|
Може ли христијанин да се зачлени во масо |
Внеси реплика | страница <12345 12> |
Автор | ||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Мајкл - не е точно дека станува збор за незнабожечка митологија - освен ако градењето на Храмот на Соломон не се смета за незнабожечко, кое доста би ме зачудило, со оглед на тоа што е направено директно со наредба од Бога. Тоа е единствената легенда во масонството, врз која се базира целиот ритуал (духовното градење на храмот).
Вториот и третиот цитат што ги даваш се точно цитирани, но извадени од контекст. Затоа што Пајк многу точно објаснува што мисли за древните религии и што точно мисли за Христијанството. Аналогијата која ја прави со древноста е сосема друга од контекстот во кој се поставува. Истото се однесува на идејата дека ложата е храм - затоа што претходно дава една општа дефиниција во кој контекст го користи треминот религија (не вера, има разлика во терминот). Јас многу добро знам каков е ставот на повеќето православни цркви и свештеници кон масонството. Само како што кажав на почетокот - сеуште чекам соодветен аргумент кој ќе ми докаже дека не треба да се членува затоа што тоа е спротивно на христијанството (а не на недоученото мислење на свештеникот). Има многубројни православни свештеници и владици кои биле и се масони по целиот свет (особено во Американската Патријаршија)... |
||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
zidarski????
dali e vistina deka zidarite porano bile tajno drustvo i isto taka i sega se tajno no za razlika od minatoto segaeden del e javen koj ne donesuva nikakvi odluki osven nekoji humanitarni raboti i eden taen del koj funkcionira vo senka od svetot.eden del od masonstvoto koj se koristi za toa da se dokaze deka masonstvoto e slobodna organizacija koja ne se mesa vo politika nitu vo vera i koja se koristi za da se zastiti onaa pravata , koja i den denes e tajna i se zanimava i so politika i so vera i so se sto e na ovoj svet |
||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Во четвртата по ред книга од српската едиција Православието и сектите „Во лавиринтите на темнината: од саентологија до сатанизам„ во издание на Светигора, 1994 год. во Цетиње(Црна Гора), делот за Синкретистички секти има поглавие од свешетник Александер Јанг, американски православен свештеник кој раскажува за средба со масони. Некој постар Грк кој сакал да се приклучи кон нивната парохија откога патем спомнал дека е член на плавата масонкса ложа, свештеникот му објаснил дека не може да се причести ниту да учествува во другите Свети Тајни. На прашањето „Зошто не?„ добил одговор „Затоа што масонството е спротивно на христијанството, и Грчката и Руската Црква го осудиле во овој(ХХ) век. На тоа гркот се насмеал и рекол дека тој познава многумина православни масони, дури и еден владика.
Свештеникот Јанг објаснува дека одлуката која ја донела Руската прекугранична Православна Црква од 1932год. е сеуште на сила: „Светиот собор му препорачува на свештеникот за секое лице кое пристапува кон исповед дали е тоа лице член на масонска ложа и дали ги усвојува нејзините доктрини. Ако се испостави дека тоа лице е член... да и се објасни дека учеството во овие организации е во спротивност со именувањето Христијанин, со членување во црквата Христова. Дека мора да донесе цврста одлука да раскине со масоните и нивните доктрини; и ако тоа не го направи да не му се дозволи пристап кон Светата Тајна Причест; и ако одбие да се покае, да се исклучи од Светата Црква.„ И го наведува и јставот на Грчката православна црква која отприлика во тоа време излегува со уште поконкретен став: „Масонеријата... е составена од митолошки систем кој не` подсетува на древните незнабожачки мистеријски религии и култови - од кои потекнува нивниот настанок и обнова. Ова не го признаваат само истакнати учители во ложата туку тоа и со гордост го изјавуваат дословно `Масонеријата е единстен остаток на древните мистерии и може да се нарече и нивен чувар. Масонските ложи не се ништо друго туку пештери и темнина на индијските прашуми и непознати длабочини на пирамидите и криптите од огромните храмови на Изида`, и тн. И така грчките владици заклучуваат: Слободното ѕидарство е мистеријск а религија сосема различна, одвоена и туѓа на христијанската вера„. Книгата неколку пати го цитира Пајк, можеби и овојпат вон контекст, zidarski веќе го беше спомнал овој автор кој наводно вели на стр.213 дека „Секоја масонска ложа е храм и нејзиното учење е религијско упатство. Не знам бидејќи не сум читал ништо од Пајк, само пренесов како нешто што некогаш сум го сретнал во книгите за сектите аминувани од СПЦ и ЦгПЦ(благословот го даде митрополит Амфилохије), кои морам да кажам(барем кога станува збор за другите верски заедници) изобилуваат со подсмев, плукање, клевети и измислени приказни. Изменето од Majkl - 20.Август.2008 во 14:32 |
||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Здравко - за масонството се знае многу и се знае одамна. Не е тајна организација како што се мисли и не е точно дека не смее да се кажува кој е член. Не е во ред да се зборува за други луѓе (освен ако јавно не се изјасниле), но тоа влегува во општо човечка култура, нели? А секој за себе - има право да зборува слободно. Секоја Голема Ложа во светот има веб-страница, повеќето индивидуални ложи дури имаат свои страници, на кои јавно се изложени адресите и датумите на собирите, како и останатите активности. Има барем едно 100-тина масонски форуми, кои се достапни и за масони и за немасони, за дискусии и општа информација.
