IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите македонски љубовни стихови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите македонски љубовни стихови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
Автор
Порака Обратен редослед
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 18:38
NOTRE DAME
Богохулно, грешно и без срам
сека вечер мислам покрај Сенa:
што би сторил да e Notre Dame
чудом млада и убaва жена?
Да си в Париз, да си тaка сам
и самота така да те кине...
Дал' и онa, би сакал до знaм,
рaмнодушно мене ќе ме мине?
O не, нема!.. Штом огрее ден
ќе ме втаса крај мирната река:
„Поведи ме во Boulogne i Vincennes,
столетија јас тебе те чекам."
Како тогаш ќe ce сетам млад,
каква сила и пркос ќе сетам!
И сигурно - и во овој град
јас ќе бидам најнежен поета.
Ho попусто - сонот си e сoн,
a животот други далги влече.
Нема каде: преку Babylone
да одлутам на Pigalle и вечер.
И тргнувам без надеж, без моќ.
Сена плиска под лотките леки...
Барем да сум само една ноќ
едно кубе на нејните плеќи!

                      Ацо Шопов
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 12:33

Прво писмо

Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
го навиваше својот ноќен часовник,
ни родилните маки на фрленото семе,
ни разгорениот пожар на главата од петелот
додека бега од сенката што слегува од небото,
ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
меѓу твоите два припека,
ни змијата што го возбудува врвот од житата,
ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
во низата од пиперките,
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене.

Петре М. Андреевски

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 15:38
Ацо Шопов,again:

МЛАДОСТ
Секоја утрина се будам млад како сонцето
што далгите но сонот ги позлатуво.
Како успокојува таа млодост непрестајно
раѓана
и каква надеж обогатува!
Ho минат бргу миговите на утрината
и еве: вeкe и пладне наближува,
една мисла бавно над ведрината
потајно се спушта и загрижува.
A кога во нокта како пред огледало
минотото се слее вo иднината
беспоштедно ме прогонат во мракот
двете будни очи нa вистината.
Ho утредента пак станувам пробуден од
сонцето
што далгите на сонот ги подмладува,
па не знам дали од љубов или од омраза
сo таа младост за се ме наградува.

ГО БАРАМ СВОЈОТ ГЛАС
Го барам својот глас во молкот див на морето,
оно се скаменува.
Во жолтата пустина на есента го барам,
она зазеленува.
Моите раце не се мои раце
(моите раце сo прсти но месечина).
Моите очи не се мои очи
(моите очи, очи за далечина).
Мојот збор е тврда вилица на времето
што р'ти пo нивјето сo заби на семето.

КОН ГАЛЕБОТ ШТО КРУЖИ НАД
МОЈАТА ГЛАВА
Галебе мој,
не слетувај на моите очи.
Ha тие брегови откинати ниеден пристан
нема.
Зарони во сите длабочини,
надлетај над сите височини
и дај виделина да земам!
Галебе мој, јас очи веке немам.
He слетувај на моето срце!
Галебе мој, срцето не е мое:
мини низ сите предели неминати,
крај сите живи, непознати, загинати.
Загледај во сите осамени, cитe разделени,
и сите ледени врвои и сите ливади зелени,
и чуј -
додека твоето крило над нив морно се вие
како немирно во нив моето срце бие!
He слетувај галебе мој,
врати се пак ва јатото.
Јас сум лотка, осудена
на судир со непознатото.

Поздрав до мамма!
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 14:47
аплаузаплаузаплауз....големо%20гушкањеголемо%20гушкањеte ...obozavam..star..

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 14:31
Продолжува...Ацо Шопов,разбира се...


ПРОМЕНАТА
Она личи на измама тешка.
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
Денес што е за подбив и смешка
Co утрешна смисла в миг го озаконува.
Игро мудра, само таква биди,
разгрни се сета богато надарена,
и секогаш во животот иди
од несекидневноста чиста и озарена.
Се што гасне се в зеница сјае.
Преминот е тихо, светло насмевнување.
Дај природо, мојот живот да е
далеку од секо штуро примирување.


AХ TAA УБАВИНА
Ax таа убавина, ax таа убавина,
тоа диво во крвта завивање.
Кине, граба, сече, носи како лавина,
вечна е притаеност и вечно откривање.
Не, не треба починка, не треба смирување,
сето поле пукнало од здравина,
па крвта е моја светло разденување
од таа разгаленост, од таа убавина.
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 10:19
А еве уште неколку,па ќе има уште...Се од Ацо Шопов-легендата
КОГА ТИ Е НАЈТЕШК0
Кага ти е најтешко, кага ти се чини
дека гласот ти е крик, a погледот - молење,
загледај се, нурни се во водите сини,
ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
Ќе сетиш o длабoк здив
сила и смирување.
Погледот ќе блесне жив,
жив од подмладување.

УБАВИНАТА
На. Л. Личеноски
Me прогони како жена блудна,
ненаситна, похотна, осамена.
Me грабнува вo прегратка пламена
неизбежно и сo cилa судна.
И ме фрла co дланката лесна
в чудна игра, в чудно компонирање,
изгаснувам во грч и умирање
и се враќам в живот како песна.
Па со поглед што блика и зрачи,
потонувам до дно вo модрината,
и кликнувам пак на убавината:
Прострелај ме со своите лачи!
Прострелај ме, па се' нека стивне
без расудок, без празно умување,
и блесокот на тоа лудување,
само твојот блесок нека вивне.


Изменето од star - 03.Март.2008 во 10:19
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 10:18
Originally posted by mamma mamma напиша:


    Tishina               Ako imas neshto neizrecheno      neshto shto te pritiska i peche      zakopaj go vo dlaboka tishina     tishinata sama ke go reche          <font face="Verdana, Arial, Helvetica" size="2">    Sedma molitva na moeto telo   Tvojata molbena zakana, tvojata lukavost nezna    i site tvoi slatki izmami gi znam.    Dali ovaa igra deneska tolku mi stezna    pa pred tebe do bolka i jas se razgoluvam.    Ti znaes - na ova mesto nema nikakva traga,      ni hisnik ovde ni zver nikakov mine.    Bidi milozliva, bidi darezliva i blaga    so ova telo od chekanje shto gine.    Ova telo lichi na zedna suvodolica    pocrneta od sonce, ispukana od zega.    Ova telo e istrajno i gladno kako jalovica.    Bidi mu rodilka, zachni go povtorno sega.    Aco Shopov       



Јас ќе ја дополнам првата песна,не знам дали сте го читале оригиналот на Тишина,има уште една строфа

ВО ТИШИНА
Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина ,
тишината сама ќе го рече.

Она раѓа исти наслутувања,
тивко бодри и тивко нажалува,
и еднакви мисли,доживувања,
во срцето и умот распалува.

Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 09:12

КАЖИ МИ НЕБО

Кажи ми небо.Мое небо.
Кажи ми:Небо на тишината.
И јас,мало стебло во темната
јас ќе се откорнам со сета вековна немоќ,
и извишен високо,високо,високо,високо,
високо ко топла човечка зеница,
ќе станам небо,твое небо
ќе станам небо на една Деница.

Но не кажувај ми дека сум слаб,
но не кажувај ми дека сум немоќен
и да им погледнам во очи на тревките
но не кажувај ми дека од сите треви
во мене шумат само најкревките.скриј ја и премолчи денес вистината
за едно мое поденешно утре.

Кажи ми небо.Мое небо.
Кажи ми:Небо на тишината.

                            Ацо Шопов
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 13:27
Nikola Jonkov Vapcarov
   Proshtalno
   na zena mi

Ponekogash ke idam v tvojot son
ko nechekan i dalek gost...
Ti,ne me ostvaj na patot, von,
Od porti istaj go lostot!
Ke vlezam tivko,krotko ke si sedam
Kraj tebe,v mrakot vtrenchen,da te gledam sam
I koga nasiten,ke zapram da te gledam
Ke mi te baknam i.........ke zaminam

Morav da go postiram ushte ednas...prekrasno,ednostavno-prekrasno

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2008 во 13:19
i koga ke ja dodades i muzikata i glasot na Vlado - pravo v srce
Кон врв
Figgy Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Figgy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2008 во 16:21
Ново утро, очите ги отворам,
зраци низ собата мала,
темнина во мене,
ножеви во душава,
вода на лицево,
секој ден болка,
сепак надеж,
таа не
умира.
Кон врв
biser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај biser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 13:00
ПЕСНА НА НАДГРОБНИОТ СПОМЕНИК НА ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА ВО БУТЕЛ. НЕВЕРОЈАТАН ПЕСНА, МОЌНА, СОЛЗИТЕ САМИ ИДАТ, ЛИЧИ НА ШОПОВ
Кон врв
biser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај biser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 11:41
МИ ВЕЛЕТ ОНИЈЕ ПИЈАН СУМ,
А ЈА СИ НЕ ЗНАМ КАКВО ЈЕ
Т`ВА ПУСТО ПИЈАНСТВО,
ЈА ДРУГО НЕШЧО НЕ СТОРИФ-
С`ДЕ СИ ЗЕДОФ КРАЈ МЕНЕ
САФА СО ВИНЦЕ ТИКВЕШКО
И СИ СЕ МАЛУ НАЦИЦАХ.

МИ ВЕЛЕТ С`НКИ НОЅЕВЕ -
КО Д` ОДА МИ СЕ ВАЛЕЕТ.
ЗЕМЈА СЕ ТРЕСИТ, ВЕРВИТЕ,
ЗА Т`ВА СЕ НОЅЕ ВАЛКЕЕТ.

И АК СИ ЧУКНА ГЛАВАТА
НА ЏИЗДОИ И НА КАМЕЊА,
И АК СЕ ЏУМКИ НА ЧЕЛО,
ОТ ТАКВИ МАЛИ РАБОТИ
АЛИ ТРЕБИТ ДА СЕ ПЛАШИМЕ.

У ПИЈАНИЦА ПАДИНАТ
МИ ВЕЛЕТ И СЕ СМЕЕТ.
КО ДА ИМ НЕШЧО НАПРАИФ,
ШЧО ИМА АКО ПАДИНА?
ПАК КАКО ЈУНАК СИ СТАНВА.

НЕМОЈТЕ УСТИ ПОГАНИ,
ТУК ТАКА НЕ КЛЕВЕТЕТЕ МЕ,
И ПАК ВИ ВЕРНО ПОФТОРА:
ЈА СОСЕМ НЕ ЗНА ИМЕТО
ОД ТОЈА ПУСТО ПИЈАНСТВО -
ИЧ НЕ СУМ ЈА ПИЈАНИЦА.

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ
Кон врв
na5a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 196
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај na5a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 09:04
...Многу дни пребродивме ние
како чун на немирно море
насмеј се, на ветрот што бие
љуби ме и главата горе...


Зафир и Сенка

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.