја внесува, пред сè, претставата за таинственото Присуство Божјо, коешто се манифестира во видливи форми (облак, оган). Така, на пр., Божјата слава му се јавила на израилскиот народ во облак, кога народот негодувал против Господа; славата Божја се спуштила во вид на облак на гората Синај и престојувала на неа во текот на шест дена: славата Божја притоа се опишува како „оган што гори“ (Исход 24:17) 
Славата Божја често се јавува локализирана на некое конкретно место, или поврзана со некој свет предмет: облакот на славата Божја ја исполнил скинијата на заветот (Исход 40:34-35), и се јавува над златниот поклопецот на ковчегот (Левит 16:13). Славата Божја и ковчегот се тесно поврзани: губењето на ковчегот значи губењето на славата Божја (1 Царства 4:21-22). Важноста на ковчегот е условена со тоа што над него се „повикува името на Господ Саваот“ ( יהוה צבאות— Yahweh Zebaot) (2 Царства 6:1). Самиот Бог го избрал тој древен ковчег како место на Своето присуство и откровение: „И тука, над поклопецот, ... ќе ти се јавувам тебе и отаде ќе ти зборувам“ (Исход 25:22). Подоцна, во таргумската литература присуството Божјо над поклопецот од ковчегот ќе се означува со терминот „Шекинах“, кој означува „присуство Божјо“. Зошто, имено поклопецот на ковчегот, поточно просторот над него, станало место на посебно присуство на славата Божја, останува нејасно. Сириската патристичка традиција во лицето на преп. Исак Сириски, дава одговор на тоа прашање, за што ќе стане збор на некое друго место.  


Ако од Книгата Исход преминеме на Книгата Левит, ќе можеме да забележиме дека во неа темата за Божјото име исто така зазема важно место. Во неа, што е посебно воочливо, се содржи многукратно забранување да се „обесчествува“ името Божјо (Левит 18:21; 19:12; 21:6; 22:2, 32). Хулењето на Господовото име, согласно Книгата Левит, морало да биде казнето со смрт:
„И синот на Израилката похули на Господовото име. И го доведоа кај Мојсеја; и го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: Изведи го оној што хулеше надвор од живеалиштето, а и сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења. И кажи им на синовите Израилеви: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев; и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре (Левит 24:11—16.). 


Во оваа одломка од интерес е не само строгоста без преседан, со која е пропишана казната за хулењето на Божјото име, туку и фактот дека името Господово тука претставува синоним за Самиот Господ: да се хули на името Господово значи да се злослови Господ. Згора на тоа, во оригиналниот еврејски текст зборот „име“ (shem) двапати е употребен без придавката „Господово“ (којашто е додадена со к*рзив, заради појаснување, во рускиот Синодален превод). Така, „името“ станува синоним за „Бог“; под „име“, секако, се подразбира свештеното име Јахве.   


Името Јахве игра централна улога во Книгата Повторени закони, особено во оној нејзин дел кој започнува со зборовите „Почуј, Израиле: Господ (יהוה), нашиот Бог, е единствен Господ“ (6:4) и завршува со зборовите „вие ќе Му бидете свет народ на Господа (יהוה), вашиот Бог (26:19). Во оваа долга одломка, којашто, според мислењето на многумина современи научници, претставува најстар дел од книгата Повторени закони, изразот „Господ (יהוה), твојот Бог“ се среќава на многу места, при што со тоа име Себеси се нарекува Самиот Бог, говорејќи за Себе во трето лице.


Во Повторени закони е повторена Божјата заповед, дадена на Мојсеја: „Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го очисти оној што го употребува името Негово напразно“ (5:11). Заканата од казнување одекнува и за оние коишто немаат страв пред името Јахве: „Ако ... не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господа, твојот Бог, Господ ќе те порази тебе и твоето потомство“ (28:58-59). Стравот пред Бога е суштинска компонента на старозаветната религија. Бидејќи во библиското поимање Бог се поистоветува со Своето име, стравот перд Јахве, или „стравот Господов“ (pahad Yahweh) прераснува во религиозно почитување на името Јахве, име спрема кое човек мора да се однесува со страв и трепет.


Во Повторени закони „името Јаве“ добива смисла којашто го доближува тој поим до поимите „славата Божја“, „сила Божја“, „присуство Божјо“. Изразот „името Јахве“ се користи во Повторени закони не само и не толку како синоним на Самиот Јахве, туку и како укажување на јавувањето, на присуството, на дејствувањето на Јахве. Ако Самиот Јахве престојува на небото, „името Јахве“ е присутно на земјата: тоа е  Негов земен претставник. Таквото користење на зборот во подоцнежниот јудаизам ќе доведе до појава на претставата за Името како самостојна сила, на некаков посредник меѓу Јахве и луѓето.  

Преземено од http://bishop.hilarion.orthodoxia.org

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 23:13
Перун = Бог = словени...изненадување
 
каква глупост!!!
 
 
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
п.с. нема таква насмевка
 
хаха ха ах аха ха ах ахаха хаа аха ах .....
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.