Мајкл - еве одговор едно по едно...
Драго ми е ако можам да допринесам кон општата информираност на темава.
Не, ниедна од овие не е масонска организација, иако речиси сите ги поистоветуваат. Нема ништо заедничко, освен што некои масони се членови и на Ротари или Лајонс. Ротари и Лајонс се клуб организации, со хуманитарна цел - не се занимаваат со лична надградба и наобразбна на своите членови и немаат езотеричка природа.
Да, и едното и другото се поставени во крајот на 18-тиот век на доларот, под влијание на двајца масони уметници, кои се во комисијата која го креира изгледот на банкнотата (останатите членови, мислам 3ца, не се масони). Пирамидата не е "официјален" симбол, односно не присуствува во ритуалот по никаков начин. Симболички претставува дека градбата е недовршена и дека делот кој се довршува (врвот) е духовен, а не материјален (каде што е поставено окото). Окото од друга страна е библиска позајмица - Окото кое се гледа (се мисли на Бог). Симболиката - при затворањето на церемонијата, секогаш се потсетуваат членовите да бидат примерни граѓани и добри сопрузи и татковци, да бидат верни и предани и во јавност и приватно, затоа што Севидливото Око на Севишниот секаде и секогаш не гледа (односно - и да направиш грев и никој да не дознае - на оној свет, ќе платиш за тоа, затоа што Тој се гледа).
Да. Во периодот на втората светска војна, единствено нешто што било полошо од тоа да си евреин, било да си масон. Евреите дури имале шанса да преживеат во логорите понекогаш, додека масоните сите биле казнети со смрт. Во тој период убива илјадници масони во Германија, Полска, Франција, Холандија... При навлегувањето на германските војски во соодветните земји, ложите ги палеле членските списоци, за да не се дознае кој е член, но сепак - за многу луѓе се знаело и јавно - и биле елиминирани веднаш. Зградите на ложите биле палени или преправани во штабови на нацистите. Дури семејствата на масоните биле целосно апсени и праќани во логори. Но не е само Хитлер - Мусолини го прави истото... но најлош од сите бил Франко. Франко - чиј татко (разведен од мајка му) и брат се масони, ги мрази од дното на душата и врши невидени убиства и погроми. Казната е смрт и се изведува на место, без судење. И тоа - не само за масонот, туку за целото семејство, како и за секој кој бил поврзан со него, а не го пријавил. Во Шпанија пред граѓанската војна има околу 5.000 масони. Под обвинување за масонство или поврзаност со масоните се убиени над 80.000 луѓе! За време на комунизмот има исти дејства од страна на Соц блокот (освен Југославија и Куба). Ова верувам е доволно добро објаснување зошто во Европа масонството е толку скриено и ретко кој јавно зборува за тоа (освен во Франција, Англија и Шкотска, каде е сеприсутно во јавниот живот). Затоа што ако нешто слично се случи пак како 2ра светска војна - луѓето сакаат да се заштитат. Во Америка и Канада - е многу јавно и никогаш немало сериозни проблеми.
За Тито се претпоставува. Има јасни индикации дека бил, но нема сочувана членска книшка, така што не може да се каже "да, сигурно бил". Но има премногу индикации дека бил, како и присуства на чисто масонски собири (што не би било инаку можно). Истотака - во СФРЈ, масонството не беше забрането, туку беше прогласено за "непотребно" и елемент од минатото, кој не е потребен во совршеното ново општество. Во исто време - речиси целиот ЈУ врв (првиот) се состои од масони - Рибар, Кардељ, Крлежа, Иво Андриќ итн... Черчил бил масон, Армстронг истотака, како и Баз Алдрин (астронаутот кој слета со него). Единствена соц земја каде што легално постои масонството цело време е Куба. Поединечни масони биле апсени заради пројави на продемократски идеи, но како целост не било никогаш забрането и се многу активни.
Официјален став никогаш не се изнесува. Во врска со ништо (освен со директната работа на ложите). Не е масонството тоа кое треба да се занимава со светот, туку поединечниот масон. Секој си има свое политичко убедување и погледи, но сите се луѓе со високи морални и човечки вредности, па е нормално тоа да го пренесат и во своите секојдневни активности (било бизнис, политика или било што друго).
Не. Масоните немаат единствен став околу ништо. Сериозно. Секој се води од сопствените морални вредности и норми. Секој се води од сопствените религиски, социјални и политички убедувања, а масонството служи како алатка, како орудие со кое се применуваат и поттикнуваат тие норми. Лично познавам масон кој е генетичар (еден од подобрите во светот и се занимава со генетика поврзана со ракови заболувања), но познавам и масон кој е крајно против мешањето во генетиката на човекот, животните и растенијата. Истото се однесува и за прашања како абортусот, пресадувањето на органи, еутаназија, хомосексуалност... Нема потреба да имаат единствен став. Секој од нив работи за доброто на заедницата, за доброто на средината, и не наштетува никому. Тоа што имаме различни ставови, не пречи на работата на едниот или другиот. Секој се води од сопствениот морален компас и не може некој да му каже дека треба вака или онака да прави, затоа што тогаш тоа нема да е негов став, туку нечиј туѓ. Единствено што се бара (тоа е услов) - е да се има толерантност кон другите и кон нивното размислување и определба. Секогаш. Секое размислување и сечиј став има вредност и треба да се разгледа и да се прецени.
Ти благодарам и јас на интересот и се надевам дека ги одговорив прашањата. Ако има нешто нејасно - слободно прашај. Изменето од zidarski - 20.Август.2008 во 04:16 |
||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ne e masonstvoto interesen frnomen masonstvoto e pred se humanitarna organizacija( organizacija mozebi ne e soodveten izraz, no se znae na sto se misli) koja pomognala na mnogu mesta vo svetot i izgradila mnogu bolnici domovi za siraci i tn ....
Dali imaat svoji tajni - mozebi...no na nikogo loso ne napravile .... Sto ne mozeme da kazeme za organizacii od tipot na Al Kaeda neli???? Изменето од Templarius - 20.Август.2008 во 00:31 |
||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Masonstvoto e interesen fenomen... za nas sepak fenomen. jas mislam deka postojat razni drushtva, religii, sekti i neznam ushte shto no, kako shto gledam maloto covece koe neznae nishto poveke od ona shto go gleda na zidot prednego, si bara samo zamisli za nekoj vinovnik koj e vinoven za toa shto toa covece neznae shto ponatamu od zidot i senkata koja si ja gleda cel zivot.
|
||||||||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Еден од модераторите јавно се произнесе како масон и член на нивната ложа(види претходни страни од темава). Го чекаме неговиот понатамошен одговор. |
||||||||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Vidi majkata... interesna tema, dali e vistinita taa grupa ili se samo shpekulacii, ima li dokazi za iznesenite tvrdenja ovde ?
|
||||||||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
zidarski, ти благодарам за обемните информации изнесени за масонството. Сите твои постови во темава ги прочитав.
Дали е клубот ROTARY INTERNATIONAL масонска организација или поврзана со масонството? a LIONS клубот? Дали е Bai 'n Bai ритуалот масонска организација? Пирамидата и се`гледачкото око представена на банкнота од 1 Американски долар има врска со масонството или со некои други тајни(или јавни) организации? Дали е точно дека Адолф Хитлер(или Национал-социјалистичката партија на Германија) крваво ги прогонувала масоните? Дали е точно дека Јосип Броз Тито бил Масон? А Черчил? А Нил Армстронг(што слета на месечината)? Разбрав дека во масонските ложи не се дискутира за политика. Но дали масоните како организација, имаат некаков став во врска со војните(праведни, неправедни)? Бидејќи масоните ја поздравуваат интелектуалната надградба на човекот и користењето на истиот за подобар свет, дали тие како организација имаат конкретен и единствен став за на пр.: - Генетскиот инжинеринг? - пресадувањето човечки органи? Благодарам. Изменето од Majkl - 19.Август.2008 во 21:02 |
||||||||
ARTUR
Нов член Регистриран: 19.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
zidarski- znaci ako sme tolku dobri zidari vo taja smisla kako sto mislis ce stanime site masoni? ili ce sonuvame za podobro utre
|
||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ѕидар на храмот во сопствената душа. Ѕидар на подоброто Јас, ѕидар на подобриот свет.
|
||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||
ENERGICAR
Нов член Регистриран: 18.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
MASON ZNACI SLOBODEN ZIDAR NA STO ZIDAR I JAS SAKAM DA SUM MASON
|
||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Како дополнување на претходново... Американците имаат добар израз за човек кој не е член, но е со тие квалитети - Mason at Heart.
|
||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Хм... тоа е доста "филозофско" размислување...
Идејата позади тоа е дека квалитетите кај еден човек (кои се предуслов да станеш масон), се работи кои ги развиваш од раѓањето, целиот свој живот, така што - кога ќе станеш член на ложата, ти веќе си бил масон во своето "битие". Кога ќе размислиш, може да се каже дека е така - секој од нас во себе ги носи тие квалитети, некој ги остава скриени цел живот, некој ги отстранува работите кои ги покриваат и им пречат... иако не се согласувам апсолутно со таа теза. Особено што да се биде масон, е многу повеќе од тоа да се биде само добар и квалитетен човек (тоа е предуслов, но не се). |
||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||
Внеси реплика | страница <12345 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |