|
Црвенковски старо-нов лидер на СДСМ |
Внеси реплика | страница <12345 35> |
Автор | |
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не мора да има друга опција, може на постоечките опции да им се направи „подмладување“. СДСМ има некои млади, образовани, квалитетни кадри, но со тек на време стануваат како овие стариве и нема никаков ефект. Додека, младиве кадри кај ВМРО што почнуваат да добиваат раководни позиции главно се пиони од Груевски кои може да си ги врти и командува како ќе му текне.
За младите ентузијасти, можеби сакаат да помогнат, но проблемот кај нив е тоа што си имаат сопствени мислења, идеали, сфаќања. Никој не е луд да ги жртвува своите идеали за една глупава партија, не може мене човек да ме натера да размислувам поинаку од она што си го имам зацртано во главата. На лидерите на партиите не им требаат луѓе кои размислуваат, туку им требаат овци кои извршуваат наредби, барем јас тоа го гледам во овие десетина години во кои пратам политика. |
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посебно она за секретарките ептен им прави ќеиф Во право со Момче Македонче, двете најголеми партии се веќе изгустирани на пазарот, но што да се бира друго кога нема опција? Кај се младите ентузијасти, зошто не се активираат на политички план? Еве вмровците, можеби од недостаток на друг кадар, почнаа со млади ликови, непознати барем за пошироката јавност - и пак не бива?... До кога државата ќе ни ја пустошат вечни лидери како овој што тука е тема? Земајќи во предвид дека и тој почна како млад гуштер во политиката, се прашувам што ли не очекува ако планира до пензија да ни ги мати политичките води?! |
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако мислам дека од ВМРО помалце се исплашени, сепак овие од Утрински преувеличуваат. Моментално и позицијата и опозицијата ни се крш, па до кога бе со стари и излитени ликови, дајте им на младиве да ја водат државата, имаат желба и љубов кон татковината, а не како вас стари магариња само да го полните џебот и да ќарите некоја секретарка
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред некој ден пијам кафе на балкон и внимание ми привлече спотот кој одеше на канал 5 со ’’успесите’’ на Црвенковски и датата 15 Септември некако ми остана во сеќавање. Се измачив да се досетам а никако не успевав зошто е толку важна таа дата, кога во денешен утрински читам дека таа дата имала сепак некаква симболика
Повторното персонализирање на судирот меѓу двете најголеми партии најавува жестока разврска, можеби и пожестока од таа на 15 септември 2002 година, како датум на кој посебно инсистира ВМРО-ДПМНЕ. А, кој содржи и одредена симболика, ако се има предвид дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ настапуваше од позиција на власт, а Груевски доживеа пораз од Црвенковски во Првата изборна единица. Програмата на СДСМ го вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што му требаше на Бранко таква изјава, ги крена селаните на бунт!
„Селанска буна“ против Црвенковски Месните заедници Стојаково, Ѓавато, Богданци, Селемлија, Мрзенци и Грчиште вчера покренаа „селанска буна“ против претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во писмените реакции тие ја осудуваат неговата навреда кон „сите села во Македонија, преку симболиката на Паљурци“ и побараа јавно извинување од него. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....Ако подобро, се прочита текстот, тогаш ќе се забележи дека
реченицата што ја има напишано Анастеа, е извадена, токму од
тој текст...така да не е грешката во членката, туку до членот , кој
не дочитал, како што треба, за да разбере нели ... ???
|
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам на информацијата, и би им порачал на селаните од Паљурци дека не вреди да се чувствуваат навредени од човек на кој најдобрите пријатели му се цигарите и вискито.
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве вака беше отприлика: Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци. |
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете сега прочитав доста убави работи село Паљурци, сепак се извинувам за моето незнаење, и се надевам дека е точно тоа дека во 51 година Апостол Павле престојувал во тоа село. Не ги делам луѓето на селани и граѓани, но стварно не ми е јасно што кажал папата затоа што членката која ја објавила оваа информација не ја има кажано изјавата на Б.Ц.
Инаку, оваа слика: Беше во антипропагандата за СДСМ која беше ширена по пат на летоци по Скопјево и претпоставувам е дело на „оние кои не се плашат од ништо“ И сега, ќе замолам некој, доколку може да ја најде изјавата од Б.Ц. поради која жителите на с. Паљурци се навредени. И Анестеа... Изменето од Момче Македонче - 19.Септември.2009 во 00:22 |
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Момче Македонче, имаш убав ник, аватар, потпис... убаво би било да знаеш кое било тоа таму некое село Паљурци, чии селани (индиректно и сите други селани во Македонија) Црвенковски ги навреди со неговата изјава. “Паљурци во 1900 година имало училиште кое било дел од манастирскиот комплекс каде децата од сиропиталиштето и од селото се школувале и учеле на својот македонски јазик. Во 1900 година, покрај македонскиот учеле и француски и италијански јазик. Во тоа село некое време се криеле и македонски револуционери за што лично Гоце Делчев има пратено писмо до католичкиот Надбискуп во Пловдив во кое ја искажува својата благодарност на управата на манастирот во село Паљурци Во селото престојувал и се молел Апостол Павле, наведува координативното тело.“ |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најверојатно нешто со кое нешто ги повредил чувствата на селаните кои од него за време на неговото премиерување не добиле како што добиле сега од сегашниов ...... некоја “ субвенција или слободна економска или индустриска зона “ ....... кој ќе знае .... мора да е нешто сериозно штом некој селанец или група нив се навредиле па дури и имале време да размислуваат за поплаки и барање за извинување ....... зошто како што кажале луѓето , “ до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето “ .... што знаеш , можеби еден ден токму таму и во таа индустриска зона ќе никне некоја силиконска долина на чии производи ќе стои МАДЕ ин Мацедониа
|
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што тоа кажа Црвениот за тоа си некое село Паљурци?
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извинување од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара координативно тело „Паљурци – македонско и европско наследство“.
Тие бараат Црвенковски да се извини за делот од својот говор на саботниот конгрес на СДСМ во која навредливо го спомена селото Паљурци.
„Во својот последен говор Бранко Црвенковски со навреди зборуваше за Паљурци и за сите села во Македонија. Бараме јавно извинување од Црвенковски, поранешен претседател на сите граѓани на Македонија, па и на нас кои по потекло сме од селата. Црвенковски треба да знае дека не е во ред да ги навредува селата, затоа што како Паљурци има илјадници села во Македонија. Во Паљурци секогаш чесно се живеело и се сакала Македонија“, изјавуваат од координативното тело. Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци. Од координативното тело на потомците од жителите на Паљурци одговараат дека патот до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето. .........
Жителите на Стојаково, Ѓавато, Богданци, Селемлија, Грчиште, Мрзенци, соседни села на Паљурци денеска се придружија на барањето на Координативното тело од ова село Бранко Црвенковски да им се извини на сите граѓани што живеат во селските месни заедници.
Како што стои во соопштението од месните заедници на шестте села, тие ја осудуваат навредата на Црвенковски кон сите села во Македонија преку симболиката на Паљурци. „Црвенковски кажа дека Паљурци било само симболика. Значи, зборовите и навредите на Паљурци беа наменети против сите нас. Поради неговата симболика, тој упати навреди и до Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија. Неговата ароганција кон селата и селаните ја оправдува со неговиот пат кон Брисел“, пишува во соопштението. „Во нашите села живееме чесно, со труд и со љубов кон Македонија. Затоа, заслужуваме повеќе почит од човекот кој беше претседател на сите граѓани на Македонија“, пишува во соопштението потпишано од соседните месни заедници. Жителите од Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија се нашле погодени во саботната изјава на лидерот на СДСМ бидејќи голем дел од семејства што живеат во нив имаат свои предци во Паљурци.„ Го прашуваме Црвенковски, ние граѓаните од село Грчиште кое е дел од општина Валандово, каде да гледаме ние селаните?“, се вели во писмото за поддршка до Паљурци од селото Грчиште. .........Makfax............ Преписката помеѓу СДСМ и паљурчани почна во вторникот, кога Координативното тело од ова село реагираше на говорот што Црвенковски го имаше на 11. Конгрес на партијата во саботата. Тој тогаш рече дека државата повеќе не треба да биде свртена кон Пела и Паљурци, ами кон Брисел и Европа. Откако Координативното тело на селото побара извинување од Црвенковски, СДСМ преку соопштение проба да го оправда својот лидер со тоа што тврдат дека станало збор за недоразбирање и дека селото било споменато само симболично. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па не заџабе е Џан Франко Бранко...
Како и да е ни Македонецот не е тоа што беше се сруши култот... Ќе проба да искористи уште некој џокер од под ракав, а насилните играчи му се медиумите и судството, ќе проба со валкани игри за на крај да сфати дека светот па и Македонецот се измениле во меѓувреме... |
|
Внеси реплика | страница <12345 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |