IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Ќе има ли некојпат Македонија ТАТКО на НАЦИЈАТА ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ќе има ли некојпат Македонија ТАТКО на НАЦИЈАТА ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 10:43
Mislam deka Boris Trajkovski bese na pat spored harizmata i verbata vo gospod i pravednost sto ja imase.
Obvinuvanjata kon Trajkovski se sveduvat na eden los poteg koj go ima napraveno, megutoa toa ne e osnova da mu se sudi , site sme luge i site gresime.
Crvenkovski e druga prikaska.
Negovata zivotna opredelba e greska, pa taka i toj samiot e gresen i golema nesreka za Makedonija.


Борис Трајковски навистина веруваше во Македонија

По премиерата на филмот „Верувам во Македонија“ посветен на Борис Трајковски

Сунчица Уневска

Прексиноќа во Кинотеката на Македонија во присуство на голем дел од дипломатскиот кор, на претставниците на Министерството за култура, семејството на поранешниот претседател Борис Трајковски, политичката и културна јавност, беше одржана премиерната проекција на филмот „Верувам во Македонија“, посветен на животот и делото на прерано починатиот претседател Трајковски. Филмот е направен во режија на Горан Тренчовски, а според сценариото на Тренчовски и на Мирјана Василева и со помош на Министерството за култура од бета формат е префрлен на филмска лента, останувајќи како траен документ за едно време, за сегашноста, а уште повеќе за иднината.

Да се направи филм за претседател кој за многу кратко време направи многу за својата земја, за претседател кој остави длабока трага и успеа да го добие респектот на меѓународната заедница, за човек кој умееше да ги плени луѓето со својата едноставност и непосредност, за човек кој беше целосно посветен на своето семејство и на верата, е навистина многу тешко. Тешко е во само еден час да направите портрет кој ќе ги опфати сите овие аспекти, а сето тоа ќе го направи низ специфичноста на филмскиот јазик. Бидејќи во него мора да влезе архивата, мора да влезат фактите, но да се долови и аурата и харизмата која зрачеше од него, како и односот кон животот. Трајковски беше и најмладиот претседател во Европа, кој покажа дека има државнички способности и дека може да стане вистински лидер на својата земја.

Горан Тренчовски во целата оваа река од податоци, впечатоци, сознанија и емоции се обидува неговиот портрет да го направи во голем дел потпирајќи се на визуелното, на музиката, на атмосферата, на позитивната енергија. И мора да се каже дека успева, успева да одбере изјави на обичните луѓе и на големите државници кои се подеднакво одушевени од неговата личност, успева да одбере дел од изјавите на неговото семејство, кои ја покажуваат и другата страна, успева да направи една извонредна палета на негови средби, изјави во пресудни моменти и парчиња од неговото однесување во обичните и во политичките ситуации. На тој начин Тренчовски прави еден спој на сето она што Трајковски беше, државник и човек, кој никогаш не се одвои од обичниот народ и кој успеа да ги освои и луѓето и политичките лидери. Како што сето тоа убаво го објасни Љубиша Георгиевски, кој рече дека Борис Трајковски умееше точно да го процени нивото на соговорникот и секогаш непогрешливо да знае како да се постави со него. Можеби одличен пример беше токму средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, за која говореше Срѓан Керим. Тој рече дека Трајковски знаел точно како на таа средба треба да се постави и наместо средбата да трае 20 минути колку што било предвидено, таа траела 50 минути.



Во филмот за Трајковски зборуваат дваесетина еминентни светски и домашни личности, од кои сите се полни со респект и со убави спомени и мислења за него. Сите говореа за неговата европска ориентација и за неговата желба да ја види својата земја како членка на Европската Унија. „Верувам во Македонија е ингениозен наслов, бидејќи Трајковски навистина целосно веруваше во својата земја“, рече Љубиша Георгиевски. Затоа и Тренчовски ќе се одлучи за овој наслов, не само поради тоа што тој беше и слоганот на неговата кампања за претседател, туку затоа што тоа стана нераскинлив дел од неговата личност.



Но, во целата таа атмосфера беше интересно дека Тренчовски филмот го почнува со смртта на претседателот, со нерасветлените докази и со целото внимание и почит што ги доби на неговото испраќање. Тренчовски одбрал сето тоа само да го навести, не и да оди понатаму, не и да биде тенденциозен или на филмот да му даде поинаков призвук. Бидејќи, сепак, ова е еден портрет посветен на претседателот, портрет кој говори за него како државник, за него како обичен човек, што секогаш и беше и како голем верник. Овој портрет може не е класичен ниту сеопфатен, но секако е еден инспиративен, топол и позитивен приказ на човек кој се' што направи, направи со неверојатна едноставност.



Изменето од kultuzin - 27.Јуни.2008 во 10:48
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 10:38
Историјата на македонските председатели..е во најмала рака чудна..Македонија секојпат имала Председател на државата ...ама ТАТКО на НАЦИЈАТА ..барем јас не паметам ..дека прав односно посакуван како таков...никојпат немала?.
 
 
голема%20насмевка
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,953 секунди.